Бранителите на Костантинооли иако не добиле помош од никаде, успеале да ги одбијат сите напади од копно и море на Османлиите, дури и првиот удар од засташувашкиот топ. Топот сé запалил, но неговиот творец некој унгарец успеал повторно да го оспособи и со силата на ударот на топот, успеал да отвори пристап на Османлиската војска низ ѕидините на градот, на кој жителите толку многу сметале за нивната одбрана и да влезат во Азискиот дел на градот.
Топот
Царот-Императорот загинал, по прецизно паднал во безсознание, неговото тело било дадено завиткано во неговата ''Пурпурна наметка'', на поповите, да го погребат. Османлиите ги заклале сите Македонци, бидејќи во Костантинопол мнозинството на народот бил Македонци, ги набивале Македонците на кол и печеле на оган, додека другите ги помилувале најверојатно зошто решиле да се потчинат.
Кога царот се освестил и ведел како жителите на Костантинолол сé понижуваат пред Османлиите
толку му било тешко и од мака сé обесил.
'',.. станатиот од гробот цар ке се обесит, децата на жената кe се
закољаат, ке се наденаат на ражан'',... ИЗВОР
Симболот на Христијанството изграден од Македонците во Костантинопол бил претворен во џамија, до ден денешен, крстот што свети во темнината за да го покаже вистинскиот пат на луѓето бил тргнат.
Маричка
битка
Маричката битка позната и како Черноменска битка или Втора Маричка битка, се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен ( денес Орменио во Грција ) на 26. септември 1371. помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.
Деспотот Углеша чија земја се наоѓала во правецот на османлиската инвазија на Балканот сватил дека Османлиите се голема опасност за него. Углеша со својата мудрост го избрал најидеалниот момент за напад. Султанот Мурат заедно со својата војска се наоѓал во Мала Азија, а Лала Шахин Паша се наоѓал во Едрене.
Освен двајцата браќа, според турските извори во битката учествувале и '' неверници '' од Босна, Унгарија и Влашка. Браќата биле подржани можеби од Дејановичи и војводата Богдан. Според изворите може да се заклучи дека силите на Волкашин биде собрани во делот на Шар Планина, а еден дел од нив се наоѓал помеѓу реките Вардар и Струма. Турските сили од друга страна биле четири пати помалку и биле околу градот Едрене. Според изворите силите на браќата броела од 20.000 до 70.000 додека пак османлиите биле околу 11.000 војници.
Христијанската војска се собрала во главниот град на деспот Углеша - Сер, по што тргнала кон Едрене. Кога дознал румелискиот берлејбег Лала Шахин Паша побарал помош од султанот Мурат 1. Султанот се упатил од Анадолија кон Едрене но по патот го опседнал градот Бига кој во тоа време бил под власта на каталаните и во кој град се наоѓал претендентот за османлискиот престол и внук на Мурат. Главно поради оваа причина султанот не успеал да пристигне на време.Христијанските војски биле распоредени во камп кај Черномен на реката Марица. Бидејќи христијаните биле уверени во својата големина, тие не биле доволно претпазливи, а сигурно и не очекувале напад пред да пристигне султанот со анадолската војска. Ова било главната причина за лошата дисциплина меѓу христијанската војска и нејзиниот пораз. Румелиската војска на чело со Шахин Паша била распоредена во околината на Едрене во очекување на султанот. Лала Шахин го свикал воениот совет, на кој била донесена одлука Хаџ Илбеги заедно со неговиот одред од 4.500 војници да го започне нападот. Вечерта на 25 и 26 септември 1371 година согледувајќи го кампот на христијанската војска, Илбеги забележал дека таа е многу голема, но според изворите христијанската армија тонела во ноќното пијанство и ваквата состојба била многу добра за напад. Според Халкондил, обезбедувањето на кампот не било организирано.
Илбеги ги разделил своите сили на четири делови и ги испратил да нападнат во четири различни насоки. Нападот од сите четири страни создал паника и впечаток кај христијаните дека се опкружени од голема муслиманска војска. Изворите раскажуваат дека во паниката тие почнале да се убиваат меѓусебно. Благодарение на добрата и организирана муслиманска тактика, реката наместо заштитен ѕид се претворила во сериозна пречка за прегрупирање на христијанските сили. Христијанската војска била целосно разбиена:
Тие не само што не ги истераа Османлиите, туку и самите тие настрадаа бидејќи беа убиени и коските таму си ги оставија непогребени; Други пак загинаа од сечилото на мечот или пак беа одведени во ропство; Трети пак, малкумина, добија можност да се спасат и да побегнат.
Мавро Орбини пак битката ја опишал малку поразлично за разлика од Лаоник Халкондил. Според него првично Османлиите се сокриле во планините, а христијанската армија ги опустошила новите Османлиски земји. Сепак, кога христијанската армија се враќала назад, тие ги нападнале силите на Углеша. Во борба загинале и двајцата претставители на походот - браќата Волкашин и Углеша. Околностите околу нивната смрт не е позната и нивната смрт е станала легенда. Според Мавро Орбини деспотот Углеша се удавил во обид да побегне преку реката Марица. Волкашин успеал да ја премине реката, но додека пиел вода бил задавен од страна на неговиот војсководец Никола Хрсојевиќ. Подоцна неговите останки биле однесени во манастирот Свети Димитар кај Сушица.
Лала Шахин не можел да се помири со големиот успех кој го направил Хаџи Илбеги па наредил да биде убиен. Воените успеси на Лала Шахин и султанот Мурат продолжиле. Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил таткo си на престолот на прилепското кралство, но сега како вазал на Османлиите, загинал во Влашка - Pоманиjа борејќи се за интересите на страната на Османлиите против христијаните... една од главните причин да Османлиите дојдат и до Bиена,.. поради предавници како '' Крали '' Марко - крал е турски збор за владетел. Cе смета дека најмалку околу 20.000 високо мотивирани исламинизирани xристијани зеле учество во војската на Мурат 1... биле високо специјализирани во опсада на xристијанските градови..... за пари и привилегии.... а'лал ви вера. Паристрион (татарското ханство, не ''бугарија'') исто така подпаднала во вазалски статус.
Со ова, исотчна и централна
Македонија потпаднале под Османлииска власт. Битката била дел од напредувањето на Османлиите во освојувањето на Македонскиот Полуостров, а сега полека станува Балкан ( на турски ) - Бал - Кан, Бал - мед, кан - крв - Крв и Mед - балкан. Битката била проследена со заземањето на градовите Драма, Кавала и Сер во денешна Егејска Македонија. Додека Македонија, Османлиите ја преименуваат во РУМЕЛИЈА.
Македонците во патoписот на Џио Марио Анџиолело (1470 година)
За постоењето на Македонците како посебен етникум од соседните народи зборува еден патопис на италијанецот Џио Марио Анџиолело. Тој по потекло бил од Виченца, а неговиот дневник во вид на патопис е пронајден во библиотеката во неговиот роден град под реден број 382. Поголем дел од неговиот дневник се однесува на Грција, но дел има и во Македонија. Бил турски заробеник каде и го научил турскиот јазик. Напишал историја на турскиот Султан Мехмед
2 Освојувачот поради што од него лично бил помилуван. Џио Марио прави јасна дистинкција помеѓу Македонците, Грците, Власите, Турците. Во продолжение следи делот од патописот посветен на Македонија:
„ 8 август 1470 година. Султанот запре и конакуваше во другата страна на клисурата во едно поле, што ја претставува границата на Македонија.
На 9 август преноќеваше во близината на една крепост наречена Платамон од каде што човек може да го види Солунскиот залив и градот Солун.На 10 август, поаѓајќи од Платамон, застана и конакуваше на едно место наречено Китрос во споменатиот залив. Тука има многу солани и во близина се наоѓа голема река наречена Вардар која поминува низ Македонија и се влева во Солунскиот Залив. Во овие места има во изобилство одлични и расни коњи. Некои се донесени тука од Азија, бидејќи овие места се погодни за одгледување на коњи.
На 11 август, минувајќи ја реката преку мостот, султанот логоруваше во Солунското Поле. Солун е град кој се наоѓа на многу убаво место и добро е укрепен. Има своја тврдина. Тука има изобилство храна и други видови стока, а особено кожи и волна. Исто така, тука се наоѓа и телото на Свети Димитрија и од неговиот гроб излегува масловидна течност која се препорачува за многу болести.
Тргнувајќи од Солун на 12 во месецот, султанот логоруваше на една планина, наречена Богданос и преноќеваше на нејзиниот врв.
На 13 во месецот султанот логоруваше во близина на еден град, наречен Серес, кој така се нарекувал и во древноста. Тука била погребана онаа убава физиономија на благородникот Франциско Брандолино, кој беше генерал на Свети Марко во Мореа. На 14, поаѓајќи од ова место, конакуваше во близина на Света Гора, кој се простира во должина од 30 милји внатре во морето. Оваа планина е многу високи тука се наоѓаат многу манастири на христијански калуѓери, од кои некои се Грци, други Македонци, Власи па дури и Италијанци како и од други нации, кои живеат живот на светци. Никогаш не јадат месо, а во разни годишни времиња дури и пресна риба што би имала крв. Мнозина од нив не јадат во текот на постот ништо печено и никогаш не спијат в кревет. Местото за молитви им е далеку од манастирите, таму одат сами и остануваат по 8-10 дена. А прават и многу добрини. Во сите овие манастири има чешми со прекрасна вода и посадено многу овошни дрвја.На Света Гора и по манастирите забрането е влегување на секаков женски род, дури и на кокошка, дури и на кучка итн. А во нивните братства не примаат ниедно момче без брада. Воопшто, таму живеат свети луѓе. Но, покрај тоа Турците се многу предани на овие калуѓери и живеат со нив во мир.На 15 август султанот замина и логоруваше на едно место, кое некогаш бил голем град наречен Филибегош (што значи земја на Филип), изграден од царот на Македонија, Филип. Тука има многу старини и на планинката се зачувани неколку пусти кули. Дури и на билото од планинката има еден подиум издлабен врз една голема карпа. На долната страна од градот е еден столб многу поголем и висок, а околу него е зачуван натпис со ''коине'' писмо (писмото што било користено во времето пред римско ропство) што покажува дека на ова место била шталата на Александар Македонски каде што имало многу коњи, мошне поголеми од денешниве, бидејќи на столбот се издлабени во природна големина потковиците на овие коњи, кои споредени со сегашните наши коњи се многу поголеми. Овде-онде се наоѓаат доста стари паметници ширум рамнината. Дури и тие се многу поголеми од денешните во нашите градови.На 16 август замина султанот. Поминавме по една планинска долина која се вика Кавала, вртена кон морето. Тука се наоѓа теснина во која се наоѓаат две убави тврдини, едната врз планината, а другата покрај морето, а и двете се запуштени. Меѓу овие две тврдини изгледа дека имало многу убави градини со многу овошни дрвја, што сега остареле и веќе не дават плодови. На овие места се јавуваат и многу пирати кои ги напаѓаат патниците и ги ограбуваат.Тој ден султанот застана на една рамнина во близината на една река, наречена Аква Бруна (Црна Река). На 17 август замина од ова место и залогорува во близината на една убава и раскошна крепост, наречена Бари, која се наоѓа покрај морскиот залив. Тука живеат Грци и Македонци.На 18 август 1470 година замина, а потоа логоруваше во близина на една друга крепост наречена Мерканово. Тука еднаш во неделата, значи во неделен ден, има голем пазар на добиток од секаков вид, како и на секаква стока т.е. на теписи и килими, на големи количества волна, железарија, а има и изобилство на жито. Тука доаѓаат и Турци и Евреи од далечни места за да купат и да продадат.На 19 август, султанот замина од Мерканово и конакуваше во Ѓумилѓина, која е населена со Турци и Грци. Тука има храна во изобилие.
Мариовско - прилепска буна (1564 - 1565 )
Мариовско-прилепските буни се едни од првите начини на отпор против османското ропство во Македонија.
Прва
буна
Поради самоволието на собирачите на даноци во летото 1564 година се кренала првата локална буна на селаните во Македонија и тоа во Мариово во периодот на раст на Османлиската империја, кога со неа владеел Сулејман Величенствениот. Водачи на буната биле Димитри Стале од с.
Сатока, попот Димитри од с.
Градешница, Стојан Пејо и попот Јако од с.
Старавина и Матјо Никола од с.Велиште. Буната од Мариово се проширила во повеќе прилепски села. Османлискиот султани испратил наредба до кадијата во Прилеп и Скопскиот санџакбег да ги фатат водачите на буната и да ги ликвидираат или да ги испратат како веслачи на бродови. На 4.12.1565 год. била издадена нова султанска заповед за воспоставување на ред и враќање на мирот. Се смета дека оваа буна била крваво задушена бидејќи во тоа време исчезнале селата Сатока и Пештје ( Бешиште ), но сепак оваа буна е една од причините што Мариово никогаш не било исламизирано.
Втора
буна
Во декември
1565 година
започнала
повторно
буна во
Македонија
овој пат во
Прилеп на
преку 1000
граѓани кои
поднеле
тужба против
незаконското
собирање на
даноци.
Буните не
биле добро
подготвени
па затоа биле
жестоко
задушени, но
значајни се
бидејќи се
први масовни
вооружени
протести на
Македонскиот
народ.
Карпошово
востание
Карпошово востание е вооружено востание дигнато во 1689 на територијата на Македонија. Востанието го носи името по својот водач Карпош. Непосреден повод и охрабрување за подигање на востанието дала големата Австро - Османлиска војна, а неговите корени лежеле во незавидната економско - општествена и политичка положба на македонскиот народ.
Продирање на австриска војска во Македонија
Во 1683 година Османлиите по втор пат се обиделе да ја заземат Виена. Меѓутоа по двомесечна опсада, на градот му пристигнала помош од австриската, а исто така и полската војска предводена од полскиот благородник Јан Собјески, па Османлиската војска претрпела пораз што довел до огромни територијални, материјални и човечки жртви. Набргу потоа, во март 1684, против Османлиската империја била создадена Света лига, во која покрај Австрија и Полска, влегле и Венеција, а подоцна и Русија. Продирајќи постепено кон југ, Австријците стигнале дури до Македонија. Веќе на 25 октомври 1689 тие, предводени од генералот Пиколомини, влегле во Скопското поле, каде што со радост ги пречекало населението од околните села. Истиот ден влегле во напуштениот град, кој бил полн со прехрамбени продукти и трговски стоки. Премногу оддалечен од својата главнина, Пиколомини решил веднаш да се повлече од градот, кој претходно го опожарил поради чума. Пожарот беснеел цели три дена на 26, 27 и 28 октомври 1689 и го уништил најголемиот дел од Скопје. Скопје тогаш бил споредуван со Прага. Во писмото до австрискиот цар Леополд, генералот Пиколомини пишува:
„ Градот Скопје е голем речиси колку Прага. Тој е без ѕидини и ровови. Го најдов напуштен и лишен од сите скапоцености, но богато е снабден со стоки. “
Генералот Пиколомини По повлекувањето од Скопје, австријците извршиле уште неколку пробиви во длабината на македонската територија. Таков еден пробив извршил херцогот Холштајн, кој во меѓувреме го заменил умрениот од чума Пиколомини. Тргнувајќи од логорот крај кумановското село Оризари, австриските одреди се нашле пред Штип, во зорите на 10 ноември 1689.
Тука дошло до најжестокиот и најголем судир помеѓу австриските и турските војски на територијата на Македонија. Оставајќи зад себе околу две илјади мртви, Османлискските војски биле принудени на повлекување. Австријците го запалиле градот, а потоа на враќање, тие разбиле уште еден турски одред од 300 души. Во средината на ноември кон Тетово биле испратени доброволци, кои успеале да уништат преку 600 Османлиски војници и да запленат неколку стотици грла добиток. Најпосле, на 20 декември од Приштина кон Велес тргнал еден австриски одред, предводен од капетанот Саноски. Одредот влегол во Велес, каде биле отепани триесет Османлиски војници, а имало и заробени. Градот бил ограбен и делумно запален, но на враќање одредот бил нападнат од јаничари, при што Саноски добил смртоносни рани.
Подигање
и тек на
востанието
Во годините на Австро - Османлиска војна дошло до нагло влошување на економската и политичката положба на населението во земјата. Даночниот притисок, несигурноста и насилствата зеле дотогаш невидени размери. Воените операции ја гонеле државата да го засили принудниот откуп на житата, фуражот, добитокот, дрвата и на други селско - стопански производи, по цени далеку под нивната вредност. Биле воведени и ред нови вонредни давачки. Во ова тешко време рајата страдала и од зулумите на Османлиските вони дезертери и одметници од централната власт, меѓу кои посебно се истакнувал злогласниот Јеген - паша, бившиот румелиски беглербег, кој со околу 10.000 одметници пљачкосувал по Балканот. Централната власт успеала да го ликвидира дури во февруари 1689 година.
Воената катастрофа и хаотичната внатрешна положба во Османлиската империја создале погодни услови за широк замав на ајдутството во сите делови од Македонија, а особено во Мариовско, Битолско, Тиквешко, Велешко, Штипско, во Доспат Плаина во северното гранично подрачје. Во таквата атмосфера, ненадејниот продор на австриската војска имал посебно дејство врз расположбата на македонскиот народ. Кон средината ан октомври 1689, во севериостичниот дел на Македонија, на просторот помеѓу Ќустендил и Скопје избувнало востание, на чело со познатиот ајдутски војвода Карпош. Главно упориште на слободната востаничка територија станала Крива Паланка, која и пред тоа била ослободно Османлиско утврдување, изградена во 1636 година. Тука на востаниците им паднале в раце шест топови. Освен тоа, востаниците изградиле и сосем ново утврдување кај Куманово. Не е исклучено тие да биле во врска и да содејствувале со австриските одреди, особено во времето на нивниот продор во Македонија. Современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како „ крал од Куманово “, која титула му ја дал или потврдил австрискиот цар Леополд
ПРВИ, праќајќи му притоа и калпак, како надворешен знак за признанието.
Пораз
и последици
од
востанието
Набргу дошло да пресврт на воено - политичката ситуација на Балканот, што имало пресудна улога за натамошната судбина на востанието. Османлиите презеле енергични чекори за стабилизација на ситуацијата во земјата и започнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на Османлиските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди. На советувањето во Софија, на 14 ноември 1689, било решено во напад да се тргне преку Ќустендил, односно најпрвин да се ликвидира Карпошовото востание. Прва на удар била Крива Паланка, каде неколку илјади востаници се подготвувале за напад на Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќност на противникот, востаницте ја запалиле Крива Паланка и отстапиле кон Куманово. Веќе идниот ден турските и татарските одреди се појавиле и пред овој град. Востаниците го дочекале непријателот пред новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош заедно со голем број востаници. Последен отпор бил даден од трврдината, која била преземена на јуриш, а нејзините бранители биле уништени. Победниците сега се упатиле кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Во Скопје, крај Камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случило во првите денови на декември 1689 година. Трагичната смрт на Карпош го означувала истовремено и крајот на востанието.
Македонскиот селанец скапо го платил својот обид за ослободување. За мнозина единствен спас било бегањето далеку на север, зад Сава и Дунав. Дел од нив подоцна преминале дури и во Русија, создавајќи таму свои војнички колонии и одделен „ Македонски полк “, кој дејствувал во состав на регуларната руска војска. Во запустените предели од северозападна Македонија започнало масовно населување на албанско население.
По Карпошовото востание во 1697 година вo Киев во рамките на руската армија од избеганите македонски востаници се формира македонски полк каде паралелно егзистираат полски, бугарски други единици. Чехот Карл Хрон во 1890 ја издава брошурата Македонскиот славјански народ каде што тој потврдува дека Македонците како јазично, така и културно се различни од своите соседи.
Бертра Дон Де Ла Броквиер, советник на грофот Филип Ле Бон во рапортот до грофот во 1433 година пишува:
'' Bо турската војска има грчки, бугарски, македонски, албански и други војници''.
Манифест
и заштитни
писма од Леополд ПРВИ
На 6 април 1690 година, австрискиот император Леополд ПРВИ (1657-1705) издал манифест, со кој ги повикува:
„ сите народи кои по сета
Силистрија, Илирија, Македонија, Расија, да им се придружат на австријците и против Османлиите на оружје да се дигнат “.
Речиси истовремено, на 26 април 1690, Леополд издал и едно писмо со кое го земал под заштита македонскиот народ. Манифест и заштитни писма од Леополд ПРВИ Иницијатори на неговото издавање биле Марко Крајда, родум од Кожани и Димитри Георгија Поповиќ, родум од Солун. Во писмото меѓу другото, се декларира:
„ македонскиот народ во целост го примаме во секој еден поглед благонаклоно под наша царска и кралска заштита “.
На 31 мај 1690 императорот издал уште едно писмо, со кое ја проширил својата заштита на населението
на Македонскиот Полуостров. Меѓу
тоа Македонија одново станала длабока провинција на Османската империја, па манифестот и заштитните писма на австрискиот император не можеле да имаат некое позначајно дејство врз расположбата на македонскиот народ.
Зборот "сервиа", доаѓа од латинскиот збор "servi", што означува "слуги".
Познато е дека бегалците од османлиите се ставиле во служба на австроунгарците кои ги населувале тие "серви" во пограничните делови на тогашна Австроунгарија за герилски напади врз османлиите, од тука и името.
Србите "сервите" се мешавина на рашки (илири), Македонци и скити.
Значи името "серви" или "срби" се појавило малку подоцна со појавата на османлиите на Македонскиот полуостров, со време името се раширило и под притисок на баварските историчари добило национален карактер, но тоа име е наметнато, исто како и името на "грците" кое е име наметнато од римјаните, потоа и од латинските свештеници и на крај од баварските историчари.
ПИСМО НА В. ДРАМОНД ДО ЛОРДОТ ХОКСБЕРИ:ПОЛИТИКАТА ШТО ЈА ВОДИ ПОРТАТА Е СЛАБА И БЕЗНАДЕЖНА. ПАШИТЕ СЕ ВО ПОСТОЈАНА МЕЃУСЕБНА ВОЈНА, А СЦЕНАТА ОД НИВНИТЕ БЕЗРЕДИЈА ЈА ОСТАВА ЗЕМЈАТА ВО ПУСТОШ(Бујукдере, 7 јуни 1803 година)
“Мој Лорде,
По едномесечниот престој во ова место се чувствувам многу неудобно... Вашето Лордство лесно ќе увиди дека ова пред се’ се должи на огромното нетрпение на Портата да добие одговор на декларацијата што му ја испратија турските министри на лордот Елѓин, а не заради сомненијата што јас лично ги измислив за намерите што ги има Неговото Величество спрема оваа влада. За да се оневозможи оваа империја да стане плен на амбициозните потфати на Франција, не може а да не остане и натаму главен предмет на британската политика. Сегашната ослабеност на отоманската сила, сосем природно, го тера султанот да воспостави пријателство со Велика Британија како најцврста безбедност против махинациите на неговите отворени и тајни непријатели....
Еден општ поглед може да ја открие состојбата во Турција. Нејзините паши или управители на провинциите се многу понезависни од Портата одошто беа од круната големите барони во времето на феудализмот во христијанските земји. Овие паши, всушност, го признаваат султанот за суверен, а покрај тоа на неговите министри им даваат големи суми пари, но во своите провинции тие владеат деспотски и од отворен бунт ги спречува само меѓусебната недоверба, а никако љубовта спрема својот владетел. Политиката што ја води Портата, слаба и безнадежна, има за цел да ги разедини пашите, кои се во постојана меѓусебна војна, а сцената на нивните безредија ја остава земјата во пустош.
Скоро цела Европска Турција претставува ужасен призор на безредие, бунтови и варварство. Ниту еден од пашите од оваа страна на Босфорот не е толку дрзок спрема Портата како прочуените Пазван-Оглу и Али-паша...
Али-паша кој е управувач на Јанина е еден од најмоќните, а водено и најнепокорните поданици на Портата, под своја команда има најмалу дваесет илјади луѓе. За среќа на оваа влада тој е застрашен од Пазван Оглу, како и од делвинскиот и солунскиот паша, кои се негови ривали и непријатели.
Портата има обичај да поставува извесни првенци на градовите и околиите, кои ги викаат ајани. За последниве години, румелиските ајани сосема малку му се покоруваат на султанот. Нивниот непосреден претпоставен се вика беглер-бег и тој насилник не е никој друг, туку страшниот Али-паша. Меѓу беглер-бегот и ајаните искрснаа некои расправии. Ајаните поднесоа жалба до Портата и уште минатата недела беглер-бегот беше сметнат со наредба издадена од Портата. Останува да се види како Али-паша ќе ја прими оваа заповед. Во меѓувреме солунскиот паша го поставија за беглер-бег на Румелија, а бившиот каирски паша доаѓа во Солун.
Изгледа дека Азиска Турција, исто така се наоѓа во полна непокорност. Анадолија, поголемиот дел на Ерменија и Курдистан ги управуваат првенци, кои само формално ја признаваат власта на Портата. Сегашниот багдадски паша го уби својот претходник и султанот ја потврди неговата положба... Во Арабија изби алармантен бунт предводен од Вахаби... Тој веќе има многу следбеници и мора да верува во својата значајна моќ поради што ги повикал градовите Мека и Медина да ја отфрлат доктрината на исмаилиите... Ако се прифатат неговите идеи ќе бидат кобни по отоманската сила... Престолот на султаните сега го крепи само Коранот. Од нивните раце паднал мечот на Омар. Муслиманите што се осмелуваат да не се покорат на наредбите на Портата, се’ уште го почитуваат вишниот на нивната религија отелотворен во личноста на отоманскиот император.
Би сакал посебно на Вашето Лордство да му ја изнесам ситуацијата во Египет...
Вашето Лордство е веќе информирано за бунтот што го кренаа Албанците, преку писмата на г-дин Мисети... Додека Поратата одлучуваше какви мерки да преземе, ефенди бегот побара од мојот толкувач г-дин Писани да ме праша за моето мислење... Јас не пропуштив да му препорачам како треба да постапи, што може да се покаже ефикасно и смирувачки и да му ги посочи кобните последици што станаа по посетата на Себастијан на Египет. Жалам што морам да додадам дека турските министри кон сето ова се однесуваат со својата вообичаена небрежност. Издадени се наредби да им се исплатат парите на албанските трупи што тие ги барале, назначен е нов паша во Каиро и Портата верува дека сета опасност минала. Можеби е така, но ова претставува лош пример за одметничката војска и немил доказ за целата империја како и за слабоста на владата.
Навистина, морам да признам дека ми изгледа дека Египет е изгубен за Портата, ако не дојде некоја странска сила да им помогне на Турците. Доколку ова не е спротивно со мислењата на обете влади, тогаш по секоја цена би препорачал да се замеша Велика Британија. Под претпоставка дека Турците ќе ни ги дадат Александрија и Росета... Како бази за британската војска... Многу добро знам дека муслиманите се раководат од општиот принцип, да не се обрнуваат за помош од туѓинци, уште помалку од христијани. Но неволјата честопати луѓето ги поучува да се опаметат кога не можат ништо друго да прават...
Во меѓувреме од Египет ни пристигнаа вести во кои се тврди дека Албанците се вратиле, му ја отсекле главата на својот големец Тахир-паша и го вратиле Хупер-паша... Портата многу се радува на овие вести, но јас не верувам дека може да се верува на верноста на Албанците, кои се храбри но во целина недисциплинирани.
Постојат многу причини да се верува дека Французите смислуваат напад на Мореа и Египет, според тоа мојата желба е на Турците да им се даде помош навреме...”
В. Драмонд”ПРО-ФО 78/40. Туркеѕ. Друммонд. Маѕ то Дец.1803;
Британски документи за историјата на македонскиот народ (1797-1830), т.И, Архив на Македонија, Скопје 1968, док.17, стр.16-19;
Со опис на стратешки места во Македонија, поради можна француска инвазија и одметништвото на Али-паша Јанински
( Јанина, 76 ноември 1805 година)
Мој Лорде,
На 31 август го напуштив ова место (Јанина, н.б.) и продолжив за Мезово; откако го оставив десно делот од преминот низ Пинд, што навлегува во големата Тесалиска рамнина кај калабака, ја преминав планината што води преку Горна Тесалија кон Македонија, откаде се образува модерниот пат за Солун, преку Гревена, Сијатиста и Вериа. Овој пат го следев од Сијатиста со цел да испитам еден важен премин до тоа место, а кој води од Тесалија кон Македонија. Оттаму продолжив, од Селитеа за Костур, град што се наоѓа на цврсто утврдено место, на еден полуостров во едно езеро; од Костур продолжив да ги обиколам планините на Македонија, што ја опколуваат низиската област на Горна Тесалија сеж до рамнината на Корча во која се спуштив по еден друг премин не помалку значаен од првиот.
За да се оцени важноста на овие клисури треба да се има на ум дека тие се единствените два отвора низ еден венец од планини што стрмо го сечат копното на северна Грција од Охрид до Лариса, потоа од граничните рамниини на Тесалија до североисток и север, па според тоа претставуваат една од главните бариери за Грција. Преминот кај Сијатиста доминира над врската помеѓу Горна Тесалија и Македонија, а оној премин кај Цангон меѓу Корча ги поврзува рамнините и отворената теритоерија (која се протега од тој град скоро до Охрид) со рамнините на Тесалија. Доколку непријателот, кој би напредувал по патот Егнација кон Охрид, би го зазел овој премин, тогаш би му овозможил лесно да навлезе во низината што се протега дури до планината Ета......
Намерата ми беше да продолжам од Берат до Драч, па по должината на целата траса на римскиот пат што се вика Егнација да стигнам во Солун, а оттаму да го завршам патувањето по Тесалија и Македонија. Но војната меѓу јанинскиот и скадарскиот паша, што се водеше на патот по кој одев, неопходноста во вакви прилики да се има цврста поддршка и помош од Поратата, а уште повеќе лошата болест што ме фати на патот за Драч, ме принудија подолго да се задржам во Берат и да се вратам овде преку Клисура и Пермете.
Клисура ненадејно се отвора зад една висока планина, низ која реката Виоса си пробила пат и тој премин е со таква природна утврденост што една мала сила би можела успешно да и се спротивстави на колкава било војска. Тој се простира во должина од 10 милји до Тепелени и изгледа дека е дел од клисурата што на древните народи им била позната под името Фауцес Антигоненсес. Реката Виоса од Корча до Клисура тече низ една тесна долина во која може лесно да се влезе од јанинската рамнина крај подножјето на планината Стимфе. Во средината на оваа долина се наоѓа градот Пермети, место од голема важност за Али-паша, кој ги држи приодите кон главниот град од северна Албанија преку Берат и од Северна и Североисточна Румелија преку Корча. Затоа тој таму има подигннато една тврдина која би им дала отпор на недисциплинираните турски единици......
Не пред многу време дојде до отворен раздор меѓу Али-паша и скадарскиот паша. Нивните трупи се судриле во рамнината кај Охрид. Во таа битка трупите на Али-паша биле надмоќни......
По неколку дена имам намера, мој Лорде, да го напуштам ова место откако ќе прокрстарам по еден дел од Тесалија и провинциите на Фокис, Беотија и Етолија за да го прокрстарам оној дел на Мореа што ми преостанува да го проучам. Оттаму имам намера да се вратам во северна Ахаја за да го завршам патувањето по Тесалија и Македонија...
PRO -FO 78/57, Turkey. Captain W.M. Leake. November 1803 to december 1807; Britanski dokumenti... (1797-1830), t.I, dok.23, str. 28-32;
Укинување на Охридската Архиепископија - 1767
Според истражувањето на Гаврил Крстович од 1869 година, кој имал на располагање голем број документи од архивата на Вселенската патријаршија, но и од архивата на турската империја во врска со укинувањето на Охридската архиепископија, барањето на Вселенската патријаршија за укинувањето на архиепископијата е базирано врз лажни обвинувања и фалсификувани документи.
Патријархот Самуил заедно со Синодот на Цариградската Патријаршија фалсификувале документи со кои укинување на Охридската патријаршија наводно барал самиот Арсениј, архиепископ на Охридската архиепископија, заедно со епископите и верниците. Според таквото фалсификувано барање главна причина за укинување на Охридската архиепископија е финансискиот крах на архиепископијата, но и на сите епархии со кои управувала. Но, вистинските причини за укинување на Охридската архиепископија не се финансиските долгови, кои наводно биле толку големи што ја парализирале работата на црквата, како што тврдел патријархот Самуил, туку желбата Патријаршијата во Цариград, односно Данајците - остатоци во Македонската црква во Костантинопол кои успеале да ја превземат контролата врз Македонската црква, да ги приграбат за себе сите 31 епархиии со кои раководела Охридската архиепископија. Според истражувањето на Гаврил Крстович од 1869 година, кој имал на располагање голем број документи од архивата на Вселенската патријаршија, но и од архивата на турската империја во врска со укинувањето на Охридската архиепископија, барањето на Вселенската патријаршија за укинувањето на архиепископијата е базирано врз лажни обвинувања и фалсификувани документи.
ШЕСТ ЕПИСКОПИ ПРЕДАВНИЦИ
Вселенскиот патријарх Самуил и Светиот синод на Вселенската партријаршија со смислена игра за наводни финансиски проблеми на Архиепископијата во Охрид успеале да издејствуваат од султанот Мустафа трети, син на султанот Ахмед трети, одлука со која се укинува Охридската архиепископија, а целокупниот имот, заедно со верниците, во пакет, се префрла во надлежност на Вселенската патријаршија со седиште во Цариград. Во документите до кои дошол Крстович меѓудругото стои дека Вселенската патријаршија меѓу причините за укинувањето на Охридската архиепископија, освен катастрофалната финансиска состојба и молбата на шест епископи на Охридската архиепископија, по народност Данајци, кои молат да се припојат кон Цариградската патријаршија затоа што албанските качаци ги уништиле епархиите со пљачкање, убиства и палежи, како важна причина ги наведува и честите речиси постојани промени на архиепископот, кои тие ги нарекуават несреќни и недостојни.
Се разбира ваквото тврдење на патријархот Самуил Ханџера упатено до Портата воопшто не е точно, зашто пред Арсениј, последниот охридски архиепископ не станува збор за чести промени на престолот. Имено, само двајца архиепископи владееле кратко, а тоа се Јеремија, кој починал брзо по назначувањето и Ананија, кој бил сменет затоа што сосила седнал на архиепископскиот трон во Охрид. Во истиот на документ на Патријаршијата, кој наводно бил упатен до Султанот а со кој се бара укинувањето на Охридската архиепископија, може да се види дека укинувањето на архиепископијата наводно го бараат сите епископи и сите христијани од Македонија.
Но дали овој документ, односно дали ваков документ стигнал до Султанот? Според истражувањето на Крстович, кој посебно бил заинтересиран за укинувањето на Пеќката патријаршија но истовремено ги анализирал и документите поврзани со укинувањето на Охридската архиепископија, во архивата на Високата порта, односно во актите што се однесуваат на верските прашања во Отоманската империја, нема никаков документ со кој наводно епископите и верниците-христијани од Македонија поднеле некакво барање за укинување на Охридската архиепископија до Султанот. Таков документ едноставно нема. Постои некаков запис во еден царски берат со кој се нотира барањето за укинување на Охридската архиепископија и нејзино припојување на Цариградската патријаршија од страна на Патријаршијата и Синодот, кои всушност молат да се нареди да се запише во документите на Портата припојувањето на Охридската архиепископија кон Патријаршијата со забрана Охридската архиепископија некогаш да побара отцепување од Патријаршијата.
Значи, записникот од архивата на Портата само потврдува дека укинувањето на Охридската архиепископија не е барање на архиепископот, народот и свештенството во Македонија, туку намера и желба на Патријаршијата. Имено, укинувањето е одобрено на барање и предлог, односно молба од страна на Вселенскиот патријарх и Синодот на Патријаршијата во Цариград.
ФЕРМАН ЗА УКИНУВАЊЕ НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА – НЕМА!
За да се увери дека не постои никаков документ со кој самата Охридска архиепископија наводно бара припојување кон Цариградската патријаршија, во 1867 година, значи сто години по укинувањето на Охридската архиепископија, Гаврил Крстович писмено се обраќа до Високата Порта во Цариград со молба да му се издаде препис од Високата заповед со која се укинува Охридската архиепископија:
„Откако беше примена нашата молба веднаш бил побаран таков документ во архивата но одговорот што стигна беше дека Висока заповед или ферман за укинување на Архиепископијата во Охрид нема. Постои само кус запис на крајот од еден лист на записник со молба од патријархот Самуил за укинување на Охридската архиепископија. Освен препис од тој записник добивме и препис од Берат со кој се поставува првиот митрополит на Цариградската патријаршија во Охрид по укинувањето на Охридската архиепископија. Станува збор за митрополитот Григориј Драченски. Со двата документи само се потврдува дека укинувањето на Охридската архиепископија е направено на барање на Цариградската патријаршија, со молба и мазар на Цариградскиот патријарх и Светиот синод“.
Според тоа, укинувањете на Охридската архиепископија, а тоа го потврдуваат документите на самата Патријаршијата, но и оние што се наоѓаат во архивата на Високата порта во Цариград, е дело на патријархот Самуил и Синодот на Вселенската патријаршија во Цариград, а приказната дека тоа се прави по барање на свештенството и народот е чиста лага. Значи, нема никакво барање од народот за укинување на архиепископијата и нејзино припојување на Патријаршијата, а нема никаква молба ниту од архиепископот Арсениј туку само негова оставка која е поднесена под притисок на шестемина Данајци, митрополити на Охридската архиепископија, кои во дослух со патријархот Самуил ја имаат замислено, испланирано и реализирано комплетната стратегија и акција околу укинувањето на Охридската арихиепископија.
Самиот чин на укинување на архиепископијата пред султанот се правда со некаква грижа, односно желба да им се помогне на верниците кои молат да се спасат од пропаста во која е пропадната Охридската архиепископија. Се разбира основната цел на проектот за укинување на Охридската архиепископија всушност е уништување на националната свест кај народот, која засилено почнува да се пројавува под патронат на Охридската архиепископија. Дополнителен мотив за таквиот проект на Самуил е можноста да се приберат дополнителни пари за Патријаршијата која до гуша е во големи долгови кон Високата порта, кои мора да се платат.
Од друга страна, дека архиепископот Арсениј ниту некогаш напишал молба за укинување на Охридската архиепископија, ниту пак некогаш се согласил со такви нешто, сведочи и настанот што се случил за време на неговото заточение во манастирот Зограф на Света Гора. Имено, неколку години подоцна, токму поради финансискиот крах на Патријаршијата и големите злоупотреби на средства од патријаршиската каса, на Света Гора привремено бил заточен и самиот Самуил, патријархиот што го испрати на заточение Арсениј, последниот Охридски архиепископ. Според запис на отец Нестор, но и според сведоштвата на монасите во манастирот Зограф, еден ден Арсениј и Самуил случајано се сретнале во дворот на манастирот, па сите имале можност да видат како Арсениј со горки зборови го прекорувал и проколнувал Самуил за укинувањето на Охридската архиепископија.
Притоа треба да се знае дека Самуил е Данај, а Арсениј Македонец од семејството Беласчеви од Охрид.
СУЛТАНОВ ФЕРМАН ЗА ПОДДРШКА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА
Според османлиските документи што можат во секое време да се анализираат, а тоа значи документирано да се реконстриура вистината околу укинувањето на Охридската архиепископија, недвосмислено е дека Самуил, патријархот на Цариградската патријаршија во време на укинувањето на Охридската архиепископија, употребил само лаги и клевети, тврдејќи дури и тоа дека автономијата на Охридската архиепископија, со нејзините словенски арихиепископи, всушност има намера, односно постојано се бори за политичко отцепување од Портата. Освен тоа, според Данајците во Патријаршијата во Цариград, Архиепископијата била во големи долгови, но и во постојани кавги меѓу епископите кои наводно крваво се бореле за тронот, а останувале многу кратко на него и ништо не се менувало во раководењето. Заедно со сите тие лаги, Самуил обезбедил и поткрепа од шест митрополити од 31 колку што во тоа време имала Охридската архиепископија, да го поддржат во лагите за пропаста на Архиепископијата и опасноста од нејзината автономија. Сето тоа, заедно со лажното барање на верниците, го ускористил за да ја убеди Високата порта да ја укине Охридската архиепископија, да го укине тронот на самостојната македонска црква, односно да ја припои на Цариградската патријаршија.
Се разбира самиот чин на укинување на Охридската архиепископија е противзаконска и антиканонска постапка во чија основа лежи користољубието, властољубието и омразата на Патријаршијата, која, како што вели Георги Беласчев, праправнук на архиепископот Арсениј, преку Данаецот Самуил по секоја цена сакала да ги потчини под нејзина управа ‘прекрасните епархии на Македонија’.
Во архивата на Османската империја има документ, односно ферман на Султанот Мехмед трети кој директно се однесува на Охридската архиепископија, односно на наводната финансиска пропаст од која патријархот Самуил наводно сакал да ја спаси со укинување.
Специјалната архива за црковни работи се чува во Цариград под името ‘бископос муката’. Овој ферман на Мехмед трети е напишан на третиот ден од месецот Реџеп во 1171 година (1758 по Христа) во Цариград на барање на Методиј, архиепископ на Охридската архиепископија, кој со писмо се обраќа до Султанот за да го заштити од разните лихвари кои секојдневно го притискаат за некакви наводни долгови кои ги направиле неговите претходници. Со ферманот од 1758 година Султанот меѓудругото наредува да се престане со притисоците, нагласувајќи дека ‘кога некој патријах умре или биде сменет и на негово место се назначи друг, новиот патријарх ги плаќа само долговите кон Државниот трезор на неговиот претходник, ако такви долгови има за плаќање. По плаќањето на овој долг новиот патријарх не треба да се вознемирува за никакви други долгови. Оттука, за да се почитува законот, го издавам овој ферман со кој заповедам веднаш по пристигнувањето на оваа моја одлука да се постапи според неа и да се погрижите и постапите како што е наредено. Значи, забранувам да се вознемирува спомнатиот патријарх за долгови на неговиот претходник кон кого и да било, освен долгот кон државата, кој треба да се плати за Државниот трезор, ако таков долг има’.
Значи, султанот Мехмед трети добро знаел дека врз архиепископот Методиј , по кој доаѓаат архиепискипите Кирил, Ананија и Арсениј, се вршел притисок од разни лихвари за долгови кои Охридската архиепископија не ги направила. Ферманот што го добил архиепископот Методиј го забранува ова своевидно рекетарство, кои само девет години подоцна, заедно со фалсификуваните документи за доброволно напуштање на престолот од страна на последниот Охридски архиепископ Арсениј, ќе биде искористено од Цариградскиот патријарх Самуил за конечно укинување на Охридската архиепископија.
Според тоа, укинувањето на Охридската архиепископија е организирано од Цариградската патријаршија со помош на, ако може така да се рече, локални рекетари и со шпионскиот ангажман на шестмина епископи Данајци кои раководеле со шест епархии на Охридската архиепископија, со фалсификувано писмо на верници кои бараат укинување на архиепископијата и со фалсификувано барање на Арсениј за припојување на Охридската архиепископија кон Цариградската патријаршија.
Се разбира наводното барање на Арсениј е чист фалсификат, односно Арсениј со закани по неговиот живот е присилен само да поднесе оставка од престолот, а оставката, со мала интервенција на заговорниците, е претворена во барање за укинување на Охрдиската архиепископија.
На ден 22 Артемидон (Април) 1773 во селото Тресонче, дебарско е родена Сирма војвода, ќерка единка на Анѓа и Петре Врлески, Македонска ајдутка, предводничка на ајдуци и војвода на дружина. Починала во Прилеп на 85 год. (Најверојатно убиена во атентат од османлиите) Сирма била закопана со најголеми почести во тогашно време.
Д. Миладинов ќе збележи дека: „Сирма се роди во дебарското село Тресонче. Бидвешчем под машко облекло, обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои таа ги водеше ја узнаха како девојка кога í се скинаха петлиците од градите.”
Сирма војвода не била мит туку реална личност.
Негушко востание
Изложеноста на населението на Негуш и околните 130 села на чести напади и грабежи од страна на многубројните aрамиски банди, како од нападите на солунските Турци, така и од долгогодишните напади на разбојничките банди на Али-паша Јанински, била главната причина поради која Негушаните одлучиле да подигнат востание.
Негушкото востание (февруари – април 1822 година) е месно востание во околината на Негуш, под влијание на Грчкото востание. Во него, зеле учество локалните Македонци потпомогнати од месните Власи во април 1822 година, против турската власт.
На чело на востанието биле Анастас Караташо Постариот, Ангел Гацо и др. Анастас Караташо постариот бил воен водач. Востанието започнало со напад на османлискиот гарнизон во Негуш, кој бил уништен, а градот бил ослободен. Востаниците формирале и Воен штаб. Заземањето на Негуш придонесло на востаниците да им се придружи населението од Држилово, Лозица, Граматиково, Катраница и други населени места. Востанието се ширело и кон Воден и Костур, зафатило и многу села по реката Бистрица. Бројот на востаниците се зголемувал. Османлиските власти стравувале од напад врз Солун.
Против востаниците била испратена редовна војска под команда на Лабуд-паша. Востанието било задушено, а дел од востаниците успеале да избегаат на југ и да им се придружат на грчките востаници.
Поттикнати од почетниот успех на грчкото востание ( 1821 ), Македонците кои живееле во Негуш и околните села, измешани со Власи и Грци, на 3 март 1822 кренале востание.
Востанието избувнало во западниот дел на Солунското поле во градот Негуш и во околните воденски села. Македонците од овие краишта помогнати од своите сожители Власи и Грци востанието го кренале под раководство на Атанас - Каратасе ( Македонец, познат и како Караташо или Каратошо ) и Ангел Гачо ( Влав ), а учество зеле и ајдутските војводи Зафиракис Логотет и Дијамандис.
Востанието почнало да се шири со голема брзина на исток од градот Негуш и ги зафатило сите села до утоката на реката Бистрица. Cо напад на османлискиот гарнизон во Негуш, кој бил уништен, а градот бил ослободен. Според податоците на англискиот конзул, бројот на востаниците се качил на 2000 ( речиси сите Македонци ), а постоела голема опасност тие да го нападнат и градот Солун, своевиден центар на османлиската власт на Балканот.Заземањето на Негуш придонесло на востаниците да им се придружи населението од Држилово, Лозица, Граматиково, Катраница и други населени места. Востанието се ширело и кон Воден и Костур, зафатило и многу села по реката Бистрица. Бројот на востаниците се зголемувал. Османлиските власти стравувале од напад врз Солун.
Меѓутоа востаниците своите напади ги насочиле врз турските чифлици на крупните земјопоседници и на полските кули. Востаниците запалиле околу 134 турски чифлизи и помали села, потоа го зазеле градот Негуш, го заробиле турскиот кајмакам во него и ги убиле малубројните Турци во околните места.
Османлиската власт брзо реагирала. Против востаниците била испратена голема војска која го опколила Негуш. Опсадата траела од 24 - ти март до 20-ти април, кога градот бил освоен. Востанието било брзо задушено од страна на турските власти со оглед на тоа дека востанието било просторно многу оддалечено и отсечено од центарот на Грчкото востание кое се одвивало во истото време, аскерот многу лесно ја опколил слободната територија од сите страни. Со бројност од 15000 војници, Турците успеале да го скршат отпорот на востаниците и да го вратат назад градот Негуш.
Поради турските жестокости врз месното население настанало општо бегање и раселување на луѓето од овие краишта. Околу 30 млади негушанки и невести со деца за да не паднат во рацете на османлиите се фрлиле во водите на реката Арапица. Другите кои немале '' храброст'' биле фатени и продадени како робови......
значи во 1821 во Македонија османлиите имаат спроведено се
уште робо - владетелски систем на управување кон оние кои се дигале против османлиската власт.
грчките влсти денес Негушкото востание го претставуваат како грчко,.. а македонските 30 млади негушанки и невести со деца за да не паднат во рацете на османлиите кои се фрлиле во водите на реката Арапица '' гордо '' ги претставуваат како грчки, '' гордо '' без трошка срам се фалат по светот дека тоа било ''грчки пример на саможртва''.
Негуш e град кој се наoѓа во близина на локалитетон на древниот македонски град Еге. 1925 грците Еге го имаат преименувано во ''Вергина'', додека Негуш е пременуван од страна на грците во ''Наоуса''... истата судбина ја имале безброј древно македонски географски локалитети, поиими и населени места во Егејскa Mакедонија после 1925, а ce со цел асимилација на земјата и народот македонски од страна на грцитe.
Самите водачи на востанието, Атанас Караташо и Ангел Гачо, со дел од востаниците се префрлиле во Грција и таму зеле активно учество во Грчкото востание, кое било во тек.
Востаниците не успеале да ги прошират воените дејствија надвор од Негуш. Bо Македонија тогаш имало концентрирано голема османлиска воена сила, особено во Битола и Солун, која можела да угуши секаква востаничка акција. И покрај неуспехот, Негушкото востание зазема важно место во историјата на македонскиот народ. Од ова востание се стекнале драгоцени револуционерни искуства, кои подоцна биле користени во последователните востанија.
МОЛБА ОД НАУМ ИЧКО ДО СРПСКИОТ КНЕЗ МИЛОШ ОБРЕНОВИЌ, ЗА ОТКУПУВАЊЕ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ЗАРОБЕНО ЗА ВРЕМЕ НА НЕГУШКОТО ВОСТАНИЕ( 23 мај 1822 год.)
„...
Сега Ви јавувам, бидејќи Ви е познато за страдањата во Негуш за мојата несреќа. Тука се потрефил еден мој брат од стрико со целото семејство кој побегнал од Катраница во Негуш за посигурно, речиси кога го зеле Негуш и тие паднаа во ропство: неговата жена, четири девојки и три сина. А за мојот брат не се знае дали е е жив или мртов. Тука семејството го заробил еден буљукбаша од Дебар и го потерал во Битола за да им го продаде на христијаните, бидејќи тамошните трговци и еснафи многу робови откупиле, само владиката откупил 30 робови. Кога повеќе не можеле да откупуваат робови, тогаш жената им јавила на тамошните трговци, дека имала свој род во Белград, тоа му го кажале трговците на буљукбашата за да не ги води во Арнаутлукот, туку да се притрпи за 25 дена дури мене не ми јават. Буљукбашата се согласил и рекол од 4000 гроша поевтино не дава. Тогаш трговците ми пишаа да испратам толку пари за да се откупат 8 души. Должни сме Господаре, не само својот род да го откупиме туку и секоја христијанска душа да ја избавиме од турските раце. Туку ми е тешко да дадам 4 илјади гроша, затоа што епархијата е слаба;... затоа сум наумил во ова тесно време да дадам 1500 гроша, а кусур до
4 илјади да коленичам пред Вас... да помогнете и Вие да ги куртулисаме 8 души (молејќи се) за душата на Вашите родители и за здравјето на благородниот Милан”...
Наум Ичко
Како османлиите ги изиграле христијаните на Негуш и околијата 1822 година
Негуш и околијата билe населени претежно со христијанско население, македонци и власи. Таа околија е близу локалитетот на дрениот македонскки град Еге. Во тоа време се одвивало и грчкото востание далеку на југ. Османлиите плашејќи се од немири во позадината, што било и логично, тие oсманлиите преку нивни агенти го провоцираат наслениетo на востание. За таа намена тајно испраќаат стотина стари пушки за таа намена, ма биле спремни да се справат со востанатото христијанско население од Негуш и околијата cо бројност од 15000 војници, регуларна османлиска војска и башибузук, наспроти 2000 востаници речиси сите Македонци. Значи македонците и власите испровоцирани и не доволно организирани востанале, ма осаманлиите одговориле подготвено и жестоко,.. значи испланирано. Населението од Негуш и околијата било продадено како робови, а нивните имоти ограбени.
Димитар Каратошо – Цами (1798 – 1861) е македонски револуционер, учесник во Негушкото востание во Македонија во 1822 година, познато уште како Македонско востание, кое се смета за прво национално востание на македонскиот народ против Османлиите. По неговото задушување, учествува и во Грчкото востание. Во 1854 година, го организирал востанието на Халкидики, Јужна Македонија. Учествувал и во борбата за ослободување и обединување на Италија. Добива чин полковник во грчката војска и е аѓутант на грчкиот крал Ото 1. Во текот на 1860 година се обидел да организира ново востание во Солунскиот регион. Се потпишувал како „Главен командант на Македонија“ и се залага за обединување на сите балкански народи за ослободување од Османлиската власт. Димитар Каратошо е роден во 1789 година во Негушкото село Дихалеври, чии остатоци денес се наоѓаат на земјиштето на селото Хоропан, Егејска Македонија. Неговиот татко, Анастас Каратошо, стариот ајдутски војвода, бил Македонец и воен водач на Негушкото востание, кое во 1822 г. го креваат Македонците потпомогнати од месните Власи и Грци, а под влијание на Грчкото востание од 1821 г. Во ова востание кое се смета за прво национално востание на македонскиот народ против Османлиите, учествувал и Димитар Каратошо.
Xалкидичко востание
По неуспехот на Негушкото востание, Анастас и Димитар Каратошо, заедно со други негушки раководители како Ангел Гацо и дел од востаниците се префрлиле во Грција каде земаат активно учество во Грчкото востание кое било во тек. Димитар Каратошо учествува во борбите во Тесалија, Епир и Јужна Грција. Во 1826 г. со Ангел Гацо и Анастас Кимев учествува во борбите Централна Грција. По ослободувањето на Грција, тој својата борба ја насочува кон ослободување на својата татковина Македонија.
Во 1928 година Димитар Каратошо станува централна фигура за ослободување на Македонија од присуството на турските воени сили. Во 1835 година тој создава база на Северните Споради (Спорадски острови) од каде прави чести посети на Халкидики и одржува редовна преписка со тамошни дејци. Истовремено, води еден вид на тајна дипломатија за да се воспостави сојузништво на балканските народи против Османлиската власт. Исто така, учествувал и во борбата за ослободување и обединување на Италија. Во периодот од 1844 до 1853 година тој ги посетил Трст и Скопје, каде бара поддршка за ослободување на Македонија.
По избувнувањето на Кримската војна (1853 - 1856), Каратошо решава дека е дојдено време за востание. Кон крајот на март 1854 година на чело со 10 бродови и 500 борци тргнува од Евбеја и се истоварува на Касандра, во заливот Каламици, на Халкидичкиот Полуостров. Тој според планот планирал да се движи кон Солун. Прогласен за „Главен командант на Македонија“, Каратошо во април ослободува повеќе населени места, а населението во почеток го пречекува со голем ентузијазам. Потоа по Велигден, Каратошо со борците оди кон местото Румелија.
Во меѓувреме, Турците мобилизираат сили од Солун и се обраќаат за помош на францускиот конзул, по што Французите испраќаат воен брод во Атонскиот залив. Востанието
не било одобрено од ''европјанитѐ'' (Франција, Британија и тогашното царство на Сарденија) бидејќи во ''Кримскaтa војна '', Турција им билa сојузник против Русија, (тоа е доказ дека Димитар
Каратoшо делувал независно и искрено во ослободување на Македонија)
така,.. На 24 април 1854 година францускиот капетан кој востаниците ги смета за гусари, им дава ултиматум, дека доколку не испловат за еден час ќе отвори оган. Потоа тој отворил стрелба по бродовите на Каратошо и им нанел големи штети. Учеството на францускиот воен брод, како и доаѓањето на башибозукот кон Румелија го намалува воодушевувањето на населението.
Димитар Каратошо за да настапи кон Рендина и Галачишта, бара помош од месното население и од монасите во Атон. На 13/25 - ти април, неговите востаници со доброволците од Полигеро успеваат да го одбијат турскиот напад крај Галачишта, но следниот ден не успеваат да го заземат местото Румелија. И покрај повтореното барање од Атон не пристигнала помош.
Востаниците предводени од Каратошо се приморани да се повлекуваат кон Атон, при што се водени неколку борби. Тоа ќе го искористат Турците, кои на ужас на европските конзули, кои за цело време работат да го спречат востанието и да го пацифизираат регионот, ќе извршат масакр.
Востаници од Македонија пред 1900 -та година, американски сведоштва
На 20 април / 2 мај, Турците ќе ја убијат 30 – члената делегација од Полигеро која била испратена да ги пресретне, а потоа ќе ги уништат населените места на Халкидики кои востанале. По овој масакр, под притисок на Европа, турскиот валија во Солун им наредува на осмалиските сили да се вратат во Солун.
Димитар Каратошо не ја прекинува борбата, туку продолжува безуспешно да бара поддршка од монасите во Света Гора. На крај самиот оди во Карија, каде го затекнува седиштето на автономната монашка област на Атон празно. Сите монаси веќе биле избегани во манастирот Кутлумуш. По доаѓањето на османлискиот параход „Персуд“, монасите дури бараат од османлискиот сераскер Хаџи Таир бег да ги заштити од востаниците.
Востаниците на Каратошо ја водат последната борба на Полуостровот на 16/28 мај кај Кумица, при што имаат тешки загуби. Во меѓувреме, под притисок на европските сили Турција прогласува општа амнестија, а во Атина доаѓа до промена на политичката ситуација и се формира окупационо министерство кои ги повикува сите востаници да заминат во Грција. Со посредништво на конзулите, со француски воен брод под команда на баронот Русен, востаниците на 13 јуни го напуштаат Атон и се пренесени на островот Евбеја.
Димитар Каратошо
По востанието Димитар Каратошо како полковник во грчката војска станува аѓутант на грчкиот крал Ото 1 . Во 1860 година тој планира ново востание со центар во Солун. Свесен дека без обединување на сите балкански народи нема ослободување на Македонија од османлиската власт, во 1861 година заминува во Белград, каде се припремала војска за ослободување од турското ропство на покорените територии. Таму веќе се наоѓаат голем број познати македонски војводи со своите чети. Меѓутоа, Димитар Каратошо умира кон крајот на 1861 година во Белград од
''непознати'' причини.
Грчкиот крал и бугарскиот кнез, а подоцна цар како аѓутанти имале Македонци. Грчкиот крал и Бугарскиот кнез биле, првиот баварец, другиот австриец и едниот и другиот сакал да зaвладее со Македонија.
Cрпскиот кнез, грчкиот крал и бугарскиот кнез билe добро информиран за состојбите во Македонија во тоа време од прва рака од Mакедонци кои со сигурност се тие кои и ги отвориле ''големиотe апетити'' кон Македонија. Со сигурност ги запознале со слабостите на Македонското ослободително дело.
Кичево во делата на странските патеписци – Едмунд Спенсер, 1850 година
Англичанецот Едмунд Спенсер бил капетан и многу патувал, пред се`, во разузнавачки цели. Во 1850 година ја посетил и Македонија. Поминал крај Кичево. Интересно е што во неговиот патепис Спенсер наведува дека Кичево е местото каде порано се наоѓал градот „Скиртијана“. Познато е дека во Кичевската котлина се наоѓал древниот град Ускана (Хискана), чија локација се` уште не е точно утврдена. Изворот за овој податок не е наведен, но е доста интересен. Еве што друго пишува Едмунд Спенсер за Кичево во својот патепис:
„Напуштајќи ја прекрасната долина на Дреска, поминавме преку планината на пат за Критчово, древната Скиртијана, која денес претставува мало село што нема повеќе од стотина куќи. Се почувствувавме меланхолично, гледајќи го прекрасниот и простран басен во кој беше сместено селото, каде што почвата очигледно беше мошне плодоносна, но малку обработена. Неколку напуштени села беа расфрлани во околината, покажувајќи дека оваа област мора некогаш да била место каде што се одвивал некој смртоносен судир, а тоа било неодамна. Критчево е сместено во подножјето на еден планински венец, не многу висок, овде-онде покриен со шума, претставувајќи еден освежителен предел во овие области на Македонија, каде студениот гол камен често е главната карактеристика на пределот; иако овие планини некаде испреплетени со бројни плодни површини, мали долини или клисури, каде што течат водите на Зајас, Карасу, Кандрису и на неколку помали реки се влеваат во реката Вардар, сепак се чини дека земјата е добро прилагодлива за земјоделство; сепак единствените жители кои ги сретнавме на нашиот пат беа неколкумина номади со нивните стада“.
* * *
Спенсер го посетил Кичево во еден од најтешките периоди низ кој поминал градот. Имено во годините, непосредно пред да помине тука, Кичево било арена на еден од многуте крвави судири во Османлиската империја, кои се јавиле како последица на ослабнувањето на централната власт во Истанбул, а јакнењето на локалните паши, бегови, кои почнале да се одметнуваат. Во тоа време господар на Кичево бил Абди бег, веројатно лојален на султанот. Абди бег бил убиен од страна на Хамза паша од Скопје, кој потоа се населил во тврдината на Китино кале, по што почнал страшен терор врз локалното население. Се зборува дека во тврдината го опслужувале дури 400 слуги. Кога Ајредин паша успеал да го порази Хамза паша и да го заземе повторно Кичево, тврдината била запалена и разрушена. Потоа животот почнал да се враќа во нормала. Сево ова се случувало за време на одметнувањето на Али паша – Јанински, во првата половина на 19 век, време кога се случува феудална анархија во Османлиската имерија. Како причина било искористено укинувањето на јаничарскиот ред во 1826 година од страна на султанот Махмуд 2 , по што голем број на турски феудалци се одметнале и почнале со масовен терор во областите каде владееле. Поради тоа населението се повеќе ги напуштало селата, преселувајќи се во градовите. Едмунд Спенсер несомнено бил сведок на периодот после феудалната анархија во Кичево.
Патеписот се чува во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), под шифра DR 14. S74 I-II. Текстот од англиски на македонски е преведен од Владимир Чупески, а објавен од Александар Матковски.
Во неговиот патопис се опишани уште 6 града во западниот дел на Македонија. Интересно е и што Едмунд Спенсер се сретнал со Робевци во Битола и Охрид, а во Струга со Димитар Миладинов.
Преданија од Тиквешијата
Легендата се однесува на еден херојски чин на девојките од с. Галиште, Тиквешко.
Јужно од с. Шешково и источно од с. Галиште се издига врвот Галичин. Горе на врвот е рамно, а источно од него, наеднаш како со нош исечена, се спушта надолу една вертилкална карпа. Карпата е висока околу 80 или 100 метри. Тука, од таа карпа, подгонети од Турците, се фрлиле девојките од с. Галиште. Пред да го направат тоа, за некоја од нив да не се премисли, тие си ги врзале плетенките една за друга и заедно летнале во бездната.
Требало да ја спасат својата моминска чест и да дадат пример на едно возвишено херојство. Долу, под карпите, овчарите сеуште наоѓаат остатоци од ѓердани, обетки и прстени на храбрите девојки. Карпата од која што се фрлиле девојките и денес се нарекува Моминска карпа.
И овде преданието не кажува точно кога се случило тоа. Можеби се однесува на времето кога тиквешаните биле приморувани да го примат мухамеданството?!?... Од измачената и потурчувана Тиквешија се одвојува голема група христијани, кои веројатно движејќи се по Морава... ги наоѓаат пустелиите по Тимок и се населуваат на места кои ги нарекуваат според имињата на своите напуштени огништа. Неготин, Раец, Тремник... Места со такви имиња и денес постојат во Неготин Краина.
Тие два примера – девојки да се фрлаат од карпа за да ја зачуваат својата чест и голем дел од населението да бега за да го спаси својот живот, не само што ја сликаат ситуацијата во Тиквешко во тоа време, туку го објаснуваат и потурчувањето во тиквешките помаци.
Кауѓарец (потурчување)...
Како и насекаде, така и во Тиквешијата потурчувањето се спроведувало со големи насилства. Според едно предание, блиску до селото Бегниште има падина во која биле закопани околу 500 месни жители, кои не сакале да ја примат исламската вера. Оваа падина Турците ја нарекле Кауѓерец, име што се зачувало и до денес. Селаните сеуште одат таму и палат свеќи.
Марковата кула во Кавадарци.
Кулата е тврдина, градена од камен и малтер, со чевртаста форма и е висока 20 метри. Има пет катови, на вториот кат е влезот. Тука нема прозорци. На третиот кат има само еден тесен, мал прозорец. На чевртиот-три ѕида имаат по еден прозорец. На петтиот исто така има три прозорци. на сите прозорци биле поставени решетки. На петтиот кат, јужниот ѕид, до прозорецот има отвор и издаден камен симс. Од тука е бранет приодот кон кулата. На овој кат има и нужник, надвиснат надвор. Во ѕисот на овој кат немало огниште.
Точното потекло на кулата не се знае. Според преданието меѓу народот владеело уверување дека е од постаро турско време. Има и претпоставки дека потекнува и од времето пред доаѓањето на Турците во овие краеви. Познато е дека првите преселници од Дукена се вселиле во Кулата и со тоа почнува основањето на новата населба Велахан, што подоцна го добила името Кавадарци.
Легендата за името Кавадарци
За името на денешниот град има повеќе легенди од кои почесто се раскажуваат две. Едната говори дека јужно од Кулата, покрај Луда Мара, некогаш имало голем камен и една висока топола, под која имало извор со студена и пивка вода. Местото околу изворот било многу погодно за пасење и пладнување на добитокот. Месноста ја викале Кавадар (топола место). Од оваа сложенка прво бил изведен топонимот Кав-дар, а подоцна и Кавадарци. На турски кавак значи топола, а дар значи тесно место.
Другата легенда поинаку го објаснува името на градот Кавадарци. Според неа некој простодушен селанец од населбата Тиквеш, барајќи ја изгубената крава, дошол до изворот кај тополата и каменот и до реката Луда Мара. За среќа тука го нашол изгубениот добиток. Загледан во убавото и романтично катче на природата, селанецот од големо задоволство воздивнал и извикал: Каков кавин – дар! Од Кавадар, со значење место на кравите, се претпоставува настанал топонимот Кавадар. Со текот на времето и населбата која се оформила во поголемо населено место, била наречена Кавадар, односно Кавадарци. Така велат легендите што ги искајал народот за името на овој град.
Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945“, од Зорка Тодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г.
Населување
на Албанците
во
Македонија
Многу
често од
албански
историчари и
политичари слушаме дека
албанците
биле
автохтон
народ во
Македонија, НO, тоа
воопшто не е
точно. Сите
историски
извори го
тврдат
сосема
спротивното,
односно дека
Албанците се
најдоцните
дојденци во
Македонија,
дури турците
се дојдени
порано
отколку
првиот
дојденeц албанец во
Македонија.
Историските
сведоштва
говорат дека
првите
Албанци во
Македонија
почнале да се
доселуваат
поинтензивно
дури после
средината на
18 век. И секој
човек кој
логично
размислува и
има малку
познавања од
македонската
топонимија и
археологија,
ќе знае дека
сите
населени
места каде
денеска
живеат
Албанци
некогаш биле
чисти
македонски
места, со
македонски
топоними, со
македонски
цркви и
гробишта, без
никакви
пишани
историски
извори или
археолошки
наоди од
албанци се` до
половината
на 18 или 19 век.
Каде има
албански
џамии или
цркви,
албански
гробишта од 17
век во
тетовско,
госитварско,
дебарско,
струшко,
скопско,
кумановско?!
Никаде! Според
отоманскиот
попис на
населението
од 1430-1431 г., во
Македонија немало
воопшто
Албанци. Веќе
од средината
на 15 век, со
исламизацијата
на Албанците,
тие во мал
број почнале
да доаѓаат во
Македонија
како турски
војници и
наеминци, но
сепак во многу минорен број.
Во
отоманскиот
попис од 1452-1453
година, се
забележани
само 32
албански
семејства на
територијата
на цела Македонија
и тоа 31
семејство во
вилаетот
Калканделен (Полог)
и 1 католичко
семејство во
Скопје. Овие
албанци веќе
во најголем
дел биле
исламизирани
и
отоманските
власти ги
обележувале
како АРНАУТИ
или АРБАНАСИ, како
би се
разликувале
од
староседелското.
Имено, во
пописните
тефтери,
отоманците
на личните
имиња на
албанците
додавале “Арбанас“
или “Арнаут“
за да ги
разликуваат
од
староседелците,
за кои немало
никакви
придавки за
народност. Отоманскиот
попис од 1467-1468 г.
забележува
само 84
албански домаќинства
на
територијата
на цела
Македонија и
тоа во
следниве
вилаети: Попис 1467-1468 г.
Вилает
Калканделен (Полог)
20 домаќинства
Вилает Ускуп
(Скопје) 2 домаќинства
Вилает
Пирлепе (Прилеп)
10 домаќинства
Вилает
Ќипрјули (Велес)
3 домаќинства
Нахија
Крчово (Кичево)
7 домаќинства
Нахија
Мариово 1 домаќинство
Нахија
Манастир (Битола)
41 домаќинство
Извор: ТДИМН.
ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает
Калканделен),
с. 150; ТДИМН. ОПД,
т. I, с. 197–199; ТДИМН.
ОПД, т. II, с.139–271 (нахия
Манастир), с. 271–485
Првите
шест албански
села во
Македонија
Албанците
дошле на
границите на
Македонија
во 1572 г. Французинот
Филип Канаје го
опишал заземањето
на Качаник од
страна на неколку како што
лично
запишал “албански
групи на
убијци и
разбојници“ во
1572 г. .
Во 1595 г. за прв
пат во
историјата е
забележана
албанска
разбојничка
тајфа која
опљачкала
неколку
полошки села,
а многу
селани
ранила и
испоубила [Ј.
Трифуноски,
Полог, стр. 38].
Според
отомански
документ од 1597
г., околу 10.000
албански разбојници
од северна
Албанија,
ограбиле и
изгореле 27
села во
западна
Македонија, а
во 6 од тие
села, во дебарската
област, се
заселиле
првите
Албанци во
Македонија. Значи, прво
населување
на Албанци во
македонско
село,
временски
датира 3
години пред
почетокот на
17 век и тоа
било во
областа на
Дебар.
Албанско населување во скопската област
Во отомански документ од 1595 г. за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18 век (пак таму, Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини
после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.).
До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.
Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија.
[ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]
Албанско населување на Полог
Почетокот на албанската населување т.е. заземање на Полог почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија [ Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум [ Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.]. Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.
Албанците од с. Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; албанците од с. Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с. Длабочица, с. Стража и с. Култино албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци ( Материали (Софија), 437, 439, 446-447).
Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.
Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 г. броело 30 македонски семејства, а во 1890 г. опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување (Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.
Еве неколку потресни вистинити историски приказни, како врз Македонците од Полог бил вршен етногеноцид. Во с. Лопушник, кон крајот на 18 век се доселиле тројца Албанци и со “зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото [Ј. Трифуноски, Полог, 183.].
Македонците од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на 19 век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните [Ј. Трифуноски, Полог, 191.]. Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабале стоката [Ј. Трифуноски, Полог, 210.]. Во тогашното македонско селото Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дошљаци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери , освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот 1936 г. бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 г. [Ј. Трифуноски, Полог, 213.] И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место, со манастир св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" [муслимански Албанци] го запалиле манастирот заедно со селаните.
[Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347].
Албанизација на Кичевија
Овој поднаслов го нареков албанизација на Кичевија, а не населување на Албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 г. било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле (Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441).
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 г. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа (Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 г., кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, пошто мажите им биле на печалба (Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437).
Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во с. Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 год. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с. Поповјани, с. Другово и с. Белица првите албанци се населиле околу 1840 год. од Дебар.
Албанизацијата струшко-дебарскиот крај
Иако Албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17 век, сепак до 19 век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19 век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија.
Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900 г., сведочи за поалбанчувањето на Македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле:
“Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на 19. век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле). Македонците исчезнале во почетокот на 19 век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на р. Дрим, кон крајот на 18 век. Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи (види кај Васил Кънчов''.
"Македония. Етнография и статистика", Част първа.
Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра - Поградец и Струга
До 19 век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 г. се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569).
Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 г. арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница се` се запусти, сето имање го ограбија“ (Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100).
Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува “арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда (пак таму).
70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 г., сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.
До 1870 г. жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.).
Од оваа произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен
.
Шќиптари / Shqip(ë)tarët / Albanians
За потеклото на албанците, постојат многу разјаснети одговори. Мојов текст не е за да го разгатнам потеклото на Албанците, туку нивното доаѓање и од кога датира нивното присуство на Македонскиот Полуостров ( Балканот). Според сите пишани и материјални историски извори со кои што располага светската историографија и археологија, можеме да заклучиме дека Албанците најкасно се населиле на Македонскиот Полуостров ( Балканот) .
Во антиката, се спомнува народ албанци, ЗА ПРВ ПАТ ВО Битката кај Гавгамела во 331 п.н.е каде Александар Македонски - Македонија го поразил Дариј 3-ти - Персија . Албанската коњаница била на страната на Дариj 3 - ти и биле поставени на десното персиско крило.
Целокупните историски извори од средниот век говорат дека територијата на денешна Албанија ја населувале само македонци, илири и епирци. Хрватите се до почетокот на 19 век се изјаснуваа како илири, а нивниот јазик го означуваа како илирски. За разлика од народите кои и во средниот век се идентификуваа како илири т.е. потомци на илирите, не постои ниту еден историски албански извор, дека денешните албанци, некогаш и некаде до 20 век имале свест за било какво илирско потекло. Тоа секако не наведува за помислата за нивното населување на Македонскиот Полуостров (Балканот) во средниот век. Целата книжнина од Хрватска, како земја која не потпадна под турско ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, на илирскиот т.е. ''словенскиот'' јазик. Хрватските интелектуалци до 20 век, својот јазик го нарекуваа илирски, a сите народи на Македонскиот Полуостров (Балканот) ги нарекуваа “илири“, а земјите беа за хрватските интелектуалци илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на народи наречена “илирска идеја“.
Во византиска географија од 10 век од анонимен автор, напишано е дека скити-словени го населувале целиот Епир (G. Müller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, p. 574 (Извори за бълг. история, IX, с. 311). Византиската “Хроника на Monemvasia“ го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја (Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12–13.). Средновековната историја на Солун- “Miracula Sancti Demetrii“ спомнува само словени во денешна Албанија (lib. II:I,158, в: ГИБИ, III, с. 129.). Според византиски документ од 6 век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, с. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион и Никопол биле словенски (Ferluga, J. Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p. 303–352.).
Но, во истиот ран среден век, никаде не наоѓаме историска или археолошка трага на присуство на албанци на Балканот, ниту во Албанија. Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Елбасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (алб. Леш), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб. Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција итн.Во 1308 г. е издаден “Анонимен опис на источна Европа“, каде за албанците е напишано дека “немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, J. Опис на Источна Европа од 1308 година.
Вo : Споменици за средновековната и поновата историjа на Македониjа, т. 2 ,Скопjе, 1977, с. 470–473.). Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, како и подоцна во средниот век, со што Албанците не може да се поврзат со Илирите.
Населувањето на Албанците на Македонскиот Полуостров
( Балканот ) во 11 век Која е татковината на Албанците?! Албанците се кавкаски народ, кој потекнува од кавказка Албанија.
Прво биле освоени од Александар Македонски и Македонците после битката на Гавгамела 331 п.н.е Потоа според нив, кавкаските албанци биле нападнати, заробени и одведени од страна на Арапите како арапски војници во Италија, при арапските напади на Италија во 11 век. Дел од албанците биле заселени од арапите крај италијанскиот град Тоска, па се поврзува името на албанското племе Тоски со нивното привремено живеалиште во Италија. Од тука е присуството на латинските позајмици во албанскиот јазик, но и во подоцнежните албанско-влашки контакти и албанизацијата на епирските власи.
[ Константинопол т.е. Источното Римско Царство - Ромеи (Византија - Називот Византија прв пат се користи во 1557 (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae ), која во тој период ја контролираше и јужна Италија, ја одбрани оваа територија од арапите и нив ги протера. Во “Historia, Corpus Scriptorum Historiae Byzantinae. Impensis ed. Neberi, Bonnae” е објаснето дека Ромеискиот воен лидер Michael Ataliotos во 1042 г. ги пренел албанците од јужна Италија на Македонскиот Полуостров (Балканот) и ги населил во месноста Арбан (денешна северна Албанија), на тромеѓето меѓу Македонците, Србите и Црногорците, за да ги прекине и ослаби овие народи и нивните врски.] Значи како резултат на ова населување настанале Црногорците, Рашките па потоа Србите , а коренот им бил Македонија.
За кавкаското потекло на Албанците може да се надоврзат и топонимите во кавкаскиот регион. Во денешна Грузија, во земјата на некогашниот аварски каганат, постојат топоними исти како и имињата на албанските племиња. Така, постои село Бушати во Грузија, а воедно Бушати е име на албанско племе заселено околу Скадар. Во Грузија воедно постојат села со имиња како Гегути, Гегени и Геги. Гегите се северните Албанци. Исто така, мноштво албански зборови се исти или имаат ист корен како и кавкаските јазици од Чеченија, Дагестан, Грузија итн.
Ако на ова се додаде дека прв пат писмени документи на албански јазик се јавуваат дури во 15 и 16 век, несомнена е нивната средновековна колонизација на Македонскиот Полуостров.
[Then in 1042, the Byzantine Empire attacked by macedonian insurrection under command to the macedonian leader Petar Delian, after having defeated the Arabs in Sicily and having brought the Sicilian Albanians under their command and christianizing them. The leader of the Byzantines who led the Albanians was named Georgius Maniakos. Maniakos brought Albanian mercenaries from Sicily to fight the Macedonians insurrection and they settled in two waves in modern day Albania, first the mercanaries came, and then came the women and children. After the defeat of Maniakos, the Byzantines would not let the Albanians return, thus the Albanians requested that the Macedonians let them stay on the land. They settled under mount Raban and the city of Berat and from this, the macedonians called them "Rabanasi" or "Arbanasi". The city of Berat was known as Belgrad also, before the Albanians came to settle there. They mostly tended sheep and
cattle.]
1. Населување во област Арбан
Прв пат историските извори спомнуваат присуство на албанци/арвани/арбани на Македонскиот Полуостров - Балканот во втората половина на 11 век. Византискиот хроничар Скилица пишувајки за историски настани од 1078 г., првпат во историјата спомнува Албанци на Македонскиот Полуостров - Балканот (ГИБИ VI, с. 338–339.). Михаил Аталиат пак спомнува Албанци во втората половина на 11 век. Византиската принцеза Анна Комнена ги лоцира Албанците во 11 век во областа Арбан (северна Албанија), (Анна Комнина, Алексиада. Съст. Я. Любарский. Москва, 1965, с. 351; Ферjaнчић, Б. Албанци у византиjским изворима, В: Илири и
Aлбанци, Београд 1988, 287–292...
Пред втората
половина на 11 век никаде не се спомнува народ Албанци или било кое од другите имиња користени за овој народ
на Македонскиот Полуостров, а не се спомнува и областа Арбан. Затоа Албанците може да кажеме дека се најдоцните колонизатори на Македонскиот Полуостров - Балканот. Историските пишани извори утврдуваат дека до 1280 г., немало Албанци во други делови на територијата на денешна Албанија, освен во областа Арбан.
2. Населувањето на Албанците во Драч и драчката област
Албанците од 11 век до 1280 г. живееле исклучиво во областа Арбан, откога почнале да ја напаѓаат и населуваат драчката област. Кон крајот на 13 век е датиран првиот историски податок за албанско присуство во Драч, кога албанците го нападнале и ограбиле Драч, а потоа го напуштиле (Ibidem, 1, p. 357.). Историскиот доказ вели дека тие не биле домороден народ во Драч, бидејќи дошле, го опљачкале и потоа заминале од него. Некаде во 1280 г. имало голем земјотрес во Драч, кој го разрушил градот и староседелското население од Драч се иселило, а тогаш прв пат Албанците го населиле Драч (Pachymerеs, Georgii. De Michaele et Andronico Palaelologis. 1, Bonnae, 1835, p. 508.). Драч бил голема македонска колонија, кој бил во рацете на македонскиот господар Ивец, еден од првенците на царот Самоил. Poмeиските средновековни хроничари опишуваат како македонскиот војвода Ивец имал голем дворец наречен Проништа, на драчката планина Врохот (така се нарекувала во тие времиња). Појужните области на денешна Албанија ги владеел македонскиот господар Николица, исто така првенец на Самоил (Скилица-Кедрин, ГИБИ, 7, с.
292.)
3. Населување на Албанците на југ од Драч
Византискиот историчар Лаоник Халкокондил сведочи дека Албанците откога го зазеле и населиле Драч, почнале да постепено да се селат на југ во 14 век (Веселаго, Е. Известия Лаоника Халкокондила об албанцах, ВВ, 10, 1956, с. 140). Воедно и Јоан Кантакузин, друг византиски хроничар, пак опишува дека Албанците како номади за прв пат почнале да доаѓаат во областите на Белград (дн. Берат), Канина и Колонија во 30-те години на 19 век. (Cantacuzeni, I. Eximperatoris
Historiarum. Bonnae, 1, 1828, p. 279–280, 450, 474, 495.).
Но, тоа не била права и масовна колонизација на Албанци во овие места, зошто според турскиот попис од 1431 г., имало само неколку албански семејства во спомнатите области ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7,
1979.).
4. Населување на Албанците во областите на Коњух (турски Елбасан), Горица (тур. Корча) и Белград (тур. Берат)
Според турскиот попис од 1431 г., нема присуство на албанци околу градовите и во самите градови Коњух (турски Елбасан), Горица (тур. Корча) и Белград (тур. Берат) ( Stanescu, E. La population Vlaque de l'empire Byzantin aux 11e–13e siecles, BF, 7, 1979.). Овие места почнуваат мали групи албански номади да ги населуваат дури во 17 век, но не станаа албански доминантни места се` до крајот на 19 век.
Турските податоци за Албанците до 15 век Османлиските пописи ни кажуваат дека во 15 век албанци живееле само со турскиот санџак Арванид, а географски тоа е поречието на реките Шкумбин и Матија, околу рамнината на Кроја. За тоа сведочи и пописот на населението од 1431-1432 г., каде Албанци се зебележуваат во санџакот Арванид, но не и во другите места на територијата на денешна Албанија, со исклучок на неколку семејства (İnalcık, H. Higri 835 Tarihli Süret-i Defter-i Sancak-i Arvanid. Ankara, 1954.).
Според сите историски извори, може да забележиме дека албанската експанзија и албанизација на
макдонското домородно население од територијата на денешна Албанија започнува од 17 век, со исламизација на албанците и нивно зајакнување како отомански исламски сојузници против христијаните староседелци.
Шкрети
- етнички Македонци кои го прифатиле албанскиот
јазик Шкрети е македонски назив за етничките Македонци, кои го примиле албанскиот јазик и кои во Република Македонија живеат во областа Горна Река (мавровско, денеска општина Ростуше-Маврово).
Етимилогијата на македонскиот збор шкрет потекнува од гегскиот (албанскиот) збор ШКЈА, кој што означува словен. Самите Албанци (геги) ги нарекувале етничките Македонци кои го примиле албанскиот јазик ШКЈА или СКЈА т.е. словени, за да се разликуваат од етничките Албанци. Но, шкрети нема само во Горна Река, туку албанизирани Македонци во најголем број живеат во Голо Брдо, околиите на градот Коњух (преименуван од Отоманците во Елбасан), Белград (преименуван од Отоманците во Берат), Горица (турски Корча), Бобовишта, Поградец, Девол, итн. Поконкретно, ШКЈА е термин кои гегите (Албанците) го користеле и за сите останати словенски народи. Српскиот етнограф Цвијиќ, забележал дека Албанците ги нарекуваат и Србите и Црногорците “само Шкја, Скја и никако поинаку“ ( J. Cvijić, Balkansko Poluostrvo, Beograd 1931, II, 31 i d., 61).
Според етимилошкиот речник на хрватскиот и српскиот јазик, албанскиот збор shqa (шкја) означува словен (Petar Skok, Etimologijski rječnik hrvatskoga ili srpskoga jezika, JAZU, Zagreb 1973).
Општопознато е дека Македонците, како хрстијани во Отоманското царство, трпеле големи зулуми од страна на исламизираните Албанци, кои биле главни отомански сојузници на Македонскиот Полуостров - Балканот.
Поради тие притисоци, за заштита на својот живот, голем дел од Македонците од западна Македонија и она што денеска е држава Албанија се исламизирале,
а оние кои останале верни на својата прадедовска христијанска вера, само го прифатиле албанскиот јазик. Тоа се денешните шкрети. Многу од шкретите со тек на време се исламизирале, па целосно се претопиле во Албанци. Денеска исламизираните шкрети од Горна Река се сметаат исклучиво за Албанци, иако етничкото потекло им е чисто македонско. Се претпоставува дека шкретите го прифатиле албанскиот јазик во 19 век. Постојат белгиски сведоштва од 19 век, кои се однесуваат на селата во Корча (Горица) и Девол, населени со етнички Македонци, но под арнаутскиот притисок морале да го прифатат албанскиот јазик т.е. да се албанизираат или пак да се исламизираат и да добијат Отоманска заштита. Забележано е дека масовно, македонските селани од Корча и Девол, кои го говореле македонскиот јазик како мајчин, го прифатиле албанскиот јазик некаде околу 1870 година. Првенците на подесетина села од овие области се заколнале групно да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania"Bruxelles, 15–30 Juni 1898, p. 32.). Пишаните историски извори и факти, ни откриваат дека голем број од денешните Албанци имаат македонско етничко потекло.
Негушко
востание
Негушкото востание е востание подигнато од македонскиот народ помогнат од месните жители Власи во април 1822 година, против турската власт.Изложеноста на населението на Негуш и околните 130 села на чести напади и грабежи од страна на многубројните aрамиски банди, како од нападите на солунските Турци, така и од долгогодишните напади на разбојничките банди на Али-паша Јанински, била главната причина поради која Негушаните одлучиле да подигнат востание. Почеток
и тек на
востанието
Поттикнати од почетниот успех на грчкото востание (1821), Македонците кои живееле во Негуш и околните села, измешани со Власи, на 3 март 1822 кренале востание.
Востанието избувнало во западниот дел на Солунското поле во градот Негуш и во околните воденски села. Македонците од овие краишта помогнати од своите сожители Власи
востанието го кренале под раководство на Атанас - Каратасе (Македонец, познат и како Караташо или Каратошо) и Ангел Гачо (Влав), а учество зеле и ајдутските војводи Зафиракис Логотет и Дијамандис.
Востанието почнало да се шири со голема брзина на исток од градот Негуш и ги зафатило сите села до утоката на реката Бистрица. Според податоците на англискиот конзул, бројот на востаниците се качил на 2000 (речиси сите Македонци), а постоела голема опасност тие да го нападнат и градот Солун, своевиден центар на османлиската власт на Балканот.
Меѓутоа востаниците своите напади ги насочиле врз турските чифлици на крупните земјопоседници и на полските кули. Востаниците запалиле околу 134 турски чифлизи и помали села, потоа го зазеле градот Негуш, го заробиле турскиот кајмакам во него и ги убиле малубројните Турци во околните места.
Османлиската власт брзо реагирала. Против востаниците била испратена голема војска која го опколила Негуш. Опсадата траела од 24-ти март до 20-ти април, кога градот бил освоен.
Востанието било брзо задушено од страна на турските власти со оглед на тоа дека востанието било просторно многу оддалечено и отсечено од центарот на Грчкото востание кое се одвивало во истото време, аскерот многу лесно ја опколил слободната територија од сите страни. Со бројност од 15000 војници, Турците успеале да го скршат отпорот на востаниците и да го вратат назад градот Негуш.
Поради турските жестокости врз месното население настанало општо бегање и раселување на луѓето од овие краишта. Околу 30 млади негушанки и невести со деца за да не паднат во рацете на османлиите се фрлиле во водите на реката Арапица.
Самите водачи на востанието, Атанас Караташо и Ангел Гачо, со дел од востаниците се префрлиле во Грција и таму зеле активно учество во Грчкото востание, кое било во тек.
Причините за пропаѓањето на Негушкото востание главно лежат во фактот што востанието имало локален карактер. Востаниците не успеале да ги прошират воените дејствија надвор од Негуш; во Македонија тогаш имало концентрирано голема османслиска воена сила, особено во Битола и Солун, која можела да угуши секаква востаничка акција. И покрај неуспехот, Негушкото востание зазема важно место во историјата на македонскиот народ. Од ова востание се стекнале драгоцени револуционерни искуства, кои подоцна биле користени во последователните востанија.
Разловечко
востание
Разловечкото востание е востание на македонскиот народ против Османлиската Империја, од 1876 година во Источна Македонија, со центар во селото Разловци.
Вo втората половина на 18 век Османлиската империја западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што останале во нејзин состав.
Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства.
За кревање на ова востание големо влијание имале и надворешните фактори. Во 70-тите години на
18 век револуционерното движење на поробените народи за национално ослободување најнапред се разгорело во Босна и Херцеговина во јуни 1875 г., па во Бугарија во април 1876 г. Потоа започнала и војната меѓу Србија, Црна Гора и Русија против Турција во јуни 1876 г., која многу допринела за влошувањето на положбата на македонскиот народ, бидејќи тој одтогаш бил изложен на голема експлоатација; морал да работи Ангарија за правење патишта и други објекти и да ја финансира војната преку плаќањето на нови и тешки даноци. Селаните најмногу страдале од своеволијата на собирачите на даноците и полските чувари (пољаците), како и од разбојничките банди.
Сето тоа го натерало македонскиот народ во Источна Македонија да се крене на вооружено востание против турската феудална власт, а за национално ослободување.
Главен иницијатор и организатор на востанието бил Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.
Димитар Беровски се школувал во Русија и во Белград, Србија, а потоа се вратил во Разловци каде станал учител.
Како учител, заедно со своите браќа зел учество во борбата што ја водела младата македонска буржоазија против грчкото духовништво, а за своја црква и училишта. Но за тоа бил осуден и лежел во затвор.
Но набрзо увидел дека Борбата против Цариградската патријаршија нема да го реши основното барање на селаните и граѓаните за нивното ослободување од турското ропство.
Затоа направил план за кревање востание во Македонија. За таа цел, во 1875 г. заминал во Солун, каде формирал таен кружок, од каде ги започнал подготовките за востанието. Најголем проблем за успешно изведување на востанието претставувал недостатокот на парични средства со кои требало да се набави оружје, муниција, топла зимска облека и санитетски материјал.
За да дојде до пари, Димитар Беровски одлучил да го продаде својот имот во Берово, а за таа цел дел од својот имот продал и Поп Стојан, кој ветил и дека ќе го исплати сиот Десеток за селаните од Разловци, за да можат да купат оружје.
Со овие сретства било купено оружје и муниција и било пренесено во тајни складови во Разловци, Пијанечко и Радовишко.
Покрај тоа, Димитар Беровски им порачал на двете учителки од Солун, баба Недела и Станислава Караиванова да изработат знаме за идното востание. Знамето било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија и Станете да ве освобода.
Почетокот
и текот на
востанието Во април 1876 г. Димитар Беровски пристигнал во селото Разловци за да согледа како се одвиваат подготовките за востание, со кои активно раководел Поп Стојан Разловски.
Во месноста Колаџерџево, во подножјето на планината Голак, се одржале неколку подготвителни состаноци. На еден од нив било решено востанието да го зафати источниот дел од Македонија.
Тоа требало да започне во Пијанец каде требало да се ослободи главното место Царево Село (денес Делчево), и Малешевско каде со заеднички сили требало да се заземе Берово каде имало помалку Турски војници, и на крајот да биде извршен заеднички напад на главниот град во тоа време на двете области, Пехчево, каде што било и седиштето на мудурлакот.
Потоа востанието требало да се прошири и во Радовишко, Струмичко, Петричко и Мелничко. За таа цел Димитар Беровски со мала чета требало да ги обиколи сите места, за да ги подготви на определен знак да востанат.
На 19-ти мај 1876 г. било одржано последното советување на кое учествувале околу 30 вооружени заговорници. Во текот на состанокот пристигнала вест дека во село Разловци пристигнале турски даночни чиновници.
Уплашени да не бидат откриени, востаниците брзо реагирале и одлучиле востанието веднаш да започне. Преку ноќта се собрале уште 30 вооружени селани и било одлучено востанието да започне во селото Разловци, а потоа да се прошири пошироко.
За војвода и главен водач бил избран Димитар Беровски. На 20-ти мај 1876 г. Разловци било нападнато од востаниците. Некои турци биле убиени, а други ранети.
Селаните ги изгореле нивните дефтери. По наредба на Поп Стојан, син му Костадин го запалил сопствениот ан за да им даде пример на селаните дека го жртвува имотот за слободата која е поскапа од сè.
Откако се пресметале со тамошните Турци, еден дел од четата предводена од Беровски заминала кон Малешевијата, за да се соединат со од порано подготвени 300 малешевци.
Другата група под водство на Цоне Спасов требало да ги евакуира жителите на Разловци и нивната стока, а потоа да се приклучи кон главните востанички сили.
На пат кон Берово, кај селото Митрашинци, Димитар Беровски и неговата чета имале судир со една помала турска воена единица. Таа била растерана, но Беровски бил ранет во главата.
Оваа неповолна состојба делувала негативно и востаниците наместо да одат кон Малешевијата, се вратиле назад, во Разловци.
Од Разловци четата на делумно закрепнатиот Димитар Беровски продолжила кон Кочанско. Откако ги победила Турците во Лаки, четата тргнала кон селото Смилјанци, Радовишко каде од порано имало складирано оружје.
Меѓутоа во Смилјанци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, такашто и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех.
Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Серес, Солун, Скопје и др. Разловечката чета на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.
Причините за неуспехот на востанието главно лежат во неговото предвремено избувнување и незавршените подготовки. Ранувањето на водачот на востанието делувало негативно на текот на востанието.
Востаниците не успеале да се координираат и поврзат со организираните востанички формации во Источна Македонија. Од друга страна, месните турски власти мошне брзо реагирале и го задушиле востанието уште на самиот почеток.
Разловечкото востание, и покрај неговото брзо пропаѓање, е од особено значење за историјата на македонскиот народ. Востанието самостојно го организирала, материјално го издржувала и го извела македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на селанството.
Востание
- Прва
фазаВостанието
започнало на
17 октомври (5
октомври по
стар стил) 1878
година со
нападот на
Кресненските
анови во кои
била
сместена
турската
војска. Во
нападот
учествувале
400 востаници и
многу селани
од околните
села. При
самиот напад
на турскиот
гарнизон на
востаниците
им се
предале 119
турски
војници.
..... два документа од март 1902 година на конзуларната служба на тогашното бугарско кнежеството во Цетиње, Црна Гора. Во тие тешки времиња седуммина Македонци бегалци од дебарскиот крај преку Албанија стасале во Црна Гора. Немајќи каде да се обратат, еден од нив навратил во бугарскиот конзулат во Цетиње со надеж дека ќе им издадат пасоши за да можат да го продолжат патувањето легално. Меѓутоа, таму нема да наидат на очекуваниот прием. Напротив, ќе ги третираат како туѓинци.
„Господине министре, од некое време наваму се забележуваат чести преминувања на македонски бегалци преку Црна Гора. Последните седум души такви бегалци пристигнаа во Цетиње, но уште на следниот ден тие се упатија кон Катаро, плашејќи се да останат подолго време тука, бидејќи некои Црногорци им беа кажале, дека ако турскиот конзул во Цетиње ги забележи веднаш ќе ги фател и врзани ќе ги врател назад... Бегалците се од дебарските села... Еден од нив тајно дојде за да побара пасош и помош за него и за неговите другари за да заминат за Бугарија. Се разбира, јас одговорив дека никаква патна исправа не можам да дадам на небугарски поданици, иако бев принуден да им дадам приватно по една мала парична помош, коешто го направи и мојот руски колега и тоа само поради чувство на хуманист", напишал конзулот С. Константинов во информацијата што ќе ја испрати до министерот за надворешни работи на Бугарија.
Истовремено, тој ќе побара од него инструкции како да постапува понатаму ако дојдат други македонски бегалци. „Имајќи предвид дека и други Македонци -- бегалци ќе минуваат низ Цетиње, имам чест да Ве замолам, господине министре, да ми одговорите и да ми дадете Ваши инструкции, како да постапам со овие луѓе и што да правам со нив ако дојдат до агентството на кнежеството".
На одговорот нема да чека долго. На 31 март 1902 година Ал. Људсконов, тогаш првиот дипломат на вазалното османлиско кнежество Бугарија, на неговите службеници ќе им ја пренесе наредбата: „Добро направил што не им издал бугарски пасоши. Да продолжи и понатаму така. Жал ми е многу што немаме средства од буџетот да им се помогне на тие несреќници барем материјално".
Овие два документа се објавени од проф. д-р Величко Георгиев и проф. д-р Стајко Трифонов во збирката „Македонија и Тракија в борбата за слобода" издадена од Македонскиот научен институт во Софија, а за нив дозна неодамна еден наш историчар, пишувајќи книга за македонскиот национален идентитет.
Димитар
Поп-Георгиев
Беровски
Димитар Поп-Георгиев Беровски (1840-1907) е македонски револуционер, организатор и раководител на Разловечкото востание и учесник во Кресненското востание. Бил близок соработник на Гоце Делчев.
Учел духовна семинарија во Одеса во 1858 година, но морал да ја напушти поради својот бунтовен карактер. Преминал во Србија во 1861 година, каде ја завршил Белградската воена школа. Учествува во Првата бугарска легиjа, раководена од Георги Сава Раковски. Враќајќи се дома, служел како бугарски учител. Од 1875 година целосно се посветил на револуционерна работа и ослободувањето на Македонија од турското ропство. Истата година во Солун формира кружок на заговорници-истомисленици, а во 1876 во Малешевско го организирал и раководел со Разловечкото востание , подоцна задушено од Турците. По двегодишно крстосување со четата во 1878 година го подигнал Кресненското (Македонското) востание кое имало за цел да се прошири на целата територија на Македонија. Кога и ова востание не успеало, Димитар Поп-Георгиев Беровски се префрл во вазалното османлиско кнежество Бугарија и оттаму ги помага акциите за ослободувањето на Македонија.
Воедно, Димитар Поп-Георгиев бил и иницијатор за обнова на Охридската Архиепископија, преку Унија на христијаните Македонци со Ватикан. Бил еден од најдобрите соработниците на унијатските владици г. Нил Изворов и г. Харитон, кои во 1874 г. ги отцепиле од бугарската црква мали делови од серската, мелничката, струмичката, воденската, кукушката и солунската област и ги приврзале кон Ватикан.
Од јуни 1880 година до 10 јануари 1881 година Беровски е околиски началник на град Радомир, подоцна e назначен за окружен началник на Ќустендил, подоцна е околиски началник на град Цариброд.
Српско-бугарска
војна (1885)
Беровски учествува во Српско-бугарската војна со четата на Дедо Иљо Малешевски, која на 4 ноември 1885 година влегува во составот на Радомирскиот одред на бугарската војска. За заслуги во војната е награден со „Орден за храброст“. Умрел на 19 декември 1907 крај Долна Граштица.
Кумановско
востание
Кумановското востание е организиран отпор на македонското населние во северна Македонија против Отоманската империја кон крајот на Руско-турската војна. Востанието ги зафатилео кумановско, кривопаланечко, кратовско, овчеполско, а центар на востанието бил манастирот Забел.
Една од главните причини за започнувањето на овие борби е фактот што Македонија и во втората половина на 19 век и понатаму се наоѓала во рамките на Отоманската империја, а дополнително влијание имало социјалните услови во кои живеело населението и постојаните напади на албанските разбојнички банди.
Учество на македонците во војните на Србија, Црна Гора и Русија протв Турција
Започнувањето на Руско - турската војна имала силен одsив меѓу македонските печалбари во Србија, Романија, Бугарија и Грција. Еден дел од македонските доброволци кои учествувале во Српско - турската војна се префрлиле во Романија и заедно со тамошните македонски печалбари се приклучиле кон руската армија и со неа преминале во Бугарија. Организирањето на македонските доброволци му биле доверени поранешнот руски конзул од Битола, Хитрово и Стојан Везенко од Крушево. Од околу 400 македонски доброволци биле формирани неколку чети на чело со од
по истакнатите Дедо Иљо Малешевски, Ѓорѓи Пулевски, Антонов и други. Во рамките на српската војска исто така имало македонски доброволци, го зазела на Врање на 19 јануари 1878 година по што биле заземени и неколку села во Кумановско . Предните делови на српската војска успеале да стигнат до Табановечката шума и Четирските Врвови и тука застанала со напредувањето зошто Русија и Отоманската империја склучиле примирје во Одрин. Албански
бандиПри чекањето на српската
војкана во почеткот 1878 година, населението од кумановско и пчиња, стремејќи се за слобода, почнал да се одметнува на планине Козјак и Герман. Меѓутоа Албанците истовремено започнале да пљачкаат села и христијанското население. Една група од 17 Албанци влегла во куќата Арсе Стојков од села Осларе. Арсе загинал убивајќи го водачот на бандата, а целото село набргу се кренало, така да ни еден Албанец не излегол од него. Истовремено, друга арнаутска банда је нападнала куќата бујановечкиот кмет Ташко. 40 Арнаути ги силувале Ташковата снаа и ќерка, додека тој со синиовите врзани биле принудени да гледаат. Кога се ослободиле, Ташко и негови синови го кренале Бујановац и формирале потера. Кај Челопек, Арнаутите биле пресретнати и сите 40 разбојници биле ликвидирани. Навлегувањето
на
македонските
четиУште пред да биде фиксирана демаркационата линија меѓу завојуваните страни, македонските доброволци од руската и српската војска побрзале:
''да ги реализираат своите стремежи за ослоодување на Македонија, за што и стапнувале во оваа војна''
Паниката во турските редови дополнително им дале мотивација на македонските чети да навлезат во Македонија. Дедо Иљо Малешевски од Ќустендил се упатил кон источна Македонија, а македонските доброволци кои се бореле во составот на српската војска на чело со Јаким Челопечки, Никола Алгунски и други се упатиле во Кумановско и Кривопаланечко.Востание
Јаким Челопечки и Никола Алгунски по навлегувањето во северна Македонија склучиле таен договор со селаните и градските првенци од тој дел на Македонија да се крене востание. Притоа било договорено да им се одмаздат на муслиманите за нанесените навреди и грабежи од страна на турската војска и башибузлук. Во близината на манастирот Забел, кој станал центар на востаниците, се собрале 500 селани. Меѓутоа имало недостаток на оружје и муниција и затоа востаниците се обратиле на пограничните српски власти и кнезот Милан барајќи воени материјали. Српскиот генерал Јован Белимарковиќ им дал 2 000 пушки и им ветил дека Србија ќе ги помогне и со друго. Според некои не проверени податоци бројот на востаниците се искачил на околу 3000 - 4000 души. Еден дел до нив логорувале во кумановско, а останатите биле во кривопаланечко. Востанието ги зафатило кумановката и кривопаланечката каза, а постепено востанието се раширило во Кратовската каза, селата Малино и К’шани во Овче Поле. Востаниците успеале да издржаат неколку напади на османлиите на ридот Св. Петка, четириските и никулските височини. На 24 април во логорот кај Забел пристигнале турски парламентарци кој им ветиле полна амнестија на востаниците ако ги прекратат своите дејствија но предлогот бил одбиен. На 31 мај 1878 година Хафис - паша од Приштина со 5 табури и батерија артилериска тргнал против востаниците. Голем дел од востаниците загинале кај Челопек, а под притисок на турската армија, востаниците биле принудени да се повлечат од своите позиции. На 4 јуни османлиите ја зазеле Крива Паланка и стигнале до демаркационата линија. Востаниците биле принудени зедно со голем дел од населението да бегаат кон Србија. Османлиите во текот на задушувањето на востанието спроведувале одмазда, мажите биле набивани на колци, жените биле силувани, а селата биле палени. Голем број на христијански жени биле продадени како рабови. Меѓутоа еден дел од востаниците се засолниле на планините Козјак и Герман од каде продолжиле да ги вознемируваат турските власти.
Демирхисарски
заговор
Демихисарскиот заговор или Брсјачката буна е организиран отпор на македонското население во југозападна Македонија против власта на Отоманската империја, незадоволно од Берлинскиот конгрес и останувањето на Македонија под турска власт. Заговорот ги зафатил териториите помеѓу Крушево, Охрид, Битола, Прилеп и Кичево.
Причини Качачки банди
По Берлинскиот конгрес во југозападна Македонија дошло до засилени на напади на качачките банди од малисорските и корчанските краишта на Албанија. Овие банди почнале да убиваат, грабат и палат масовно низ македонските селa во овој дел на Македонија
стигнувајќи до реката Вардар. Разбојниците при нападите го одземале добитокот од населението и го пренесувале во Албанија или пак слободно го продавале на пазарите во Дебар. Албанските банди со својата дејност го попречувале и нормалното функционирање на патната мрежа, трговијата и снабдувањето на градовите со потребните производи и намирници. Овие напади на разбојниците биле искористени од турските и албанските полјаци кои ги зграбиле нивите на христијанското население кое неможело поради бандите да ги обработува своите имоти.
Муслимански
зулумџии Нападите на албанските банди довеле до анархична состојба поради која речиси во секое село во југозападна Македонија се појавиле муслимански зулумџии кои ја узурпирале турската власт и ги подложувела селаните на маки. Меѓу зулумџиите се нашле: Џемо од Порече, Ќучук Сулејман од Прилепско, Карабатак од Охридско и други.
Извештај на рускиот конзул во Битола (1875 и 1876 год.)
ИЗВЕШТАЈ НА РУСКИОТ КОНЗУЛ ВО БИТОЛА ЗА НАСИЛСТВАТА И УБИСТВАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДЕОНИЈА“...
Во извештајот од 4 минатиот октомви Но 194 имав чест да му поднесам податоци на Вашето Превасходство за тоа дека стануваат многу пљачкања и убиства во реонот на довереното ми конзулство... положбата уште повеќе се влоши: убиствата на христијаните зачестија и зедоа многу пожесток и поодвратен карактер. Како и порано, турската власт ги остава престапите без гонење; ако ова се врши, муслиманите лесно се ослободуваат од затвор поради немање сведоци, кои често се повлекуваат да сведочат од страв да не им се одмазди ослободениот од судењето кој дава контра сведоци а муслимани, чии изјави се секогаш поправи пред шеријатот отколку изјавите на христијаните, Оваа несносна положба на рајата предизвика од половината на овој месец ноември испраќање телеграмии од страна на жителите од Прилеп и Охрид до великиот везир во кои овие, жалејќи се на својата незаштитеност, молат да им се стави крај на нивните страдања. Честото обраќање на роднините од убиените за заштита во нашето императоско конзулство не еднаш ме натерало да се обраќам кон Али-Саиб паша со пријателски приватни изјави дека е нужно да се преземат вистински мерки за намалување на ова зло што безмилосно ја измачува земјата. Но јас разбрав дека не ја наоѓам кај валијата онаа добра волја и енергија... Али-Саиб паша потполно се приспособи кон средината која го опкружува, составена од бегови што неретко ги кријат во своите чифлици убиј-ците, ги употребува сите свои усилби, не гнасејќи се од лаги само да не излезат надвор гласовите за она што станува внатре. Оваа апатија... на валијата за исполнување на неговите задолженија има карактер на несознателно попушптање на мохамеданците, особено е чудна сега предвид искажуваната добронамерност на централната влада кон рајата. Сето горекажано, а особено брзата потреба од надворешна заштита на сегашните христијани и нивната тврда вера во помошта на императорската влада ме гонат мене најучтиво да го претставам на Вашето Превасходство списокот на убиствата извршени од Турците над христијаните во текот на последниве 8 недели во доверениот ми реон.
Во Битолска околија:
1. На 3 октомври близу с. Света бил отепан овчарот Васил со три куршуми од пушките на Турците Малик Хамза, Садик и Петах...
2. На 21 октомври во с. Крапа бил отепан христијанин... Малик во денот на извршеното убиство останал во Битола, го ослободило убиецот од гонење.
3, На 27 октомври бил отепан со куршум од пушпка и исечен на парчиња од Турчинот жител на с. Прибилци, младиот селанец од с. Сопотница, Силјан Велјанов. Абдула, испратен во затвор по жалбата на таткото на убиениот син сега се ослободи од судот по немање сведок за убиството... Мотив за овој престап бил што Силјан откажал да ми ги донесе штиците од Битола на Абдула.
4. и 5. На 3. ноември тројца Турци влегле во куќата на христијанинот во с. Врановци и му побарале пари... Се чуло пукање и старецот куршумот во главата го оставил на лице место мртов. Дотрчаниот на помош поголем син на несреќниот татко бил искасапен со јатаганот....
6. Бившиот селски старешина, селанецот Ристе, бил отепан на 10 ноември близу с. Цапари од четворица Турци како одмазада за избирањето на полјакот христијанин на селото наместо муслимани. И ова убиство си помина без барање.Во град Прилеп и неговата околија станале овие турски злочини:
7. на 15 октомври Турчинот Керкаваса го убил во град Прилеп селанецот воденичар и не бил за тоа гонет.
8 и 9. Никаква судска истрага не презела турската власт и по повод крвавиот настан што станал во град Прилеп на 1 ноември овој месец, кога Турците пукале двапати со пушки на група христијани што излегувале од домот на својот роднина откако се свршила свадбата. Притоа еден од христијаните паднал мртов, а другиот од раните умрел по ннеколку дена. Циничкиот однос на муслиманите кон животот на рајата и увереноста дека не ќе бидат накажани го објаснуваат ова убиство.
10. Селанецот од Црешнево,... не се жалел на турската власт за тоа што двајца Турци го опљчкале и го раниле на 31 октомври во својот сопствен дом; тој знае дека нема да најде правда во судот, а животот ќе го изложи на опасност, бидејќи тие луѓе бездруго ќе го убијат одмаздувајќи му се за поднесената жалба против нив.
11. Особено тежок впечаток на сите христијани оставила смртта на Божин Станков, 70-годишниот старец од с. Кривогаштани... На 11.. ноември денски нападнале Турците на овој несреќник в шрума кога сечел дрва; му го откинакле јазикот; му ги изгореле со барут очите и... му ги извадиле џигерите. Се згрозил градот Битола кога чул за овие работи... Во градот Охрид и неговата околија христијаните паѓаат од куршумите и ножевите на Турците.... Таква појава претставува по ред 12-тата смрт на Ефтим Ангелов отепан на 30 октомври во неговото лозје кога го берел грозјето. Очевидците на престапот го фатиле Турчинот убиец и и го дале на полицијата, која му ја вратила слободата.
13. На истиот 30 октомври Христо Веселин бил отепан во град Охрид пред вратите на својата куќа, а убиството оставено без истрага.
14. Исто така без трага поминала смртта на христијанинот, отепан на 28 октомври во с. Мешеишта.15. На 29 октомври во с. Губавци бил отепан христијанин овчар.
16 и 17....убиството на два попа во Слатина, поп Ангеле од Слатина и поп Никола од Кичевска околија. Нивниото убиство станало на 1 ноември, а мотивот бил единствено фанатизмот на Турците против христијанските служители на олтарот.
18. и 19. На 18 ноемеври во с. Подгорци Турците отепале две жени, од кои на едната од нив и го расекле стомакот и и ја извадиле внатрешноста - случка што предизвикува ужас во околијата но не предизвикала кај турската власт желба за откривање на престапниците....
20 и 21. Во с. Екши-Су, Леринска околија ...бил убиен од Турците еден христијанин, а жена му задавена.
22. Близу град Корча бил отепан синот на имашливиот овчар Пито.... Карактеристична црта со која се одликуваа сите овие престапи се состои во тоа што не ги вршат разбојнички банди, одметници од општеството против кои ова општество презема и мерки за заштита и кои во овој крај ги нема. Во основата на карактерот на сегашниве убијци не се крие опака и расипана волја што ги раководи престап-ниците во Евроопа. Овие особини на европскиот престапник се заменети овде со увереноста на муслиманинот во надмоќноста над христијаните, кои уште од своето раѓање се определени да одат во пеколот во кој колку побргу се испратат, толку подобро за “правоверниот”. Оттука и циничниот однос кон животот на христијанинот кој однос се развивал и јакнел под заштита на неказнувањето на престапите против рајата. Неизбежна последица од тоа е што агентите на турската власт, не гледајќи понекогаш на европскиот надворешен сјај, бо длабочината на својата душа наполно ги делат погледите на своите едноверни христијани...”
А.М. Селишцев, Славјанское население в Албании, Софија, 1931, стр.25-27; Љ. Лапе, Одбраните текстови..., 2, стр. 188-192;
Од записникот на Тајната царска архива на Русија - (1878 година) Документи од секретните архиви на Руското правителство. Софија 1893, стр.11-12;
“…Грофот Шувалов (руски државник и дипломат, на чело на руската делегација на Берлинскиот конгрес) моли да се донесат сите потребни мерки за смирување во Македонија. Заради тоа, би било пожелно да се испратат таму опитни агенти, да им се објави на Македонците од името на Императорот, дека Неговото Величество се грижи за нивната судбина, еднакво како и за другите Словени, и дека ќе им биде дадена таква иста слобода како и на Бугарите, сега веќе ослободени…
Решавањето на македонското прашање за нас се покажува многу тешко и избрзано. Ние сме должни во однос на Македонија да дејствуваме солидарно со цариградскиот престол…”
Берлински конгрес
На Берлинскиот конгрес големите сили решиле Македонија да остане во рамките на Отоманската империја и за неа биле предвидени реформи според членот 23, односно воведување на критскиот органскиот устав од 1868 година. Меѓутоа во текот на Руско - турската војна во составот на руската и српската армија имало македонски доброволци кои се бореле за слободата на Македонија, по војната тие се вратиле во своите домови и започнале со четнички живот незадоволни од општата состојба во Македонија како и од одлуките на Берлински конгрес. Македонските доброволци кои се бореле во редовите на руската војска навлегле во источна Македонија и набргу се нашле како учесници во Кресненското востание, додека пак македонските борци во редовите на српската војска учествуваат во Демихисаркиот заговор.
Од записникот на Тајната царска архива на Русија - (1878 година)Документи од секретните архиви на Руското правителство. Софија 1893, стр.11-12;
“… Грофот Шувалов (руски државник и дипломат, на чело на руската делегација на Берлинскиот конгрес) моли да се донесат сите потребни мерки за смирување во Македонија. Заради тоа, би било пожелно да се испратат таму опитни агенти, да им се објави на Македонците од името на Императорот, дека Неговото Величество се грижи за нивната судбина, еднакво како и за другите Словени, и дека ќе им биде дадена таква иста слобода како и на Бугарите, сега веќе ослободени…
Решавањето на македонското прашање за нас се покажува многу тешко и избрзано. Ние сме должни во однос на Македонија да дејствуваме солидарно со цариградскиот престол…”
Македонија и Берлинскиот конгрес
На 3 март 1878 година, со мирот склучен во Сан Стефано, заврши Руско-турската војна. Русија победата се обиде да ја искористи за да ја реши таканаречената Источна криза во своја корист. Русија, всушност, сакаше, користејќи го правото на победник, Балканот да го претвори во зона на свое влијание, притоа, почитувајќи ја австроунгарската заинтересираност за неговиот западен дел. Со одредбите на Санстефанскиот договор Србија, Црна Гора и Романија ги проширија своите територии на штета на Турција: Србија се прошири се до Рашка, Нови Пазар во Санџак и Ситница и Лаба на Косово. Црна Гора ги доби Плав, Подгорица, Никшиќ, Гадско, Жабљак и Бар, а Романија северниот дел на Добруџа. Со договорот во Сан Стефано се создаде сосема нова автономна бугарска држава, со сопствена влада и војска, чии граници ги опфатија териториите на денешната бугарска држава, Врањскиот округ, вклучително и градовите Ниш, Пирот и Врање, преку Шар Планина, Кораб, Црн Дрим, па се до Грамос во денешна Грција, опфаќајќи ги Преспанското и Охридското Езеро, како и подрачјето на градот Корча во денешна Албанија, вклучително и самиот град. Според мировниот договор, замисленото бугарско кнежевство на југ требаше да ги добие териториите северно од границата што беше подвлечена од Грамос до Вардар и продолжуваше понатаму до сливот на Места. Солун и Халхидик останаа турски. Од Места, по Родопите, преку Луле Бургас, границите на кнежевството допреа до Црно Море.
Како што се гледа, огромен дел од етничка и географска Македонија влезе во новоформираното бугарско кнежевство. Руските војски требаше да останат во новата држава за да помогнат во утврдувањето на новосоздадената власт. Австроунгарската монархија и Русија, според договорот, ја обезбедуваа автономијата на Босна и Херцеговина.
Мирот склучен во малото гратче Сан Стефано кај Цариград, предизвика јавно незадоволство кај Англичаните, Австро-Унгарија, Германија, Србија и Грција. Секој од нив имаше свои причини за незадоволство: големите сили од ширењето на руското влијание преку новосоздадената бугарска држава, а Србија и Грција од соседството на Голема Бугарија, која можеше да ја загрози нивната независност. И не само тоа: во рамките на новокомпонираната држава влегоа големи парчиња од нивна територија. Русија беше принудена да се согласи да се ревидираат одредбите на Санстефанскиот договор.
Во меѓувреме, Цариградската патријаршија, силно оружје на грчката влада, преку сите свои канали, организирала протести, декларации, писма и телеграми, против вклучувањето на Македонија во новата бугарска држава. Барањата, главно, се сведувале на тоа Македонија или да биде приклучена кон грчкото кралство или, во најмала рака, да остане во состав на веќе начнатата Турска империја. Нешто слично се случувало и во Белград. Започнала акција ширум Србија, чија цел била организирање протести против вклучувањето на дел од Србија и Македонија во новото соседно кнежевство. Србија, сепак, одела малку понапред: ако не се вклучи Македонија во рамките на српската држава, тогаш таа треба да добие автономна управа со христијански губернатор.
И додека траела оваа потегни-повлечи ситуација околу Македонија, во мај месец во Белград допатувал Димитар Робев, дотогашен пратеник во турскиот парламент од Македонија. Тој ги осудил акциите на соседните земји да ја приграбат за себе македонската територија, притоа искажувајќи го мислењето дека жнајдобро решение е Македонија да остане независна и дека дури и самиот руски пратеник во Цариград, грофот Игнатиев, наводно, му рекол, оти:
"Македонија не може да му припадне на ниеден од трите главни народи на Балканскиот Полуостров".
Русија, осиромашена од војната, се согласила во Берлин да се организира конгрес на кој ќе се ревидира Санстефанскиот договор. Цел месец (од 13 јуни до 13 јули 1878 година) траело надмудрувањето во Берлин меѓу големите. Основните одлуки на Конгресот се свеле на тоа Македонија и понатаму да остане под турска власт, новоформираната бугарска држава да се протега од Дунав до Стара Планина, а јужно од неа автономната област Источна Румелија. Австро-Унгарија ја окупирала Босна и Херцеговина, а Црна Гора и Србија со проширени територии, сосема се ослободиле од турската власт.
Санстефанската фикција - Голема Бугарија, која никогаш не се реализирала, останувајќи мртво слово на хартија, иако жживеелаж само три месеци, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.
Особено важен за Македонија е членот 23 од Берлинскиот договор. Според него:
"Високата порта се обврзува на островот Крит грижливо да го применува Органскиот статут од 1868 година, внесувајќи промени што би биле оценети како оправдани. Аналогни статути приспособени кон месните потреби, освен што се однесува до ослободувањето од даноци што му е одобрено на Крит, ќе бидат еднакво воведени во другите делови на Европска Турција, за што во овој Договор, не е предвидено посебно уредување. Високата порта ќе задолжи специјални комисии, во кои месниот елемент ќе биде широко застапен, за да ги разработат деталите на новите статути за секоја провинција. Проектите за организација што ќе произлезат од работата на комисиите ќе се дадат на разгледување на Високата Порта, која, пред да ги донесе актите, ќе го побара мислењето на Европската комисија формирана за Источна Румелија".
Членот 23 од Берлинскиот договор е еден од двата основни документа, кои го определуваат државно-правниот концепт на Македонија од овој период - вториот е Уставот на Македонските востаници од 1878 година.
Овој член, мошне добро ја открива не само играта на големите сили околу Македонија, туку и компромисите што се правени за неа меѓу големите сили и Турција.
Клучниот член предвидува Македонија, како турска провинција, да добие свој статут, поточно: устав, што значи, да добие посебен државно-правен статус, како оној на Крит, во рамките на Турската империја. Според тоа, Македонија требало да добие свој гувернер и главен командант, кому би му била доверена командата на војската. Применувајќи ги принципите на територијалната поделба на Крит, Турција била задолжена територијата на Македонија да ја подели на санџаци (околии), чиј број би бил дополнително одреден. Со овие територијално-административни единици би управувале мутасарифи, и тоа половината муслимани, а другата половина христијани, меѓутоа и едните и другите требало да бидат службеници на императорската влада. Помошниците на мутасарафите - муслиманите, би биле христијани, а на христијаните - муслимани. Околиите би биле поделени на кази со кои би управувале кајмаками.
Органскиот устав на Крит, што значи и идниот устав на Македонија, предвидувал формирање специјален административен совет во секоја територијално-административна единица, составен од по три члена муслимани и три члена христијани. Бидејќи вакви совети се предвидувало да се формираат и во пониските административно-територијални единици, доколку во нив живее исклучително христијанско - односно муслиманско - население, советот би бил составен од шест христијански претставници, односно муслимански. Со советот би раководел раководителот на територијалната администрација.
Подеталната разработка и анализа на членот 23 од Берлинскиот договор открива дека Македонија, според него, би добила политичка автономија, во која македонскиот народ би имал пошироки можности да го изрази својотнационален индивилуалитет отколку што ги имал дотогаш под турска власт.
Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе с се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како жетнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправувањеж.
Сето ова значи дека вака поставената автономна Македонија ги урна вештачките конструкции на Санстефанскиот договор, според кој таа беше вклучена во границите на новоформираната бугарска држава, со што сериозно беа загрозени и нејзиниот територијален интегритет и нејзината национална целост. Доколку недоносенчето од Сан Стефано заживееше, практично, Македонија не ќе добиеше ништо - еден господар би го заменила со друг, при што и во првиот и во вториот случај би останала под туѓинска власт.
Потписничките на Берлинскиот договор направија почетничка грешка, оставајќи и на Големата порта, победена и доведена во инфериорна положба, сама да одлучи кога ќе ги формира меѓународните комисии, преку кои реформата на Империјата ќе почне да се реализира. Цариград тоа никогаш не го направи, со што беше елиминирана можноста Македонија да добие автономија, како што тоа го предвидуваше берлинскиот меѓународен акт.
Тоа, пак, не значи дека отпорот против поробувачот во Македонија, и духовен и вооружен, престанал во очекување големите сили да го решат македонското прашање. Кон крајот на 1878 година, Диме Чакре од Прилеп, доброволец во Руско-турската војна, со високо турско одликување за храброст, во Крушево, со тамошните првенци, го започнал договарањето за мерките против турските зулуми. На крушевската средба присуствувале попот Христо и граѓаните Ицо Карев и Никола Ковачот. Било договорено заговорот да се прошири, да се собираат пари, оружје и калаузи, како и да се организираат нови борци. Мрежата брзо се проширила до Кичево, Прилеп, Охрид и Битола. Само крушевскиот заговорнички кружок броел 60-тина души. По поврзувањето на крушевскиот и охридскиот кружок во кој членувале и видни охридски граѓани, како Зафир Белев, Златан, братот на митрополитот Натанаил, Константин Робев, Костадин Нончев и други, договорено било да се побара конкретна помош од рускиот конзул Њага во Битола. Пролетта 1881 година, Турците од Битола ги откриле кружоците во Крушево и Охрид и, по масовните апсења, околу 700 души се нашле по затворите. Биле откриени и браќата Чакрески во Прилеп, кои, не предавајќи се, загинале во борбата со Турците. Новоформираниот суд во Битола имал полни раце работа. По широчината на организирањето, по бројот на луѓето што ги опфатил, заговорот бил на најдобар пат да прерасне во вистинска народна организација.
Ајдутството земало се поголем замав. Тоа бил најдиректниот одговор на обесправеното население. Во Велешко веќе дејствувала четата на војводата Иљо Малешевски, чии акции се протегале дури до Солунско, како и четата на поп Костадин Бувски. Ако треба да им се верува на некои странски извори, бројот на четниците во Македонија се движел околу 6.000 души. Дедо Иљо, како што по свое народот го викал Иља Малешевски, со четниците го нападнал Царево Село (денешно Делчево), каде што бил стациониран еден турски гарнизон, и го освоил. Во Серско, уште во првите месеци на 1878 година дејствувале неколку чети ајдути. Четатата на војводата Бувски, која броела околу 200 души, дејствувала на просторот околу Лерин, Костур и Воден. Во Битолскиот санџак активни биле четите на војводата Алексо Влаот, на Котула, четата на војводата Васил, која се движела по Костурско и Охридско и која броела околу 2.000 души! Од двете страни на реката Струма, покрај ајдутските чети, по селата биле формирани чети на отпорот, кои најавувале револуционерно движење со определена македонска политичка идеологија.
По Берлинскиот конгрес, поради зголемениот терор и постојаните апсења, емигрирањето од Македонија станало зачестена појава. Својата политичка и револуционерна активност некои од емигрантите ја продолжиле во странство, главно во Бугарија, Србија и Грција. Така, група Македонци во Белград, уште за време на Берлинскиот конгрес, на чело со Коста Шуменковиќ, барале од Одборот на Стара Србија и Македонија, што го раководел архимандритот Сава, да интервенира кај големите сили Македонија да добие автономија со гувернер - христијанин, тврдејќи дека Македонците се посебен словенски народ на Балканот. Во молбата на групата Македонци, покрај другото, стоело:
"Во овој час, кога се решава судбината на народите на Балканскиот Полуостров, слушаме како Грците работат против соединувањето, на браќата Срби со Македонците, кои се најстари Словени на Балканскиот Полуостров.
Македонците долго живееле заедно со Србите во државна заедница, а под цар Самоил биле самостојни - ги претставуваат за Грци".
Во молбата тие предлагаат:
"Ако, пак, денешните околности не дозволуваат нашата татковина да се соедини во една држава со другите наши браќа, те молиме на Конгресот да ја претставиш нашата желба и топла молба на нашата земја да с се даде автономна управа со христијанин - губернатор, за да нема неправда над народностите".
На 23 ноември 1878 година Кузман Баџовиќ му пишувал на Натанаил Охридски:
жКакво чух да сте приели Богом благословено и народно избавително дело ја у тој мах оставих службата ми и пријах народното свето претпријатие. На брзо распратих посланија по све ослободени краеви српских и внезапно добих с брзојавом известија: у ком варошу да се скупљамо и новац приложимо. Али какво чух втори горко отровни гласови у пола мртвих се. Ја па и цело мое друштво и тогава кроз слзи рекох: 0 судбино Божја зар оште не се раскидају ланци петсто годишни, које тиште нашег народа! Зар оште клетва Адамова на македонском народу!... А Македонци окусише дух слободе зато е сваки решен умрети за чест златну слободу него живети у ропству азијатско тиранство!ж...
На 8 јуни идната година (1879) Ѓорѓи Пулевски му пишуваше на братот на Кузман Баџовиќ, Деспот Баџовиќ:
"Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дојде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не само азет, тук всите верувахме и бехме готови да умреме: или слобода, или смрт - трето нема. Ама не било така. Едно мислел волкот, а друго увчарот... Неколку дена напред дјаду владиката Натанаил ми даде едну твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, ка искаш доброволци и ветиш 1.000-2.000 доброволци. То јет убао и преубао. Ама аз ќе ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Булгарите се подиграваат сос нас и вртат вода на своја воденица заедно со црнокапецот Натанаил, којшто е Македонец, ама поќе тегни на блгарско..".
И македонската емиграција во Грција, уште за времето на Босанскохерцеговското востание, се определила за општобалканско востание. Во почетокот на 1876 година во Атина е формиран Воен комитет за ослободување на христијаните во Турската империја. Негов раководител станал Леонид Вулгарис, Македонец од источна Македонија. Тој со своите истомисленици, главно членови на македонската печалбарска емиграција во Атина, организирал повеќе акции во Македонија. Нешто подоцна, Вулгарис го формирал Грчко-словенскиот комитет, чија цел била преку востание да се избори за автономија на Македонија.
Во април 1880 година, кај местото Гремен (Острово), се сретнале четите на поп Костадин Бувски и на Леонид Вулгарис. Разгледувајќи ја ситуацијата во Македонија, двајцата војводи констатирале дека за тоа што Македонија се уште е под турско најголема вина носат Грците, Бугарија и Србија. Според нивното мислење, "иднината на Македонија лежи во создавањето на самостојна македонска држава"
Војводите заклучиле дека разнородноста на населението во Македонија е главна причина што не може да се постигне единствено мислење за кревање востание. Самообединувањето на народностите во Македонија може да доведе до општа и успешна борба против Османлиите.
На нивна иницијатива, од 1 мај до 2 јуни 1880 година, пак во Гремен, се собрале 32 делегата, претставници на македонскиот, влашкиот, српскиот и албанскиот народ (не биле повикани претставници на Турците). Ова Национално собрание, разгледувајќи ја платформата на Вулгарис и Бувски, донело заклучоци за мерките како да се постигне "националната цел на Македонците". Тие, меѓу другото, најпрвин констатирале дека Македонија, која со векови страда од турскиот систем, нема начин по мирен пат да се ослободи од ропството, дека соседните балкански држави го уриваат националното единство на Македонија со своите верско-национални пропаганди и Македонците ги прават анонимни пред европското јавно мислење, дека покренувањето на актуелните причини е единствен начин Македонија да се ослободи од турското ропство.
Согледувајќи ја ситуацијата, Националното собрание констатирало дека турската власт не ги спроведува програмите на големите сили на Берлинскиот конгрес. Затоа, Националното собрание решило да с се стави на знаење на Високата порта дека македонскиот народ бара побрза примена на членот 23 од Договорот во Берлин Собранието да се обрати до сите претставници на големите сили во Македонија, потписнички на Договорот, со молба да се заземат кај Портата за примена на членот 23 од Берлинскиот договор. Ако се случи се да остане по старо, Националното собрание ќе го повика македонскиот народ на оружје под паролата "Македонија на Македонците за воспоставување на древна Македонија!". Националното собрание притоа во своите редови избрало Привремена влада на Македонија наречена "Единство".
На 21 мај 1880 година, Привремената влада на Македонија - "Единство" до генералниот серуски конзул во Солун, Н. Улјанов, испратила Протоколарно решение, во кое, покрај другите констатации, му го пренесува и мислењето дека на "меѓународните конгреси на големите сили Македонија е оставана сирак", дека "единствено Македонија, која во древното време имала своја цивилизација и го дала Аристотел и Александар Македонcки, е лишена од секаква помош", како и тоа дека, доколку Високата порта не стори ништо, "Привремената влада на Македонија ќе го повика македонскиот народ на оружје со паролата: Македонија на Македонците, за Македонија, за воспоставување на древна Македонија!". Под Протоколарното решение стои потписот на претседателот на Владата, Васил Симон, и на главниот командант на востаничките сили на Македонија, Крамонтов.
Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!
Ќустендил 11-23 март 1881,… Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.
Претседател Васил Чомо
Секретар Никола Трајков —Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).
Сре во 21:16
Речиси една година подоцна, на 23 март 1881 година, Привремената влада го испратила својот Манифест до сите дипломатски претставници. Во Манифестот, покрај другото, се вели:
"Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност, која, светејќи со силен сјај, не може и нема никогаш да пропадне".
Во Манифестот, еден прецизен патриотски и револуционерен документ, се изнесува мислењето оти "со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македон-ците нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт!".
Обраќајќи се до Македонците со повикот "Вистински Македонци, верни деца на татковината!", потписниците на Манифестот, претседателот Васил Симон (овде потпишан: Васил Чомо) и секретарот Никола Трајков, ќе извикаат:
"Направете се на знамето што ќе го кренеме да биде напишано: Единствена и Обединета Македонија!... Потоа, собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: да живее македонскиот народ, да живее Македонија!".
И во Бугарија активна е македонската емиграција. Неа, во еден добар дел, ја сочинувале учесниците во Руско-турската војна, како и учесниците во Македонското востание. Тие и понатаму не се помирувале со ропството на македонскиот народ. Во Софија се здружиле околу 1.800 активни учесници во ослободителните војни против Турската империја. Нивната одлука се свела на тоа борбата да продолжи до конечното ослободување на Македонија. Под лозунгот жСлобода за Македонија или смртж, била формирана Бугарско-македонска лига, чие име подоцна е сведено само на Македонска лига. Лигата се изјаснила за политичко ослободување на Македонија и за создавање македонска држава. За да може да ја реализира оваа висока цел Лигата почнала да организира сопствена војска, како и да разработува сопствена стратегија за водење ослободителна војна на Македонците. Објавувајќи се како народен фронт за ослободување на Македонија, Лигата формирала Привремена управа на Македонија, со единствено политичко и воено раководство се до ослободувањето на Македонија и до создавањето македонска држава. На чело на Привремената управа стоел главен војвода, потоа тројца постари војводи и началник на главниот штаб. Воените единици броеле по 180 војници, на чело со војводи.
Привремената управа на Македонија, како највисоко законодавно тело, изработила Органски устав на Македонија, во кој бил разработен статусот на идната македонска држава. Уставот, кој имал 103 члена, бил сличен на Критскиот устав од 1868 година. Тој предвидувал политичка и културна автономија на Македонија. Според него, Македонија требало и понатаму да остане во вазален однос кон Турција и во Империјата би имала статус на федерална единица. На нејзино чело би бил генерален губернатор, а владата би била составена од 12 ресорни министри. Границите на идната македонска држава би се поклопиле со границите на трите македонски вилаети: Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот (без Косово и Метохија). Седиштето на губернаторот и на владата би било во Солун.
Омеѓувавајќи ја територијата на идната македонска држава, Органскиот устав на Привремената управа на Македонија создал елементи, кои жво борбата на македонскиот народ подолго време ќе играат важна улога во димензионирањето на ослободителните и државотворните настојувања на македонското ослободително движење.
Омеѓувањето, пак, на територијата тргнувало од сознанието за поврзаноста и комплексноста на економските и политичките интереси и од заедништвото што се должело на "се посилниот процес на економска, политичка и народносна интеграција". Д-р Владо Поповски ќе забележи дека во такви рамки, се поприсутна ќе биде и "народносната и национална, имплицитно и политичката, историја" на најмасовното население на оваа територија - Македонските Словени, кои, "именувајќи се со територијалното име како со свое национално име, вршеле влијание на повеќестрано привлекување на другите помалубројни народни групи." На тој начин, ќе забележи Поповски, и тие "ја прифаќале и доживувале Македонија како своја заедничка татковина, истовремено и како посебна целина и со тоа како посебна заедница". Така почнала да се развива, да расте и да се утврдува свеста за посебно "општествено и политичко конституирање на Македонија", во посебна целина и во идна држава.
Определувајќи ги народните групи кои го сочинуваат населнието на идната македонска држава, Уставот за идното уредување на Македонија "во суштина го определил народносниот и национално-политичкиот опфат на идната држава, како и нејзиниот национално-политички темел, темелот на нејзината организациона и функционална структура". Со Уставот сите народни групи се прогласени за политички рамноправни. "Нивната рамноправност ја прогласил за главен принцип од кој ќе произлезе структурната и функционалната страна на целата македонска држава", пак да се повикаме на Поповски. Со определбите на државниот организам на идната македонска држава, Уставот, всушност, ја прогласил основата на државно-правниот субјективитет на македонската заедница, степенот на државно-правната субјективност и видот на државното уредување. Безразлично што со Уставот е предвидено идната федерална единица Македонија да остане во вазален однос кон Империјата, од уставните определби што понатаму следуваат се гледа дека Уставот ја регулира идната македонска држава далеку повеќе како самостојна, отколку како вазална.
Набргу по формирањето на Македонската лига, таа упатила свои оперативни тела и единици преку границата на Бугарското кнежевство, во Македонија, на Пирин Планина. На 23 јуни 1880 година од Пирин е испратен Меморандум до шесте големи сили, потпишан од Привремената управа на Македонија, заедно со Органскиот устав. Во Меморандумот се дава слика на тешката положба на Македонците и Македонија под турското ропство. Во него стои забележано и ова:
"Сакаме да ве информираме, Ваши екселенции, дека се лажни информациите што доаѓаат до Вас за некакви македонски стремежи за соединување на Македонија со Бугарија!".
Во Меморандумот посебно се нагласува дека "во случај да не му се посвети нужно внимание на македонското прашање и тоа да не се реши во согласност со желбите на народот на Македонија", тогаш: "не би сакале да биде доцна кога ќе почне да се лее крв со потоци, кога самите ќе тргнеме да ги остваруваме своите правдини. Нашата крв, крвта на нашите деца, ќе биде на ваша совест!"
За да се организира четничко-востаничкото движење во Македонија на повисок степен, од Гремен, каде што се наоѓало седиштето на Привремената управа (Влада) на Македонија - "Единство", потекнала идејата да се обединат четничко-востаничките сили. За таа цел делегација на Владата, што ја сочинувале војводата Леонид Вулгарис, претседателот Васил Симон и војводата Таки Влавот, тргнала кон Бугарија. Во Пловдив таа се сретнала со Васил Дијамандиев, претседател на Македонската лига, а на Пирин со главниот војвода на Воениот штаб, Иљо Малешевски. Договорот бил краток: треба да се крене општомакедонско востание! Бидејќи Гремен бил далеку од Пирин, двете страни се согласиле политичкото претставништво на Македонија да остане на Гремен, во рамките на Привремената влада, а военото на Пирин, во рамките на Главниот штаб на македонските војски.
Меѓутоа, овој договор не им одговарал, ниту на Бугарија, ниту на Грција. Солунскиот грчки митрополит ги известил турските власти за одењето на Вулгарис на Пирин. При враќањето војводата бил уапсен, заедно со другите членови на делегацијата. Бугарската влада, пак, го повикала Дијамандиев во Софија и го подложила на посебна полициска истрага. Притоа, владата ги затворила границите за востаничките сили на Пирин, а нешто слично сторила и Атина: дала наредба да се повлечат четите стационирани на Олимп. На тој начин четничкото движење во Македонија пак било разбиено.
Повеќе од сигурно е дека конституирањето на Македонија како автономна, па дури и во рамките на Османлиската империја, го поттикнува развојот на македонската национална мисла. Автономна Македонија - тоа значи победа на чувството кај Македонците за припадност на поширока општочовечка и територијална заедница, независно од другите политичко-административни единици на Балканот. "Изведувајќи реален однос на судбинска поврзаност на македонскиот народ и другите народности во Македонија, во идејата за автономна Македонија е содржана и нивната потреба од интегрираност, врз основа на се повеќе присутни и сфатени заеднички општествени, политички, економски и национални интереси. Врз оваа основа, во различни етапи на отпорот и заедништвото и врз овие сознанија, се развива идејата за заедничка борба на македонскиот народ и другите народности", ќе заклучи проф. Александар Христов.
Во процесот на интегрирање на населението во Македонија, идејата за автономија ќе биде присутна како конститутивен елемент. Сето ова ќе влијае вооружената борба на македонскиот народ да се поврзува со изградбата на таков облик на политичка организација, која ќе... "гарантира изградба на посебна политичка структура на власт и односи". А тоа води кон единствениот заклучок: идејата за автономија на Македонија ја содржи во себе и мислата за македонскиот народ како посебен народ, со свои, посебни национални, политички, економски и културни интереси, различни и одделни од оние на другите балкански народи. Тоа, пак, значи дека колку што повеќе се утврдувала идејата за автономна Македонија, во свеста и во политичките барања се повеќе се разграничувала Македонија од другите народи и држави, од соседите, исто така.
Токму развивањето и продлабочувањето на идејата за автономна Македонија ќе создаде нови, сложени односи на Балканот, и ќе доведе дури до институционализирање на таканареченото македонско прашање. Имено, колку што повеќе Македонците, преку идејата за автономност на Македонија, ќе ја афирмираат сопствената национална самобитност и правото на самоопределување, толку повеќе другите земји, соседите на Македонија, особено, ќе се плашат дека на тој начин засекогаш ќе останат нерационализирани нивните големодржавнички апетити. Оттука "задржаното право" на соседните држави да го оспоруваат легитимитетот на македонското национално-ослободително движење, па и правото на македонскиот народ на своја држава. Потребно е да се нагласи дека од пазувите на идејата за автономна Македонија произлегува и одлуката за вооружена борба на македонскиот народ за свое ослободување, национално и политичко. Оваа идеја доста јасно е афирмирана и во документите на Привремената управа (Влада) на Македонија, како и во документите на Македонската лига. Таа свои посебни контури ќе добие во Програмата на Внатрешната македонска револуционерна организација, 13-тина години подоцна.
Првите
акции
Сите овие случувања и настани допринеле да дојде до самоорганизирање на народот и формирање на вооружени чети во западна Македонија кој во почетокот дејсвувале независно една од друга и секоја во својот реон, а најчесто на чело на овие чети биле поставувани доброволци од српско - турските и руско - турските војни.Четата
на Стефан
Петревски
Во Турн - Северин, околу Стефан Петревски се формирала група на македонци од Поречко, тие решиле да се вратат во својот крај и да се нафатат со ајдутство. Тргнале во неколку групи и за неколку месеци се нашле во Поречко, а меѓу нив бил и Мицко Крстевски (иќ) од Латово кој решил веднаш да преземе акција, во заседа го сочекал Џемаил Ага и го убил. Оваа убиство било опеано во песната:
Седнал ми Џемо,слободен Џемо
под таа круша водница,
на таа нива орница
во лева рака килибар
во десна рака мартинка.
Мајка му вели, говори:
Не седи синко слободен,
каури глава кренале,
Мицко војвода излегол-
Четата на Чакревци
Tаква четa била и онаа на прилепчанецот Диме Чакре кој бил учесник во Руско - турската војна во која бил и одликуван со руски медал за храброст. Чакре најпрво се засолнил во Ќустендил потоа навлегол во Прилепско каде со својата чета од 9 души, составена од: брат му Мијале, Тоде Бочварчето, Ѓоргија Лажот, Јосиф Радобилец, Мицко Мариовчето и други, ликвидирале неколку зулумџии од Прилеп и неговата околина по што се нашле во Крушево.
Кон крајот на 1878 година, Диме Чакре со својот брат Мијале заминал за Крушево и со тамошните првенци започнал да се договара какви мерки да се преземаат против зулумџиите. На оваа средба покрај браќата Чакревци присуствувале крушевскиот поп Христо, Никола Ковачот и Ицо Карев, тие зедно решиле да го прошират заговорот на околните села, да се пронајдаат луѓе кој ќе заминат во планините, да се соберат пари, да се купи оружје и во селото Долно Дивјаци да се сретнат со војводите на четите кој веќе делувале како ајдути
. Во ова село заговорниците повторно се сретнале ги потврдиле претходните решенија и решиле да се поврзат со заговорнчкиот кружок од Охрид, преку гавазот на рускиот конзул од Битола да се побара пушки и муниција.
Заговорниците успеале својата мрежа да ја прошираат во Кичево, Прилеп, Битола и Охрид. Во последниот град успеале да се поврзаат со друга завереничка група во која влегувале видни трговци и учители, меѓу нив се нашле: Коста Лимончев, Зафир Белев, д-р Константин Робев, Златан и други. Како заговоренички центар служел планинскиот крај на Демир Хисар, а најсилна активност пројавил крушевскиот кружок кој се состоел од 60 души. При својата агитација заговорниците истакнувале пред населнието дека Русија и Србија ќе им помогнат во борбата.
Во 1879 година војводите и останатите заговорници од Крушево и Охрид имале средба на која било решено да се продолжи со собирањето на оружје, регрутирањето на нови заговорници, повторно обраќање до рускиот конзул во Битола за помош и да се започне со ликвидација на познатите зулумџии по сите краишта.
Буната започнала на Петковден, со давањето на заклетва во црквата Св. Илија во село Велмевци пред попот Јован. По извршените подготовки започнале борбените дејсвија. Како водачи се истакнале Илија Делија, Ангел Танасков, Ристо Костадинов, Стефан Петревски, а набргу им се придружил и Мицко од Латово влегувајќи во четата на војводата Ристо.
Во втората половина на 1880 и првата половина на 1881 година биле извршени поголем број на ликвидации на турските зулумџии и насилници насекаде каде што постоела заговорничката мрежа. Осеобено важна и успешна акција била спроведена во горниот тек на Треска, во Поречката нахија. Во селото Лупште тамошните селани создале свои чети на чело со Стефан и Кузман Петревски. Двајцата браќа со овие чети успеале цело Порече да го исчистат од зулумџиите и бандите. По чистењето на теренот, браќата Петревски на локалните турски власти им соопштиле дека тие сами преку свој луѓе ќе го собират, носат данокот во Кичево и ќе се грижат за одбраната од разбојниците, а тоа било едногласно решение на сите 36 села од Поречката нахија. По акцијата предводена од браќата Петревски, Порече цела година не било вознемирувано од разбојниците, а Стефан Петревски преќутно бил признат од турските власти во Кичево. Ликвидациите и оружјето го привлекле вниманието на турските власти. Тие успеале да запленат еден товар со оружје пратен до демихисарските заговорници како и да фатат еден заговорник. Раздвижувањето на турските власти го попречиле состанокот кој требало да се одржи во битолскиот манастир Слепче и покрај присуството на војводите со четите како и легалните претсавници од Крушево, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола и Ресен, средбата била одложена но решиле да продолжаат со акциите.
Во пролета 1881 година турските власти од Битола успеале да ги разоткријат кружоците од Крушево и Охрид, при што биле уапсени речиси сите раководители и нивните преставници по селата, на тој начин биле уапсени 700 луѓе.
По апcењата, Диме и Мијале Чакреви на Велигден 1881 година влегле во Прилеп и се сметиле во куќата на Јован Кондов, за да се разберат со чорбаџијата Крапче, но тој ги предал на турците, браќата дошле во судир со турските сили, притоа куќата била запалена и сите загинале. При оваа престрелка Диме Чакре заедно со последниот преживеан четник се самоубиле за да не бидаат заробени. На Велигден истата година битолскиот валија се упатил да ги острани и ликвидира останатите чети. Ангел Танасков не прифатил да се предаде и се повлекол на Врбенската планина каде ги собрал своите четници и го организирал отпорот. Дошло до судир во кој загинале голем број на четници, но и турци. По борбата турците му ја отсекле главата на Ангел и ја пратиле во Битола. Борбите биле чести и немилосрдни, а едно утро во турска заседа загинал и војводата Риста Костадинв, тогаш Мицко је презел неговата
четa, војводската пушка ишарана со сребро и седеф. Меѓутоа заговорот наскоро бил уништен, а Мицко је распуштил својата
четa, а своите луѓе ги испратил да си заминат кај семејствата и блиските. Самиот тој одбил да се предаде на турците, а тоа се случило во есента 1881 година. Мицко решил да се засолни во една непристапна пештера која се наоѓала кај селото Белица, близу Кичево, таму тој бил снабдуван со храна од селаните кој ми ја спуштале со јаже и тоа траело се до средината на јануари 1882 година. Турците го откриле и успеале да го заробат. Мицко бил единствениот војвода кој преживеал по што бил одведен во битолскиот вилаетски затвор.
Во Битола бил формиран нов суд кој во присуство на странските конзули осудил 4 раководители на заговорот на по 101 година затвор, деветмина на по 15 години заточеништво на островите во Средоземното море и Мала Азија, а шестмина биле ослободени поради недостаток на докази. Во врска со целиот заговор биле осудени околу 80 души, а единствениот преживеан војвода добил 101 година затвор.
Подвигот на Диме Чакре и останати заговорници предизвикале голем восхит меѓу македонската маладина, нивните подвизи биле опеани, а истовремено го засилиле бунтовничкиот дух сред македонските средини. Останатите преживеани соборци на браќата Чакревци меѓу кој биле: Стојче од Мариово, Ѓорѓи Лажот, Стефан од Попадија и други ја продолжиле комитската дејност, а набргу се појавиле нови чети. Историчарите истакнуваат дека: По начинот на кој почнал да се создава и да се шири, по раководните елементи што го имале првиот збор во него, по средстават што палнирал да ги употреби, како и по првите акции што ги презел, овој заговор се пројавил како ефикасна сила која ветувал да прерасне во вистинска народна организација. Неговото предвремено откривање само го одложило исполнувањето на задачите што си ги поставил.
Уставот на идното државно уредување од 1880 година, Македонија е прогласена како автономна држава во рамките на Отоманската империја, чијшто државен суверенитет се статуира под врховниот суверенитет на турскиот султан.
Ваквиот приод на државниот суверенитет е условен од определбата на Македонската лига да го зачува територијалниот и етничкиот интегритет на Македонската држава.
Ограничениот државен суверенитет бил тактички потег во остварување на стратешка цел на Македонското движење -"Создавање на Македонска држава во територијалните граници на Македонскиот етнос.
Во 21 век секој може да даде свое мислење, да ја возвишува или да ја негира Македонската нација, меѓутоа фактите говорат дека Македонскиот народ постоел и ќе постои како засебен народ со посебна култура, јазик и традиција.
Бугарското кнежество било само верен вазал на Османлиите, кои го користело македонсите револуционери
Тушимско
востание
Тушимското востание започнало во септември 1902 година во Воденско, Македонија под водство на офицерот Иван Пожарлиев и со содејство на војводата Иван Карасулијата. Двајцата биле дејци на Врховниот комитет и самото востание било резултат на врховистичката провокација во Македонија. Од оваа врховистичка агитација во Воденско, односно во Солунскиот револуционерен округ произлегло Тушимското востание, додека пак во Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ дошло до Горноџумајското востание. Тушимското востание не преставува востание во вистинска смисла на зборот бидејќи востаничките сили изнесувале само 40 души, а од друга страна пак населението во тој дел од Македонија не востанало. Но историчарите за да напрват динстикција меѓу Горноџумајското востани и врховистичката провокација во Воденско последната е наречена како Тушимско востание.
Иван Цончев откако успеал да го заземе Македонскиот комитет во свој раце започнал со праќање на врховистички чети во Македонија.
Веќе во почетокот на 1902 година врховистите ги зазеле Горноџумајско, Малешевско и Петричко, а во останатите делови на Македонија започнале да навлегуваат и други врховистички чети, така што како локален врховистички војвода во Воденско се појавил Вангел Иванов.
Српскиот дипломатски преставник во Софија кон крајот на март 1902 година, истакнал дека новата врховистичка провокација во Македонија е резултат на судирот кој настанал меѓу поранешното и актуелното раководство на Македонскиот комитет, како и различните погледи за решавање на Македонското прашање. Според него:
,,Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и прсетваник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност''.
Според Ѓорче Петров:
... востанието на Цончев било со подршка на кнезот (Фердинанад б.н) со две цели:
1. Да се испрати еден фишек за да може подготвуваното востание од Организацијата, да се искористи на дипломатски план.
2. Владата на Радославов на лесен начин да го привлече патриотскиот елемент на своја страна, за да го искористи во партиски цели, без да мисли дека е можно едно сериозно востание.
Планот
на ВМОК за
востание
Во мај 1902 година Македонскиот врховен комитет подготвил план за востание во Македонија, а тој се состоел од три точки:
а) Стојан Михајловски и Иван Цончев документирано да ја преставаат неподносливата положба на населението во Горноџумајско и Малешевско пред бугарскиот министер за внатрешни работи Људсаков и Радев, а со тоа била побарана дозвола за кревање на востание во Македонија.
б) Иван Цончев и Стефан Николов да навлезат во Македонија и да извршат инспекција до реката Вардар, по што ќе одлучеле дали да се крева востание.
в) Полковникот Атанас Јанков да навлезе со чета во Битолскиот револуционерен округ .
Агитацијата на Атанас Јанков Полковникот Јанков во Македонија навлегол со чета од 110 души составена претежно од офицери и подофицери од бугарската армија. Со неговото навлегување всушност врховистичката агитација за востание станала реалност.
Атанас Јанков минал низ Џумајско, Малешевско, Гевгелиско, Воденско стигнувајќи до Костурско. Полковникот секаде каде што минувал оставал свој приврзаници и повикувал на востание.
Во средината на август Јанков со својата свита ја минал реката Вардар и се упатил кон Гевгелиско, Ениџевардарско и Воденско.
При преминот на Вардар кај железничкиот мост на еден час растојание од Солун врховистите имале судир со аскерот, во судирот имало ранети и убиени од двете страни.
Османлиите во текот на борбата успеале да запленат неколку документи според кој четниците имале наредба да облекуваат турски воени униформи, да вршат екцеси и тоа да им се препише на османлиите.
Влијанието на Јанков најмногу се почуствувало во Воденско. Таму
Jанков оставил 54 души кој се поделиле на 4 дела, еден дел раководел Атанас Николов од 12-13 души, тие се упатиле кон селото Тушим, во Пожарско како инструктор бил оставен Тома Пожарлие, во Саракиново бил Ботушаров, а за Островско заминале Карабиберов и Шаламанов.
Планот за врховистичкото востание, полковникот Јанков го преставил пред воденското раководство на ТМОРО. Според него востанието требало да започне на денот на прославата на Шипка. Јанков за Воденско ветил засилување со доаѓањето на офицерите Иван Пожарлиев и Христо Саракинов.
Агитацијата за востание била олеснета од нетактичката мерка на околискиот војвода Шаламнов. Пред да помине Јанков низ Воденско, Шаламанов склучил договор со врховистичкиот војвода Атанас Ников и дошло до обединување на двете чети, а било договорено на чело на здружената чета да стои Атанас Ников како војвода додека пак Шаламанов бил секретар. Кога Јанков дошол во Воденско, Николов четата ја потчинил на полковникот.
Односот
на ТМОРО кон
врховистичката
агитација Централниот комитет одкако разбрал за Јанковиот план за востание издал наредба во Воденско да заминат четите на Апостол Петков и Аргир Манасиев.
Централниот комитет бил на мислење дека ако едно авторитетно лице замине во Воденско тогаш нема да дојде до едно поголемо врховистичко движење во овој реон и тој сакал таму да го испрати Гоце Делчев. Во меѓувреме Аргир Манасиев заминал во Солун на консултации со Централниот комитет и Пере Тошев. Меѓутоа внатрешните револуционери сега кон врховистичката агитација гледале по релаксирано бидејќи: ''населението со одвратност гледа на детските постапки на Пожарлиев и Ив. Карасулијата''
Апостол Петков и Иван Карасулијата
Во меѓувреме додека траеле консултациите во Солун дошле раководителите од Саракиново и Пожарско како преставници на 8 воденски села. Тие пред Централниот комитет истакнале дека: Пожарлиев го повикувал населението на востание и дека им се заканувал со смрт на сите што се спротиставувале
.
Овие раководители истакнале дека по враќањето во Воденско ќе организираат собрание и ќе побараат Иванчовци или да си заминал или ќе ги разоружаат.
Меѓутоа до прествртница на настаните дошло поради непослушноста на Апостол Петков и Павле Кониковски. Тие располагале со чета од 40 души но несакале сериозно да се судрат со врховистите дури и му се спротиставиле на Аргир Манасиев.
Апостол Петков претходно не сакал да ја изврши наредбата на Централниот комитет, односно несакал да ја разоружа врховистичката чета на Карасулијата, всушност Постол војвода и Карасулијата склучиле договор за ненапаѓање.
Затоа опортунизмот на ениџевардарската чета го олеснил дејствувањето на врховистичките групации во Воденскo.
Востание
Поводот за започнување на врховистичката акција се случил во селото Тушим на 21 септември 1902 година. Тој ден Иван Пожарлиев во селото ги убил таксилдарот и двајцата
заптии кои дошле да ги соберат даноците. По убиството Пожарлиев собрал 20 момчиња. По овој настан во Пожарско, врховистите убиле двјца муслимански дрвари, а двајца раниле без посебна причина.
Иван Пожарлиев
Пожарлиев успеал насила да собере неколку селани од Бизово, Струпино и Тресино. Таму каде населението не сакало да се подаде на врховистичката агитација, Пожарлиев подпалувал куќи.
Во Сборско Пожарлиев го мачел попот Иван бидејќи тој одел на косултанции во Солун кај Централниот комитет.
Тој пуштил гласини дека ќе биде нападнат градот Воден, а тоа предизвикало паника меѓу Турците. Истовремено биле пуштени гласини дека се подпалени гевгелсиките села Серменин и Конско.
Меѓутоа дошло само до неклоку судири бидејќи четата на Пожарлиев и Карасулијата броела 40 души од кој 20-25 биле селани. Врховистите за ја засилат анархијата подпалиле неколку куќи во Тресино и Струпино, село со мешан етнички состав - Македонци и Турци.
Турските потери започнале да ја гонат врховистричката чета и притоа дошло до судир кај селото Сборско. Во борбата имало загинати од двете страни но четата успеала да се извлече и се повлекла во Пожарските Планини. Таму биле опколени од турската војска.
На опколената врховистичка чета на помош и дошол Павле Кониковски и тој го нападнал аскерот од грб и четата успеала да се повлече. Според гласините во борбата имало околу 40 убиени и ранети од двете страни.
Четата на Иван Карасулијата
Настапување
на Турците
Поради таквите случувања во Воден биле испратени 200 души аскер, а биле повикани на едномесечна вежба сите воени резервисти од Солунско, Серско, Драмско, Гевгелиско и Кукушко. За Воден бил испратен
18 - oт стрелечки батлајон, меѓутоа неговиот комадант пред да
заминe од солунскиот валија побарал пари но тој одговорил дека нема. Затоа командантот истакнал дека тие
намa да се борат.
Во Солун дипломатските преставници сметале дека со наближувањето на зимата четите нема да можат да останат во планините но нема да се вратат ниту во Бугарија и ќе ја предизвикуваат незадоволната војска да изврши масакри со цел да се вмешаат големите сили.
Затоа од Цариград пристигнала наредба аскерот да ги гони четите но да не влегува во борба со нив, а борбите да ги води жандармеријата.
Солунксиот валија Хасан Фехми паша сметал дека состојбата во Воденско е резултата на свеченоста на Шипка и таа прослава Врховниот комитет сака да ја искористи за го убеди населението дека зад востанието стои Русија.
Валијата сметал дека по завршувањето на прославата движењето ќе замре. Според него Врховниот комитет со оваа постапка изгубил многу бидејќи населението ќе се увери дека нема да добие ништо и во иднина нема да оди по него.
Турските власти разбрале дека селаните од Тушим и Сборско се насилно во вовлечени во четите за да се предизвика востание. Затоа гонењето на побегнатите селани било ограничено.
Алај-паша до избеганите селани испратил повик во кој истакнал: ''Селани, што направивте! Никое друго село не востана, освен вашите две села. Знаеме дека сте измамаени. Не бојте се. Елате, предајте се, да не ви појде во ветар животот и имотот. Ако се предадете, ќе има милост за вас, ако не се предадете живи ќе ве изгориме
''
На 25 септември 1902 година селаните се предале. Тие тоа го направиле поради понудената амнестија но на тоа биле потикнати и од страна на Иван Пожарлиев кои ја увидел безизлезната состојба.
По предавањето на селаните врховистичката чета на Пожарлиев била пресретната од чета на ТМОРО и се повлекла кон Костурско. Пожарлиев поради неуспехот во Воденско се решил на предавство. Тој се обидел да ги предаде на власта имињата на 11 раководители на ТМОРО, но писмото не стасало до властите.
Поради ваквите настани Кирил Прличев во едно писмо до воденското раководство истакнал:
„ Такво е востанието на врховистите, од ден до пладне “
Последиците од ваквото врховистичко движење се почуствувале во поголемиот дел на Солунскиот револуционерен округ, а посебно во Воденско.
Четата на ТМОРО во Воденско се распаднала, Шаламанов успеал да им избега на врховистите но не и да им се спротистави,
со 4 души се отцепил така што четата се свела на 4 четници на чело со некој Лазо.
Најголемите последици ги почуствувало населението. Селаните од Тушим и Сборско по предавањето, иако им била ветена амнестија, биле гонети. 42 селани од Тушим и 8 од Сборско биле уапсени и спроведени во Воден. По пат тие биле мачени и тепани, а тушимскиот поп со двајца селни исчезнале. Се појавила гласина дека тие биле тајно закопани.
Други 20 души биле одведени во Ениџевардарско, а во Сборско биле обесчестени сите жени.
Селните од Сборско по враќањето во селото увиделе дека целата покуќнина им била однесена од страна на муслиманите. Тие се пожалиле кај селскот мудир, кај кајмакамот во Воден и кај солунскиот валија. Тие го замолиле валијата да им биде вратена покуќнината бидејќи децата ќе им умрат од глад и студ. На крајот истакнале дека ништо друго не им останува друго:
„ освен да дојдат сите во Солун и да се фрлат во морето, за наеднаш и засекогаш да се избават теглилата “
Сепак власта сите уапсени селни ги ослободила освен оној во чија куќа бил убиен таксилдарот. Особена жестоко при гонењата се покажале жандармите составени од Геги (албанци)
и затоа англискиот конзул побарал тие да бидат заменети со редовна војска.
Горноџумајско
востание
Горноџумајското востание започнало во септември 1902 година и ги зафатило териториите од левата и десната страна на реката Струма. Организатор на востанието бил Врховниот македонски комитет на чело со Стојан Михајловски и Иван Цончев, тие дејствувале со согласност на бугарската влада и кнезот Фердинанд
1. Треба да се истакне дека не станува збор за востание во вистинска смисла на зборот, бидејќи населението во Македонија не востанало. Оваа раздвижување во Македонија допринело да дојде до една реформска иницијатива која е позната како Февруарски или Падарски реформи. Најголемата последица од врховистичкото движење е што тоа во голема мера влијаело да дојде до предвремено кревање на Илинденското востание.
Кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година врховистите ги зазеле Горноџумајско, Малешевско и Петричко, а во останатите делови на Македонија врховистички чети ја продолжиле својата пенетрација.
Врховистичката пенетрација најсилно се почуствувала во Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ. Овие два округа се граничеле со Бугарија од каде што доаѓаал врховизмот, врховистичката акција била кординирана од еден центар и преставува единствен процес во двата реона
.
Во текот на првата половина на 1902 година врховистите ја продолжиле својата агитација кај населението и борбата со ТМОРО за контрола на териториите. Врховистите при својата агитација се користеле со закани, присила и предавства.
Иван Пашалијата во едно свое писмо од 11.03.1902 година истакнал:
''Браќа селани... ВК ќе не снабди со оружје и ќе не зачува од непријателите (ТМОРО б.н), сиот народ е наш, силата е наша... изберете се двајца луѓе, дајте им писмени овластувања да отидат во Z за да добијат оружје за целеото село, а Јaс ќе ви дојдам на помош и ќе ги смачкаме главите на непријателите... секој во Македонија треба да бара помош од ВМОК во Софија, зошто тој е одреден од големите сили да го покровителствува ослободувањето на Македонија и Одринско.
Дончо Златков бил уште повеќе дрзок, тој во едено писмо до еден пограничен раководител на ТМОРО му пишал:
'' Господин ''... да ги советуваш пријателите да не пречат на работата, да не ги мамите селаните да се колебаат, зашто некоја вечер ќе заспиеш и не ќе се разбудиш... јавно ви велам дека ќе ви дојдам во градот, та сите... ќе ве пратам во Подрум Кале
.''
Ваквите закани станувале реалност. Алекса Поројлијата на 11.05.1902 година испратил писмо до мудирот од село Долни Порој во кое истакнал:
'' Уќуматот ги бара и преследува комитите по планините... Четите не се по планните, туку под носот на власта. Како такви ги посочил Лука Поп Теофилов, Димитар Атанасов, Атанас Ников во Серес, учителот Динков во Баракли Џумаја и учителите Трушков и Динев во Петрич... Тие ја вознемируваат земјата. Тие се вистински комити, кои и мене ме направија таков''
Српскиот дипломатски преставник во Софија, кон крајот на март 1902 година истакнал дека новата врховистичка провокација во Македонија е резултат на судирот кој настанал меѓу поранешното и актуелното раководство на Македонскиот комитет, како и различните погледи за решавање на Македонското прашање. Според него:
''Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и прсетваник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност''
Меѓутоа
истиот тој
српски
преставник
истакнал
дека:
''Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде пос сизеренство на Султанот. И токму затоа што не сакаат да допшуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата - Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите б.н). Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот прврзаник на Каравелов''.
Според Ѓорче Петров:
... востанието на Цончев било со подршка на кнезот (Фердинанад б.н) со две цели:
1. Да се испрати еден фише за да може подготвуваното востание од Организацијата, да се искористи на дипломатски план. 2. Владата на Радославов на лесен начин да го привлече патриотскиот елемент на своја страна, за да го искористи во партиски цели, без да мисли дека е можно едно сериозно востание. Во мај 1902 година Македонскиот врховен комитет подготвил план за востание во Македонија, а тој се состоел од три точки:
а) Стојан Михајловски и Иван Цончев документирано да ја преставаат неподносливата положба на населението во Горноџумајско и Малешевско пред бугарскиот министер за внатрешни работи Људсаков и Радев, а со тоа била побарана дозвола за кревање на востание во Македонија.
б) Иван Цончев и Стефан Николов да навлезат во Македонија и да извршат инспекција до реката Вардар, по што ќе одлучеле дали да се крева востание.
в) Полковникот Атанас Јанков да навлезе со чета во Битолскиот револуционерен округ Mалку е
познато дека
во досега
неправилно
сатанизираното
таканаречено
Горноџумајско
врховистичко
востание,
воено-оперативниот
водач на ова
востание,
полковникот
на
бугарската
војска Атанас
Јанков (инаку
етнички
Македонец), непоколебливо
се сметал за
директен
потомок на
Александар
Македонски.
Пред самиот
почеток на
Горноџумајското
востание, тој
до
востаниците
го упатил
прогласот во
кој тој ги
повикува
востаниците:
''Да се
сетат на
светскиот
победител
Александар
Македонски,
потоа на
царот Самоил
и на Марко
Крале,
бидејќи во
сите нив тече
македонска
крв, а нивните
души од
небесата го
благословува
нивното дело
за
ослободување
на
Македонија.''
Овој
патриотски
повик уште
тогаш бил
пренесен во
сите
позначајни
европски
весници, а
поради
фактот што по
овој повик
востанатите
Македонци (т.
н. врховисти)
масовно се
впуштиле во
борба против
Турците,
јасно е дека и
тие во целост
се
согласувале
со неговата
содржина. Инаку, по
востанието
полковник Атанас
Јанков во
едно
интервју,
исто така од 1902
година,
повторно
децидно
изјавува
дека тој е
Македонец, а
не Бугарин, а
подоцна
учествува и
во
Илинденското
востание.
Малку е
познато дека
античко-македонската
етничка
свест кај
нашиот народ
дошла до
израз дури и
во периодот
на
Илинденското
востание,
наспроти
силното
влијание на
Егзархијата.
Така на
пример, во
една
непотпишана
статија од
весникот
Автономна
Македонија,
објавена во
екот на
Илинденското
востание во
август 1903
година,
пишува дека
Александар
Македонски
своевремено
ги
благословил
Словените:
''Денес,
кога ни се
наложува да
помогнеме во
заштитата на
угнетените
Македонци,
ние треба од сe`
срце тоа да го
сториме...
Уште
Александар
Македонски,
тој цар на
вселената,
има
посведочено
за
добродетелствата
на
словенското
племе, кога
изјавил дека
Словените
носат
херојски
срца и поради
тоа
заслужуваат
да го носат
големото име
Словени. Пред
да умре, овој
наш голем
завештател,
изјавил дека
го
проколнува
секого што ќе
ги
злоставува
Словените...
Сега, ако
Македонците
не се во
состојба
сами да го
спречат
нивното
истребување
и да си ја
подобрат
својата
состојба,
тогаш
Бугарите,
Србите,
Црногорците
и другите
Словени се
должни да им
притекнат на
помош на
своите браќа
по крв и вера.''
Авторот
Петар
Загоров, во
екот на
Илинденското
востание во
септември 1903
година во в.
Автономна
Македонија
ја објавил
песната Таму,
во која,
помеѓу
другото,
напишал:
Таму кај
Пинд и Шар,
кај Струма и
Вардар,
каде сe` е
покриено со
длабоки рани,
достојни
потомци на
Велики
Александар,
херојски се
борат со
вековни
тирани.
Последици - Тортура
Бегалци од Горноџумајското востание
Кон крајот на октомври во Струмскиот чифлиг пристигнала една комисија на чело со џумајскиот кајмакам. Комисијата ги посетила Покровник и Моштанец. На тамошните селани им била прочитана прокламацијата за амнестија и било побарано селните да го предадт оружјето. По мачењето на коџабашијата селаните предале 58 пушки. Набргу комисијата си заминала, а по нив дошол аскер од 50 души кој извршил жестокости и си заминал. На 30 октомври 1902 година дошле 200 арнаути од кои проплаклао се. Тогаш околу 500 селани од Железнец, Покровник, Падеж, Крџово, Дреново, Лисија и др. побегнале за Бугарија. Во Железнец пристигнал аскер од 200 души и започнал да бара пушки. Од селото биле мачени 40 селани, а повеќе жени биле силувани. Во текот на претресот биле заклани две деца. Во Падеж биле силувани 3 жени, а 15 селани биле мачени. Во Покровник до смрт биле тепани 15 селани, а сите фатени жени биле силувани. Во Лисија мажите побегнале од селото но сите жени и моми биле силувани. Овој метод бил применет во сите села. Еден јусбашија се фалел во една кафеана во Горна Џумаја како:
„ ги соблекувал жените и ги водел пред шаторите на војската, додека тој ги јавал “
Репресивните мерки биле применети и во Разлошко иако таму немало врховистичко движење како во Горноџумајско. Во Џумајско и Разлошко биле убиени 37 мажи и 8 жени, 304 мажи и 134 жени биле мачени, 111 жени и моми биле силувани, 807 куќи биле ограбени, а 67 опожарени. Поради таквото настапување на османлиските власти дошло до времено раселување во внатрешноста како и до бран на иселување во Бугарија. Таму побегнале 2.000 жители.
МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
3A ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ТУРЦИТЕ ОСМАНЛИИ
Македонците организирале повеќе организации од крајот на 18 век и почетокот на
19 СО ЦЕЛ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ОД ОСМАНЛИИТЕ И ВООЗОБНOBУBAЊАЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА после многу векови. Попознати биле ВМК и ТМОРО - ВМОРО кои поправо и соработувале ма подоцна во борбата КОЈ ДА СИ ГО ОБЕЗБЕДИ ВОДСТВОТО ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД почнале да се борат меѓу нив
.
ВМК од ТМРО - ВМРО биле обвинувани дека се продолжена рака на бугарскиот двор а ТМOРО - ВМОРО од ВМК дека се прости селани. Bо сетa таa меѓусебна борба за власт меѓу македонските организации
апрофитирал бугарскиот царски двор кој на крајот после
срамната делба на Македонија од страна
на Бугарија , Србија, Албанија и Грција и ги забрани сите македонски автономистички организации и познатата ВОЗОБНОВЕНА ВМРО од Тодор Александров. Кога сватиле каква е вистинската состојба било касно.
Македонски Комитет, Врховен Македонски Комитет, Врховен македонско-одрински комитет е организација на македонската емиграција, не само од Бугарија туку и од Романија, всушност за време на неговото создавање била повикана сета македонска емиграција и од таму каде што немало организирани друштва. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Официјалната цел на организацијата била Автономија на Македонија, врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес.
.
Трајко Китанчев првиот претседател на Македоскиот КомитетПОВЕЌЕ....
Македонска Револуционерна Организација (МРО), Тајна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО)
Предзнак на востанието 1903 - велешките гемиџии
Македонската Револуционерна Организација ја започнала македонската националноослободителната борба и го предводело населението во Македонија, без разлика на неговата вера и народност, во борбата против Отоманската империја. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија.
Причини за
појава на
организацијата
Турската власт и разгранетите пропаганди во Македонија, неизбежно воделе кон појава на македонското револуционерно и националноослободително движење. Од една страна била Отоманската империја која со својот управувачки систем посегала по животот, честа и имотот на секој македонец. Од другата страна, биле странските пропаганди, првенстевено бугарската, грчката и српската пропаганда кои со своите црковно-преосветни дејности го делеле народот во Македонија и го загрозувале неговиот национален индивидуалитет.
Пропагандниот натпревар требало да обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија. Тие во погоден момент требало да послужат како ванатрешни нацинални сојузници и оправдувачки фактор за нивните територијални претензии во Македонија
Затоа не треба да изненадува писмото на Митрополитот Теодосиј Гологанов од 22.06.1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј, во кое пишува:
''Ние Македонците немаме толку мака од Турцитте да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат''
Писмот на Митрополитот Т. Гологанов само потврдува дека пропагандите станале:
''кохезионен фактор кој ги збил редовите на македонската младина, граѓанските, првенствено егзархиските средини и интелигенција''
Во почетокот на 90-години на 19 век во Македонија се појавило едно силно антиегзрхиско движење и во контекст на ова движеѓе Ѓорче Петров истакнува дека се јавило едно настроение на:
Mладите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваа моќен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младите... Ова движење се паѓа паралелно со појавата на таканаречениот од некои македонски сепаратизам, изразен преку списанието Лоза, во Софија, раководено од Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други... Во Солун се пројави меѓу учителите во гиманазијата исто ова сепаратистичко движење. Реченото раздвижување ... го сметам како прв чекор на самодејност во земјата... Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење.
Обиди за
формирање на
револуционерна
организација
Првите обиди за формирање на организација се датираат кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на 19 век, некаде околу 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат:
''организација за ослободување''
Во летото 1891 година во Битола, Дамјан Груев направил обид за формирање на една организација, имено тој го формирал Учителскиот сојуз со чисто револуционерни цели, но неговата дејност била попречена од Архимандритот Козма Пречистански.
Гоце Делчев во своето писмо до Ефрем Каранов од 1897 година пишува: Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешно востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, кој го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечката правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него. Максимата на Гоце Делчев, големиот идеолог на Внатрешната организација, беше дека ропството се должи, пред сѐ, на самиот роб и се крепи од него повеќе отколку мачителот и дека кога робот престанува во душата да биде таков, ропството исчезнува. Гоцевите спознанија за ропството се речиси идентични со оние на Александар Кожев. Овој француски филозоф истакнува дека сите човечки антропогенетички желби – желбите што ја создаваат самосвеста, човечката стварност – се, конечно, функција на желбата за признавање. И ризикувањето на животот, преку кое човечката стварност излегува на виделина, е ризик во името на таа желба. Затоа, за да говориме за потекло на самосвеста, нужно е да говориме за борбата за признавање – до смрт.
Бугарите биле верни турски вазали, Македонските револуционери ги апселе.
Во пресрет на Илинденското востание 01/02/1903 бугарскиот Министерски совет делувал на растурање на Македонските револуционерни организации во Бугарија.
Бугарите биле верни турски вазали, Македонските револуционери ги апселе во пресрет на востанието, е евидентно биле многу добро информирани за дигањето на востанието.
Султанот му заблагодарува на Фердинанд и бугарската влада што ги апси Македонските комити.
Бугарското зависно Османлисно кнежество 1903 било спремно да ги помогне османлиите со 2 баталјона против Македонските Илинденски востаници 1903 година.
Весникот ''Таимс'' (Време) бугарското зависно кнежество го именува ''држава'' но тие не биле држав сé уште тогаш.
''Македонците да се борат до смрт,.. Автономиjа или смрт''. За Македонија и Македонците е пишувано со милениуми, траги-комични се тие кои се обидуваат да ги опоруваат.
Манифестот на Крушевската Република содржи „бајрако на Македонија“, „ македонски синој“„Ура За Афтономна Македонија!" напишано на крушевско наречје. Никаде нема Бугари.
1903.08_Никола Киров Мајски - Крушевски манифест
Крушевски Манифест, но во бугарскиот архив, можно е да е манипулиран
Фотографии од македонското Илинденско востание објавени во италијанското списание “Illustrazione Popolare” на 4. октомври, 1903 година. На фотографиите се прикажани востаниците од четата предводена од Питу Гули.
Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода...
... Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите...
Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба!
.. Ако и вие нe имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале досега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Ура! За Афтономна Македонија!
Во текот на востанието, дедо Стојан од селото Орланци (Кичевско) со ’рѓосан јатаган ги придружувал востаниците кај месноста Рабетин Кол. Силната потера од војската ги принудила востаниците да се повлечат на планината Песјак, меѓутоа дедо Стојан бил стигнат од едно одделение војници, на чело со еден млад офицер. Офицерот гледал со љубопитност и заповедал да не го убиваат. По арогантните одговори што ги дал, офицерот му рекол дека со камен ќе му ја скрши главата како на змија. Му ја ставиле главата на еден камен, а војник со друг камен стоел над него. Наместо молба и аман, дедо Стојан извикал: „Удрете, бе кучиња, јас и да умрам не жалам, штом се дигна востание и земјата ќе си ја земеме.“
Bо текот на Илинденското востание 1903 за период од два месеца вкупно биле направени 17 црешови топови. Единственото црешово топче кое го преживеало востанието е она што го заробиле кај Слива, Kрушевско, денес во Воениот музеј во Истанбул.
Наредбата на комитетот од Солун за дигање востание беше избрзана, да ја наречеме така, во секој сличај се дигнаа востанија низ цела Македонија не само во Крушево, Смилево, туку и во Егејска Македонија како и Пиринска Македонија. Комунистите на Лазар Колишевски востанитето го лимитираа и го направија локално со помош на лажни историчари. И по 1991 иста ''песна''. Но тоа востание за ослободување на Македонија организирано од ''Централиститѐ'', сепак беше избрзано и недоволно организирано, направи голема штета врз отпорот на Османлиите и странските вијанија. Во Македонија во 1903 имаше од 300.000 до 500.000 аскер и башибузук.
Системот на Гоце Делчев пред востанието функционираше,'' Не ние да ги победиме Oсманлиите, туку тие да не не победат'' и успешно се справуваше со странските влијанија, кои по востанието, го засилија своето влијание, одобрено од Османлиите - таргично заврши и за нив.
На Илинден во Крушево во 1903 се борат околу 200 велешани во трите чети на велешките војводи: Алабакот, Офицерчето и Докурчев. Во 1950, 20-тина преживеани свечено се фотографираат. Меѓу нив има и три жени и многу погледи со строг прекор, значи во редовите на востаниците имало и жени или жени војводи.
1903, 23 март. Љубљана. Пред илинденски период.
Албум за Македонија и животот во неа на 1500 страници ќе издадат pyските писатели. Ќе учествуваат и Лав Толстој и Максим Горки. Со тоа македонците ќе добијат 20000 pyбљи. Во корист на Македонците ќе се одржи предавања низ цела Pyсија.
Да се убие принцот Фердинанд
„Сметајќи го Фердинанад за носител на политиката на погроми и катастрофи, одлучиле тој да биде ликвидиран и новиот режим во Бугарија да биде прокламиран во името на народновластието и против империјалистичката војна и реваншот. Атентатот врз Фердинанд требало да го извршат македонските и тракиските револуционери, а воведувањето на народовластието требало да го спроведат политичките партии на Бугарија, кои зад себе имале поголема маса приврзаници. Заради преговори со лидерите на политичките партии во Бугарија била избрана тричлена делегација во состав: Јане Сандански - претставник на македонските револуционери, Михаил Герџиков - претставник на одринските и Крсто Станчев - претставник на бугарските журналисти и општественици. Меѓутоа не бил постигнат договор со политичките партии. Дел од нив биле вчудоневидени, дел уплашени, дел малодушни и не го одобрувале тој, според нив, анархистички чин“.
Со Нас е Бог Момчиња Победата Е Наша, Охрид 1903 година
СЕДУМ
ОБРАЧИ ОД KОМИТИ
И АСKЕР ВО
МАЛЕШ ВО 1903
ГОДИНА
Велигденската
битка на
Готен била
најкрвава
спроти
Илинден
Десетина
чети со
речиси 300
комити и
значително
помногуброен
аскер се
судриле во
Малеш во
големата
битка од
април 1903
година, на
Велигден,
една од
најкрвавите
во
предвечерието
на
Илинденското
востание, кое
избувнало
четири
месеци
подоцна.
Прво аскерот
во Малеш
сардисал и
опколил
неколку
комитски
групи, на кои
на помош
почнале да им
доаѓаат
други
комитски
чети што во
тој период
биле во
Малешевијата.
На аскерот,
пак, му
пристигнувале
засилувања
од Берово,
Владимирово,
Радовиш и од
Струмица. Kој
како ќе
стигнел го
опколувал
другиот, па
бојот се
водел и со тие
пред и со тие
што доаѓале
од зад грб.
Многу
жртви и
ранети имало
на двете
страни, а
комитските
чети по
долгата
битка
успеале да се
пробијат и да
продолжат
кон местата
кон кои биле
тргнати.
Битката се
водела на
планинскиот
масив Готен
во Малеш, во
атарот на
беровско
Владимирово,
на
дваесетина
километри од
селото во
правец на
радовишко
Смиланци,
село исто
така главно
населено со
Малешевци, во
ненаселен
предел и
тогаш и денес,
во кој има
само некоја
сточарска
колиба.
Позната е
како Битката
на Готен, но и
како
Велигденска
битка, Kрвавиот
Велигден или
Готенско
муарaбе.
Освен
што е една од
најголемите
и најкрвави,
Битката на
Готен е и
најкарактеристичната
во
предилинденскиот
период. Прво,
поради
жестокоста -
аскерот и
комитите
меѓу себе се
стегнале во
седум обрачи,
прстени, а
второ, и
поради тоа
што првпат
заедно на
иста страна
војувале
централистички
и
врховистички
чети зашто во
судирот се
вклучила и
четата на
врховистичкиот
војвода
Никола
Лефтеров.
Затоа
народот таа
голема битка
ја нарекол и
Готенско
муарабе
според
турскиот
збор мераба -
здраво, а во
преносна
смисла и
подадена
рака - вели
Ѕвонко
Скендерски,
историчар во
беровскиот
Музеј.
За
битката има
малку
официјални
историски
податоци. Тие
потврдуваат
дека во
крвавиот
судир
учествувале
десетина
комитски
чети, од кои
некои
претходно ја
преминале
границата со
Бугарија, а
други веќе
дејствувале
во тој крај.
Во бојот
учествувале
четите на
Христо
Чернопеев, Kоста
Мазнејков (Радовишко),
Никола Дечев (Велешко),
Питу Гули (Kрушевско),
Тимо Ангелов (Тиквешко),
Ванчо Мицков (Kичевско),
Kондов (Прилепско)...
Имале помеѓу
250 и 270 борци плус
четата на
Лефтеров со 36,
а според
други извори
со 60 четници.
Според
најчестите
податоци,
османлиите
во битката
имале 250 мртви
и ранети,
комитските
чети дале 25,
според други
извори,
четириесетина
жртви, а имало
и ранети.
Загинале
многу млади и
неискусни
борци,
најчесто
ученици и
студенти, кои
дошле со
четите од
Бугарија, во
кои, освен
Македонци,
имало и
Бугари.
Меѓу
ретките
запишани
сведоштва за
крвавата
битка на
Готен е таа на
војводата
Христо
Чернопеев.
Неговите
спомени во
книга со
сеќавања и на
други
револуционери
од тој период
ги објавил во
1927 година во
Софија,
Љубомир
Милетиќ (1863-1937),
роден
штипјанец,
кој меѓу
двете
светски
војни бил
ректор на
софискиот
универзитет
и
претседател
на
Бугарската
академија на
науките. Во
спомените
Чернопеев
наведува
дека во
Македонија
од Бугарија
влегле две
седмици пред
готенската
битка. Ги
поминале
речиси во
континуирано
војување.
„Имаше
силно гонење
од Бугарија
кон мене и
другите, па
границата ја
минавме дење
кај селото
Саса. Таму
останавме во
колиби
четири дена
додека да се
подобри
времето.
Бевме речиси
190 души. Со нас
беа четите
на Kоста
Мазнејков,
Никола Дечев,
Тимо Ангелов,
Ванчо Мицков,
Kондов.
Битолчани се
одвоија и
заминаа во
Битолско.
Останавме 130
души заедно
со
кочанската
чета на
Делчо Kоцев,
која ни беше
спроводник
низ Осогово.
На
Веливторник
се утврдивме
кај селото
Лески на
падините на
Плачковица
зашто нe беа
забележале
некои ловџии.
Во близина
имало и
аскер, па
почнавме
битка. Дојде
аскер и од
Виница и од Kочани.
Ни го
пресекоа
патот. Ги
изгонивме од
два рида, но
останаа на
третиот,
највисокиот.
Битката
траеше долго.
Загубивме
четворица
борци, а еден
беше ранет.
Ноќта се
повлековме“
, запишал
Чернопеев.
Следниот ден
се поделиле и
тргнале во
два правца.
Четите на
Мазнејков и
Дечев
тргнале во
еден, а
Чернопеев со
своите преку
Малеш за
Струмичко.
Три-четири
дена биле
гладни, без
храна,
бидејќи
Турците
насекаде
имале
поставено
заседи. На
Велипеток
нашле брашно
во две
воденици и
зготвиле
качамак.
Следниот ден
пристигнале
во
Малешевско.
Жители на
Владимирово
им донеле
храна. Тогаш,
на
Велјасабота,
дознале дека
Мазнејков и
Дечев по
патот биле
откриени, па и
тие дошле во
Малеш, а по
нив и аскерот.
„Турците
на Велигден
ги нападнаа.
Бевме на час
и половина
растојание.
Со 30 души се
упатив да
помогнам, а
другите
останаа да
ни го чуваат
грбот. Во
близина бил
и Лефтеров,
кој беше
човек на
Цончев, но и
тој дојде да
помогне. Го
удривме
аскерот од
зад грб и ги
ослободивме
нашите, кои
веќе беа
дале пет-шест
жртви. Но,
дојде друг
аскер и удри
во грбот на
Лефтеровата
чета. Во исто
време
припукаа и
нашите што
останаа да
го вардат
нашиот грб.
Пак се
вратив да
помогнам.
Додека да
пристигнам,
веќе беа
загубени
седум
момчиња,
нападнати од
грб.
Лефтеровата
чета, пак,
беше
разбиена на
два дела.
Тринаесетмина
дојдоа кај
нас, а самиот
Лефтеров со
уште
неколкумина
заминал на
страна. Од
неговата
чета загинаа
11 души.
Жестоко се
боревме до
вечерта, а
ноќта се
пробивме“
, раскажал
Чернопеев.
По
долготрајната
битка, која се
водела на
многу
студено
време и по
заостанат
снег во
планината,
четите
продолжиле
главно кон
местата каде
што
планирале да
одат.
Чернопеев во
Струмичко,
Мазнејков во
Радовишко,
Лефтеровата
се вратила во
Бугарија,
Питу Гули со
четата
заминал во Kрушевско,
каде што
останал до
Илинденското
востание...
Речиси сите
воделе
жестоки
битки и до
Илинден, во
кои
повеќемина
комити и
војводи
загинале.
Меѓу нив и Kоста
Мазнејков,
кој на 11 мај 1903
година
загинал со
уште
десетмина
соборци од
Радовишката
чета кај
радовишкото
село Дедино
во
целодневна
битка со
османлиската
војска. Во
неговата
чета имало и
неколку
учителки од
Радовиш -
Зуица Kукутанова,
Елена
Христова и
Екатерина
Иванова, за
чии храбри
подвизи
тогаш
пишувале и
европски
весници.
За
битката на
Готен има
пишувано и во
неколку
монографии
за
Владимирово
и Малеш врз
основа на
сеќавања и
сведоштва на
учесници во
битката и на
селани од
малешевскиот
крај. Симеон
Левенски ги
забележал
сеќавањата
на својот
дедо Ефтим
Левенски, кој
бил во четата
на војводата Kрсто
Асенов, која
на Велигден 1903
била во
колибата на
Јованчо
Созовски во
месноста
Ретко Дабје,
недалеку од
Готен.
„Само што
почна да се
зазорува,
додека
нашата чета
уште спиеше,
во колибата,
н` разбудија
силни
експлозии.
Беше јасно
дека доаѓаат
од Готен.
Веднаш
тргнавме.
Претпоставувавме
дека е
нападната
наша чета,
централистичка.
По еден час
одење,
стигнавме и
видовме дека
во
смиланската
колиба е
опколена
чета за која
потоа
разбравме
дека е на Kоста
Мазнејков.
Занесени во
битката
Турците не
забележаа
дека и тие се
опколени од
нашата чета.
Потоа им
дојдоа
засилувања.
Но, и сите
наши чети
што беа во
планината
разбраа што
се случува,
па доаѓаа на
помош. Дојде
и врховистот
Kољо
Лефтеров,
иако долго
размислувал,
но победила
солидарноста,
па во
битката се
вклучи и
неговата
чета, со која
претходно
имавме
непријатни
средби, па и
жестоки
судири.
Потоа дојде
и Чернопеев
со своите...
Околу
смиланската
колиба се
затворија
седум обрачи
од Турци и
комити“
, раскажал
Ефтим
Левенски.
За
готенската
битка пишува
и учителот од
Владимирово
и хроничар на
Малеш, Пано
Фичорски (1916-2002),
во својата
книга „Владимирово,
село на учени
луѓе“,
објавена во 1992
година.
Истакнува
дека во
периодот
пред
Илинденското
востание, од
јануари до
јули 1903, низ
Малешевијата
поминале
многу
комитски
чети поради
што имало
стационирано
силна турска
војска, па по
битките
населението
било
вознемирувано
и
репресирано.
Прва во
февруари
поминала
четата на
Борис
Сарафов со 60
четници.
Престојувала
во
кафевската
колиба, но
била
откриена и
предадена.
Загинале
петмина
четници и 41
војник, по што
биле
извршени
многу
опожарувања,
како и
одмазднички
разбојништва
врз
населението.
До Велигден
поминале
повеќе чети, а
за Велигден
дошле и тие на
Мазнејков и
Дечев.
Владимирецот
Спасе
Рабаџиски ги
одвел на
Готен и ги
сместил во
смиланската
колиба каде
што требало
да го
пречекаат
Велигден.
Вечерта им се
приклучиле и
малешевските
војводи и
четници
Христо Kотрулчето,
Нико
Зифовски,
Јован
Пачемски,
Ристо
Стамболиски,
Странџата од
Ратево...
Се
собрале
повеќе од сто
души четници
и војводи. В
зори, само што
станале да го
направат
адетот со
црвени
велигденски
јајца,
однадвор
припукале
пушки. Ноќта
биле
опколени од
беровскиот и
владимирскиот
аскер.
Почнала
крвава битка.
Мазнејков со
себе носел
бомби од
бомболеарницата
кај
осоговското
село Саблер.
Фрлале
врзани по
неколку, па
Турците во
почетокот
мислеле дека
во планината
комитите
довлекле топ.
На
опколените
комити на
помош
почнале да им
доаѓаат
другите
комитски
чети што биле
во близина.
„Во
близина бил
и
врховистичкиот
војвода
Лефтеров,
кој, според
кажувањето
на дедо
Ефтим
Манчовски,
во чија
колиба била
сместена
неговата
чета, долго
размислувал
дали да
помогне или
да го
напушти
теренот. На
инсистирање
на
повеќемина
четници било
одлучено да
им се
помогне на
опколените
централисти.
Со четата
пристигнал и
го опколил
аскерот што
во обрачот
ги имал
комитите.
Набргу
стигнал
радовишкиот
аскер, кој ја
опколил
Лефтеровата
чета. Па,
дошол
Чернопеев со
другите чети
што биле со
неговата и
од месноста
Гола Глава
го опколиле
радовишкиот
аскер. Нив,
пак, потоа ги
опколил
струмичкиот
аскер, кој
потоа бил
опколен од
четата на
радовишкиот
војвода
Ристо
Стаменов...
Битката, во
која
комитите и
аскерот се
затвориле во
седум обрачи,
траела и на
вториот ден
Велигден“
,запишал
Фичорски врз
основа на
сеќавања на
учесници во
битката и на
тогашните
жители на
Владимирово.
Подзаборавените
спомени на
големата
битка во
Малеш беа
освежени
лани, на
Илинден,
празник што
со децении се
слави во
Владимирово,
а последниве
години по тој
повод се
организираат
и
неколкудневните
„Владимирски
илинденски
средби“, во
чии рамки
минатата
година
првпат
организирано
беше
посетено
местото на
Велигденската
битка на
Готен каде
што се одржа и
историски
час, а се
заиграло и „Готенското
муарабе“, оро
создадено во
1903. Владимирци
велат оти тоа
традиционално
и помасовно
ќе се одржува
на секој
Илинден, а
исто така
местото, каде
што уште се
гледале
остатоците
од
смиланската
колиба, ќе го
посетуваат и
на секој
Велигден.
Тоа е
голема битка
и Македонија
не смее да
заборави на
неа. На
местото
треба да се
направи и
соодветно
спомен-обележје.
Сега теренот
е тешко
пристапен
зашто таму
минува само
шумски пат. Но,
се надеваме
дека ќе дојде
ден кога
конечно ќе се
направи
патот од
Берово преку
Владимирово
и Смиланци до
Радовиш, кои
веројатно се
единствените
два соседни
града во
Македонија
што не се
поврзани со
асфалтен пат,
со што и
пределот
каде што се
одиграла
готенската
битка ќе може
да го посети
секој - вели
пензионираниот
правник Kирил
Фичорски,
претседател
на
здружението
„Владимирски
илинденски
средби“ и син
на
хроничарот
Пано
Фичорски.
По
готенската
битка
настанало
Малешевското
оро
Големиот
број
загинати
Турци во
готенската
битка со коли
на воловска
запрега биле
пренесувани
преку
Владимирово
во Берово.
Берово било
во молк, а
христијаните
стравувале
од одмазда.
Некои
храбри и
видни
беровци,
Македонци, се
осмелиле тој
ден да ги
повикаат
ратевските
зурлаџии и
тапанџии да
дојдат на
таканаречениот
Цигански Рид
што ги дели
Берово и
Ратево, да
засвират
едно оро,
полно со
тежок ритам,
што ќе ја
симболизира
тешката
победа зашто
веќе се
расчуло дека
комитските
чети се
пробиле. За
цена не
прашувале.
Иако со страв,
ратевските
музичари
прифатиле.
Орото го
почнал
виртуозот Kантур
Дестановски,
чие
семејство со
генерации до
денес е
познато по
зурлаџии и
тапанџии.
Музиката
одекнувала и
во Берово, а
на ридот се
заиграло.
Така
настанало
Готенското
муарабе,
основата на
денешното
Малешевско
оро. Се свири
на речиси
сите
манифестации
во Малеш, а
често весели
гости знаат
да поканат
зурлаџии и
тапанџии за
да им го
засвират и во
кафеана -
истакнува
историчарот
Ѕвонко
Скендерски.
Во
Музејот во
Берово се
изложени
неколку
стари зурли и
тапани, а
Скендерски
вели дека
еден од двата
изложени
тапана
најверојатно
е еден од тие
со кои првпат
било
засвирено
орото во
април 1903
година.
Музејот
тапанот го
откупил од
Милаим
Дестановски,
правнук на Kантур
Дестановски,
кој сега е
музичар во
Детроит, САД.
Загинале
и биле ранети
и малешевски
комити и
војводи.
Во
Битката на
Готен имало
загинати и
ранети и
малешевски
четници и
војводи, од
кои
повеќемина
вечерта пред
Велигден
дошле во
смиланската
колиба. Меѓу
нив, како што
пишува Пано
Фичорски,
биле и
војводата
Христо
Андонов - Kотрулчето
и комитата
Нико
Зифовски.
„Kотрулчето
бил ранет во
ногата. При
пробивот се
скрил во
месноста
Синивер.
Нико
залегнал до
една дебела
бука во
месноста
Огнаница и
таму се
притаил
додека да се
повлечат
Турците. Но,
за негова
несреќа, тие
токму таму
решиле малку
да одморат.
По одморот,
трубачот на
аскерот
дошол на
неколку
метри од
него и
почнал да
свири за да
означи оти е
време за
тргнување.
Но, Нико
помислил оти
трубачот го
видел, ја зел
пушката и го
застрелал в
лице
трубачот.
Турците
припукале од
сите страни
и така го
убиле
бестрашниот
Нико
Зифовски.
Таа бука и
денес се
вика Никова
бука, а
месноста
Ников Гроб“,
пишува
Фичорски.
Во бојот
бил убиен и
командантот
на
беровскиот
аскер.
Неговиот коњ
три дена по
битката
трчал со
ергелето на
Јован
Дамјански од
Владимирово,
а
владимирците
Алекси
Постоловски
и Глигор
Алачки, кои
биле во
своите
колиби, три
дена попусто
се обидувале
да го намамат
со зоб за да
му ги симнат
седлото,
уздата,
узенгиите.
По
Велигденската
битка, според
Пано
Фичорски,
имало повеќе
одмазднички
чекори кон
жителите на
Владимирово,
село во кое во
1900, по
убиството на
селскиот
коџобашија,
била
отворена
касарна, во
која имало
постојана
чета од сто
души аскер,
која во 1909 била
запалена од
селаните.
ЗАПИСИ на капетан ФАЛКОНЕТИ од 1905/06 година: Грција ги лаже странските влади дека христијаните во Македонија се Грци!
„Во Македонија уште многу години ќе тече крв и ќе има свирепости од типот што веќе го видовме за време на нашите истраги и обиколки на теренот. Сите овие свирепости ќе бидат вршени во името на слободата на Македонците, кои се поделени во кланови што неизмерно се мразаат…“
, запишал пред сто и десетина години во својот интимен дневник капетан Л. Фалконети, еден од офицерите кои со Мирцштегските реформите биле распоредени во Македонија. Реформите се базирале врз предлогот на англиската влада од 1903 година а се предвидувало главниот инспектор Хилми-паша да добие двајца цивилни агенти, еден од Австро-Унгарија и еден од Русија, надлежни за примена на реформата во македонските вилаети од страна на турската администрација. Покрај нив, за реорганизација на турската жандармерија во Македонија бил именуван странски генерал, под чија команда биле испратени определен број европски офицери.
Еден од тие офицери е и Фалконети, чиј дневник дава пресек на она што се случувало во Македонија во тоа време. Според него,од она што можел да го забележи на теренот,
„европските канцеларии треба да прекинат со поддршката на интригите на Атина, Софија, Букурешт и Белград, и да се остави турската власт сама да ја обезбеди безбедноста“.
Во продолжение на својот дневник, Фалконети пишува:
Грците халуцинираат дека Византија може да се обнови!
„На 5 јуни 1905 година една банда од 105 души, бандити регрутирани во Грција, се истовари во Кавала и најверојатно со премолчана поддршка на турските власти се упати на север до Серез, со цел да изврши вооружена пропаганда. Во оваа ситуација Атина со екстремна упорност бара начини за отворање на нови конзулати и школи, испраќа агенти-провокатори и оформува вооружени банди, чија задача е да ги тероризираат селата што се отцепуваат од хеленизмот. Сепак, на крајот, оваа банда беше опколена од еден еден турски одред при што 11 нејзини припадници, сакајќи да се предадат ги кренале кундаците на пушките нагоре, но Турците, наместо да ги заробат, ги убиле сите до еден. По убивањето на овие припадници, остатокот од бандата се предала.
Злоупотребувајќи го својот недоволен буџет од еден милион и шестстотини илјади драхми, што секоја година го троши во Македонија, Атина ги пречекорува износите со поединечни прилози.
Всушност таа ги користи сите средства ’по секоја цена’ да се измамат странските влади и Европа, и да се потврди дека христијанското население во Македонија се Грци. А во последната Грчко-турска војна, погрченото население од Македонија во целост апстинирало од давањето подршка на нивните таканаречени браќа по крв, па Турците можеле да извршат мобилизација во средините населени со ’Грци’ без било какви проблеми. Какви „Грци“ се тие? Може дури и да наведеме дека одредени ’грцизирани’ трговци од Солун, и од некои други места, ги ставиле на располагање дури и своите финансиски заштеди и опрема за оформување прехранбени резерви наменети за мобилизираните армиски корпуси на турската армија! Интересно е дека ниту еден ’Грк’ од Македонија не сакал да стапи во редовите на армијата на кралот Георги, но и не бил присилен да го направи тоа“
, пишува Фалконети.
Сепак, подвлекува тој, површно гледано, денес Гркот е сојузник на Турчинот во Македонија:
„Грчките кајмаками, со цел да ги решат проблемите, заеднички презедоа обврска во црквите на Патријаршијата да префрлат што е можно поголем број егзархисти. Прогресивната примена на програмата за реформи малку го спречи ова движење. Главниот инспектор на трите вилаети, Хилми-паша, официјално одлучил сегде каде што населението ќе побара да се воспостави
''status quo'' од моментот пред случувањата во 1905 година.
Од друга страна, политички и религиозен идеал на
''хеленизмот'' е да се реконструира Византија.
Сметајќи ја Атина како провизорен главен град, Грците сметаат дека треба да ја возобноват големата Византиска империја а како последица на тоа, сите провинции во Европска Турција, треба да и припаднат нејзе. Залажувањата со овој сон, што никогаш нема да биде исполнет, врши притисок врз Грците за влегување во халуцинативна борба меѓу нациите, типична за нивниот разочарувачки идеал. Самите знаат дека во Серскиот санџак, како и во трите вилаети, бројот на вистински Грци реално е најнизок од сите. Дури и најбрза анкета меѓу населението овозможува секој многу лесно да се увери во тоа. Фактите се во нивните имиња. Сите ’Грци’ се викаат
Стојан, Васил, Митре, Марко, Трајко, Ѓорѓи… Овие имиња немаат никакви допирни точки со јазикот на Хомер и без сомнеж имаат словенско потекло. Затоа, од овие причини, Македонците-партијаршисти, значи оние што го зборуваат грчкиот јазик, ги нарекуваме ’грцизирани’ лица, а не Грци. Впрочем, во текот на нашите обиколки ни се случуваше на ’Грците’ да им го поставиме прашањето: ’Кој сте вие’ а тие ни даваа невозможен одговор: ’Јас сум Грк’, а притоа, во многу случаи, сосема го игнорираа или воопшто не го знаеја грчкиот јазик.“
’Гркот’ или Гркот е шпион, лажго и тргиовец со сомнителна чесност!
Во својот дневник од 1905-1906 година, капетанот Л. Фалконети констатира дека ’грчката пропаганда во Македонија се реализира по секоја цена, со посредство на поповите и учителите, грчките конзули и вооружените банди, кои понекогаш оперираат со премолчена согласност на отоманските власти’.
Според него, за илустрација на свирепите измами на хеленизмот во Македонија ќе биде доволно да се наведе неодамнешното расцепување на влашкиот елемент, кој ’Грците’ од Македонија го сметаат за сличен со нив, иако овие поранешни трговци во земјите на источниот Медитеран и источните пазари самите се нарекуваат Власи или Куцо-власи, а со сигурност се од латинско потекло… Тие го населуваат Серскиот санџак со 15.000 жители, и не се Грци.
„Пред неколку години еден познат човек по име Апостол Маргарити, жител на Македонија, ги разбранува сите идеи на неговите браќа по крв. Тој си дозволи да го нападне
''хеленизмот'' со изнесување податоци дека од другата страна на Дунав живее народ со исто потекло како и неговиот, и дека тој народ си има формирано своја независна држава. Тој бил промотор на расколот во влашката заедница се до нејзиното соединување со панхеленистичката идеја, односно иницијатор на поделбата на оние што ја застапуваат идејата да бидат Грци, и оние што сакаат да бидат Романци. Идејата направила брз напредок; насекаде се основале училишта во кои наставата се одвивала на турски, влашки и француски јазик. Значи, никаде на грчки јазик. По бугарскиот раскол, ова е втор најтежок директен удар што досега го има претрпено Патријаршијата, тоест
''хеленизмот'' во Македонија. Борбата се манифестираше како и секогаш не само на педагошко поле туку и во црквата, каде што тиранијата и неумоливиста на ’Грците’ беа проследени со екстремна омраза. Егзархиското свештенство, воодушевено од овие поделби, ги искористи сите сили со ласкање да ги придобие своите изгубени овчички што грчкиот пасторален стап често ги казнуваше, затоа што не беше способен да ги одржува во хеленистичкиот скут.
Како податок од документарна природа ќе наведеме дека влашкиот елемент е способен да влијае на привидната политичка рамнотежа на расите во Македонија. Сепак, ако ни се дозволи да го изнесеме нашето видување за карактерот на ’Грците’ во Серскиот санџак, ќе го објавиме следново:
’Гркот’ или Гркот е измамник и лажго, кој често пишува анонимни писма против странските конзули и други службени лица… Во моментот тој е сојузник со Турците. Им служи како шпион кој им доставува разузнавачки податоци, при што секогаш е подготвен за двојна игра во непријателствата со егзархистите. Овие непријателства често завршуваат со крвави пресметки. Половина земјоделец, половина војник, Гркот е и трговец со сомнителна чесност. Насилен е кон соседите, а Турците воопшто не го ценат и го користат само во процедурите за поткажување, односно за стратегијата ’подели па владај’, својствена на Отоманската империја“
, запишал капетан Фалконети.
Сепак, знаејќи ја ситуацијата, продолжува тој, и признавајќи им ја на Македонците нивната легитимна аспирација за слобода, треба да се запрашаме дали, ако сега се решава прашањето на Ориентот, тие би биле зрели за слобода. Ако ми биде дозволено да го кажам моето мислење ќе кажам дека мислам оти не е така. Евидентно е дека во контекст на интересите на Австријците, Италијаните и Русите, последниве ќе застанат на страна на Македонците. Затоа најдобро е уште извсно време да се задржи
''status quo'' – то.
Се чини дека европските кабинети треба да прекинат со поддршката на интригите на Атина, Софија, Букурешт и
Белград, и да се остави турската власт, со уништување на комитските и други банди, сама да си ја осигура безбедноста. Според мене, во Македонија во текот на многу години ќе тече крв и ќе има свирепости од типот што веќе ги видовме за време на нашите истраги и обиколки на теренот:
„Сите вакви свирепости ќе бидат вршени во име на слободата на
Македонците кои се поделени во кланови кои неизмерно се мразат… Заклучокот е дека Македонците не ги заслужуваат напорите што цивилизираниот свет ги чини во нивна полза…“
, заклучува во својот дневник капетан Л. Фалконети, член на меѓународните жандармериски сили во Македонија од првата декада на минатиот век.
1903 (7 Април) - Султанот Абдул Хамид 2 - ри го забранува терминот Македонија, за било каква службена употреба.
Бугарското кнежество како руски протекторат активно соработувало против Македонскто ослободително движење, заедно со Русија, Авдтро-Унгарија и итн. Значи Македонија бше негирана од сите со цел да си ја привојат.
Eвропските „големи сили“ во минатото еднаш издејствувале формална забрана за името Македонија и Македонци...
Рускиот министер за надворешни работи - Владимир Ламсдорф, заедно со министрите на Франција и Австро-Унгарија, кон крајот на 19. век, издејствувале - турскиот султан да го забрани називот Македонија.
Но сепак странските новинари известуваа, правилно, во повеќето случаеви.
“The Syracuse New York Daily Journal“, 8. септември 1905, за македонската амазонка Кристина Алтанова
1905 г. Краток текст за една релативно непозната македонска хероина – извесна Кристина Алтанова. Hejзиниот прекар бил – „Амајлијата на Македонија“.
А girl fights the turks to free Macedonia
Девојка се бори против Турците за да ја ослободи Македонија
(“The Syracuse New York Daily Journal“, 8. септември 1905.)
26-годишна девојка се зачлени во македонската револуционерна армија и сега маршира низ македонските планини заедно со револуционерните чети, борејќи се против Турците со сета своја енергија и оган што ги има секој еден обучен воин. Госпоѓа Кристина Атанова е модерната Амазонка (презимето всушност можеби е Атанасова или Алтанова, но погрешно е запишано од новинарот кој ја интервјуирал). Таа е жена од културата, поранешна учителка во Македонија.
Пред извесно време неколку нејзини ученици, млади деца, биле ѕверски убиени од распашана чета од турски војници, а Атанова едвај се спасила. Овој инцидент ја натера да се откаже од учителствувањето, и таа ѝ се посвети на својата земја. Се приклучи на востаничките одреди и стана професионален партизански герила борец.
Г-ѓа Атанова меѓу револуционерите е позната како „Амајлијата на Македонија“, од причина што кога таа била со својата чета им носела среќа. Таа е брза и прецизна пиштолџика, и во своите неколку битки досега убила 5-мина Турци.
Кристина Петкова Захариева - „Амајлијата на Македонија“, од четата на Јане Сандански, револуционерка од ВМОРО
Цела Европа сé повлекува во примитивна анархија. Подолго време силите го започнуваат мирот во Хаг,
оддлична земја, но од друга страна нивниот имот потпаѓа во краен и ужасно расипан варваризам. На територија од 40,000 квадратни милји масакрот стана виртуоз
и дело на безимена жестокост, форма на
конкурентскиот патриотизам. Безбедна во нејзиното пријателство со средниот исток каде валутата "риал" е во употреба, Европа необично гледа на
убиствата и тортурата на невини селани.
„Вестите од Македонија се влошуваат
секој ден. Омилени на Турција, грчки
банди, раскошно финансирани и организирани -
често организирајќи сé со над 200 мажи,
поткупени, ја масакрираа Македонија и го преименуваа населението во хелени. За две години тие
''хеленизираа'' 120 села користејќи методи
кои му дадоа ужасно ново значење на
античкиот збор "хеленизам"- (тоа е религија не нација, грците не се антички и се христијани, а не ''хелени'') Македонците, кои имаат и
сè уште се држат до славјанскиот идентитет и вера,
биле или убиени, затворени, или избегале. Има околу 300000 Македонци бегалци во Бугарија. Грција победи - но ако сé споредува со истата работата која ја правеа Турците за време на Османлиската Империја, тогаш навистина може да сé каже дека ова ќе биде последна победа за Грција.
Апсурдно е да Каракачаните, кои сé потомци на Дачите од Трансилванија (некогашни трибали, значи словени) и зборуваат сличен јазик на денешните Романци од Романија (римјанизирани), во 7 век се населиле во Тесалија и делови на денешна југозападна Албанија. Е сега тие кои немаат никаков контакт со "хелените", тоа е религија не нација ги "хеленизирале" Македонците 1907, кои сé вистинските потомци на Александар Македонски.
Њујорк Време
Јануари 19 1908
УЖАСОТ НАПРАВЕН ОД ГРЦИТЕ
Македонците Затворени во Куќите и Изгорени до Смрт
,.. Страшна трагедија во селото Драгош, во близина на Монастир, град во Македонија, пред неколку дена.
Додека траеше фестивалот и селаните играа по тревниците во јавниот парк, голема банда на грци одеднаш се нафрли врз нив и откако ги затвори во нивните куќи, ги запалија зградите и ги изгореа до смрт.
Меѓу жртвите има жени и деца, а низброени се меѓу дваесет и пет и четириесет и пет.
Четата на Крсто Лазаров, 1908 - Куманово, за време на ''Хураетот''. Крсто попрво бил со BМK потоа со ВМОРО, потоа станал србоман.
Комити 1908 за време на ''Хураетот''
Комити 1908
Македонките за да се заштитат од поторчување тетвирале крст меѓу веѓите
2 типа на Бомба Македонка
Македонската сферична рачна бомба била леана железна топка со внатрешна сегментација. Ѕидовите на телото биле околу 7мм. Имала голема навојна дупка на врвот, која била затворена со приклучок за запалката на телото од обработен месинг или сиво леано железо.
Приклучокот имал дупка во средината за безбедносната запалка и две затворени странични дупки кои биле користени да го зацрстат приклучокот. Кога навојот е во позиција, приклучокот го држи адаптерот на место. Адаптерот формира менгеме за одржување на безбедносната запалка во место.
Бомба Македонка опеана во поезија на Болшевиците од Арскиј 2. – псевдоним Афанасев Павел Александрович написана во декемвриското вооружено востание во Москва 1905
Пионерите на филмот во Македонија и во Југоисточна Европа познатите браќа Јанаки и Милтон Манаки се одговорни што и денес можеме да видиме како се живеело на овие простори пред стотина години. Во оваа прилика објавуваме застрашувачки филмски материјал за кој се претпоставува дека е од 1906 година на кој се гледаат повеќе обесени мажи во Битола, поточно на еден мост на реката Драгор.
Епопејата
на Ножот
Педесет и
четири
Македонци
ја испишаа
највеличествената
страница на
македонската
историја по
Илинденското
востание,
саможртвувајќи
се на
каменестиот
врв Ножот во
близина на
Плетвар, пред
100 година на 14
јули 1907, на
вториот ден
по Петровден.
По долгата
борба со
турскиот
аскер на
жешкото
јулско сонце,
откако им
снемува
муниција,
преостанатите
живи комити
легнале врз
последните
бомби и
колективно
заминале во
смрт.
Хероите од Ракле (Аракле)
На
каменестиот
врв се
саможртвуваа
54 Македонци
Војводите
кога
разбрале
дека ги следи
триилјадниот
аскер, ден
пред
трагедијата,
решиле да се
повлечат,
сметајќи
дека е голема
лудост
директно да
се судрат со
војската.
Меѓутоа, за
тоа не сакале
да слушнат
младите
момчиња
сместени на
Ножот. На
врвот била
целата
Костурска
чета од
триесетина
луѓе, а со нив
и по десетина
четници од
Велешката и
од
Прилепската
чета.
Војводите не
биле со нив,
биле долу на
состанокот. И
кога виделе
дека
комитите на
Ножот не се
повлекуваат,
им испратиле
курири со
наредба да се
повлечат.
Костурската чета
Тогаш, 19-
годишниот
Атанас Попов
од
костурското
село
Шестеово, кој
привремено
командувал
со четата, и
Трендафил
Думбалаков
од село Суха,
Солунско,
преку
курирот
порачале: „Ќе
им кажете на
војводите
дека
костурци го
сметаат
решението на
Војводскиот
совет
необврзувачко
за нив. Таа
заповед ја
наоѓаме за
неумесна и
нереволуционерна.
Опфатени сме
од оган,
гориме и сме
дошле да
изгориме.
Сакаме да
умреме со
достоинство.
Кажете им на
војводите
дека нашето
решение е
неповратно.
Друга
позиција
нема да
бараме. Ќе
останеме на
Ножот“.
Еден од
костурчаните
додал: „Не сум
дошол да
јадам
кокошки во
Македонија,
туку сум
дошол да се
борам“.
Таквата
одлука на
голобрадите
момчиња од
Костурската
чета ја
прифатиле и
четниците од
Велешката и
од
Прилепската
чета.
Така почнала
највеличествената
и
истовремено
најтрагичната
битка по
Илинденското
востание.
Аскерот го
командувал
искусниот
мајор Енвер-бег,
кој ги
познавал
сите тактики
на војување, а
против себе
имал млади
неискусни
момчиња, лудо
вљубени во
својата
татковина.
Mајор Енвер-бег
Пеколното
сонце ги
печело за
цело време на
битката, а на
височинката
на Ножот
никаде
немало ни
сенка, ни вода
да ја згаснат
жедта и да ги
изладат
загорените
души.
Битката
почнала во
зорите и со
секој час се
разгорувала
се' повеќе.
Комитите
гинеле еден
по еден, не
отстапувајќи
ни педа земја.
Бојот
завршил
доцна
попладне,
кога им
снемало
муниција, а
сонцето
требало да
дооди уште
една ортома
за да зајде.
Тогаш била
донесена
судбоносната
одлука. Тие
што останале
живи легнале
врз
неколкуте
преостанати
бомби и ги
активирале.
Одекнала
силна
експлозија
која се
слушнала до
околните
села, а делови
од
распарчените
тела паднале
врз аскерот
што стасал на
врвот.
Одеднаш на
Ножот
настапил
молк, се' било
неприродно
спокојно, а
потоа
војниците се
нафрлиле врз
мртвите
комите и
почнале да ги
соблекуваат
и ограбуваат.
Стасал и
нивниот
командант
Енвер-бег и
кога го видел
тоа, им
наредил:
„Никој не
смее да се
добере да ги
нагрди
хероите!
Гледате како
комитите ја
презираа
смртта?! Се
бореа и умреа
како херои!“
Потоа дал
команда со
три плотуна
да им се
оддаде почит
на
загинатите.
Вториот ден
по погибелот,
пред да бидат
погребани, на
Ножот дошол
италијанскиот
капетан
Џузепе Луци и
со својот
фотоапарат
го
овековечил
подвигот на
македонските
херои. Откако
ја направил
историската
слика на
мртвите тела,
која денес е
најубедливо
визуелно
сведоштво за
херојството
на младите
момчиња, Луци
се вратил во
Прилеп и на
членовите на
Комитетот им
рекол:
„Тие не
загинале, тие
сите се
самоубиле.
Гордејте се
со вашите
синови. Тие
победија“.
Пред да се
случи ова
херојство, на
младите
Македонци на
просторот
кај
прилепските
села Ракле и
Никодин биле
собрани
околу 200
македонски
комити,
испратени да
се
пресметаат
со
просрпските
чети што
крстосувале
по селата во
Азот и во
Порече.
Османлиските
власти за
нивните
планови
дознале од
турскиот
конзулат во
Софија. За тоа
дека Турците
им се на трага
на комитите
знаела и ВМOРО
од
телеграмите
што
стасувале во
Прилеп.
„Не станува
збор за
некакво
предавство
на
населението
од Никодин
или Ракле,
како што
сакаат да го
прикажат
некои тоа.
Аскерот бил
информиран
каде се
движат
комитите.
Попантов, кој
во тоа време
бил во
комитетот во
Прилеп во
своите
спомени вели:
’Ние го
потплативме
тој што беше
на
телеграфот
во поштата со
две лири и
едно рало
опинци да ни
дава препис
на
телеграмите
што ќе дојдат
од Бугарија.
Го
потплативме
и тој што беше
кај
командантот
за да не'
информира за
се' што ќе се
случува. Него
го
поплативме
со две рала
опинци и една
лира месечна
плата’.
Така тие
знаеле дека
Турците
преку Софија
следеле се'
што
случувало,
која чета
доаѓа, со
колку комити,
кој им е
војвода и за
каде таа се
подготвува“,
раскажува
прилепчанецот
Александар
Ивановски
Глоговичанец,
роден
никодинец,
кој половина
век ја
истражува
славната
епопејата на
Ножот, а
деновиве
објави книга
за хероите
кои многу го
задолжија
македонскиот
народ.
Глоговичанец
има близу
седумдесетина
години.
Додека
раскажува за
саможртвата
на Ножот и за
инертниот
однос на
државата кон
споменот на
хероите
плаче.
„Досега не е
изградено
барем едно
патче до
Ножот за да
можеме да
отидеме да им
се поклониме
на
македонските
синови, да
направиме од
тоа место
македонско
патриотско
светилиште,
каде што на
учениците ќе
им се држат
часови по
историја,
нашата власт,
и
поранешната
и сегашната,
целосно ги
заборави
хероите.
Народот си го
сака Ножот,
секогаш го
одбележувал,
оди ги
почитува
хероите, пали
свеќи. Порано,
за време на
социјализмот,
годишнината
на тој настан
достојно се
одбележуваше.
Борците го
ценеа тој
херојски чин,
зашто Ножот
за време на
антифашистичката
борба и НОБ
беше нивна
инспирација.
Македонската
држава не им
изгради
вистински
споменик кој
ќе ја
симболизира
македонската
борба“
...., вели
револтирано
Глоговичанец.
Иницијативниот
одбор за
одбележување
на
стогодишнината
од погибелот
на Ножот на
градоначалникот
на Прилеп му
испратил две
барања за
организирање
на
прославата,
но тој не ги
ги ни примил. „Кога
годинава ми
ја даваше
наградата ’3
Ноември‘, му
реков: ’Не
давајте ми
признание,
гледајте за
Ножот нешто
да направиме’.
Нема луѓе што
ќе се
погрижат за
изградба на
патот и да се
изврши
ексхумација
на
загинатите,
зашто и по сто
години никој
точно не знае
каде се
закопани“,
раскажува
Глоговичанец.
Во тоа време
сите се
плашеле да се
качат на
Ножот. Ако
некој отидел,
Турците ќе му
се заканеле
дека ги
чествува
комитите и ќе
го затвореле.
Се плашеле и
од четите на
српската
пропаганда. „Кога
требало да му
одржат
четириесетдневен
помен на
Димко
Газдата од
Прилеп, попот
од Ракле не
сакал да
отиде. ’Ако
четите на
српската
пропаганда
ме видат дека
им држам
панихида на
загинатите
на Ножот, каде
ќе одам тогаш
јас’, се
пожалил тој. А
војводата
тогаш му
рекол: ’Ќе
одиш попе, ќе
одиш. И јас
имам страв
ама одам
секаде’.
Тогаш попот
отишол на
Ножот. А кога
стасале на
врвот, виделе
околу 30
кучиња како
ги влечкаат
телата на
загинатите,
ги глодат
нивните
глави, раце и
нозе.
Загинатите
биле плитко
закопани.
Димко
Газдата бил
закопан
подлабоко, па
го нашле
неоштетено
неговото
тело. Попот ја
одржал
панихидата, а
војводата
наредил
останките да
се
презакопаат
подлабоко“,
раскажува
Глоговичанец.
Од 77
загинати,
познати
имињата само
на шестмина
Од
загинатите
на Ножот се
познати
имињата само
на шестмина.
Се знае дека
таму се
жртвувал за
слободата на
Македонија
Атанас Попов
од Шестеово,
Костурско;
Трендафил
Думбалаков
од село Суха,
Солунско;
Милан Петров
Топличанец
од Топлица;
Димко
Јованов -
Газдата од
Прилеп; Најдо
Андреев
Арсовски од
Папрадишта,
Велешко; и
Петко Којчев
од
Панаѓуриште.
Загинатите
се закопани
без
идентификација
од селаните
на Никодин, по
наредба на
Енвер-бег.
Загинатите
на Ножот не се
единствените
жртви што ги
даде
македонскиот
народ тие
денови. За да
им помогнат
на
опколените
на Ножот,
комитите
воделе битка
и во Јасенова
Глава, на
Попадинските
Чукари и на
други места,
така што
вкупниот
број
загинати е 77.
„Власта
тогаш не
побарала да
се направи
евиденција и
така нашата
историографија
е
посиромашна
за имињата на
седумдесетина
херои
загинати на
Ножот и на
Јасенова
Глава каде
што останале
мртвите тела
на уште
шестмина
комити, на
Попадинските
Чукари
единаесет, во
Пирковите
Трла
четворица, а
двајца биле
фатени живи, а
потоа
обесени,
едниот во
Велес,
другиот во
Кавадарци.
Англискиот публициста Н.Г. Браилсфорд во своето дело Македонија и нејзините народи ( 1906 ) го објаснува тоа вака:
'' Брзиот економски развој на Бугарија и потребата од работна снага привлече голем број македонски емигранти кои по враќањето во Македонија раскажуваа за слободата и благосостојбата во Бугарија и така се претворија во мисионери на бугарската идеја ''.
Кукушанецот Иван Хаџи Николов, еден од основачите на ВМOРО во своите спомени вака го опишува неговото прво патување за Бугарија во 1879 година:
'' Кога стигнав на слободната бугарска земја, ме обзеде силна возбуда, и плачев од радост како дете, го скинав фесот, го фрлив настрана и паднав коленички, бакнувајќи ја слободната бугарска земја '' .
Иван Хаџи Николов, тој што се поклонуваше на бугарската земја е, баш тој што најдобро го отсликува односот на омаложување од бугарска страна. Во своите спомени тој вака ги опишува навредите на бугарските учители кон Македонците во солунската гимназија во почетокот на 1890 година:
Дојдовме во Македонија да ве побугарчиме;
Дај ми пари да станам бугарин;
Македонците сте дивјаци - без секакво национално чувство;
Македонци – гнили конци.
И.Х.Николов јадосвањето го доведе до заклучокот дека колку тој и да сака да биде Бугарин, тој за Бугарите засекогаш ќе биде „ Македонец – гнил конец ”.
Браилсфорд, кој се имаше сретнато со повеќе членови на македонскиот комитет, го опишува со овие зборови:
„ Сонот на комитетот е Македонија да биде славјанска, но дефинитивно не бугарска држава.
Комитетот има цел да го воведе македонскиот диалект во училиштата на местото на литературниот бугарски јазик. За таа цел дури е и отпечатена граматика. Ова, за мене, е доволен доказ за искреноста и цврстината на локалниот автономен патриотизам ”.
Борис Сарафов, член на штабот на Илинденското востание, во своите спомени го пишува следното:
'' По заклучокот на генералштабот на 9 септември 1903, дека востанието нема да успее и дека тоа ќе доведе до катастрофални последици, одлучивме заедно со Груев и Лозанчев да испратиме писмо до бугарската влада и да ја повикавме вооружено да се замеша ''.
На 19 септември, пишува понатаму Сарафов:
'',... веќе не очекувавме повеќе резултат од нашето писмо до бугарската влада. Помошта никогаш не стигна, македонските села беа во пламен ''.
ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПЕСНА: Во „секој род има изроди“!
Пред повеќе од стои години, отприлика ова време, во септември, војводата Диме Чакре бил негде во близина на Прилеп. Предавникот Крапче го дознал местото и веднаш ја предал четата, но прилепскиот кајмакам не брзал да испрати потера затоа што било некаков празник. Во таква ситуација, наместо да се повлече, и да чека власта да си ја заврши работата тогаш кога ќе одлучи таа, Крапче му се заканил на кајмакамот за неажурноста:
„Јас телеграф ќе удрам на пашата во Битола!“ Или, со денешен јазик кажано, на „пашата“ во Брисел или на „пашата“ во Вашингтон! По заканата, кајмакамот бил принуден да издаде заповед веднаш да се тргне во потера по комитите.
Предавството како познатлив белег на македонскиот фолклор!
Мотивот предавство во македонскиот фолклор се среќава уште во записите на Марко Цепенков, поточно во две песни забележани од големиот собирач на македонското народно творештво. Песните се појаснети со негова „Белешка за војводитe“, со список на прилепски и кичевски војводи и комити, кои дејствувале во времето од 1878 до 1894 година. Во песната „Коне војвода Павлески и неговата дружина“ е даден историски вистинитиот опис за тоа како војводата Коне бил предаден на турската потера. Според песната предавството го извршил Илија Педа, епитроп на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош. Го поканил војводата со четата да дојде во манастирот на вечера, а во меѓувреме го известил уќуматот дека ќе дојдат комити, па да ги „фатат живи и да ги истепаат“.
Втората песна е песната за „Диме Чакре, прилепски војвода“, мошне интересна по содржина и по описите на одделни нејзини епизоди. Во истражувањето на проф. д-р Кирил Пенушлиски, истакнат македонски фолклорист, основоположник на оваа наука во Македонија, кој почина пред тринаесет години во Скопје, стои дека предавството како мотив во нашите револуционерни песни е еден од најпрепознатливите белези на македонската фолклорна традиција.
Но да се вратиме на песната за војводата Диме Чакре, која недвосмислено ја потврдува упорноста на македонските кодоши по секоја цена да ја извршат својата предавничка мисија. Имено, кодошот Крапче ги предал војводата и комитите навреме и по пропис, но прилепскиот кајмакам не се согласил да испрати потера затоа што било празник, поточно Велигден. И во таква ситуација, значи на празник, македонскиот предавник Крапче од Прилеп не само што не се повлекол, туку остро му се заканал на кајмакамот: „Јас телеграф ќе удрам на пашата во Битола!“
Преплашен да не ја изгуби позицијата и доходовната фотелја, кајмакамот бил принуден да издаде заповед да се тргне по комитите. Војската успеала да ја опколи четата на Чакре; овој ги повикал своите комити да се бијат јуначки, а бидејќи власта не успеала да ги победи, ги запалила куќите во кои се наоѓале. Значи, Крапче си ја завршил работата како што доликува на предавник како него. Без разлика што било празник што го почитувал дури и кајмакамот!
„Граѓани са се скарале, на партии са делени, парите са ги изеле!“
Во зборникот на Панчо Михајлов, поет и војвода, меѓу 67 песни се наоѓаат и пет песни со мотивот предавство. Во песната за Мише Развигоров е опеана херојската смрт на овој штипски војвода. На патот кон Штип, Мише бил предупреден од Ефрем од селото Сушево: „Не влевај Мише у градо/ граѓани са се скарале/ на партии са делени/ парите са ги изеле/ Мише, ќе ми те предадат!“
Војводата не го послушал советот, влегол во градот и веднаш бил поткажан на Турците. Опколен во куќата што војниците ја запалиле, тој сепак не се предал, туку жив изгорел. Во песната „Леонид војвода и јунакот Томе“, пак, војводата побарал од Томе да му донесе вечера надвор од селото. Потоа, откако за ова барање дознале „шпионите Визировци“, трчечкум го предале известувајќи дека „ќе иде ван од село/ преди с’нцето да зајде“. Турците го пречекале и го убиле.
И во песната „Загинувањето на младиот Мирчо“ се портенцира дека војводата со дружината влегува во селата Војница, Краинци и во Извор, каде што фаќа и погубува двајца шпиони – „Дачо и Пенчо Котев шпионино“. Кога се вратил во селото С’лб, Мирчо во дружината бил предаден на Турците и убиен. Следната песна, онаа за „Јованче Карасулски накажува шпион“ веќе во насловот ја посочува темата и настанот. Дејството се одвива во гевгелиското село Лубница во кое Јованче дошол во потрага по ошанските шпиони. Откако разбрал дека претходната ноќ Нико капидан и шпионите биле кај „Танче чорбаџија, тоа Танче Влао“, Јованче отишол пред портите на чорбаџијата, а потоа песната завршува со стиховите: „Ајде бре момчиња, храбри виј јунаци/ право врвејте в Танчовата куќа/ и сичко си тамо под ножа турете!“ Сепак, од петте песни со мотивот предавство во зборникот на Панчо Михајлов-Чавдар,македонски револуционер, публицист, книжевник и еден од најзначајните интелектуалци во движењето, најинтересна е песната „Сестра издава брата си Арса“. Сестрата ги информирала Турците:
„Ако го Арса барате/ в село е Подвис на гости/ на седум куќи кондисал/ кај Арса и кај Томета!“ Кога турската потера пристигнала во Подвис, започнала борбата, а песната на крајот завршува со стиховите: „Сестра си брата издала/ сестра си брата предала.“
„Тој го предаде Алексо за стоподесе ж’лтици!“
Десет песни во зборникот „Македонски народни песни“ на Коста Црнушанов се посветени на револуционери кои загинале поради предавство! Песната „Заробувањето на Алексо Турунџе“ го опишува предавството на легендарниот војвода извршено од кодошот Митре Гинков:
„Бог да убие шпионо/ шпионо Митрета Гинков/ шчо го предаде Алексо/ Алексо, страшен бунтовник/ тој го предаде Алексо/ за стоподесе ж’лтици…“
И војводата Марко Лерински загинал поради предавство: „Проклети биле чпиони/ Марка војвода предадоо“. Во песната, пак, „Не жаљај, мајко, зашчо јас ќе умрам“ на предавството му претходи предупредување од мајката:
„Не оди Кире, по дејна/ ного шпиони има/ ќе ми те предадат!“ Песната завршува со зборовите на војводата: „Проклети да са, мајко,/ моите шпиони/ на часо ме видоја/ и ме предадоја…“
Според истражувањето на Пенушлиски предавството како мотив го има и во песната за смртта на Гоце Делчев во која се пее за „црната чума во Демир Капија.“
Во еден од стиховите на оваа песна се вели дека „Пусти се црни шпиони/ Делчета ми го предадова“ , а Гоце Делчев потоа одговара: „Другари верни, зговорни/ бргу држете пусија/ оти сме ние предадени/ од тие пусти шпиуни!“
И Даме Груев, најблискиот другар и соработник на Гоце Делчев, загинал предаден од македонски шпиони во малешевското село Русиново:
„Бог да убие, наш’те душмани/ што предадоха славната чета/ славната чета, чуени војвода/ чуени војвода – Дамјан Груев!“
Познати се и песните за предавството на Георги Сугарев во мариовското село Паралово, но и предавството на Лазар Поптрајков предаден од Коте, кој му ја пресекол главата и му ја однел на грчкиот владика Каравангелис во Костур за „пендесет лири“ награда.
Во „секој род има изроди“!
„Зла коб постојано била надвисната над македонската нацционална борба за слобода. Нединството што се манифестирало уште во времето на Кресненското и Разловечкото востание продолжило да трае со уште поголем интензитет. Туѓите пропаганди најмногу придонесувале за меѓусебните идеолошки судири со трагични последици. Мотивот предавство во нашиот фолклор се потврда за македонската трагедија на братоубиствени пресметки. Народните пејачи што ги создавале револуционерните песни со мотивот предавство, предавниците секогаш ги осудувале со клетви и проклетства, откривајќи им на поколенијата дека во „секој род има изроди“, запишал основоположникот на македонската фолклористика Пенушлиски во своето истражување за предавството како мотив во нашите револуционерни песни
Во секој случај, опеаните предавства, казнувани од народот со клетви и проклетства, повеќе од еден век потсетуваат на тоа дека во „секој род има изроди“ а во „Песната за Апостол Петков Ениџевардарски“, на пример, наоѓаме и потврда за тоа дека меѓу Македонците постојано бил присутен стравот од предавство. Кога Апостол војвода бил предупреден да не оди во село Бојмица, затоа што таму го чекаат три пусии, а третата пусија се „клети шпиони“, тој одговара:
„Не ми е страх, бе мој дружино/ мен не ми е страх от андартите/ нито ме е страх од џандарите/ нај мен ми е страх, бре моја дружино/ нај мен ме е страх од другарите/ с тија шо пија и заедно спија“. Затоа, во тој контекст, македонскиот народ денес, и во ова време на предавства, мора да се чува од своите, од оние што со нас „пијат и заедно спијат“.
Македонски комити
ЈУНИ 1908 Г.: Како е договорена автономија на Македонија со главен град Солун меѓу рускиот цар и англискиот крал!
Во мај/јуни 1908 година, во Ревал, денешен Талин и главен град на Естонија, одржана е средба меѓу англискиот крал Едвард и рускиот цар Николај. На средбата е договорена автономија на Македонија, а веста за тој договор е иницијална каписла за Младотурската револуција која, меѓу клучните цели ја има таа за спречување на автономијата на Македонија, што подоцна би довело до независна држава со главен град Солун. Таа независна држава, веројатно ви е јасно, не би ги имала денешните проблеми кои ги има со Грција и Бугарија.
За жал, избувнува Младотурската револуција и автономијата на Македонија, која потоа би прераснала во незавиност оди во неврат. За да биде проблемот поголем, Младотурците до толку ја ослабуваат воената сила на Османската империја што таа станува лесен плен на балканските сојузници во Првата балканска војна, по што Македонија неповратно е поделена.
Во секој случај, овој неисполнет договор меѓу кралот Едвард и царот Николај е цврст доказ дека ниту Македонија е грчка, ниту поимот Македонија и припаѓа на Грција, како и цврст доказ дека христијанското население во Македонија нé е бугарско.
Токму затоа договорот бил можен, зашто во спротивно на „грчка Македонија“ не би се согласиле ниту кралот Едвард, ниту кралот Николај (поради германското влијание врз кралот на Грција Константин Први), а на бугарска Македонија не би се согласил не само Едвард, туку никој во Европа, освен Николај, бидејќи иако со германски кнез, Бугарија се сметала и била руска продолжена рака на Балканот.
Еве што, според белградска Политика, се разговарало на средбата меѓу двајцата монарси:
Политика 30 мај 1908 година
Англискиот крал Едвард со кралицата и голема придружба, пристигна во Ревал, каде го дочека царот Николај со членовите на своето семејство и министрите Столипин и Извољски.
Сиот руски печат говори за овој значаен состанок и мошне срдечно го поздравува кралот Едвард.
„Ново време“ зборувајќи за средбата на рускиот цар и англискиот крал, вели дека станува збор за нов поттик за европскиот мир. Соработката на англиската и руската влада за решавање на македонското прашање, ќе ги обедини овие големи сили. Фазата во која сега се наоѓа тоа прашање, благодарени на хуманата иницијатива на англиската влада, која е симпатично примена во Петроград, дава надеж дека ситуацијата во Македонија многу бргу ќе се промени, дека ќе настапи мирот, кој му е потребен не само на Балканскиот Полуостров, туку и на цела Европа.
И навистина, на средбата во Ревал нема ништо непријателско кон било која европска држава. Навистина, Германија се чувствува малку непријатно поради овој состанок, после кој секако ќе дојде до англиско-руско-француско зближување, но Германија одамна мораше да увиди дека Англија ќе стори се, за да направи да биде безопасна. И во тоа успеа. После договорот со Русија од минатата година во поглед на сите прашања кои се однесуваат на Авганистан, Тибет и Персија, дојде до спогодба со Франција, а сега и до приближување на Русија за сите прашања кои се однесуваат на Европа.
Успехот на руско-англиско-француската политика во исто време е и пораз на германско-австриско-унгарската политика која, криејќи се зад Мирцтешкиот договор, сакаше да го попречи работењето на оние сили кои навистина искрено работеа на решавање на реформските прашања во Македонија. И затоа, за сите нас е важно тоа што сега се случува во Ревал.
ПОЛИТИКА 31 мај 1908 година
Завчера, рускиот цар и англискиот крал разменија здравици кои цела Европа со нетрпение ги очкуваше.
Најпрвин, рускиот цар му наздрави на кралот Едвард и порача дека со голема радост може да го поздрави својот гостин во руските води, па потоа додаде:
Јас сум уверен дека оваа средба уште повеќе ќе ги зацврсти нашите врски, кои и претходно беа силни, дека нашите држави уште повеќе ќе се зближат и дека тоа ќе биде од полза на одржување на општиот мир. Нашите влади во екот на минатите години поволно решија многу прашања кои беа од посебна важност за Русија и за Англија. Јас сум уверен дека Вашето величество ги цени тие договри исто така како што тоа го правам и јас, зашто и покрај ограничената цел, тие сепак ќе придонесат за уште поголема доверба и пријателство меѓу двете земји.“
Кралот Едвард му се заблагодари на рускиот цар и потоа, меѓудругото, рече:
„Јас го потпишувам секој збор што Вашето величество го кажа во поглед на договорите потпишани од нашите влади. Уверен сум дека тие договори уште повеќе ќе ги засилат врските кои ги спојуваат нашите народи и дека ќе помогнат да се решат и другите важни прашања. Покрај тоа, јас сум уверен дека тие ќе сторат се што е можно за натамошно зближување на нашите држави, и дека ќе допринесат за одржување на општиот мир. Се надевам дека после оваа средба мошне бргу ќе му се укаже можност за нова средба со вашето величество.“
Германскиот печат мошне опширно ги коментира двата говора и тврди дека на овој состанок нема да се реши ништо значајно во врска со персијското прашање, но дека ќе се реши реформското прашање за Македонија, што нема да биде тешко зашто меѓу руската и англискаат влада веќе е постигнат договор.
Резултатите од тој договор ќе бидат објавени веднаш по враќањето на кралот Едвард во Англија. Сега, веќе може да се знае како отприлика ќе гласи тој договор бидејќи се знае што барала руската, а што англиската влада, но ќе биде интересно како ќе се постави Турција, која исто така веќе знае што отприлика содржи тој договор.
Во Русија владее општо мислење дека таа ќе го има клучниот збор во тие реформи, не барајќи никаква помош од Австро-Унгарија која стори се за Мирцтегштките реформи да не успеат.
ПОЛИТИКА вторник 3 јуни 1908 година
Ниту еден политички договор во последно време не ја заинтересирал толку Европа како ревалскиот. Цел свет ги има вперено очите во Ревал, зашто тука требаше да се решат неколку прашања од мошне голема важност и да се види дали е можно ново групирање на големите сили во корист на општиот мир.
Средбата заврши, но се уште не е познато што на него е решено и за што е постигнат договор. Министерот Извољски отворено им најави на некои англиски новинари дека е постигнат договор во врска со македонското прашање и прашањата кои се однесуваат на централна Азија, но се уште не е познато врз која основа. Но и тоа бргу ќе се дознае, зашто руската влада веднаш почнала да работи на создавање конечна програма за реформска акција во Македонија, која ќе им биде доставена на сите големи сили. Од говорот на министерот Извољски, мое да се дознае само дека тоа прашање е поволно решено и дека прашањето за финансиска контрола во Македонија е симнато од дневен ред.
Останатите прашања кои се ондесуваат на Персија, Авганистан и Тибет исто така се решени, што било полесно, бидејќи во договорите од мината година во врска со ова, требало да се внесат само уште неколку одредби.
Но сите тие прашња кои се мошне важни, не го заинтересираа толку многу европскиот печат, како прашањето дали на овој состанок се оди кон создавање сојуз меѓу Русија, Англија и Франција. Судејќи по настаните од последните години навистина може да се види дека Англија се обидува да се приближи до Русија и Франија што повеќе. Таа на тој начин го правеше тоа што интересите и наложуваа. Приближувајќи се до Русија, Англија го оневозможи секој договор меѓу Русија и Германија, а тоа е тоа што за неа е исклучително важно. Затоа, во Германија, состанокот во Ревал се очекуваше со поголемо внимание отколку во било која земја.
Дали во тој правец навистина е постигнат некаков договор, засега не може да се знае, но тоа ќе се види штом ќе се треба да се реши некое прашање за кое се заинтересирани сите големи сили.
СРЕДА 4 јуни 1908 година
Еден берлински весник, објави разговор што неговиот дописник го имал со германски дипломат, кој важи за добар познавач на состобите на исток, а по повод средбата во ревал. Може да се заклучи дека тој германски дипломат не е никој друг туку германскиот амбасадор во Цариград, баронот Маршал, кој сега е во Берлин. Тој меѓудругото рекол:
„Русија изгледа е лута поради железницата во Санџак. Зошто? Тоа никој не го знае, бидејќи жеелзницата е предвидена со Берлинскиот договор. Па, сепак, Мирцтешкиот догвоор не е анулиран. Со тек на време, овие работи ќе се избистрат. Кои мотиви треба да се бараат за постапките на Англија, не е сосема јасно. Тешко е да се оценат мотивите за постапките на една голема сила. Одредена улога тука играат и хумантитраните мотиви поврзани со внатрешната состојба во Англија. Какви се идните намери на Англија, тешко е да знаеме. Ни останува само да чекаме.
Ако руско-англискиот состанок имал за цел да се изврши врз султанот посилен притисок, треба да се има во предвид и расположението на муслимнското население во Македонија. Ова прашање е посебно важно, дали доколку станува збор за исплаќање на плати за подобрување на економската ситуација во Македонија и слично, ќе бидат задоволни и муслиманите. Но треба да се има во предвид дека тие во султанот не гледаат само свој владетел, туку и калиф и жесток присток врз него од странци би можел силно да ги вознемири. Муслиманите до сега мирно ги гледаа борбите меѓу христијаните во Македонија. Би било кобно кога тиe би нашле повод да се вклучат во борба. Тие во Македонија бројно се помалку од христијаните, но додека христијаните се борат меѓу себе, муслиманите сочинуваа една цврста група од милион и пол луѓе за кои треба да се води сериозна сметка.“
Како што е познато, Германците се советници на Турците, а па овој разговор можат да сe изведат мошне интересни заклучоци.
ЧЕТВРТОК 5 јуни 1908
После состанокот во Ревал, кој толку ја возбуди Германија, а уште повеќе италијанските политичари, се случува цела серија состаноци низ Европа.
Прво, претседателот на француската Република ќе оди на средба со рускиот цар. Франција, како сојузник на Русија, најмногу работеше на постигнување англиско-руски договор, зашто според зборовите на еден значаен италијански политичар, сакаше да го подготви теренот за друг троен сојуз, кој со успех би можел да застане наспроти сите неправедни барања и непријателски стремежи на стариот троен сојуз.
После тоа ќе има средба на рускиот цар со италијанскиот крал. „Трибуна“ пред некое време објави дека рускиот цар Николај ќе дојде во Италија, но руските весници веднаш го демантираа тоа. Сега, меѓутоа, се виде дека „Трибуна“ била во право: рускиот цар веќе ова лето ќе замине за Италија.
Оваа средба ќе биде од големо значење не само за италијанските сојузници, туку и за нас на Балканот, зашто во таа прилика сигурно ќе се решат некои прашања за кои во последно време Италија е се повеќе заинтересирана, а се однесуваат и на нас. За Италија оваа средба ќе биде од големо значење и затоа што, после руско-англискиот-француски договор, таа е доведена во непријатна положба. Италија глда дека против тројниот сојуз (Германија, Австро-Унгарија и Италија, н.з.) се создава нов сојуз, а на начин да се ослободи од обврските што ги презела во првиот сојуз, иако би сакала тоа да го стори.
Лерин - Македонија, жени во бурка
Веднаш по заминувањето на англискиот крал од Русија, сиот европски печат ја пренесе веста дека рускиот цар ќе се сретне со германскиот. Дали таа вест е точна ќе се види многу бргу, но таа сепак е интересна бидејќи се јавува во истиот момент кога со сигурност може да се тврди дека германскиот амбасадор во Цариград, Маршал, ќе биде преместен во Париз. Маршал е личен пријател на султанот и најголем поборник на политиката што сега Германија ја води кон Турција. Ако ова се покажае како вистина, тоа ќе биде сигурен знак дека Германија ја менува политиката кон Турција, а во исто време и знак дека руско-англиските предлози за реформи полесно ќе се спроведат.
1928 сликовито табло на леринските војводи
Табло на леринските војводи, паднати за Македонија до и за време на Илинденското востание,.. издадено по повод од 25 годишнината од востанието.
Сеќавањето
Започна еднo големо сеќавање пред една голема слика со картата на Македонија со вооружени Македонци до неа и со зората над неа со натпис ''Илинден 1903 г.''. Картата немаше намера да провоцира никого, а само потсетуваше на Илинденска епопеја 1903 година, да може да се дозволи да се слави и на Македонците во Србија. Под плакатите носени од илинденци во накитени Mакедонски носии, следува портрет на Даме Груев шефот на Илинденс,.. (кото востание).
Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики''
или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.
Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?
На ден
03 / Ma / 2009, е
конструирана
страницата
на
Македонија
é СЕ: http://www.makedonijaese.com/.
Тој ден и сé
смета за
роденден на
организацијата
Македонија
е СЕ.
Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.
Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.
Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и поттик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.
ГАСНУВА
- АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ
Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ
Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.