v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  29.11.2015 Македонија 

                   BMOPO - Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација 

TMOPO - BMOPO - Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација

       Македонска Револуционерна Организација 23.10/4.11.1893 (МРО), 1896 - Тајна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), 1095 - Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО) 

КЛЕТВА

КЛЕТВА

''Заклевам се во името на својата чест и пред БОГА, дека верно и чесно ќе и служам на интересите на својата татковина МАКЕДОНИЈА и ќе ги слушам беспрекорно заповедите на Внатрешно Македонскиот Револуционерен Комитет и ќе пазам во најдлабока тајна се што се врши во името на комитетот, дури и през најужасно мачење.
Ја поднесувам својата клетва со една целувка.
АМИН.''

КЛЕТВА

КЛЕТВА

Четата на Ѕоле Стојчев положува заклетва

       Македонската Револуционерна Организација ја започнала македонската националноослободителната борба и го предводело населението во Македонија, без разлика на неговата вера и народност, во борбата против Отоманската империја. Врвна точка на дејноста на TМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија.

                  Причини за појава на организацијата

 

      Турската власт и разгранетите пропаганди во Македонија, неизбежно воделе кон појава на македонското револуционерно и националноослободително движење. Од една страна била Отоманската империја која со својот управувачки систем посегала по животот, честа и имотот на секој македонец. Од другата страна, биле странските пропаганди, првенстевено бугарската, грчката и српската пропаганда кои со своите црковно-преосветни дејности го делеле народот во Македонија и го загрозувале неговиот национален индивидуалитет.

     Пропагандниот натпревар требало да обезбеди повеќе грчки, бугарски и српски национални приврзаници во Македонија. Тие во погоден момент требало да послужат како ванатрешни нацинални сојузници и оправдувачки фактор за нивните територијални претензии во Македонија

Затоа не треба да изненадува писмото на Митрополитот Теодосиј Гологанов од 22.06.1891 година, испратено до проигуменот Дионисиј, во кое пишува:

     ''Ние Македонците немаме толку мака од Турцитте да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат''

Писмот на Митрополитот Т. Гологанов само потврдува дека пропагандите станале:

   ''кохезионен фактор кој ги збил редовите на македонската младина, граѓанските, првенствено егзархиските средини и интелигенција''

         Во почетокот на 90-години на 19 век во Македонија се појавило едно силно антиегзрхиско движење и во контекст на ова движење Ѓорче Петров истакнува дека се јавило едно настроение на:

      Mладите против владиците, општините, егзархиските учители и службеници, и една струја против посегањата на Егзархијата бесконтролно да господарува во црковните и училишните работи во земјата. Еснафите, што во македонските градови сочинуваа моќен сталеж, скоро минаа во оваа борба на страна на младите. Ова движење се паѓа паралелно со појавата на таканаречениот од некои македонски сепаратизам, изразен преку списанието Лоза, во Софија, раководено од Арсов, Баласчев, Хаџи Николов и други. Во Солун се пројави меѓу учителите во гиманазијата исто ова сепаратистичко движење. Реченото раздвижување, го сметам како прв чекор на самодејност во земјата. Тоа неосетно се прероди во револуционерно движење.

 

          Обиди за формирање на револуционерна организација

Првите обиди за формирање на организација се датираат кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на 19 век, некаде околу 1889 година Пере Тошев му пишал писмо на Ѓорче Петров да формираат:

''организација за ослободување''

Во летото 1891 година во Битола, Дамјан Груев направил обид за формирање на една организација, имено тој го формирал Учителскиот сојуз со чисто револуционерни цели, но неговата дејност била попречена од Архимандритот Козма Пречистански.

Иван Хаџи Николов

      Во 1892 година кај Иван Хаџи Николов созреала идејата дека само една организација може да го пресече патот на пропагандите. Почнал да бара лица кој би можеле да му помогнат во оформувањето на таквата организација, и такви луѓе, во тој момент видел во Димитар Цонев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев. Оформувањето на организацијата било одложено, бидејќи биле малкумина, но идејата не ја напуштиле. Во јули 1893 година И. Х. Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и притоа ги преставил начелата врз кои требало да со основа организацијата.

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. поради тоа треба да биде тајна.

2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност, на каква што ќе бидат иузложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението.

3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од  Бугарите,Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија,  Бугарите, Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делови од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија.

4. Организацијат треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади.

5. Од Македонците во Бугарија и од бугрскиот народ ќе бараме морална... и материјална подршка без притоа да ни се мешаат во работата.

       Гоце Делчев го прифатил формирањето на организацијата, но неговото учество во неа, го условил со завршување на военото училиште во Софија.


                Основање на организацијата 

      Солун како културен, економски и политички центар на Македонија, во последната деценија на 19 век привлекол голем дел од македонската револуционерно настроена интелигенција. Во 1892 година во Солун се нашол Иван Х. Николов и на 11.09.1892 година (по стар стил) ја отворил својата книжарница. Есента 1892 година Христо Татарчев се вработил како лекар во Солуската егзархиска гимназија. Во јули 1893 година Дамјан Груев се вработил во печатницата на Коне Самарџиев како коректор. Во есента 1893 година Петар Поп Арсов се вработил како професор во машката егзархиска гиманазија. Д. Груев и П. П. Арсов се познавале уште од училишните денови, од друга страна Иван Х. Николов со Арсов се знаеле преку Младата Македонска Книжевна Друшжина, и затоа Арсов бил во комбинациите на Хаџи Николов за организација во 1892 година. Блиски до идеите на Хаџи Николов биле и Татарчев, Христо Батанџиев и Антон Димитров, а во учебната 1893-94 година, Димитар Цонев не бил во Солун. Д. Груев преку П. П. Арсов се запознал со политичките стремежи, цели и нереализирани планови на И. Х. Николов. Во август 1893 година Д. Груев се запознал и со Татарчев, барајќи од него лекарска помош. 

      На третата средба тие двајца отворено разговарале за положбата на населението во Македонија. Од друга страна Д. Груев се запозанл и со Антон Димитров. На 21.10/2.11. 1893 година покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Антон (Андон) Димитров, притоа тие разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да формираат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев. Се договорил за два дена да имаат нова средба. Всушност била договорена средбата на која била формирана МРО (Македонска револуционерна организација). Состанокот се одржал во сабота навечер на 23.10/4.11.1893 година, во станот на Христо Батанџиев. На овој состанок присуствувале Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и секако домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско]. На оваа средба била разгледана општата состојба во Македонија, и дошле до заклучок дека положбата на населението е неподнослива, за да се подобри потребна е една:

           планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има.


основачите на МРО

    Исто така била разгледана и опцијата самата османска власт да ја подобри положбата на христијаните преку реформи, но се согласиле дека е невозможно тоа додека не дојде до суштинска промена во душите и традицијата на муслиманите. O ткако ја отфрлиле оваа опција едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација. Според И. Х. Николов тогашбиле прифатени следните начела:

1. Организацијата да е тајна и револуционерна.

2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна.

3. Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност.

4. Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија.

5. Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.

Врз овие начела групата се конституирала

како друштво без писмен протокол и без да избераат раководители како претседател и слично. На таа средба не се утврдени никакви формалности, клетва или нешто слично, за да се сметаат членовите за лично обврзани за да делуваат за делото.

     Основоположниците се разделиле со мислата дека им престои тешка и сериозна акција, секои од нив требало да размисли за лозунгот, формата и дејноста на организацијата. По неколку дена имале уште една средба, но конкретни предлози за организацијата немало. Татарчев истакнал дека на следната средба треба да се донесат конкретни решенија.

     Денот на основањето на Организацијата, 23 октомври, од 2007 година се слави како државен празник на Република Македонија под името Ден на Македонската револуционерна борба.

       Јануарската средба

Конкретно организацијата била оформена на 5.01.1894 година, пред Богојавление, за време на коледната ваканција. На јануарската средба на дневен ред биле: целта, името и поставеноста на организацијата. Појдовна точка за дискусија бил членот 23 од Берлинскиот конгрес. Поради недостаток на изворна протокуларна документација, која во почетокот не се созавала, меѓу историчарите постојат несогласувања околу целта на организацијата. Од друга страна и во самите сведоштва на основачите на организацијата постојат извесни контарадикторности. Според Петар Поп Арсов тие формирале:

Комитет за придобивање на политичките права за Македонија дадени од Берлинскиот конгрес,
Дамјан Груев го потврдува тоа истакнувајќи дека:
Девизата беше: спроведување на одлуките на Берлинскиот договор,
Меѓутоа според Татарчев, откако чл. 23 од Берлинскиот договор им се видел:
Kако апстарктен за народот, прифатиле да се замени со една попластична фигуративна формула-автономија на Македонија во нејзините географски и етнографски граници
и тоа да се впише во Уставот на организацијата. Откако ја поставиле целта на организацијата, основоположниците решиле организацијата да сé вика:

Македонска револуционерна Организација (МРО)

на чело со:

Централен Македонски Револуционерен Комитет (ЦМРК)


Татрчев исто така истакнува:

   '' Приниципот за автономија налагал да бидат последователни во идните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи''

За време на јануарската средба бил конституиран Централниот комитет во него влегле 6-мината основоположници. За претседтел бил избран Христо Татарчев, за секретар и касиер бил избран Даме Груев, а Иван Хаџи Николов во отсуство на Татрчев ја заземал неговата позиција. Централниот комитет го задолжи Петар Поп Арсов да го создаде нацртуставот и да ја напише брошурата Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници . Во врска со зачленувањето во организацијата бил прифатен предлогот на Иван Х. Николов, дека во организацијата можаат да членуваат сите кои имале јасни децентрализирачки ствови во однос на црковно-просветното дело во Македонија, тие да се сметаат за погодни, а оние кои биле приврзаници на егзархиската централистичка политика да се сметаат за непогодни. Одринско првобитно не влегувал во програмата на организацијата бидејќи основачите биле насочени кон Македонија. Одрин подоцна влегло во програмата поради тоа што:

   ''положбата на христијанското население таму, особено на бугарското, не се разликува во ништо од онаа на македонскиот народ

      Цел на Организацијата 

 

 

Зад автономниот принцип се криела поголема цел, а тоа е создавање на слободна и независна македонска држава. Тоа го потврдуваат и сведоштвата на првите луѓе на организацијата. Христо Татарчев истакнува дека:
Hе се раководеле од друга тенденција, освен од идејата за слободата и благото на целиот македонски народ.

Дамјан Груев од друга страна, во писмото до Никола Дејков од 7.02.1894 година го објаснува сепаратизмот на МРО и вели дека:

Сепаратистичкото движење не треба да се смета за утопија... Тоа е плод на настојувањета на Бугарија да се добере до нас. Тоа го наоѓа својот израз во заземањето на едно друго поведение од страна на Македонците спрема соседите, а првенствено кон Бугарија.

Дамјан Груев 

Во 1905 година Дамјан Груев во Софија имал средба со Лермонтов. Притоа Д. Груев истакнал дека организацијата дејствува самостојно издигајќија девизта Македонија на Македонците, и дека организацијата не сака за ништо судбината на Македонија да ја потчини на интересите на кнежеството. Главна цел на организацијата е автономија на Македонија а не нејзино присоединување кон Бугарија. На 17.10.1895 година, Гоце Делчев испратил писмо до Ефрем Каранов во кое пишува за слободна државичка Македонија

Во весникот Право во 1902 година јасно се кажуваат целите на организацијата:

Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ

Во 1905 година во Револуционерниот лист се вели:

Автономна Македонија од Организацијата се сваќа како самостојна држава.

                      MPO - 1893-1903 година

                  Првите нормативни акти на Организација

     Поради недостаток на изворна протокуларна документација, која во почетокот не се создавала, не може точно да се датираа донесеувањето на Првиот Устав на Македонската револуционерна организација и Првиот правилник на Македонската револуционерна организација . Покрај тоа постојат извесни контрадикторноси и недоречености во сведоштвата на самите основоположници кои се однесуваат на датирањето на уставот, членувањето во организацијата, вклучувањето на Одринско во програмата на организацијата. Татарчев истакнува дека уставот бил донесен на некоја од наредните седници, а од писмата на Даме Груев  до Никола Дејков од 9.03.1894 година тој јасно истакнува дека во внатрешноста:

      ''се образуваат тајни кружоци од месни лица... тие се потчинуваат на извесна организацијан и се наоѓаат во заемни односи... инструкциите се уважуваат само откако ќе станат решение на Централниот комитет

     Според спомените на Татарчев, одлука за созадавање на правиникот била донесена за време на Ресенското советување, и созадавањето на правилникот му било доверено Иван Х. Николов. Татарчев притоа истакнува дека, праксата ја наметнала потребата од донеување на правилникот, но врз основа на членот 14 од Уставот на МРО се гледа дека донесувањето на правилникот било уставна обврска. Правиникот се состои од 50 члена поделени во 11 глави: 

1. Состав, устројство и должности на револуционерните комитети, 

2. Должности на управните тела на месните комитети,

 3. Должности на членовите на управните тела, 

4. Должности на началниците на групите, 

5. Должности на членовите-работниците,

6. коресподенција, 

7. Тајна пошта, 8. 

Тајна полиција, 

9. Казни, 

10. Воружување, 

11. Материјални средства.


Прв устав на Македонската револуционерна организација

 

    Уставот бил донесен по јануарската средба.

Некои од членовите на уставот се:

член 1. придобивање на полна политичка автономија на Македонија и Одринско

член 2. да го разбуди сознанието за самозаштита, да шири меѓу него револуционерни идеи преку печатот или усно и да подготви и подигне едно општо востание

член 3. член на организацијата може да биде секој македонец , што не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно во општеството

член 4. Членовите на секој комитет се делат на групи од по еден началник, определен од раководителот. Секој член на групата како и началникот носат по еден број даден од надлежниот комитет

член 5. Организацијата се делела на селски, околиски и окружни комитети

член 6. Централниот комитет ги поставувал управните тела на окружните комитеи, раководството на окружните комитеи ги поставува управните тела на околиските комитети, а раководителите на околиските комитети ги поставувале управните тела на селските комитети

член 7. Секој член на управните тела имал псевдоним

член 8. Централниот комитет има печат за потпечатување на важната коресподенција

член 9. Комитетите имаат тајна пошта

член 10. За следење на делата на внатрешните и надворешните непријатели и за претпазување од нив, секој комитет има своја тајна полиција

член 12. Комитетите ќе се снабдуваат со пари:

- а) од доброволни прилози 

-б) од редовни членски вносови 

-в) од пари собрани на начин  со претходна согласност на Централниот Комитет

член 13. Накажувањето му се определува од месниот комитет и се извршува во согласност со Централниот

член 14. Врз основа на овој устав е изработен детален внатрешен правилник.

            Првите активности

      Првите активности започнале во Солун и околината, бидејќи седиштето на организацијата бил градот Солун. Првите револуционерни жаришта биле Солунската егзархиска машка гимназија, книжарницата на Иван Х. Николов, Вардарската Црква и Бошњакан во споственост на Васил Мончев. Првите членови на организацијата биле од посиромашното население и меѓу првите биле: Алекса Келешев, Васил Папанчев, Атанас Мурџев, учениците Александар Хаџи Панов и Славејко Стрезов. Потоа во организацијата влегле и сопственикот на Бошњакан, Васил Мончев и поп Стамат од селото Бугариево, кои потоа преминал во Вардарската црква во Солун. Поп Стамат ја проширил и зацврстил организациската мрежа во солунските села.

      Дамјан Груев истакнува дека прво дело на организацијата é отварањето на Неделното училиште во Солун. Преку ова училиште се агитирало меѓу солунското население и се ширеле револуционерни идеи. Поради недостаток на изворна документација не сé знае точно кога е отворено училиштето, но тоа егзистирало во фебруари 1894 година, веднаш по Јануарската средба. Раководители на Неделното училиште биле Дамјан Груев и Лазар Димитров, со училишните работи се занимавал учителот Иван Ачков. Со револуционерна агитација биле опфатени и погорните класови на машката егзархиска гимназија каде се формирал кружок на чело со Дамјан Груев. Целта на Д. Груев била да се револуционизираат младите и по завршувањето на училиштето да останат во Македонија, и како учители да ги шираат идеите на организацијата. Според претседателот на МРО, Христо Татарчев во овој почетен период во организацијата влегле: Стефан Матлиев од Охрид, Туше Делииванов од Кукуш, ученикот Иван Минчев од Кавадарци и трговецот Иван Велков. За време на Велигденските празници во 1894 година, Д. Груев и И. Х. Николов во Серес го поканиле Христо Матов, но тој одговорил дека ќе помисли.

Врз основа на корерсподенцијата на Дамјан Груев дознаваме дека првите револуционерни кружоци во Македонија егзистирале во месеците фебруари и март 1894 година, но тие не биле комитети во вистинска смисла на зборот, но преставувале основа за идните комитети. Првиот комитет на организацијата во Македонија бил формираан во Кавадарци во јули 1894 година од страна на Дамјан Груев. Прв претседател на месниот комитет во Кавадарци бил Пане Иванов, а постојат претпоставки дека тогаш бил формиран и комитет во Неготино на чело со Пано Измирлиев. Поради недостаток на извори не се знае кога точно биле формирани другите комитети, но во Солунскиот Вилает веќе кон крајот на 1894 година егзистирале повеќе. Во Кукуш комитетот уште во првите години забележал силна активност на чело со Туше Делииванов. Градот Воден кон крајот на 1894 година бил посетен од страна на д-р Христо Татарчев, тој се сместил во куќата на фамилијата Занешеви, кои биле водачи на антиегзархиското движење во воденско, Татарчев отворено говорел за организацијата и подоцна оваа фамилија целосно ќе се стави на услуга на ТМОРО. Во есента 1895 година во Воден како учител дошол Кирил Прличев, тогаш веќе егзистирал комитетот и тој се приклучил кон него. Прличев подоцна ќе стане негов претседател. 

               Кон крајот на 1894 година, Гоце Делчев дошол во Штип каде пред Д. Груев дал заклетва.

За време на велигденските празници во 1895 година, Делчев и Туше Делииванов презеле поголема обиколка низ Македонија. Ниваната задача била проширување на постојните комитети и формирање на нови. Гоце Делчев и Туше Деливанов најпрво поминале во Велес, на првиот ден од Велигден имале средба со Татарчев во Солун, потоа заминале во Кукуш, каде што покрстиле во оргазнизацијата 15 души, меѓу нив била и сестрата на Делчев, Раша Делчева која била меѓу првите жени во организацијата. Потоа Делчев заминал за Дојран, комитетот во Дојран егзистирал од крајот на 1894 година на чело со Андон Костов. Гоце Делчев потоа ги формирал комитетите во Гевгелија и Струмица, а неговата мисија завршила со посетата на Радовиш.

       Ресенското советување

Ресенското советување се одржало на 15.08.1894 година (стар стил), на празникот Голема Богородица. Како повод за советувањето било искористено осветувањето на ново изградената црква св. Кирил и Методи. Советувањето започнало во куќата на Татарчеви и траело три дена. На него присуствувале претседателот на МРО, Христо Татарчев, секретарот Дамјан Груев, Атанас Лозанчев, Георги Пешков, Глигор Попев, Трајко Доревски, Александар Хаџи Панов, Славејко Стрезов, Александар Чакаров, Атанас Мурџев и Тодор Станков. Во своите сведоштва Атанас Лозанчев, овој собир на македонските револуционери го оценува како прв конгрес на организацијата, но Татарчев децидно истакнува дека Солунскиот конгрес во 1896 година, бил основачки и законодавен.

Според Татарчев на ова советување биле донесени следните одлуки:

1) Територијата на Македонија да се подели на револуционерни реони на чело со авторитетни лица, 

2) Матерјални средстава да не се собираат само од членовите, туку и од симпатизерите на делото, 

3) Во црково-просветните институции да се провлечат што поголем број на симпатизери на делото, 

4) Засилување на пропагандата со печатење на месни весници и ширење на револуционерна литература.

    Советувањето преставувало силен импулс за понатамошната дејност на организацијата, биле потвредени старите принципиж, а по советувањето како револуционерни центри се одвоиле Солун, Битола и Штип.

           Солунскиот конгрес во 1896 година


       Во 1896 година за време на Велигденските празници се одржал првиот конгрес на МРО. На него присуствувале 15 до 16 души. Во ЦК биле И. Х. Николов, Дамјан Груев, Христо Татарчев, Христо Батанџиев, Андон Димитров и Ѓорче Петров. Г. Делчев бил преставник на Штип, Христо Матов - Скопје, Пере Тошев - Битола, П. П. Арсов - Прилеп, Кирил Прличев - Воден, Благој Калејчев - Сер, Велко Думев - Велес, Христо Поп Коцев - Одрин. Конгресот траел три дена, а со него претседавал Татарчев. Од овој конгрес организацијата призлегла со ново име:

                     Тајна Македоско - Одринска Револуционерна Организација-ТМОРО.


На конгресот биле разгледани голем број на прашања. Административната поделба на организацијата, коресподенцијата, печатот на организацијата, односот кон останатите етнички групи, статусот на Одрин и Цариград, вклучување на жените во организацијата, односот кон Врховниот комитет, односот кон проегзархистите во Македонија, односот кон пропагандите и преточување на конгресните одлуки во нов устав и правилник.

           Четничкиот институт

Гоце Делчев 

      Гоце Делчев е основач на Четничкиот институт на ТМОРО, ги формирал првите организациско-агитациони чети и бил воспитувач на првите војводи. Тој со својот блажен глас и пријатна надворешност успевал да ги реши сите недоразбирања, и успевал да придобие многу гркомани кон револуционерното дело. Набргу Делчев е назначен за генерален инспектор на сите чети во Македонија и Одринско. Благодарение на неговата целосна преданост кон делото, народот во Македонија и Одринско почнува да се чувствува подготвен за борба. Првата чета на ТМОРО во Солунскиот вилает била формирана во Ениџевардарско, од страна на Дамјан Груев во првата половина на 1897 година. Груев побарал од Апостол Петков - Терзиев и Иванчо Оџаров Карасулијата да се покораат на ТМОРО и да ги прифатаат нејзините начела. 

     Во 1897 година во оваа чета, Делчев го донел Михаил Апостолов - Попето, кој требало да се запознаее со теренот и да влијаее на четата која била поставена на полуарамиски основи. Првите чекори на овој план се прават со ангажирање на арамии и нивно превоспитување во духот на ТМОРО. Меѓу првите арамии и арамиски војводи кои влегле во ТМОРО се: 

Апостол Петков,  

Кочо Љутата, 

Атанас Тешовалијата, 

Андон Ќосето, 

Атанас Градобалијата, 

Георги Бродалијата и др. 

       Тие од себе создале легенди и голем дел од нив загинале како херои. Потоа во организацијата како кадар биле внесени резервните офицери - Македонци од бугарската армија. 

      Меѓу нив имало Македонци и Бугари. Меѓу првите биле Михаил Апостолов - Попето, Христо Чернопеев, Марко Лерински и др. 

Кон крајот на 1899 година, во четите како кадар биле поставувани учителите и граѓаните. Татарчев истакнува дека кон крајот на 1899 година и почетокот на 1900 година целата земја била прошарана со чети. Со формирање на првите чети кои патролираат по селата со цел да го челичат борбениот дух на народот, започнуваат и ликвидации од страна на ТМОРО врз турски злосторници. Прво нешто што месните чети прават е напади врз аги и селски зулумџии, кои веќе се плашат да прават своеволија врз незаштитеното население.

                       Четнички институт на ТМОРО

    Пред да се засили Организацијата, господари на денот и ноќта беа Турците. Подоцна, штом наближи ноќта, Турците сé прибираа по домовите, а потерите и војската во касарните. Организациските луѓе, имено тогаш почнуваа да излегуваат на рбота и започнуваше комитското царство. 

                  Зачеток на институтот

    Основите на четничкиот институт на ТМОРО биле поставени на Солунскиот конгрес во 1896 година. По конгресот, Гоце Делчев и Ѓорче Петров биле задолжени да го создадат новиот устав и правилник. Во новит устав на ТМОРО од 1897 година во член 11 се истакнува дека:

          - Секој околиски реон има своја чета, чија задача ќе се определи со специјален правилник

   Со што се создале услови за појава на првите организациски чети и четничкиот институт . Гоце Делчев и Ѓорче Петров врз основа на членот 11 од уставот на ТМОРО и окружното на ЦК од октомври 1898 година го изработиле Правилникот за четите на ТМОРО. Поради недостаток на кадар, најпрво во организациските чети биле вклучени старите арамии и арамиски војводи. Тие биле погодни како егзекутори, курири, пренесувачи на оружје и др. Меѓу нив се вбројуваат : Кочо Мустракот, Апостол Петков - Терзиев, Иванчо Оџаров Карасулијата, Илија Крчовалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Бродалијата, Атанас Градобалијата и др. Тие од себе создале легенди и голем дел од нив загинале како херои

Апостол Петков Михаил Апостолов - Попето

       Набргу на кадровски план, старите арамии биле потиснати од младите интелигентни кадри кои минале низ бугарските касарни. Меѓу резервните офицери имало Македонци и Бугари меѓунив биле Михаил Апостолов - Попето, Христо Чернопеев, Георги Иванов Геројски ( подоцна познат како Марко Лерински ) и други. Тие станале агитатори, организатори и инструктори. 

       Кон крајот на 1899 и почетокот на 1900 година била разбиена легендата дека учителите и граѓаните не се за горски живот. Тие на разни начини биле распоредени по четите, најчесто како секретари - агитатори, аподоцна биле назначувани за војводи. Војводскиот кадар бил засилен и со млади идеалисти кои под вијание на револуционерната идеја и романтизмот ги напуштиле своите куќи и училишта и зеле учествоо во борбата против Турците. Меѓу нив биле: Крсто Асенов, Ѓорѓи Панчев, Васил попов, Никола Дечев, Слави Мерџанов, Јулиј Розентал и други.

 

            Првите чети

    Првата чета во Солунскиот вилает била екипирана во првата половина на 1897 година во Ениџеардарско. Тоа било дело на Дамјан Груев. Тој ја посетил областа Бојмија и тамошните села, притоа ги поканил старите арамии Апостол Петков и Иван Карасулијата кој дествувале во Бојмија и Пајак планина, да се покораат на ТМОРО и да ги прифатат нејзините начела. А. Петков и Карасулијата биле покрстени од страна на поп Стамат Тончев. Четата на Апостол Петков се состоела од 7 души, во неа влегле брат му Тано, братучед му Андон, Михаил Апостолов, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков. Привремено во четата на Апостол Петков се присоединувал и Аргир Манасиев. 

      Во 1897 година Гоце Делчев на двапати ја посетил областа Бојмија Неговите посети не можат точно да се датираат но најверојатно é дека биле поврзани со четата. Делчев со себе го донел и Михаил Апостолов - Попето кој требало да се запознае со теренот и да вијае врз четата која била поставена врз полуарамиски начела. 

       Набрзо по формирањето, четата на А. Петков го имала своето воено кршевање. Четата стапила во судир со аскерот кај селото Грубевци. Аскерот бил растеран, а четата немала жртви. Оваа борба го прославила името на војводата и го покренала духот на населението. Од четата на А. Петков сé одвоил Иванчо Карасулијата и ги обиколувал Кожув и Пајак Планина.

           Врховистичките провокации

     Напоредно со разгорувањето на револуционерното движење во Македонија и Одринско, во Софија од страна на Македонци-офицери во бугарската армија се создава Врховниот Македонско-Одрински Комитет на чело со Трајко Китанчев. Првично, целта на комитетот е преку чести навлегувања на чети во внатрешноста на Македонија, да се предизвика интервенција на Големите сили за исполнување од турска страна на познатиот чл. 23 од Берлинскиот договор, со којшто на Македонија и  се дава автономија. 

       Подоцна на чело на ВМОК доаѓа Борис Сарафов. Додека тој е претседател, ВМК се претвора во организација која што дава логистика на TМОРО во внатрешноста, т.е. ВМК на ТМОРО му обезбедува инструктори, муниција, оружје и др. До 1901 година, Борис Сарафов работи во соработка и полно разбирање со раководителите на ТМОРО. Во средината на 1901 година, Сарафов го нарачува убиството на еден романски новинар кој шири пропаганда и клевети против TМОРО. Односите меѓу Бугарија и Романија се затегнуваат и бугарската полиција го апси Сарафов. Додека Сарафов é во затвор, во ВМОК се случува преврат и на чело на организацијата застанува бугарскиот генерал Иван Цончев. Од овој момент ВМОК се претвора во великобугарска организација, која, сакајќи да и  конкурира на ТМОРО, создава само пречки на македонското револуционерно движење. ВМОК почнува да праќа чети во Македонија кои се бркаат со четите на ТМОРО. Таков е случајот со борбата на Васил Чакаларов против врховистот Анастас Јанков во Костурско и на Јане Сандански против врховистите Дончо Златков и Јордан Стојанов во Пиринско. Но во сите овие борби ТМОРО успева да ги разоружи четите на ВМОК и да ги испрати назад во Бугарија. Особен успех во борбата против ВМОК постигнува Јане Сандански, кој дури и наредува стрелање на заробени врховисти. Непријателствата со врховистите завршуваат во 1905 година, кога, по барање на делегатите на Рилскиот конгрес, ВМОК се расформира и дел од неговите членови влегуваат во редовите на ТМОРО.

                      Илинденско Востание 

     Илинденското востание е востание против Отоманската империја организирано од страна на TМOРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја.

По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 год. на православниот верски празник Св. Илија - Илинден започна Востанието. Ова востание е познато како Илинденско, според денот на започнување.

Две недели по почетокот на востанието во Македонија и во Одринско се крева востание, наречено Преображенско.

         Почетокот и текот на востанието

   Денот на востанието бил апсолутна тајна за турската власт. Ниеден од прогласите што биле растурени од страна на многубројните курири по селата не паднал во рацете на власта. Тоа било од големо значење за почетните успеси на востанието, бидејќи на денот на востанието во сите востанички области се наоѓале само 15.000 турски војници, расфрлени по малите гарнизони на простор од десетина илјади квадратни километри. Согласно со планот, во текот на приквечерината на Илинден биле урнати телеграфските столбови и мостовите на важните патишта, биле запалени беговскиоте кули, бил извршен напад на касарните во некои села и градови, а селата очистени од разбојници. 

Васил Чакаларов 

         На денот на востанието 2 август, уште во утрините, селските маси - жени и деца се упатиле кон логорите во планините каде била сместена храна за востаниците и населението. Таму биле отворени лебарници, кујни, работилници за поправка на оружјето и за изработка на мунуција, а биле формирани и санитетски центри. Во тие први денови, востаничките акции се изразувале и во напади на нахиски центри (неколку села во една голема општина) на паланки и на помали градови. 

 

Сединените костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Пандо Кљшев, Никола Андреев и Манол Розов после заземањето на Клисура 1903

      Така во ноќта наспроти Илинден, 150 востаника го нападнале и разбиле турскиот гарнизон од 100 војници во Смилево и цели десет дена биле полновласни господари на селото. Истото го сториле и 600 востаници во Клисура, во Костурската околија, држејќи го градот во свои раце 15 дена од 2 до 17 август. На Мудурницата (централна општинска управа) во Прибилци, Демирхисарско 200 востаници го нападнале турскиот гарнизон од 150 војника. 500 востаници се обиделе да го заземат градот Кичево, но не успеале во тоа па се повлекле во с. Карабуница до Кичево, каде стапиле во борба со 1.000 турски војници и со башибозук во која биле убиени стотина Турци, меѓу кои и водачот на башибозукот Сефер Ага. 

Знаме на струшките востаници (1903)

     Во Ресенската околија се напaднати нахиските центри: П'пле и Наколец, во Охридската - Издеглавје, Сирула и други. Во Леринската - Соравич, Врбени и други. Подоцна на 2 септември, соединтите востанички одреди од Леринско и Костурско го зазеле градчето Невеска по поголеми борби со месниот гарнизон, кој броел од 300 до 400 војници. 

     Најкрупна востаничка акција и најголем успех за востаниците е ослободувањето на градот Крушево и формирањето на првата привремена Македонска Република во овој планински град. За таа крупна револуционерна акција населението од Крушево и Крушевско било подготвено од револуционерните раководители на овој крај, познатите македонски револуционери - социјалисти Никола Карев и Веле Марков. 

 Востаници

Востаничкиот штаб во Крушево (1903)

    Во изработка на планот за заземање на Крушево непосредно учествувал и револуционерот - бившиот офицер Тодор Христов кој предходно влегол во градот и ги скицирал објектите за напади: касарната, конакот, беледијата (општината), поштата и другите владини и државни установи, како и поважните пунктови во градот. Во осум воени групи биле распоредени 750 вооружени востаници под команда на добро подготвени началници - војводи. Секоја група имала точно определена задача: една да ги заземе установите, друга да ги држи најважните пунктови во градот и околината, а трета да служи како резерва на Штабот и т.н. Пред почетокот на нападот Штабот на Крушевските востаници на чело со Никола Карев, испратил Окружно до раководителите на Крушевскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на грчките, влашките и албанските бојни групи, кои се известуваат за востанието и се повикуваат на борба.

     ("Гориме од нестрпливост - се вели во Окружното - и одвај чекаме да падне ноќта и да го преземеме Крушево, та заедно со сиот народ да го викнеме нашето Македонско УРА!") Истовремено Штабот наредил, штом пукне првата пушка да заѕвонат ѕвоната од сите цркви во градот. По тие претходни подготовки, во текот на ноќта започнале воставичките акции. Истовремено биле нападнати сите државни установи.

        Првата пушка пукнала кај касарната. Ѕвоната од црквите заѕвонеле. Исплашените турски стражари ги буделе војниците со викови: "Калкан'з, Москов гелди" ("Станувајте Московецот дојде"). Започнала борбата помеѓу востаниците и војниците што биле околу 60 на број. 43 војници биле убиени уште во почетокот на борбата, а 17 заедно со началникот успеале да побегнат. Од востаниците загинале 7, а 5 биле ранети. При слаб отпор на жандармеријата, заземен е и конакот. Без отпор се заземени беледијата и поштата. На опколените војници им притекле во помош војници и башибузуци од прилепските села, но и тие биле разбиени и уништени од востаничките одреди кои ги држеле позициите околу градот. За кратко време, на 3 август, Крушево било ослободено и се наоѓало потполно во рацете на востаниците. 

       На 4 август во градот влегува Штабот на Крушевските востаници свечено дочекан од народот. При овој дочек, началникот на Штабот, Никола Карев одржал пред ослободените граѓани револуционерен говор, прогласувајќи ја првата Македонска Народна Република и повикувајќи го народот да избере привремена републиканска влада. Таа влада била формирана со учество на сите народносни групи во градот: Македонци, Власи, Албанци. Во привремената влада биле застапени следните ресори: внатрешен ред - Глигор Д. Божинов (Македонец); исхрана - Тома Марков (Македонец), Алекси Колев, Ташко Вангелов (Гркомани) и Никола Бујаров (Албанец);. Претседател на владата бил Вангел Дину (Влав). За претседател на Републиката бил избран началникот на Штабот на Крушевските вооружени сили Никола Карев. Биле организирани и специјални служби за вооружување на населението и утврдување на градот со длабоки ровови, маскирани со зеленило. Биле отворени работилници за производство и поправка на оружјето за изработка на муниции и други бојни материјали. Мајсторите од соседното село Селце изградиле и црешов топ, но тој се распаднал уште при првото пукање.

     Бил изработен друг топ, без грешки, но останал неискористен и подоцна паднал во рацете на Турците, кои го однеле како трофеј во Цариград, во воениот музеј. Привремената републиканска влада и Штабот веднаш пристапиле кон мобилизација на машкото население и ја зголемиле востаничката војска со уште 1.200 луѓе. Фамилиите на побегнатите турски чиновници биле земени под заштита на Штабот. Издадена е строга наредба до сите востанички единици да не го обеспокојуваат мирното турско население и да не посегнуваат на неговите имоти. Кон турското население во Крушевската околија е упатена прокламација на Македонски јазик во која помеѓу другото, се вели:

    "Елате, браќа муслимани, при нас да тргнеме против нашите и вашите душмани! Како Турци, Албанци и Муслимани знаеме дека си мислите оти царството е ваше и оти вие не сте робје штом на царското знаме нема крст, а има месечина. Оти не е така и оти грешите вие брзо ќе се сетите. Ние сами ќе се бориме и за нас и за вас и ако е потребно до еден ќе умреме под знамето на нашата и ваша слобода. Ако пак вие не имате како ваши браќа . . . можеме да ви спомнеме само едно нешто: да не се заортачите со душманите, да не дојдете со пушка против нас и да не правите зулуми".

      Ниеден акт од поновата Македонска историја до излегувањето на овој не ги пречекорил националните рамки како што тоа го направи овој Крушевски манифест.

           Задушување на востанието

   Првата задача на веќе консолидираниот непријател била да си го поврати Крушево. Тоа им успева со армијата од 18.000 луѓе, под команда на Бахтијар - паша. Дел од заштитениците на Крушево, предводени од прославениот војвода Питу Гули, изгинале херојски во нерамна борба кај Мечкин Камен, а другите востаници се повлекле во планините. Турската војска со артилерија ги урнала утврдувањата подигнати од востаниците и со топови го бомбардирала градот. Во екот на борбите по наредба на Штабот, околу 15.000 население, го напушта градот и се крие во блиските планини. Во запалените и урнати куќи загиниваат 20 жени и 6 деца бидејќи не успеале да побегнат од градот. На незапалените куќи, на 13 август биле истакнати бели знамиња, симболизирајќи го крајот на 12 дневната Крушевска Република. Борбата била завршена. Изгорени биле 159 куќи. Загинале 100 турски војници и 91 востаник.

     И во другите делови на Македонија се воделе жестоки битки. Една од најжестоките и најкрвави борби во Пиринска Македонија се одиграла на 1 септември 1903 година кај селото Пирин. Во таа борба учествувале 500 востаници под команда на Јане Сандански. Во текот на борбата паднале 7 востаници, а 80 Турци биле убиени или ранети. Јане Сандански води и втора голема битка кај Обротиште, Свети Тројца, на 13 септемри загинуваат 2 востаници, а Турци можеби повеќе од 80. Исто така биле извршени и повеќе атентати, на пример кај железничкиот мост на Вардар, кај Гевгелија, на железничката линија кај Демир Капија, Гуменџе, Смоквица и на други места на пругата Солун - Скопје и Солун - Битола.

    Освен тоа, четите на Солунскиот Револуционерен Округ имале големи борби со турската војска кај ,,Баш-Бунар", Гандача, на Пајак Планина, и кај селата Постолар и Аматово - кукушка околија. Во Скопскиот Револуционерен Округ четата на Никола Пушкаров на 1 август извршила диверзија на железничката пруга кај с. Новачани, каде биле исфрлени од пругата 32 вагони на еден воз. Во Охридската околија, во месноста Рашанец, планинска долина помеѓу селата Куратица, Речица, Свињишта, Олејница и Сирула. Тука бил еден од најглавните логори на востаниците со 1.700 мажи, жени и деца. На 13 август логорот бил опколен со 10.000 турски војници со артилерија и товари петролеј за палење на шумата во близина на логорот. По десетчасовна борба, востаниците биле разбиени. 32 биле убиени, а другите стотина ја пробиле опсадата и се спасиле во планините. Во овој логор се убиени 158 ненаоружани мажи, жени и деца. 

     Други големи битки во Охридската околија се водени во селата: Сирула, Оздољани, Сошани, Издеглавје, Лешани, Локтиње, Слатино, Врбјани, Ботун, Брежани, Ташмаруништа и Вевчани. Во Битолскиот вилает каде завршило востанието, се воделе 150 борби со 19.152 востаници против 292.735 противници. Убиени или ранети се 746 востаници, а 3.087 убиени или ранети Турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души. Во Солунскиот вилает во кој спаѓаат Солунскиот и Серскиот Револуционерен Округ, од 2 август до 8 септември 1903 години дошло до 32 борби во кој паднале 109 востаници, додека во Скопскиот Р.О. во неколку борби од 14 август до 14 ноември 1903 г. паднале 93 четника. Во сите три вилаети во текот на востанието паднале 949 востаници во 197 борби. Во текот на востанието од 2 август до 23 ноември биле извршени 14 динамитни атентати, а во текот на 1903 година - 21. Општа пропорција на противничките сили што се бореле е: 1 востаник против 15 Турци, а особено во Кичевската околија, 1:25, во Охридската 1:22, во Битолската 1:15, во Леринската 1:13, во Костурската 1:7.

Илинденското востание се смета како голем ден во историјата на македонскиот народ, затоа што 8 000 вооружени души водат војна против 300 000 редовна армија и за време на четиримесечни битки и нанесуваат големи жртви (востаничките загуби се 860, а турските се околу 5 900).

Илинденското востание успева да постигне дел од своите цели: европската опшественост е раздвижена и се почнува дебата за иднината на Македонија, која резултира со Австриско-Рускиот договор за реформи во Македонија, познат под името Мирцштегски договор.

           Мирцштешки реформи

    Непосредно по Илинденското востание, на 2.10.1903 год., во австрискиот град Мирцштег, Русија и Австро-Унгарија потпишаа нова спогодба за спроведување реформи во Македонија. Меѓутоа, малите балкански држави во реформиве видоа најголема опасност за своите претензии во Македонија, па заедно со ТМОРО се спротивставија против нивното оживотворување.

   Иако реформената програма од февруари 1903 год. што беше донесена со согласност на сите потписнички на Берлинскиот договор, во Македонија беше наречена „Падарски реформи”, треба да се нагласи дека со овој меѓународен акт првпат трите вилаети на Македонија беа изделени од другите области на Европска Турција и беа поставени извесни основи за политичкото индивидуализирање на Македонија.



          Одгласот на востанието

Илинденското востание претставувало непријатно изненадување не само за турската држава, туку и за многу други големи и мали држави во Европа, кои полагале право врз наследството на Османлиската империја. За Австро-Унгарија и царска Русија, на пример, тоа претставувало тешко искушение, бидејќи го рушело постојниот статус-кво на Балканот, за што особено се залагале двете големи сили при неможноста сами да ги реализираат своите аспирации врз Османската империја. Нивната цел била - со строго дозирани подобрувања во Македонија да се сочуваат секакви радикални решенија што би ги прејудицирале нивните намери.

За таа цел, во февруари 1903 година пред востанието, тие веќе изнудиле извесни анемични реформи од Османската империја. Другите европски сили биле не помалку заинтересирани за положбата во Македонија, односно во Османската империја, но и нивната дипломатија, со исклучок на повремени сондажни предлози, се држела настрана очекувајќи иницијативи од заинтересираните Австро-Унгарија и Русија, кои ќе ја смират положбата во Македонија.

За тоа да не се менува положбата на Балканот биле заинтересирани и малите балкански држави, кои аспирирале врз Македонија. Затоа ни тие не биле расположени за успех на востанието. За нив, позитивните резултати на ослободителната револуција во Македонија практично значеле пресекување на нивните територијални аспирации врз последната, а тоа значело пресекување и на илузиите за господство на Балканот. Тоа го определувало и нивниот негативен однос спрема Илинденското востание. Прогресивната светска јавност се однесувала со искрени симпатии спрема борбата на македонскиот народ. Европскиот и светскиот печат бил преполн со вести за ситуацијата во Македонија, за крвавите репресалии на казнените експедиции на турската војска и.т.н. Насекаде се дигнал бран од протести во полза на македонскиот народ. Под раководството на истакнати личности од областа на културата, уметноста и политичкиот живот, како Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франс, Жан Жорес, Виктор Берар, Франс де Пресанс, Артур Еванс, Хенри Брејлсфорд и други, се создало цело движење за помош на македонскиот народ.



Во Англија, Франција, Италија и САД се создале "македонски комитети", кои станале организатори на импозантни митинзи. На пример, само во Англија биле одржани околу 200. Митинзи во полза на македонскиот народ биле одржани во Париз и Рим. Оваа хумана акција ги зафатила и јужнословенските народи. Во Љубљана, Загреб, Белград, Софија, прогресивните општествени сили и прогресивната младина се дигнале во заштита на Македонскиот народ и во прибирање помош за настраданото население. На тој начин, и покрај тешките последици што Илинденското востание ги остави зад себе во Македонија, тоа придонесе вистината за македонскиот народ, за неговата борба, за неговите стремежи во својата цел.

 

Во пресрет на празникот Св. Богородица, Смилево горело по втор пат

 

На празникот Св. Илија 1903 година во Смилево постоела голема раздвиженост. Самиот празник ги прикривал активностите за востанието. Жените и децата пред очите на војската разнесувале муниција и соопштенија до пунктовите за напад. Даме заедно со главниот штаб се наоѓал над селото Бигла.

Смилево

Приквечер во селото војничката османлиска труба го означила времето за вечерната молитва. Кога османлиските војници извикале Падишах чок јаша, од спротивните куќи изгрмел плотун, а од сите страни се слушнало Долу Султанот!, Ура! Веднаш потоа ГШ на чело со Даме слегле во селото и се соединиле со четите што ја започнале борбата. На 3 август главниот штаб наредил евакуација на целото население кое не е способно да се бори во месноста Голем Гар, а до пладне Смилево било празно.

На 26 август Турците почнале со опколување на Смилево, а бројот на востаниците во селото се искачил на 600 души. Утрото на 27 август 1903 година, еден ден пред празникот Св. Богородица, османлискат армија со силно артилериско гранатирање го започнале нападот на востаничко Смилево. Набрги Османлиите започнале со општ напад по сите линии на фронтот.

Обрачот околу Смилево започнал да се затвара од сите страни. Востаничката одбрана била под команда на Даме Груев и Ѓорѓи Сугарев. До пладне се воделе жестоки борби, но востаничките позиции почнале да паѓаат една по друга. Четите на Сугарев, Ѓакон Евстатиј, Павле крстев, Даме Мисков и други војводи, кои војувале на север од Смилево, биле принудени да се повлечат поради големите загуби. Одбраната кај манистирот Св. Петар, а тоа водело и кон паѓање на одбраната кај Гробот, Горановац и Арамиски Камен. Со ова, одбраната на Смилево била разнишана.

Четатана Ѓорѓи Сугарев

По падот на востаничката позиција кај Арамиски Камен, една османлиска воена колона се насочила кон збегот Голем Гар, каде што бил извршен масакр врз цивилното население од деца, жени и старци. Биле масакрирани 56 души од двата пола и различна возраст, меѓу убиените имало тримесечни бебиња до 80 годишни старци. Многумина биле ранети, обесчетени и ограбени.

Додека траел колежот врз неборечкото населние, смилевските чети на војводите Дамјан Наумов, Димитар Кромидаровски, Петре Жебчев и Глигор Попов, под команда на Дамјан Груев се бореле непосредно пред Смилево. Налетот на Османлиите бил жесток и востаниците биле принудени да се повлечат во селото. Веднаш по нив аскерот навлегол во Долно Маало. Во оваа ситуација, Даме Груев предложил да се уврдат средсело во училиштето и од таму да ја продолжат борбата. Долниот дел од селото веќе било во пламен, а до пладне загинале околу 30 востаници.

Селските војводи се спротивставиле на предлогот на Груев, а во тој момент една граната го погодила училиштето. Веднаш потоа Даме Груев издал наредба за повлекување кон Горното Маало, а од таму кон гората, велејќи дека „ништо не може да се спаси, но честа ја спасивме – се боревме“.

Приквечер цело Смилево било пламен. Во пресрет на празникот Св. Богородица, Смилево горело по втор пат. Старците кои останале во селото биле убиени, а според еден османлиски извор во Старо Смилево изгореле 7 куќи, а во Ново Смилево од 410 били уништени 400 куќи.

Вечерта Даме Груев со смилевските чети пристигнал во збегот Голем Гар. Глетката била стравотна. Смилево било во пламен, а околу лежеле масакрирани трупови, ранети старци, жени, деца, избезумени жени и деца во плач. Груев им препорачал на селаните да се вратат во изгоренот село и да се предадат на властите. Утредента селаните се вратиле и се предале на Османлиите. Даме Груев со четите успеал да го пробијат османлискиот обрач и се засолниле во блиските гори.

 

 

                        Причини за неуспехот на востанието


    Поглавни причини за поразот на Илинденското Востание се следните:

 - Востанието не било доволно подготвено и не ги опфатило сите револуционерни реони, па имало изразито нерамномерен интензитет. 
 - Неговата масовност била претежно селска, без активно учевство на градските маси од востаничките области. 
 - Раководството на востанието не го искористило почетниот успех, туку применувала пасивна тактика - задржување на масите во очекување Бугарија да отпочне војна против Турција. 
 - Востаниците биле без достапна или сосема елементарна воена обука и слабо вооружани за разлика од огромните Турски сили кои располагале со модерно вооружување. 
       

       Поразот на Илинденското востание треба да се постави и врз светлината на фактот дека македонскиот народ во таа тешка и нерамна положба бил оставен сам на себе, без секаква поддршка од страна. Дури може да се рече дека не наишол ни на поголема морална поткрепа од страна на социјалистичките и демократските движења во Балканските земји.

Со оглед на тие причини, она што се постигнало во текот на востанието и особено во чинот на Крушевската Република, значело многу. Тоа било врвен израз на волјата на македонскиот народ за слободно и самостојно национално постоење.  

            Рилски конгрес

   Рилскиот конгрес е општ конгрес на ТМОРО што се одржа во Рилскиот манастир во 1905 година.

           Причини 

      По задушувањето на Илинденското востание, македонската револуционерна организација доживеала огромна криза. Помеѓу членовите на организацијата дошло до остри дискуии за неуспехот на востанието. Во овие дискусии се изјавиле две гледишта кои довеле до отворена поделба во организацијата. На една страна биле оние кои се залагале за ослободување на Македонија, отстранување на соседните пропаганди и тоа од страна на самиот македонски народ. Овие членови ја сочинувале т.н. реформистка (лева) струја на ТМОРО на чело со Ѓорче Петров, Пере Тошев, Јане Сандански, Димо Хаџи Димов и други.           

     Наспроти неа, била конзервативната (десна) струја, која била под големо влијание на врховниот комитет BMOK, кои сметале (или се сомневале) дека Македонија без подршка од некоја соседна држава (во преден план Бугарија) не може да очекува ослободување или автомомија.

     Ова било една од причините за распад на ТМОРО, како и до братоубиствените (подоцнешни) одмазди. Со меѓусебно “препукување“, десницата била поразена и се дошло до извод дека е потребно одржување на нов конгрес. Овие дискусии се случувале во Софија. За местото на одржување било решено тоа да биде Рилскиот манастир на крајот од септември- почетокот на октомври 1905 година.

     Врховистите, охрабрувани од бугарскиот двор не сакале да се помират со победата што ја постигнала левицата и со со сите сили настојувале да го преземат раководството. Особено најактивен меѓу нив бил Борис Сарафов, кој преку ликвидирање на некои од членовите на организацијата како Христо Узунов, Александар Турунџев и други посакувал да застане осамен на врвот на TМOРО. Сите тие дејства не ги попречиле левицата да го одржи конгресот.

     Рилскиот конгрес - одлуки, програма и залагања

      На општиот конгрес одржан во Рилскиот манастир кон крајот на септември и почетокот на октомври, бил извршен преглед на целокупната дотогашна работа на организацијата т.е.:

     Донесен нов устав и правилник 
- Определен односот на организацијата кон сите пропаганди 
- Судење на неоврховистот Борис Сарафов за неовластени преговарања и примање пари од српската влада за растурање на организацијата како и неговата подршка на бугарската политика во Македонија. 
- Организацијата го отфрлила квалификативот тајна и сé нарекла ВМОРО 

     Во новиот централен комитет за членови биле избрани Даме Груев, Пере Тошев, Тодор Попантонов, за редактор на „Револуционерен лист“ – Димо Хаџи Димов, секретар А. Манасиев.

      Извадоци од програмата на Рилскиот конгрес 

     Соопштение до групата македонски дејци

    Општиот конгрес на ВМОРО наоѓа дека единствената посигурна гаранција за успешно завршување на ослободителното дело лежи во самостојноста, единството и силата на внатрешната организација... Организацијата неможе понатаму да трпи никакви групи внатре во својата територија без разлика на целта... организацијата дава можност за членовите на секој загрижен член за ослободување на Македонија и Одринско. Постоењето и работата на вашата група никако не е во согласност со програмата на организацијата, и ќе продолжи да служи како причина за борбите. Ете зошто, и покрај безрезултатноста на ред мирољубиви изјави и обиди на организацијата пред вас, конгресот наоѓа за умесно и сега да ви го поднесе ова соопштение и да ве покани доброволно да ја растурите вашата група и да ја прекинате сепаратистичката дејност за да се намалат пречките за ослободување на нашата татковина.

     Устав

                                  Глава 1 - Цел

Член 1- ВМОРО има за цел да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојување политичка автономија на тие две области.

Член 2- Организацијата им се спротиставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.

                                 Глава 2  – Средства

Член 3- За отстранување на таа цел организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуват населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт.

                                 Глава 3 - Состав и устројство

Член 4- Организацијата се состои од месни револуционери на секое одделно место(село или град)

Член 5- Член на ВМОРО може да биде секој кој живее во Европска Турција без разлика на пол, вера, народност и убедување.


Член 6- Секоја местна организација се дели на група со по еден десетар.

Член 7 - Секоја местна организација ја раководи нејзиниот местен комитет.

Член 8 - Селските и градските местни комитети им се потчинети на реонските, овие на околиските, овие пак на окружните комитети, а целата организација ја раководи Централниот Комитет.

Член 9 - Пред надворешниот свет организацијата ја претставува претставничко тело.

Член 10- За контролирање и финансирање на комитетот се создадени контролни институции.

Член 11 - За разгледување на судски дела и спорови се формира судски институт.

Член 12 - Функционерите се изборни.

Член 13 - Паралелно со легалната дејност постои и четничкиот институт од нелегални сили.

Член 14 - Околиските, окружните и Централниот Комитет имаат свои соодветни печати.

Член 15 - Организацијата се служи со својата тајна пошта.

Глава IV- Материјални средства

Член 16 -Материјални средства организацијата си ги прибира од: - Редовни членски влогови

- Доброволни прилози и налози

- Прилози и податоци испратени за организацијата од туѓина

- Казни


- Непредвидени приходи добиени со сила на оружјето

Глава 5 - Казни Член 17 - Секој што ќе му наштети на делото се казнува согласно Правилникот.

Член 18 - Врз основа на овој устав е изработен подетален правилник на организацијата
.

         

        По Илинденското востание, а особено по самораспуштањето на Централниот комитет на ТМОРО во април 1904 година, Организацијата се најде во тешка положба, која уште повеќе се влоши со оглед на се поголемото хетерогенизирање на ТМОРО. Со сета жестина се наметна потребата од консолидирање на редовите на Организацијата. За таа цел, се одржале конгреси во сите окрузи, кои требале да помогнат да се структурира новата платформа на Организацијата, платформа која требаше да биде донесена на еден општ конгрес и која требаше дејствувањето на ТМОРО да го постави на нови основи, основи што ќе координираат со времето и условите и кои ќе придонесат ситуацијата во Внатрешната организација да се консолидира. По одржувањето на окружните конгреси, делегатите на окрузите се собрале, кон крајот на септември 1905 година, во Софија, на советување на кое, меѓу другото, требало да се одреди и местото на одржување на Општиот конгрес на Организацијата. Се прифатил предлогот на Ѓорче Петров Конгресот да се одржи во Рилскиот манастир.

Така, во манастирот, во почетокот на октомври 1905 година, се собрале 22 делегата од сите окрузи: Даме Груев, Мишо Развигоров, д-р П. Кушев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Борис Сарафов, Георги П. Христов, Павел Христов, Борис Манчев, Аргир Манасиев, Добри Даскалов, Христо Чернопеев, Стоју Хаџиев, Иван Илиев, Мануш, Јане Сандански, Лазар Томов, Илија Балтов, Лазар Маџаров, Стамо Икономов, Климент Шапкаров и П. Васков. На Конгресот се зборувало за изминатата активност, била разгледана актуелната состојба и се поставило прашањето за натамошното дејствување. Исто така, станало збор и за организациската поставеност на ТМОРО, прашање кое предизвикало најмногу несогласувања. На крајот, дискусиите резултирале со нов Правилник и Устав на Организацијата, а биле избрани и нови тела. Во Централниот комитет влегле Даме Груев, Пере Тошев и Т. П. Антов, во Задграничното претставништво биле назначени Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и Петар Поп Арсов, додека за уредник на "Револуционерен лист", официјалното гласило на Организацијата, бил назначен Димо Хаџи Димов. Натаму, Конгресот расправал и за туѓите пропаганди во Македонија, како и за бугарскиот државен национализам и врховистите, за што издал посебни документи.

На Конгресот во Рилскиот манастир станало збор и за Илинденското востание, поточно, за избрзувањето во неговото подигање. Било решено да се води "сенародна борба против турската власт", со востание што би било продолжување на "перманентното востание" што Ѓорче Петров го заговарал уште во 1903 година. Битен е ставот на Конгресот против оружените акции под надворешни влијанија, со што уште еднаш Организацијата се наметнала како единствен легитимен претставник на македонскиот народ, со суверена и самостојна политика.

        На Рилскиот конгрес била претресувана активноста на Борис Сарафов и Иван Гарванов, кои биле осудени на смрт. Казната, во 1907 година, ја реализирал војводата Тодор Паница.

Казната

Несомнено дека меѓу најважните документи на Рилскиот конгрес спаѓаат Уставот и Правилникот на Организацијата, кои "не се само програма на една политичка и револуционерна организација, туку и декрет за натамошното устројство на идната македонска државност."

Во првиот член на Уставот на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (Конгресот, меѓу другото, го сменил и името на Организацијата) се вели дека целта на ВМОРО е "да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување политичка автономија на тие две области." Веднаш по прокламирањето на основната цел на Организацијата, ВМОРО се декларира, во вториот член на Уставот, дека е против "стремежите за делба и завладување на тие области од која и да е држава." Според коментарот на проф. д-р Александар Христов, кој се потпира на материјалите објавени во "Револуционерен лист" од 2 јуни 1905 година, ВМОРО под "политичка автономија" подразбира "создавање одделна македонска држава во рамките на идната балканска федерација." Тргнувајќи од овие основни определби на целите на ВМОРО, Конгресот "го прогласува суверенитетот на Внатрешната организација врз територијата на Македонија. Таа е исклучив и единствен претставник на интересите на македонскиот народ." Во таа насока, во веќе спомнатите документи од Рилскиот конгрес во кои се зборува за странските пропаганди, стои: "Имајќи ја за основа револуционерната подготовка на народните маси за вооружена борба против турскиот режим, Организацијата му ја запазува на секој еден човек во Македонија и Одринско слободата на верата, убедувањето на националното самосознание. Но, таа се спротивставува на секаква легална пропаганда, која го отстранува населението од Организацијата и од нејзината револуционерна дејност." Тргнувајќи од стојалиштето дека суверенитетот на ВМОРО се протега на територијата на Македонија, Организацијата прокламира дека ќе води борба против туѓите пропаганди, потпирајќи се на тоа дека "а) тие се орудија на држави и влади кои го сакаат завладувањето на територијата на Организацијата, б) како такви, тие се и против автономијата на Македонија и Одринско, в) тие го дробат населението и со тоа му ја намалуваат неговата сила во борбата со Турчинот, тие убиваат невини луѓе за кои е должна Организацијата да се грижи и да ги чува и дека тие дејствуваат во согласност со турските власти." Во тој правец е и обраќањето до членовите на пробугарскиот Врховен комитет од Софија. Таму, меѓу другото, се вел дека "Организацијата не може понатаму на никаков начин да трпи на својата територија никакви други групи и корпорации со истата нејзина цел и задача, било тие да го имаат изворот внатре на нејзината територија, било пак надвор од неа. Таа ќе ги гони по секоја цена и со сите сили активните дејци на таквите групи и корпорации како опасни непријатели на ослободителното дело, а нивните водачи потпаѓаат под сите строгости на Уставот и Правилникот, предвидени за пакосниците на ослободителното револуционерно дело и злосторниците на татковината, каде и да се наоѓаат тие, биле членови или не на Организацијата." Натаму, Организацијата активноста на Врховниот комитет ја оценува како "сепаратистичка" и ги повикува неговите членови "во интерес на делото, доброволно да ја растурат нивната група."

Организацијата средствата во борбата за остварување на целта што ја поставила пред себе ги гледа во "отстранување на шовинистичките пропаганди и национални расправии, кои го цепат и омаломоштуваат населението во неговата борба", како и во дејствувањето "за внесување револуционерен дух и сознание во населението". Освен тоа, Организацијата "се грижи за вооружувањето и за културното и економското издигање на народот", (чл. 3).

Една од основните придобивки на Рилскиот конгрес на ВМОРО е натамошната демократизација на Организацијата, која својот законодавен израз го добива во чл. 5 на Уставот. Во него се вели дека "член на ВМОРО може да биде секој што живее во Европска Турција, без разлика на пол, вера, народност и убедување."

Во Уставот на ВМОРО донесен на Рилскиот конгрес се дефинира и устројството на Организацијата. Според него, Внатрешната организација "се состои од месни револуционерни организации", кои, од своја страна, се делат на "групи со по еден десетар." Месната организација е раководена од месен комитет, додека хиерархијата на комитетите се движи од селски, преку градски, реонски, општински, окружни, се до еден централен. Надворешното претставување на Организацијата го врши претставничко тело. Со овој Устав се воведува изборност на функциите, како и судски и финансиско-контролни институти.

Што се однесува до вооружените формации, во одлуките на Конгресот се утврдува "тесната надлежност на четите, нивната улога е ограничена на помошни органи на легалните тела на Внатрешната организација, т.е. на месните (селски, градски, околиски и окружни) револуционерни комитети. На тој начин, револуционерните комитети на ВМОРО се поставени како единствени и исклучиви носители на револуционерната власт и дејност во Македонија."

Решенијата на Рилскиот конгрес, иако набрзо блокирани од десното крило на ВМОРО, сепак, претставуваат етапа во развојот на борбата на македонскиот народ за своја национална слобода и државност. Конгресот уште еднаш го потврдил стремежот на Организацијата за сопствена самобитност и суверенитет на Организацијата на целата територија на Македонија, како и демократизирањето на ВМОРО

                  Ставот на организацијата спрема пропагандите

   Имајќи ја за основа револуционерната подготовка на народните маси за вооружена борба против турскиот режим, организацијата му ја запазува на секој еден човек во Македонија и Одринско слободата на верата, убедувањето на националното самосознание. Но, таа се противставува на секаква легална пропаганда која го отстранува населението од организацијата и од нејната револуционерна дејност.

Тргнувајќи од директната намена, организацијата се смета за должна да се грижи за сигурноста и интересите на своите членови. Таа ги осудува дејствата на пропагандите најстрого, како упропастувачки за населението и штетни за ослободителното дело, а виновниците ги гони. Таа ги смета четите на соседните држави за органи на соодветните влади и агенти на нелегалната борба, а нивната дејност- директно свртена против целта на организацијата...

      1903 до 1908 година 

       По Илинденското востание, огромен број од раководителите привремено се префрлуваат во Бугарија за реорганизација и за собирање на нови сили. Во Македонија ситуацијата е очајна: гладот, разочарувањето, уништувањата од воените дејствија и студот водат до очај на населението.

       Таквата ситуација ја искористуваат српската и грчката влада и започнуваат подготовки за праќање на српски и грчки чети во Македонија, кои ќе се борат против ВМОРО и кои ќе шират српство и елинизам.

     Така, во крајот на 1903 во Атина се создава Грчкиот Македонски Комитет, а во 1904 во Врање се создава Српскиот Четнички Покрет.

     За разлика од ТМОРО, која е вистинска автономна организација која се финансира со оскудните средства на народот, српскиот и грчкиот комитет се финансирани директно од државните буџети на Србија и Грција.

Грците успеваат да направат силни бази во Солун, Кожани и Драма, додека Србите се најсилни во Скопје и Порече.

   Целиот период 1903–1908 се манифестира со непрекината борба помеѓу четите на ТМОРО против заедничката грчко-српска офанзива против нив. Се водат многубројни битки помеѓу завојуваните групи по целиот фронт по линијата Скопје-Куманово-Велес-Битола-Костур-Лерин-Воден-Серес. Особено тешка е положбата на силите на ТМОРО затоа што освен грчко-српската вооружена пропаганда, тие треба да се борат и со редовната турска армија. Турската армија се симпатизира со српските и грчките чети и ги избегнува судирите со нив.

   Оваа борба на ТМОРО со пропагандите завршува во 1908 година за време на Младотурскиот државен удар, кога дејците на ТМОРО се амнестирани

         Младотурска револуција

Младотурската револуција е револуција што се случи во 1908 година во Отоманската империја против апсолутизмот на султанот Абдул Хамид.

Во почетокот на 20  век големите европски сили настојувале да извршат притисок врз Турција и да ја потчинат. Младата турска буржоаска интелигенција биле свесни за тоа дека султанската власт е сериозно поткопена. Младотурците ја имале формирано својата партија уште во 1876 година. Тие соработувале со големите сили, во преден план Русија со јасна определена програма „Балканот на балканските народи“. Прогонувани од султанската власт Младотурците создале центар за дејствување првин во Западна Европа.

Младотурското движење особено се засилило кога Солун станал негов политички центар. Тие ја зеле бод своја закрила турската војска и така започнала револуцијата. На 3 јули 1908 година во Ресен младиот офицер Ахмед Нијази бег организирал прва востаничка чета составена од турски граѓани и војници. Наскоро востанието се проширило низ цела Македонија. Во Битола биле ослободени сите македонски затвореници. Настанало општо збратимување меѓу до вчера закрвените народи. Поради непослушноста која му окажала својата војска, султанот бил принуден да донесе нов устав. Султанот на 24 јули 1908 година прогласил избори за Претставничкиот дом со која сакал да ја стабилизира својата власт.

Целта на Младотурците била согледувана со фактот дека Османлиското Царство пропаѓа и ги губи сите „свои“ освоени области. Веднаш по нивното стапување на должност се заклучило дека ни тие не се во состојба да ги спречат познатите отсечувања на турските територии. Потоа, премногу Турци очекувале од нив модернизација, уставотворност а можеби и демократизација. Но кога навистина дошле на власт ветувањата на Младотурците не биле исполнети.

Младотурската револуција избила во Македонија во кое било инволвирано и македонското население. Во Младотурската револуција учество зеле и Македонци на чело со Јане Сандански кои се бореле за целите на Младотурците како и за добивање на автономија. Штом бил донесен новиот устав четите на ВМОРО по наредба на Јане Сандански од планините слегле во градовите и учествувале во свеченостите по повод победата на Младотурците. Уследиле мерки за давање политички слободи и за пуштање на затворениците од слобода. Овој период на слободен живот кој траел кратко време е познат под името Хуриет (слобода).


За жал откако ја зазеле власта, Младотурците нé ги спровеле реформите онака како што ветувале. Ги задржале постојните феудални институции, дури го оставиле султанот и натаму да владее. На 13 април 1909 година султанот извршил противудар и младотурците биле истерани од парламентот и од владата. Следувала противофанзива во која учествувале и Јане Сандански, Тодор Паница и Христо Чернопеев заедно со уште 1200 македонски револуционери. По тридневни борби, на 24 април, контрареволуцијата е совладана. На 27 април султанот Абдул Хамид е сменет, а за нов султан е поставен Мехмед 5.

Набрзо Младотурците воведуваат рестриктивни мерки. Биле донесени закони против ослободителните револуционерни чети, против работничките штрајкови, против политичките здруженија. Со тоа била отфрлена можноста за добивање на автономија на Македонија.


               Младотурска револуција: Го славиме бегот што ја спречи автономијата на Македонија

Младотурската револуција долго се подготвувала. Но којзнае како ќе се одвивала таа доколку не била Македонија. Во деновите пред Нијази-бег со својата војска конечно да се одметне, во јуни 1908 година, во денешен Талин, Естонија, односно тогашен Ревал, била одржана средба на британскиот крал Едвард и рускиот цар Николај. Со оглед на тоа што информациите на двајцата монарси говореле дека во Македонија не се спроведуваат Мирцтегшките реформи воведени по Илинденското востание и дека се засилени аспирациите на Грција и Бугарија (и двете држави имале германски монарси на свое чело), Едвард и Николај заклучиле дека é најдобро ако на Македонија и сé даде автономија во нејзините тогашни природни граници. Со тоа, сметале британскиот и рускиот цар, кои биле загрижени поради австриската и германската експанзија во Европа, ќе може да се стави брана на нивното продирање на Балканот и желбата да си обезбедат пристап до Солун.



Ревалската спогодба за Македонија, според А.Ф. Милер, значела англиско-руска контрола врз Македонија, а С. Тошев вели дека тоа неминовно ќе доведело до отцепување на европските територии од Османлиската Империја

   Нијази бег

 

Веста од Ревал за автономија на Македонија, крајно го вознемирила Нијази бег. Во неговите спомени, проучувани од нашиот историчар д-р Јусуф Хамзаоглу, тој запишал: „Размислувајќи за последиците од тие одлуки, три дена и три ноќи не спиев, и три дена и три ноќи поминав во возбуди и треперења, и на крајот решив да се одметнам во планина и да го отворам знамето на востанието“.

Неговата цел е многу јасна - да ја спречи автономијата на Македонија, а со тоа и повлекувањето на Османлиската Империја од нејзиното последно европско упориште. Според Милер, ако Нијази-бег не се одметнел, во Македонија или ќе победела ВМРО или Македонија ќе паднела во рацете на големите држави, што повторно значело нејзина автономија, целовитост и на крајот независност.

Тоа би значело и сосема поинаков тек на историјата на Балканот: до Првата балканска војна не би дошло, зашто Турција веќе би била протерана, а Грција, Бугарија и Србија не би имале што да делат во Втората балканска војна. Со оглед на тоа што на Македонија би и била наменета британско-руска контрола, тоа би ја вброило во Првата светска војна на страната на победниците, со што нејзината целовитост и државност би биле дополнително потврдени, и тоа ни помалку, ни повеќе, туку во Версај, Франција, од каде што последниве години не доаѓаат многу поволни тонови за нас.

 

Спас во султанот


Младотурците нé можеле да гледаат толку далеку, но едно знаеле - за да се спречи спогодбата од Ревал, мора да се кренат на оружје. Тоа и го сториле, а предводник бил токму Нијази-бег на 3 јули 1908 година, како командант на 3-от баталјон од 88-от полк стациониран во Ресен.

Со тоа, според проф. Хамзаоглу, Младотурците го отвориле и патот кон Првата балканска војна и поразот на Османлиската Империја во неа, бидејќи сериозно ја ослабиле нејзината воена сила. Тој пораз како што рековме водел кон Втората балканска војна во која, меѓу другото, првпат во историјата грчката војска стапнала на македонско тло, а последиците од тоа ги чувствуваме и денес. Тоа нé води кон една апсурдна ситуација: во 1908 година, за Македонија единствен спас бил султанот Абдул Хамид, човекот што токму на Македонија и нанел многу зло, пред сé за време на Илинденското востание и по него.

Во почетокот на Револуцијата, луѓето во Македонија навистина верувале дека од неа може да се изроди некое добро. Затоа излегувале на улиците, се бакнувале, а на патот кон Солун, тогашниот новинар на српска „Политика“, Бранислав Нушиќ имал и самиот можност да се увери во тоа. Но бргу сфатиле дека работите не одат на арно, особено откако Младотурците решиле од сите националности во империјата да создадат една нација - турска.

Како е можно тогаш, 100 години по таа револуција, во Македонија на неа да се гледа како на позитивен настан од македонската историја? Одговорот лежи во потребата од манипулацијата со луѓето или, што би рекле денес, со новоусвоениот модернистички речник - во потребата од спинување. Во почетокот веројатно изгледало премногу комплицирано да се објаснува како Младотурците што се бореле против омразениот султан, сега се негативна појава за Македонија, па нашата историја главно се ограничува на тоа дека по првиот полет, нашите предци доживеале разочарување. Згора на тоа, кон Младотурците се приклучил и Јане Сандански (особено со неговото влегување на коњ во Истанбул за да се спречи превратот на приврзаниците на султанот Абдул Хамид), а пиринскиот цар, во македонската црно-бела историја се наоѓа на страната на добрите. Наспроти тоа, вистината за Револуцијата би покажала дека Сандански во 1908 година всушност бил во заблуда и војувал против автономијата на Македонија. Веројатно постојат и други причини зошто Младотурската револуција ни е така претставена, но тоа не е ни толку битно: битно е дека ова е класичен пример како може вистина за една ситуација комплетно да се изврти и да се прикаже во нејзината спротивност. Нешто што подоцна станува класика за Македонија.

Абдул Хамид

                BMOPO - 1908 до 1915 година

     По 1908 година, дејците на ВМОРО се организираат во легални организации и политички партии, т.е. почнуваат да дејствуваат по легален пат. Левицата на ВМОРО се вклучува во дејноста на Народната федеративна партија, додека десницата во Конституционите клубови.

Во 1909 година почнуваат провокации на Младотурците кон некои бивши активисти на ВМОРО, како апсења, испрашувања итн. Тоа натерува некои пак да станат илегални и со чета да излезат во планина, но поголемиот дел остануваат на линијата за работа во рамките на институциите. Во предвечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна и после нивниот почеток се расформирува.

За време на Балканските војни и Првата Светска Војна бивши кадри од ТМОРО формираат големи чети и ги праќаат во Македонија да вршат диверзантски акции. Овие чети се ставаат предимно во служба на бугарската армија, и водат битки против турските, а после и против српските и грчките војски. Исто така бивши активисти на ВМОРО со нивните партизански чети и одреди се вклучват во составот на Македонско-одринското ополчение.

После Првата Светска Војна,  1919 во Пиринска Македонија, под претекст дека ја возобновува борбата, Тодор Александров ја создава организацијата ВМРО.

 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

1.

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.