v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  

          ВМК - Врховен Македонски Комитет - Врховен македонско-одрински комитет  

          Македонски Комитет, Врховен Македонски Комитет, Врховен македонско-одрински комитет é организација на македонската емиграција, нé само од Бугарија туку и од Романија, всушност за време на неговото создавање била повикана сета македонска емиграција и од таму каде што немало организирани друштва. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Официјалната цел на организацијата била Автономија на Македонија, врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес.

 

Трајко Китанчев првиот претседател на Македоскиот Комитет

 

   Обединување на македонските друштва

     Трајко Китанчев како претседател на Братскиот сојуз на 19.02.1895 година ја повикла македонската емиграција да испрати свои делегати на когресот кој требало да се одржи на 19.03.1895 во Софија. Целта на собирот е организирање за да може да се преземе дејност преку која би се подобрила положбата на Македонија, и тоа дејност врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес. Притоа, требало, да се искористи меѓународната положба на Турција искомплицирана со Ерменското прашање. На конгресот свои делегати трбале да испратат македонските друштва од Бугарија и Романија но и македоски преставници и таму каде што немало организирани друштва. Конгресот своето заседание го започнал на 19 март, а со својата работа завршил на 28 март 1895 година во Софија. На него присуствувале 60 преставници на македонските друштва, братства и колонии во Бугарија и Романија. Конгресот, останал во историјата познат под името ''1'' македонски конгрес на кој дошло до обединување на македонската организација и официјално бил основан Македонскиот Комитет, како членови на комитетот влегле: претседател Трајко Китанчев, потпретседател Наум Туфекчиев, Ил. Георгов-Касиер и двајца советници Д. Матов и Андреј Љапчев.

Печат на Врховниот Македонски Комитет

     Поставеност на организацијата

     Сите македонски друштва во Бугарија преставувале единствена организација чие седиште се наоѓало во Софија. На чело на организациата стоел еден комитет кој бил составен од претседател, потпретседател, касиер, секретар и неколку советници. Бројот на членовите не бил фиксен и се менувал со текот на времето. Ако во првиот комитет на чело со Трајко Китанчев имал 15 члена, комитетот под претседателство на Данаил Николаев се состоел од 12 члена. Комитетот ја кординирал и предводел дејноста на македонските друштва. Над самиот комитет како законодавно тело стоел Конгресот кој се состоел од делегатите на македонските друштва. Комитетот би должен да ги спроведува одлуките на конгресот. Со уставот било предвидено дека конгресот треба да заседава еднаш годишно. Треба да се потенцира дека организацијата била пооставена врз централистички основи и дека македонските друштва како дел од општата организациаја морале да ги ивршуваат инструкциите на комитетот.

                                       Статутот на Македонскиот Комитет

Решенијата на ПРВИОТ македонски конгрес добиле форма на устав. Во уставот биле регулирани: целта, средствата, организацијата и задолженијата на друштвата,комитетот, бирото,на конгресот и делегатите. Потоа следеле општите решенија.

   Цел на македонските друштва е придобивање за населението во Македонија и Одринско полна политичка автономија автономија,приложена и гарантирана од Големите сили 

а тоа можело да се постигне преку:

   Влијание врз бугарската влада и општествено мнение во Бугарија и Европа преку:

      а) Печатно слово,

      б) во другите балкански држави за заедничко дејствување во корист на автономија на Македонија и Одринско,

       в) агитација и митинзи,

       г) подржување на избор за пратеници во Народното собрание на лица коисе обврзуваат да дејствуваат за постигање на целта на македонските друштва,

       д) испраќање на делегати и меморандуми до Големите сили,

       е) воопшто преземање мерки диктирани од силата на условите.

Некој од позначајните членови:

- Член 3:Сите македонски друштва во Бугарија преставуваат единствена организацијана чело со 2-член комитет со седиште во Софија. 
- Член 4:Македонските друштва во Бугарија  да се именуваат како македонски,а во Романија како Македонско Благотворително друштво. 
- Член 13:Член на македонските друштва можел да биде секој што сочуствува со со нивната цел доколку е препорачан од 3 членови на друштвото кон кое сака да се запише. 
- Член 14:Секој член од македоските друштва по прашањето за автономија на Македонија и Одринско се задолжува да ја подржува секоја бугарска влада,која дејствува за постигање  на таа цел и да настојува да влијае врз онаа влада која би ја игнорирала. 
- Член 36:Комитетот бил оплномошен од Конгресот да влегува во односи и договори за заеднички дејства со асоцијации од други народности,кои проследуваат слична цел македонските друштва.

         Првите активности 

 

      Организирањето на четите кое го започнал Трајко Китанчев во својство на претседател на Братскиот сојуз, продолжило и по формирањето на МК но сега со подршка на бугарската влада и бугарскиот кнез, а особено од воениот министер Рачо Петров. Спонзори и организатори на четите биле браќата Иванови, познати лиферанти со оружје, тие ги доопремувале четите и ги испраќале во Дупница. Офицерите од бугарската армија исто така учествувале во движењето. Бугарските погранични сили ги пропуштале четите да ја минуваат границата, а понекогаш им оставале и сандуци со муниција, на местата кде четите минувале . Истовремено со оваа дејност, Комитетот започнал и со дипломатска активност, имено во Лондон, нејзините преставници Константин Колчов и Васил Диамандиев имале средба со Вилјам Гледстон, а во Виена со рускиот дипломатски преставник Алексеј Борисович Лобанов. На преставниците на Македонскиот Комитет им било истакнато дека нé треба да дејствуват со чети и востание, туку со културно работење меѓу населението во Македонија и само на таков начин македонската интелигенција вистински би работела за себе, а не за Австрија која сакала да излезе на Егејското море. Тоа во Софија му било пренесено и на Трајко Китанчев.

     Во меѓувреме МК и Трајко Китанчев имале контакти со бугарскиот кнез и бугарскиот премиер Константин Стоилов. Притоа Стоилов се обидел да ја контролира активноста на МК и нејзината дејност да ја искориси во интерес на бугарската политика. Четите на МК во месеците јули и јуни 1895 година ја минувале турската граница и доаѓа до таканреченото Мелничко востание кое на војнички план доживеало целосна катастрофа. Во голема мера за неуспехот на акцијата допринеле и кнезот како и премиерот Стоилов, бидејќи ја затвориле границата и со посебен закон било забрането вооружување и организирање на чети. МК со своето окружно под бр.141 од 18.05.1896 година го изразува своето незадоволство поради дејноста на бугарските власти и притоа се истакнува:

   ''Комиетот е во состојба да изјави пред целиот свет дека ветувањата и надежите се наполно осуетени. Тие се осуетени на начин кој не остава место за никакви идни илузии...бугарската влада прифатила мерки, кои не можат да ја подобраат положбата на Македонија''

  Мелничко востание  

    Мелничко востание, Мелничка авантура. Организатор на сето движење била македонската емигранска организација во Бугарија која во почетокот фигурирала под името Македонскиот комитет, кои подоцна е познат и под името Врховен Македонски Комитет, односно Врховен македонско-одрински комитет. Треба да се истакне дека врз основа на големината на четите, бројот на учесниците, времетраењето како и врз основа на територијата која била опфатена со акцијата, не може да се говори за востание во вистинска смисла на зборот, меѓутоа во духот на историската традиција, сета акција се нарекува Мелничко востание.

Цел на акцијата

    Да се привлече вниманието на Големите сили, за да се принуди Отоманската империја да го реализира членот 23 од Берлинскиот конгрес, тоа било нејзина меѓународна обврска. Треба да се истакне дека Македонскиот Комитет не увидел дека неговата дејност може да се искориси од страна на бугарската влада и бугарскиот кнез во сопствена корист, што и се случило со признавањето на Фердинант.

 

Подготовки 

    Востанието било подготвувано од Македонскиот Комитет на чело со Трајко Китанчев, помош добиле од бугарската влада и од кнезот Фердинанд 1, а најмногу од воениот министер Рачо Петров. Најголем дел од оружјето и опремата за акцијата потекнувало од магацините на Бугарското воено министерство, а прку браќата Иванови, познати лиферанти, биле снабдени четите. 

    За акцијата биле ангажирани 40 официри од Бугарската армија, меѓу нив се нашле: Стојчо Гаруфалов, Антон Бозуков, Петар Начев, Васил Мутафов, Борис Сарафов, Димитар Атанасов, Димитар Жостов, Јордан Венедиков и други. Официрите биле поставени за командири на одредите. Како водачи на теренот, кој го познавале, биле поставени старите арамиски војводи, како: Кочо Љутата, Дедо Димото, Никола Геројот, Кочо Мустракот, Дончо Златков, Дедо Анго и други Војводите добиле строги упатства да не го напаѓаат мирното турско население, да непреземаат самоволни акции, да не вршат грабежи и да си ја плаќаат храната. Биле формирани четири поголеми одреди и неколку помали чети.

      Првиот одред бил наречен Струмичка дружина, според првиоот список одредот броел 120 души, меѓу нив се нашле и 10 активи официри и 3 резервни официри, меѓу кои биле Михаил Апостолов - Попето , иден инструктор во Четничкиот институт на ТМОРО. Командир на одредот бил поручникот Петар Начев, а од војводите биле Манол Караманов и Георги Кацаров. Задачата на одредот е да се нападне Струмица. 

     Вториот одред бил Пирин Планина формиран на 16.04.1895 година во Софија и броел 148 души, меѓу кој имало и 30 души со воена подготовка. Негов командир бил капетанот Тодор Матров, а од војводите бил Кочо Љутата. Одредот требало да ја помага Струмичката дружина. 

    Третиот одред е познат како Серска дружина и се состоел од 200 души. Негов командир бил резервниот капетан Ст. Димитров, а војвода бил Стоју Костов Скрижовски позната како Дедо Стоју. Во одредот се нашоле и Георги Иванов Геројски (подоцна познат како Марко Лерински), Јане Сандански, Кирил Прличев и Д. Мирасчиев. Одредот немал конкретна задача, според Јане Санадански во одредот имало 13 официри кој несакале да навлезат длабоко во османска територија и затоа се движеле по границата. 

    Четвртиот одред се ссостоел од 65 души а негов командир бил Борис Сарафов од старите арамии биле Кочо Мустракот, Кољо Ризов и Дедо Анго Константинов. Тие имале задача да дејствуваат во источна Македонија.

   Во почетокот на јуни 1895 година, четите се нашле во околината на Ќустендил. Собирни пунктови биле Рилскиот манастир и селата Ветрен, Богослов и Граница. Четите биле доопремени со содејство на Трајко Китанчев, Ќустендилското друштво и браќата Иванови. Четите биле снабдени со Мартинки какви што имала османлиската армија, за да можата полесно да се снабдаат со муниција. 

   Наспроти овие слабо вооружени чети, стоела османлиската армија кој во 1895 година броела 170-175 000 боеви сили. Меѓу другото османлиите знаеле за подготовките на акцијата и од своја страна презеле соодветни мерки.

                                Почеток на акцијата

   Четите границата почнале да ја минуват на крајот на месец јуни и почеток на месец јули. Први границата ја минале, четите под команада на Дедо Димо, Никола Геројски и така наречената чета Планина Беласица под команда на И. Инѓето и Кр. Мачерев. По преминувањето на границата, четата на Дедо Димо имала две пресметки со турскиот аскер. На 17 јули загинал Дедо Димо. Командувањето го презел Глигор Соколов кој успеал со четата да се пробие до прилепско, а потоа се повлекле кон Бугарија. Четата на Никола Геројот се состоела од 25 четници првиот судир го имале кај Карпиновскиот манастир. Оваа чета имала три судира со аскерот, по што 5 души исчезнале, 4-8 души биле заробени(меѓу кој бил и Никола Геројски) и еден ранет.

    Струмичката дружина по преминот на границата на 30 јули го имала првиот судир со акерот и тоа во облата Голак. При овој судир загинал Петар Начев, а командувањето го презел Мутафов. Дружината се потоа упатила кон врвот Готан на планината Плачковица. Тука наишле на заседа. На 4 јули се нашле над Струмица, кај Суви Лаки на планината Огражден и имале уште еден судир со турците. Тука е донесена одлука да не се напаѓа Струмица бидејќи ќе имаат работа не со чети, туку со табури .Се повлекуваат длабоко во Огражден за да се засолнат, а тука од селаните дознаваат дека одредот Пирин Планина имал судир кај селото Габрово. Се упатуваат кон нив меѓутоа се разминуваат, бидејќи одредот Пирин Планина веќе се упатил кон нив. Струмичката дружина наишла на заседа кај селото Сушица, таму имале 8 души загинати. На 7 јули во Габровската курија, Струмичката дружина го имала својот последен судир со аскерот и имале 30 души загинати вклучително и Мутафов, по што се повлекле кон Бугарија. Струмичката држина имала најмногу судири и најмогу загинати. Во Бугарија се вратиле само 75 четници.

      Одредот Пирин Планина границата ја минал неколку дена по Струмичката дружина. Се поделил на две чети под команада на капетанот Тодор Матров и поручникот Антон Бозуков, војвода бил Кочо Љутата, а имале задача да го помогнат првиот одред. По преминувањеѕо на границата тие се оглушиле на наредбата на МК, и ги нападнале турските селани од селата Стамер, Град и Вирче. За да се пресметаат со турските селани, на 3 јули испратиле повик до селаните на с. Лешко-Горноџумајско. Меѓутоа селаните не им помогнале и марале да се повлечат кон Беласица. На 4 јули се нашле на ридовите меѓу Беласица и Џумајско. На 5 јули кај с. Габрово имале судир со аскерот по што морале да се повлечат кон Црната Планина.Тука старите арамии се оделиле со 40 души и се уптиле кон с. Кочариново. Од војводите останале Џалко, Ќучук и Љутата и дошле во судир со офицерите дали да се повлечат или да одат кон Струмица .Било решено да се упатат кон Струмица, но тие се разминале со Струмичката дружина, кој веќе се повлекува. На 8 јули кај Пехчево разбрале дека Струмичката дружина имал судир кај с. Габрово и се упатиле кон Пирин планина. Старите арамиски војводи се оделиле за да вршат грабежи, а одердот спаднал на 66 души се пвлекле кон Бугарија. Одредотр Пирин Планина не ја исплонил својата задача. 

 

Четата на дедо Стоју Костов Скрижовски

 

    Серската дружина била под команда на резервниот капетан Стојан Димитров, а војвода бил Дедо Стоју. Овој одред немал конкретна задача и веројатано од дедо Стоју потекнала идејата да се нападне помашкото с. Доспат. Стоју бил во лоши односи со МК и без негова согласност ја минал границата. Селото било опколено и запалено, селскиот старешина и неговата ќерка биле убиени, а еден калуѓер од Рилскиот манастир фрлил две бомби во џамијата. Кога селаните почнале да стрелаат, одредот се повлекол. Дедо Димо заедно со својот помошник, се оделил, по палењето и грабежот на селото и се упатиле кон драмско за да ги ограбат тамошните богати чифлици. При нападот на с.Алистрати Дедо Стоју бил убин,а останатите се повлекле. Со палењето и грабежот на селото Доспат завршила акцијата на Серската дружина.

     Четвртиот одред бил под команда на Борис Сарафов, а со него биле и војводите Кочо Мустракот, Кољо Ризов и Дедо Анго. Тие имале задача да дејствуваат во Источна Македонија. На Петровден, Сарафов ја минал границата во униформа и се приклучил кон дупничката чета. Во Пирин им се придружил дедо Анго со 25 души, а одредот вкупно броел 65 четници. Сарафов одвај успеал да ги одврати војводите да не пљачкаат и ги убедувал:

      ''пет пушки да фрлиме, ама во градот да ги фрлиме'' 

Борис Сарафов во Мелник

Војводите Кочо Љутата и Дончо Пирински - Мелничко восатание - Македонско востание 1895 година Војводите Кочо Љутата и Дончо Пирински - Мелничко восатание - Македонско востание 1895 година

      Одредот најпрво се упатила кон Неврокоп, а потоа се вратила повторно пред Мелник. На 12 јули влегле во градот ја зазеле околиската управа ја запалиле поштата и ги ослободиле затворениците од градскиот затвор. Биле запалени 37 куќи и биле повикани градските првенци да им се каже дека целта е ослободување на Македонија. На пладне четата си заминала од градот, а Кочо Мустракот со 20 души се оделил да пљачка. На 16 јули Сарафов и одредот кај село Влахи биле престигнати од аскерот, но успеале да се повлечат без загуби. На 22 јули веќе се нашле во Бугарија. 

     Сарафов со својoт одред успеал да го покрие неуспехот на останатите одреди и затоа отука целата акција на Македонскиот Комитет е наречена Мелничко востание

                       Последици

     Сета акција не била добро подготвена и не добила подршка од населението. Кметот на с. Лешко, Китан Ајдучки не само што не ги организирал селаните туку заминал кај кајмакамот на Горнаџумаја со повикот кој го примил од одредот Прин Планина. Од друга страна во текот на дејствата бугарската влада ги затворила границите за македонските чети и почнала да ги гони и проследува. Во врска со оваа акција Борис Сарафов во интервјуто со Амфитеатров во 1901 година истакнува:

    ''Автономаната македонска идеја не скара со бугарската влада. Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинант? Зар... Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македоската граница и да водиме чети? Не фалеа што се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македоските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанат... го примамуфа ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија'' .

     Повик

На 8 јули 1895 година весникот Право објавил повик во кој се вели:

       '' Ждрепката е фрлена, борбата е започната! Македонија го издигна знамето на револуцијата! Нашите браќа воодушевени од големата идеја за слободата, гладни,голи и боси ,без орижје одат да умираат. Нашите обесчестени мајки и убиени татковци викаат на помош, крвта на убиените браќа не вика на одмазда... Денес од врв Пирин Планина, кога ги извикуваме зедно со цела Македонија светите зборови. Слобода или Смрт! ја испраќаме кон вас последната молба, Другари дојдете да умираме
Повикот бил потпишан од официрите Начев, Луков, Мутафов, Венедиков, Гаруфалов и Сарафов и од тука произлегува една контрадикторност, имено кога повикот бил објавен, Струмичката дружина и Пирин Планина биле распаднати, а Начев и Мутафов мртви. Тука се поставува прашањето:

За кого биле наменети овие невистини?

Повик 8 јули 1895 

     Во текот на Грчко-турскат војна во 1897 година официрите Јордан Венедиков и Морфов го организирале вториот BMK продор. Имено тие во Бугарија успеале да убедаат одреден број на македонци да навлезаат во Македонија. Била формирана и чета под команда на Крсто Захариев. Во четата се нашол и Јане Сандански. Во април 1897 година чатата се нашла во Македонија, најпрво поминале низ Кресна. Кај селото Пирин имале судир со аскерот по што се упатиле ком Неврокоп и Банска река, каде што имале уште еден судир. Последната борба со аскерот, четат го имала кај с. Љапово притоа загинал четникот Никола, а Јане Сандански бил ранет. По овој судир четата се повлекла кон Бугарија. Сета акција немала реална шанса за успех, имено Бугарија повеќе не го подржувала комитетот од друга страна пак таа била неутралана во Грчко-турската војна со цел за да добие отстапки од Високата порта во корист на бугарската пропаганда во Македонија.

    Подршка од кнезот Фердинант

 

     По неуспешното Мелничко востание, бугарската влада на чело со Стоилов ја откажале својата подршка за Македонскиот комитет, а во самиот комитет дошло да раздор и внатешни обвинувања за неуспехот. Поради тоа бил свикан BТОРИОТ македонски конгрес кои се траел од 3 до 16 јануари 1895 година. На овој конгрес организацијата го менува своето име во Врховен Македонски Комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев кои бил во врка со кнезот Фердинанд 1, подоцна Николаев ќе поднесе оставка на претседателската функција и ќе стане аѓутант на кнезот. 

Данаил Николаев вториот претседател на Врховниот Македоски Комитет

     На 28.12.1895 година комитетот испратил писмо ЦК на Македонската Револуционерна Организација во кое се насетваат првите стрмежите на Комитетот да биде главен раководител на целото македонско револуционерно дело. Ова ќе биде потвредно во февруари 1896 година, кога ваквото стијалиште, генералот Николаев го пренесува на Гоце Делчев. Конечно комитетот својата политика кон ВМОРО ја изразува отворено во писмото од 20.03.1896 година во кое било посочено дека организацијата без дозвола на ВМК не смее да презема било каква активност во Македонија. Даме Груев остро протесирал проти оваа писмо, бидејќи меѓу другото стоело дека Груев дал подршка за таквото стојалиште на ВМК и веројатно било лага со цел да се предизвика раздор во ЦК на ВМОРО. Како и да е Комитетот не се откажал од намерата да ја потчини организацијата. По Солунскиот конгрес на ТМОРО, ВМК и понудил на организацијата една мистериозна понуда во која од организацијата се бара да испрати свој преставника во Софија за да биде организиран канал за пренесување на пушки од Анлија. Во Софија заминал Ѓорче Петров, притоа тој имал сердба со генералот Николаев и тој на Ѓ. Петров, му пренел дека Комитетот од англиската влада добило пушки за Македонија и дека тие ќе ги дадат на организацијата. Николаев не понудил никакви конкретни докази за пушките, а од своја страна Ѓ. Петров го известил ЦК во Солун и тој започнал со подгоитвки за пречек на оружјето, но сета работа излегла како блеф. Според некои историчари тоа било обид за потчинување на организацијата од страна на Комитетот. Врховниот Македонски Комитет во овој состав на чело со генералот Николаев својот последен обид за потчинување на организацијата го направил кон крајот на 1896 година кога во Солун се нашол полковникот Јанков. Тој имал средба со членовите на ЦК и нудел пари и оружје, а исто така предложил, ТМОРО и Врховниот Комитет треба да бидаат единствена организација, но неговиот предлог бил одбиен. Јанков пред луѓето од ЦК требал да покаже дека Врховниот Комитет ја има подршката на кнезот Фердинант и има свои официри во армијата.

     Опаѓање на Врховниот Комитет   

      По оставката на Генералот Данаил Николаев на функцијата претседател на Комитетот, за да стане аѓутамт на кнезот Фердинант, претседателствувањето со Комитетот го презел Јосиф Ковачев, но голем дел од членовите на Комитетот дале оставка и морал да се свика нов Конгрес. Притоа ослабнувањето на ВМК во неможноста да ги собере сите македонски друштва, или барем поголем дел од нив. Тоа се гледа од бројот на делегатите и друштвата кои присуствувале на конгресите. На ЧЕТВРТИОТ македонски конгрес од предвидените 38 друштва требало да присуствуваат 40 делегати, меѓутоа на конгресот имало само 22 делегати од 20 друштва. Слично се случило и на ПЕТТИОТ македонски конгрес, а новите раковотства што биле избрани на овие конгреси не можеле да ја извршуваат својата дејност. Позициите на Комитетот биле уште повеќе ослаабени со одлката на Бугарската влада за трговски агенти во Македонија да бидат поставени видни членови на Врховниот Комитет. Меѓу нив се нашле: Тома Карајовов, Никола Наумов, Димитар Ризов и др. Тие биле поставени за трговски агенти во летото 1897 година, со што уште повеќе била ослабната и онака ослабената позиција на Комитетот.

Обидот на TМОРО да го стави под своја контрола ВМК 

Увидувајќи ја ослабената положба на Комитетот, ТМОРО решава индирекно да го стави ВМК под своја контрола. За таа цел Ѓорче Петров започнал силна агитација во Бугарија. Целта Ѓ. Петров била да најде лице кое ќе има силен авторитет да застане на чело на Комитетот и да ја зацврсти неговата позиција. Сарафов и Антон Бозуков се понудиле но тие не биле по вкусот на ТМОРО, а Ѓ. Петров барал некој кои имал поголема улога во бугарското општеството. Притоа тој имал средби со голем број на македонски интелектуалци од Бугарија и се сретнал со учителот Паунчев во Варна, адвокатот Панов и адвокатот Иван Иванович. Исто така имал средба и со Димитар Благоев но сите го одбиле. Работат премногу им изгледала опасна. На крајот Ѓ. Петров морал да се задоволи со Борис Сарафов. Задграничните преставници на ТМОРО направиле договор со Сарафов и неговите приврзаници, односно ТМОРО ќе ја подржи кандидатурата на Сарафов за претседател на Комитетот, а за возврат Врховниот Комитет нема да презема никави дејства без знаење и согласност на задграничните преставници. 

Борис Сарафов шестиот пртседател на Врховниот Македоски Комитет

   На 1 мај 1899 година во Софија започнал ШЕСТИОТ македонски конгрес на кој Борис Сарафов бил избран за претседател на Комитетот, секако со поткрепа на Ѓ. Петров и Гоце Делчев. Затоа не треба да зачудува изјавата на Сарафов:

Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот,

Ѓорче Петров во своите спомени тоа и го потврдува:

Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт.

     Како и да е Сарфов во својот прв мандат давал голема матерјална и финансиска поткрепа за ТМОРО во Македонија. За време СЕДМИ македонски конгрес било констирано дека за потребите на ТМОРО биле дадени 11 990 златни левови и 23 327, 20 левови во сребро. Меѓутоа, Сарафов бил од далеку од тоа да биде послушник на ТМОРО. Уште од самиот почеток тој почнал со заткулисни игри, неговата цел било да ја преземе токму тој ТМОРО во свој раце и тоа било евидентно за време на преговорите помеѓу BМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство  кога Сарафов се наметнал како посредник и претендирал да биде раководител на целото македонско револуционерно дело, поради што ќе дојде до судир со ЦК на организацијата во Македонија.

                                      Договорот на Сарафов  

      По самиот избор за претседател на комитетот, Б. Сарафов ја помагал финансиски ТМОРО, меѓутоа уште додека се составувал комитетот Б. Срафов планирал да го заземе ЦК на ТМОРО. Имено тој направил договор со полковникот Иван Цончев и потполковниците Јанков и Николов. Според овој договор И. Цончев требало да даде оставка на офицерската должност и да го зазеде претсдателското место во комитетот и на таков начин тој да се најде во рацете на офицерите и што поскоро да се крене востание Било предвидено територијата на Македонија да се подели на 14 востанички окрузи на чело со по еден офицер, а полковникот И. Цончев со големи сили да навлезе од Бугарија.

     За планот не требало да дознаат Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Подоцна кога Б. Сарфов и Иван Цончев ќе дојдат во судир, за овој договор преку Сарафов ќе дознае Ѓ. Петров.

     Мајската спогодба

     Офицерите и покрај договорот со Сарафов не се осмелиле да дејствуваат без согласност на ТМОРО и затоа тие предложиле во ЦК да влезаат двајца офицери од ВМК, а истовремено околу 16 офицери да бидат распоредени по окрузите на ТМОРО. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во принцип не го отфрлиле предлогот. Отука призлегла мајската спогодбаод 1900 година. Спогодбата била потпишана на 1.05.1900 година од страната на ТМОРО биле Гоце Делчев и Ѓорче Петров додека Врховниот комитет бил преставен од полковникот Иван Цончев, потполковниците Јанков и Николов, поручникот Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев. Спогодбата предвидувала:

- а) да му се предложи на ЦК во својот состав да прими 2 членови , во кои ВМК има полна доверба; 

- б) по нивниот прием во ЦК, ВМК станува клон на ЦК, а ЦК ќе има решавачки збор по сите прашања за делото;

-  в) да му се предложи на ЦК за раководители на реоните да прифати воени лица испратени од Софија; 

 - г) тие даваат клетва според Правилникот на ТМОРО, го почитуваат тој Правилник и ги прекинуваат сите врски по делото со Бугарија. Во таа смисла исклучок се прави само по наредба на ЦК; 

- д) ЦК да ја прекине приватната коресподенцијапо делото со задграничните прествници и раководителите на реоните, а исто важи и за членовите на ВМК со Македонија; 

- ѓ) при какви било околности лицата од сегашниот состав на ВМК остануваат неразделно поврзани со ТМОРО; 

-ж)  со овој протокол се понништуваат старите писма за регулирање на односите помеѓу ТМОРО и ВМК.

Конгреси на организацијата

                 1 македонски конгрес (19-28 март 1895) 

         Првиот македонски конгрес на македонската емиграција се одржал во Софија. Со својата работа започнал на 19 март 1895 година, и притоа бил формиран Македонскиот комитет. На конгресот присуствувале 60 делегати со него претседавал Трајко Китанчев.На првите три дена се расправало за целта, на дневен ред биле две прашања: Автономија на Македонија или нејзино присоединување кон Бугарија. Бил прифатен првиот предлог со мнозински гласови на делегатите, за вториот предлог гласале само тројца делегати предводени од Димитар Македонски. На овој конгрес дошло до обединување на македонската емиграција во рамките Македонскиот комитет, подоцна познат како Врховен македонско-одрински комитет.

Конгресот донел одлуки кои добиле формата на Устав, а потоа следеле конкретните решенија:

Цел на македонските друштва е придобивање за населението во Македонија и Одринско политичка автономија, приложена и гарантирана од Големите сили

а тоа може да се постигне преку:

Влијание врз бугарската влада и општествено мнение во Бугарија и Европа преку: 

а) Печатно слово, б) во другите балкански држави за заедничко дејствување во корист на автономија,

 в) агитација и митинзи, 

г) подржување на избор за пратеници во Народното собрание на лица коисе обврзуваат да дејствуваат за постигање на целта на македонските друштва, 

д) испраќање на делегати и меморандуми до Големите сили, 

е) воопшто преземање мерки диктирани од силата на условите.

Некој од позначајните членови:

Член 3: Сите македонски друштва во Бугарија преставуваат единствена организацијана чело со 2-член комитет со седиште во Софија.

Член 4: Македонските друштва во бугарија да се именуваат како македонски,а во Романија како Македонско Благотворително друштво.

Член 13: Член на македонските друштва можел да биде секој што сочуствува со со нивната цел доколку е препорачан од 3 членови на друштвото кон коесака да се запише.

Член 14: Секој член од македоските друштва по прашањето за автономија на Македонија и Одринско се задолжува да ја подржува секоја бугарска влада,која дејствува за постигање на на таа цел и да настојува да влијае врз онаа влада која би ја игнорирала.

Член 36: Комитетот бил оплномошен од Конгресот да влегува во односи и договори за заеднички дејства со асоцијации од други народности,кои проследуваат слична цел македонските друштва.

      На крај од конгресот било решено,да се испратат телеграми до рускиот цар Николај  ВТОРИ, грофот Игнатиев, кнезот Фердинанд 1  и Вилјам Гледстон за да се заблагодарат за дотогашната подршка за населението во Македонија.


2  македонски конгрес (3-16 декември 1895)

 Вториот македонски когрес на Македонскиот Комитет ( Врховен македонско-одрински комитет ), бил свикан по неуспешното Мелничко востание со окружно под бр. 265 од 5.11.1895 година. Конгресот се одржал од 3 до 16 јануари 1895 година во Софија. На него присуствувале 32 делегата. На овој когрес им било забрането да присуствуваат делегатите од Плоеш-Романија, Плевен, Кула и Цариград.

Статут на Македонската организација од 2 конгрес, 1895 г.

     На когресот бил разгледан односот помеѓу Комитетот и официрите,идната тактика на Комитетот во однос на македонското дело,односите меѓу ТМОРО и Комитетот.Конгресот заклучил дека имало финансиска злопотреба со комитетската каса и недоволна кординација меѓу Комитетот и бирото,и се побарало поголемо согласие. ''Македонскиот Комитет''  бил преименуван во ''Врховен Македонски Комитет''.

     Во тајните протоколи било до прецизирано што се подразбира под други средства,имено Терор и Востание.Притоа во новиот комитет влегле 12 членови, за претседател бил избран генералот Данаил Николаев, потпретседател Јосиф Ковачев ,касиер А. Радев и секретар Г. Паунчев. На овој конгрес дошло до судир меѓу комитетот и официрите и тие се одволиле во посебен комитет на чело со Наум Туфекчиев задржувајќи го старото име Македонски Комитет. На конгресот била повикана и ТМОРО да испрати свои делегати но таа ја одбила поканата.


                   3  македонски конгрес (ноември 1896)

    Третиот македоски конгрес се одржал во ноември 1896 година во Софија. Овој Конгрес минал под вилание на ІІ македонски конгрес кога дошло до поделба помеѓу офицерите и комитетот. Сето тоа влијаело врз работата на конгресот и бројот на делегатите. Притоа конгресот, причините за поделбата и опаѓањето на ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) го виделе во:

   ''Недостојното поведение, кое владата на Бугарија го држи по македонското прашање''

      Конгресот констаирал дека дипломатската активност е исцрпена, а револуционерната и организациката дејност не го дале посакуваниот упех. Коста Шахов причината за неуспехот на ВМК го гледал во самиот комитет. Конгресот решил да испрати делегација кај бугарскиот премиер Константин Стилов за да го дознае неговиот став во однос на македонското прашање но делегацијата не била примена. Составот на овој комитет ја немал подршката на владата.       Македонската маладина во Софија испратила барање до конгресот да биде избрано раковотство кое ќе стави крај на поделбите и расправиите. На овој конгрес повторно за претседател бил избран генералот Данаил Николаев, а во новиот комитет влегле: потпредседател Јосиф Ковачев, касиер П.Урумов (тој не ја прифатил должноста касиер, а на негово место бил кооптиран Христо Станишев), секретар Димитар Љапов.


         4  македонски конгрес (15-21 јуни 1897) 

     Поради оставката на Данаил Николаев бил свикан четвртиот конгрес на македонските друштва. На него присуствувале 22 делегати од 20 македонски друштва. Повторно биле разгледани односите помеѓу ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО, конгресот донел одлука, дека комитетот треба да се подготвува за востание во Македонија и дека треба да стапи во врска со ТМОРО. Конгресот, покажал тенденција, за доближување до ставовите на ЦК на ТМОРО, посебно по прашањето за востанието. За претседател на комитетот бил избран кукушанецот Христо Станишев. Сосема неочекувано за член ВМК бил избран Гоце Делчев. Подоцна писмено Делчев ќе го одбие изборот.


         5 македонски конгрес (јули 1898) 

    Петтиот македонски конгрес на македонските друштва се одржал во јули 1898 година во Софија.За време на одржувањето на овој конгрес позициите на комитетот биле ослабнати и тоа се одразило и врз работата на самиот конгрес. 5 македонски конгрес ги разгледал односите помеѓу ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО. За претседател бил избран Александар Радев. Овој комитет не ги исполнил очекувањата кои ги имал меѓу делегатите, поради разногласието на неговите членови.


           6 македонски конгрес (мај 1899) 

    Шестиот конгрес на македонските друштва се одржал во Софија во месец мај 1899 година. На овој конгрес учествувале 42 делегати и 34 друштва. На конгресот отворено се дискутирало за подготовка и кревање на востание во Македонија. Поранешниот трговски агент Димитар Ризов истакнал дека ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) при себе треба да има воено оделение и да ги слуша советите и укажувањата на специјалистите. Ризов притоа истакнал дека револуцијата без бугарската влада и Русија не би имала успех во Македонија. Во тој поглед на конгресот Г. Капчев истакнал дека ослободувањето на Македонија зависи од Големите сили. 

     Наспроти ваквите ставови Антон Бозуков истакнал дека ослободувањето може да се изведе со сопствени сили и тоа со неколку последователни востанија. Ризов сметал дека треба да се крене едно но добро подготвено востание. Меѓу другото Димитар Ризов предложил двајцата задгранични преставници на ТМОРО, Гоце Делчев и Ѓорче Петров да влезаат во Комитетот за да дојде до обединување на ВМК (Врховен македонско-одрински комитет) и ТМОРО во една организација.Неговиот предлог бил отфрлен. На крајот од конгресот Димитар Благоев предложило создавање на Балканските соединети држави, но и неговиот предлог бил отфрлен.

     На Конгресот за претседател на ВМК бил избран Борис Сарафов неговиот избор поминал без опозиција. Во новиот комитет влегле и Т. Давидов-потпретседател,Вл. Ковачев-секретар, Георги Петров-касиер и дваца членови-советници А. Бозуков и д-р Шопов. Конгресот го избрал Александар Радев за преставник на ВМК на Првата конференција на мирот во Хаг. Требало да стапи во контакт со ерменската организција Трошак и заедно да го покренат македонското и ерменското прашање.


7 македонски конгрес (30 јули-5 август 1900) 
8 и 9 македоски конгрес (4-8 април 1901) 
10 македонски конгрес (28 јули-3 август 1902) 
  

                Врховниот Македонски Комитет и ТМОРО

  Односите помеѓу ТМОРО И ВМК имале своевиден колорит и влијание врз севкупниот развој на ослободителното движење во Македонија

Односите помеѓу ТМОРО И ВМК биле со различен интензитет и динамика, исполнети со притисоци, закани но и заемно почитување и толеранција. МРО и покрај притисоците на ВМК не сакала целосно раскинување бидејќи на тој начин би се лишела од значајните матерјални средства на македонската емиграција во Бугарија, од друга страна бил ВМК кој преку контактите со МРО сакал да се наметне како главен раководител на целото македонско националноослободително дело.

                 Претседатели 

Трајко Китанчев (1895) - првиот претседател на Македонскиот Комитет 
Данаил Николаев (1895-1897) - вториот претседател на Врховниот Македонски Комиет, оваа функција ја напуштил за да стане аѓутант на кнезот Фердинант 
Јосиф Ковачев (1897) - третиот претседател на Врховниот Македонски Комитет, не бил избран од когресот, туку го заменил Данаил Николаев кои дал Оставка 
Христо Станишев (1897-1898) 
Алексанадар Радев (1898-1899) 
Борис Сарафов (1899 -1901)- шестиот претседател на Врховниот Македоски Комитет, на оваа функција дошол со помош на ТМОРО и агитацијата на Ѓорче Петров 
Стојан Михајловски (1901-1903) - последниот претседател на Врховниот Македоско-Одрински Комитет 

      Потпретседатели

Наум Туфекчиев 
Јосиф Ковачев 
Тома Давидов 
Владимир Димитров 
Иван Цончев - има погрешни податоци дека тој бил претседател на ВМОК, вистина е дека Цончев ја контролирал организцијата но преку С. Михајлов кој бил избран за претседател на комитетот на 8 македоски конгрес, а повторно реизбран 10  македоски конгрес .

 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

1.

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.