v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

  МАКЕДОНИЈА ОД 1941 ДО 1990 година   

 

 МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА   

-- Во 1941 година, веднаш по распаѓањето на грчката држава, четворица националистички генерали на тогашниот квислиншки диктатор, генерал Чолакоглу, во Атина ја распнале картата на Балканот и на собраните офицери, од типот на џелатот Зервас, им ги дале своите упатства: Зад Олимп е Македонија и вие морате да го дадете животот за да ни ја вратите повторно таа земја во нашите пазуви, ако одбивате да го дадете животот во името на Елада, тогаш останете во Атина и живејте како просјаци..!

 

        Откако Грција во 1941 е окупирана од Италија, Германија и Бугарија, на територијата на т.н. Северна Грција се формираат неколку организации на отпорот. Некои од нив се борат против фашистичките окупатори, како ЕДЕС (десна организација водена од Наполеон Зервас), додека други се колаборационистички - но заедничко за сите нив е што сите го напаѓаат невиното македонско население во северна Грција, гледајќи ги Македонците како потенцијална опасност.

     Овој терор е продолжение на теророт за време на режимот на Метаксас, но со многу поѕверски средства. Тука е и ЕЛАС, партизанска армија водена од Комунистичката партија на Грција (КПГ). Иако ЕЛАС во неколку наврати навлегува во македонските села и врши присилна мобилизација, Македонците ја симпатизираат заради позитивниот став на КПГ кон етничките малцинства во Грција.

  Најзлосторната вооружена група која врши репресалии над Македонците е колаборационистичката „Тагмата Асфалиас“ (Батаљони за сигурност), која обвинувајќи ги за автономисти, буквално врши физичко истребување на македонското население во западна Егејскиот дел на Македонија. Конфискации, силувања на девојки и егзекуции извршени од страна на тагматистите се секојдневна појава за Македонците.  

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија

Грчки злосторства над македонците во Егејскиот Дел на Македонија

грчки злосторства над македонците во Егејска Македонија, меѓу отсечените глави е и главата на Васил Чакаларов

 Грчки злосторства над македонците во Егејскиот Дел на Македонија, меѓу отсечените глави е и главата на Васил Чакаларов   

 

жените на македонските борци тепани и силувани

Жените на македонските борци тепани и силувани

    

,... Hадвор од селото упатувајќи се се до Русилово, Кдрво. Имено, Поповски бил ангажиран во пренесувањето на партизани до одредена дестинација. Раскажува за тоа како со уште двајца другари пренеле некои личности од Југославија, кои се наоѓале во Жерви, преку Русилово за Кдрво, влашко село над Каракамен. Кон крајот на 1943 година заминал за Родево. Кога се воделе борбите на Мухарем со бугарската охранаа (заштита), која ги изгорела селата, тој бил курир. Во 1944 година, кога се насетувал крајот на војната и кога грците сакале да ги разоружаат Македонците, а при тоа да ги измешаат македонските партизани со грчките единици, македонските единици кои биле поорганизирани се префрлиле во Југославија.

Се потсетува и на тоа како една група партизани од Битола тргнала пеш кон Велес, каде им бил организиран убав пречек, па потоа дошле во Скопје, по што својата единица ја пронашле во селото Врапчиште, Гостиварско. Задачата на таа бригада била да ги исчистат балистите, остатоците на фашистите. Во овој крај останале до февруари.



 

Автентични сведоштва на учесниците и жртвите на Граѓанската војна во Грција што сé уште трае 

 

   МАКЕДОНИЈА -   ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА  (ВАРДАРСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА )

На 19 април 1941 г. при навлегувањето на бугарските единици во Струмица,.... 

 

 

Злосторства на бугарската окупаторска армија и полиција врз населението во Централна Македонија 

????? ??????????? ??? ??????????? ?? ??????? ??????????

На заседанието на АВНОЈ 1943 во Јајце, Македонскиот народ бил признаен за рамноправен со останатите народи во идната Југославенска држава

Меморандум од британскиот конзул во Скопје, 1945 год.

Пропусница за второто заседание на АСНОМ

“…Комунистичката партија чија потчинетост кон Тито е без секое сомневање, се повеќе и повеќе ја контролира македонската влада. Во првата македонска влада, формирана во април, претседателот Лазар Колишевски е секретар на Македонската Комунистичка Партија; двајцата потпретседатели се комунисти и сите останати со исклучок на двајца министри. Во локалните национално ослободителни комитети секретарот, кој нормално е нејмоќен член, секогаш е непроменливо комунист. 

       Се повеќе и повеќе клучните места се непосредно контролирани од централната влада. ОЗНА која се чини има право на вето на многу одлуки на федералната влада и од корпусите за национална одбрана, кои дејствуваат како гранична стража, се засилени во Македонија и се одговорни непосредно на Министерот за национална одбрана. Границата со Бугарија е обновена и преминувањето меѓу Бугарија и Македонија стриктно се контролира. Дозвола за премин се добива само во Белград или Софија. Рудниците и железничките линии се ставени непосредно под контрола на Министерството на рудници и комуникации во Белград. Во овие две служби Македонците се обврзани да примаат српски техничари. Системот такса со исклучок на малите локални такси за локалните служби и снабдување на пари на федералната влада наскоро ќе биде координиран од страна на централната влада.

Формирани се граѓански судови и службата на јавниот правобранител за Македонија ќе биде директно одговорна на Министерот на правдата во Белград за водење на судските работи во федералната единица. Секој важен предлог закон од федералната влада мора да биде во детали упатен до Белград пред да биде активиран. Скопското радио, досега независно, е ставено под контрола на Белград. 

Во почетокот на јуни македонската воена команда беше распуштена и 5-та југословенска армија беше преселена во Македонија со Главен штаб во Скопје. Иако оваа армија се состои од македонски единици, се верува дека содржи најмалку една српска дивизија и една хрватска дивизија размислува да им се придружи. Таа е команда на генералмајор Родиќ кој со својот штаб, политичкиот комесар и поголемиот дел од неговите службеници се Срби. Се чини, исто така, дека Белград ја држи Македонија сосема изолирано од некои основни потреби и покрај тоа што помошта од УНРРА се очекува, таа се уште не почнала да пристигнува. 

Ова секако може да е чекор на централната влада за да им стави на знаење на Македонците колку се тие зависни од Белград…”

“Велика Британија и Македонија” (1945-1948)
документи, III, Скопје 1996, том II, стр.45-47;


Во Македонија во 1944 година, во тек е британската мисија ‘БРЕСОНЕСЕ’ на чело со кaпетан Мекдоналд, припадник на Управата за специjaлни опepации. Како што стои во извештајот на Мекдоналд, од јануари до средината на април 1944, мисиjaта била во Грција, меѓу планината Кајмакчалан и реката Вардар, а подоцна, северно од Охридското Езеро, се до октомври кога мисиjaта завршува. Нејзин плод е извештајот во кој, во рамки на оценката на британската мисиja за политичката ситуација во Македонија, се вели:

‘Македонското партизанско движење во својата основа пред се е нaционaлиcтичко, а потоа кoмунистичко движење. Во нивната пpoпаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните лидери сериозно сметаат дека Грција и Бугарија ќе и отстапат територии на нова Македонија. Според нив, границите би се протегале од реката Места до Охрид и од Солун до Куманово. Јас би нагласил дека ова не е некое мудрување, туку ceриозно е поставено од Апостолски (Михајло Апостолски, н.з.), Абас (Цветко Узуновски, н.з.) и другите’.

Мекдоналд нагласува дека партизанските лидери од Македонија, во исто време, ја сфаќаат ‘неопxoдноста да бидат член на силна федерација на југословенските држави’. Тоа, според него, е последица на фактот што Македонија со векови била цел на различните балкански држави, па оттука, лидерите на партизанското движење знаат дека самите Македонци не се доволно силни за да ја задржат својата независност и ќе ‘треба да се потпрат на силна Југославија’.

Во поглед на економската ситуација во Македонија, Мекдоналд дава една прилично невообичаена и за нашата себеперцепција неповолна оценка: ‘Македонија е потенцијално богата, но единствена пречка кон било каков економски напредок се апатиjaта на народот и неговата мpзeливост… Сиpoмаштијата е многу голема и селаните живеат во нечистотиja од свињите и домашните животни како резултат на мpзeливост. Облеката е од нajлошата. Нивниот живот е многу едноставен. Нивна единствена гpижa е да oбeзбeдат доволно храна за да се задоволат себе си и своите фамилии преку зимата’, истакнува Мекдоналд.

Што се однесува до самите пapтизани тој наведува дека тие многу стpaдаат во зимата: ‘Две третини од бригaдaт се без чизми и многу од нив се без чевли или било какви чорапи. Многу пoчинaa од cмpзнатини’.

Мекдоналд се осврнува и на грчко-македонските односи. Врските меѓу политичките и вoeните лидери ги оквалификува како ‘блиски и срдечни’:

‘Нашите пapтизани постојано покажуваат одвpaтност кон нeaктивноста на андapтите, а од друга страна тие зборуваат многу убаво за грчкиот народ кој ги хранеше преку целата зима и се гpижeшe за paнетите… Под peжимот на Метаксас, македонскиот јазик бил целосно забpaнет… Македонските територијални барања вклучуваат дел од Солун и северно од него. На ова ќе се осврнам подоцна. Јас многу пати го покренав прашањето на грчката спремност да изгyбaт територија во корист на Македонија’, запишал Мекдоналд.

Тој додава нешто што кај денешниот просечен Македонец веројатно ќе предизвика позитивно изненадување. Пapтизанскиот план бил да се спроведе слободно гласање на територијата на Македонија за границите меѓу идните држави на Балканот: ‘Пapтизаните сметаат дека во однос на тоа не би требало да има проблеми бидејќи границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот. Слободното гласање би ги решило сите пpoблеми и е постојано повторувана тема од македонските пapтизани. Ист е случајот и со Албанија. Трите пapтизански движења, албанското, грчкото и македонското, навистина имаат многу силни заеднички врски, не покажуваат страв или сомневање едно од друго и активно и подготвено соработуваат’, истакнува британскиот paзузнавач.

Во поглед на гласањето за нови граници на Балканот, посебно меѓу Југославија и Грција, Мекдоналд ја навел и забелешкaта дека Цветко Узуновски-Абас признал дека Грците се уште не се согласиле во однос на гласањето, но сметал дека ‘тоа е само академски’ и изгледал убеден дека на крај Грците ќе се сложат со предлогот. Но, како што Британецот иpoнично забележал, ‘Абас изгледа премногу буквално ја сфатил Атлантската повелба’ потпишана во 1941 година, првично само од Винстон Черчил и Франклин Рузвелт, за повoeното уредување на светот.

Во извештајот Мекдоналд се осврнува и на бopбената способнocт на македонските пapтизани, истакнувајќи дека ‘им недостасува oфaнзивeн дух’.

‘Апостолски призна во јануари дека македонските пapтизани секогаш избегнyвaлe aкции и самиот си рекол дека Косоварите нема да продолжат да ја водат целата бopба. Некои македонски командири како индивидуи се храбри, но повеќето со ајдучки тип на храброст, а само неколкумина имаат тактички концепции. Диcциплинaтa е лoшa и дезepтирањето беше често за време на oфaнзивaтa’, запишал Британецот.

 

 

'' МАКЕДОНИЈА ПОД БУГАРСКА ОПЕРАЦИЈА - ПИРИНСКИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА''

Во 1890 година во Кнежевството Бугарија биле попишани 3,5 милиони лица

Еве два такви документи:

Во првиот, кој претставува писмо од британскиот амбасадор во Виена Франсис Планкет до државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија, маркизот од Ленсдаун, од 9 март 1901 година, се прави јасна разлика меѓу Бугарите и Македонците, кои се непожелни во Бугарија, бидејќи „им го зедоа лебот од устите на Бугарите“.

Во почетокот на писмото амбасадорот Планкет му се обраќа на маркизот Ленсдаун со зборовите: „Ве молам да ми дозволите да Ви доставам краток извадок од еден извештај што денес беше објавен во весникот „Information“, во кој е изнесен бројот на офицерите, службениците итн., кои се родени Македонци, и какво влијание има тоа врз владата и администрацијата во Кнежеството (бугарското)“.

Следува извадок од статијата, во која се вели:

„Статистичките податоци во врска со бројот на Македонците што живеат во Бугарија фрлаат јасна светлина врз македонското прашање. Според последниот попис на населението во Кнежеството, тоа изнесува 3.500.000 лица и од последниот попис во 1890 година има пораст од 600.000 лица. Порастот се должи претежно на емиграцијата од Македонија и од Одринскиот вилает.

Емигрантите не носеле со себе ништо, освен своето знаење за разни видови трговија, во која се натпреварувале со Бугарите. Дваесет илјади Македонци се населиле во Софија, 8.000 во Пловдив, а во другите градови бројот на македонските населеници е во пропорционален пораст. Статистичките податоци покажуваат дека една третина од офицерите во бугарската армија се Македонци. Меѓу 86.000 учители има 2.600 Македонци, а меѓу 38.000 службеници 15.000 се Македонци. Четворица од осумте митрополити се Македонци по раѓање, а од вкупниот број 3.112 попови, 1.262 се Македонци.

Понатаму, секоја година, во потрага по среќа, во Бугарија доаѓаат по 200 до 300 македонски студенти од училиштата во Егзархијата. На тој начин, јасно е дека македонското прашање многу одамна за Бугарија престана да биде само политичко прашање. Тоа повеќе наликува на прашање со внатрешно-економски карактер.

Затоа, Бугарите апелираат до Европа да им даде на Македонците реформи – автономија, кралство или република, без разлика што било, само тие да можат да се вратат во својата сопствена земја – тие дојдоа да бараат слобода, а им го зедоа лебот од устите на Бугарите. Европа мора, порано или подоцна, да ги сослуша овие апели, бидејќи нема сила на земјата што може да го запре македонскиот офицер, војник или учител да не ја преминува границата оттаму каде што востанието само што не избувнало“.

 

         Од Пиринска Македонија е првиот партизан (треба да се види по точно од која година) Иван Козарев кој излегол како партизан против бугарскиот фашистички окупатор и германскиот. Тој е и првиот партизан од целиот Балкан ( тврди Атанас Кирјаков, треба да се утврди која година тој станал партизан). На 29.01.1944 година во селото Лисија ( Горно Џумајска околија ) во борба против германскиот и бугарскиот фашистичко-нацистички окупатор загинале сите партизани и партизанки од Партизанскиот Одред - Арсо Пандурски. Сите биле од Пиринска Македонија, со исклучок на русинот Вањуша Валчук. 

Ова е втор податок каде се среќава руси во партизанските одреди. Имало и при основање на партизанските одерди во Вардарсака Македонија. Русите имаале точен број и имиња на партизаните од 1944 во Македонија.

Доказ за бугарската вмешаност во еврејскиот геноцид

Црвената армија влегла во Бугарија на 8 септември 1944 година; Бугарија и објавила војна на Германија следниот ден.

Тешкото вооружување било предадено на нацистите, така бугарите, пљачкале колку можеле и се повлекле од Македонија.
Среќа немало железница инаку ќе го опљачкале Македонскиот народот и дрвени лажици пљачкале, толку биле бедни.

Скопје е ослободено од нацистите и балистите, не од бугарите.

 

ДОКУМЕНТ НА ЦИА ОД 1944: Македонците во Бугарија барале автономна Македонија во состав на Југославија

„1944: Македонците во Бугарија побараа автономна Македонија во состав на федерална Југославија

 

ВНИМАНИЕ оваа фотографија е од ослободувањето на Белград, НЕ од Скопје, некои срби сакаат да ни ја наметнат, во ослободувањето на Скопје и Македонија не учествувале бугари, но во Србија , да 

''Во времето кога се водеа борбите за Штип, 5-та бугарска дивизија стоеше наполно пасивна на Злетовска Река, а дури по ослободувањето на Велес тргна во правец кон Скопје и ноќта меѓу 13 и 14 ноември, со наредба од Главниот штаб (издадена е на лице место усно), беше вратена назад за Бугарија, пред да стигне целата дивизија во Катланово.

Извор: Михаило Апостолски, Завршните операции на Н.О.В. за ослободувањето на Македонија, Кочо Рацин, Скопје.''

По поразот на наци-фашизмот во Бугарија во 1944., Македонците во Бугарската армија, т.е. комунистите и федералистите составиле македонскa Национално-ослободителна бригада, чија цел е самостојна (автономна) Македонија во состав на федерална Југославија. ЦИА го декласифицирала овој таен документ во 1974.

Според него, членовите во бригадата би можело да достигнат и 10.000. Тие, под раководство на Маршал Тито, ќе се борат во Македонија.

Водачите на федералистите го потврдиле сојузништвото со македонските комунисти, и покрај политичко-идеолошките разлики.

Извештајот е насловен како „Меморандум до Претседателот (на САД)“, и е потпишан од основачот на ЦИА, Вилијам Џозеф Донован.“

 

"1946 година Бугарија, под раководство на Геоги Димитров, официјално го признава постоењето на Mакедонската нација и правото на Пиринскиот дел на Македонија да биде припоена кон Народна Република Македонија. Мнозинството од населението во  Пиринскиот дел на Македонија се прогласува како Македонеци, на слободен попис на Бугарија.

1956] ''. Во бугарскиот попис од 1956 година, мнозинството од населението во Пиринска Македонија повторно се прогласува за Македонеци. Оттогаш Бугарија под националистичка Тодор Живков ја враќа својата одлука за признавање на Mакедонската нација и уште еднаш забранува слободно изразување на Mакедонската националност и јазик''.

Писмото што е испратено на 17 август 1946 е официјална кореспонденција помеѓу генералниот секретар на Бугарската работничка партија (комунисти) Георги Димитров и Јосип Броз Тито. Документот денес се чува како реликвија на официјалната документација со која располагал Централниот комитет на СКЈ и КПЈ.


Добри Трпешев кој се обраќа пред Президиумот на АСНОМ:

„Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас. Ние Бугарите дозволивме на фашистите да се здружат со Германците и да не потиснат од природниот сојуз со нашите братја Славјани…“

„…Разликата меѓу старата Бугариа и отечественофронтофската Бугариа е уште и во това што отечественофронтофската Бугариа смета, дека треба да се врати оној дел от Македониа, кој денеска се навоѓа во границите на Бугарија, и да се приопшти кон Македониа во Југославиа…“

Најголемиот дел не го познаваат, а можеби и никогаш не чуле за него. Добри Трпешев е бугарскиот министер и генерал на отечественофронтовска Бугарија кој на 28 декември 1944 година во Скопје на Второто заседание на АСНОМ, го одржал својот експлозивен говор пред македонското и југословенското политичко раководство, 

Громогласните аплаузи иницирани од ваквиот став на бугарскиот министер и генерал не наишле на одобрување кај англо-американските претставници – мајорите Милер и Дикенсон, кои побрзале да ги известат своите Влади за идното бугарско-македонско најавено пријателството под покровителство на Југославија.

На фотографијата е даден приказ на бугарскиот претставник на Второто заеседание на АСНОМ, Добри Трпешев кој се обраќа пред Президиумот на АСНОМ – предводен од Методија Андонов – Ченто и југослоевнската делегација предводена од Едвард Кардељ. Фотографија на Благоја Дрнков од приватниот албум на генерал Михајло Апостолски.

Бугарија им даде права на Македонците во Пиринска Македонија, а денес Заев им ги одзеде правата на сите Македонци

Губеле време, наместо да одат на Солун.

 

Пиринскиот крај да се присоедини кон Македонија

Димитров во дописот го информира Тито за одлуките на десеттиот проширен пленум на Централниот комитет на Бугарската работничка партија (БРПк), кој бил одржан на 9 и 10 август 1946 година.
Дописот почнува со констатацијата дека основната цел на македонскиот народ е тој да се организира во државен и национален поглед во рамките на Федеративна Народна Република Југославија, како Народна Република Македонија. За тоа да се случи, пишува Димитров, треба да претстои организирано обединување на другите делови на македонскиот народ врз база на Македонската Народна Република, која би функционирала во рамките на Федеративна Народна Република Југославија.
Понатаму авторот изнесува друг заклучок на Бугарската комунистичка партија, кој вели дека требало да се направат соодветни подготовки за да се формираат потребните услови целиот процес да се изврши, а со што би се финализирал планот за обединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија.
Токму присоединувањето, според бугарскиот комунист и тогашен водач на Бугарија, било од големо значење како за самите Македонци така и за Отечествениот фронт на Бугарија и на Федеративна Народна Република Југославија.


Да се учи и да се шири македонскиот јазик и култура

Димитров во својот службен допис до Тито посочува дека за да се изврши присоединувањето на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија требало систематски да се работи врз културното зближување на македонското население од овој крај со она население што живее во Народна Република Македонија.
- Треба да се популаризираат во јавноста успесите на Македонската Народна Република, на македонскиот јазик и на македонската литература, а со тоа во пиринскиот крај луѓето да се запознаат со историјата на македонскиот народ.
Понатаму, според она што е напишано во документот, Димитров предлагал во училиштата во пиринскиот крај да почне да се учи на македонски и да се работи активно врз олеснувањето на пограничните услови помеѓу Македонија во Југославија и пиринскиот крај.
Шефот на Бугарската работничка партија му објаснува на Тито дека во иднина двете држави требало заеднички да работат на подобрување на широкиот заемен контакт на македонското население од едната и од другата страна на границата и да се преземат низа други мерки што би гарантирале културна автономија на пиринскиот крај, со што би се овозможило да се развива националната свест на македонското население и би се олеснило неговото обединување со основниот дел на македонскиот народ во Народна Република Македонија.


Дописот детално разработува стратегија што вели дека е неопходно активно учество на Македонците во борбата на Отечествениот фронт заради зацврстување на демократскиот режим во Бугарија.
- Македонците од пиринскиот крај треба да имаат свои македонски кандидати на изборите за Великото народно собрание, а во самото Велико народно собрание своја македонска парламентарна група - пишува Димитров.


Бугарскиот комунист објаснува дека тогашниот весник „Пиринско дело“ треба да има главно македонски карактер и во сето време треба да води решителна борба против михајловистите и нивните странски покровители, кои се опасни непријатели на националното обединување на македонскиот народ, на расцутот на Македонската Народна Република, на братскиот сојуз меѓу Бугарија и Југославија и на словенското единство.
Токму овие активности, истакнува Димитров, ќе помогнат да се спречат великобугарскиот, великосрпскиот и великогрчкиот шовинизам на овие простори, а со тоа ќе се воспостави најтесна соработка меѓу пиринските Македонци и македонската емиграција во Бугарија, заради активна поддршка на Македонската Народна Република.

Присоединување со сојузен договор

Во службениот допис на БРП(к) доставен до КПЈ уште се наведува дека територијалното присоединување на пиринскиот крај кон Народна Република Македонија треба да биде врз база на сојузен договор меѓу Бугарија и Југославија. Токму овој договор требало да ги земе предвид волјата и заедничките интереси на самиот македонски народ, исто така и правото на кооптација (воведување) на бугарското државјанство за жителите на пиринскиот крај, кои евентуално би сакале да го искористат тоа право.

Бришење на границите меѓу двете земји

Самиот договор со кој ќе се регулира македонското прашање ќе го опфати и враќањето на западните окупирани покраини на Бугарија, кои сега се наоѓаат во Југославија. Тука се мисли на деловите од сегашниот димитровградски и босилеградски крај. Димитров во писмото посочува дека БРП(к) смета дека сѐ што ќе се случи со ваквиот договор би било во интерес на македонскиот народ и на државите Бугарија и Југославија.
Самиот план што го разработеле комунистичките партии на Белград и на Софија предвидувал да се изврши практично спојување на двете држави преку територијата на Македонија. Тоа би било изградено на начин што фактички не би постоела царинска или која било друга граница помеѓу Македонија и Бугарија, како што таква граница не постои меѓу Народна Република Македонија и другите единици на Федеративна Народна Република Југославија. Писмото Димитров го завршува со ветување дека тој ги обврзува сите членови на партијата и пред сѐ членовите од пиринскиот крај да се придржуваат строго и да ја спроведуваат практично оваа партиска директива за македонското прашање и ѝ препорачуваат на македонската емиграција со сите средства да го помага зацврстувањето на овој договор врз база на сојуз меѓу Отечествено-фронтовската Бугарија и Федеративна Народна Република Југославија.


Од историјата е познато дека во Пиринскиот Дел на Македонија до 1948-та постојат библиотеки, училишта, театри и литература на македонски јазик, но тогаш Бугарија ја напушта политиката на признавање на македонското малцинство, за што свое влијание има и Комунистичката интернационала. Димитров и Тито не успеваат да ја реализираат идејата за обединување на двете држави во една федерација. Сепак, Македонците во Пиринска Македонија не исчезнаа, и покрај тоа што официјална Софија ги асимилира со децениската денационализаторска политика.

Бугарија го призна постоењето на македонскиот народ и јазик, со право да се обедини

Бугарија го призна постоењето на македонскиот народ и јазик

Под водство на Димитров, Бугарија го призна постоењето на македонскиот народ и јазик

Во историската меморија на македонскиот народ, бугарскиот водач Георги Димитров останува запаметен со говорот кој го одржа во бугарското народно собрание по Втората светска војна. Во свеченото обраќање Димитров истакна:

 „Во интерес на процесот на зближување и идното обединување на македонските области од двете страни, нашата партија се согласи да се воведе како задолжителен предмет официјалниот македонски јазик во пиринскиот крај. И допушти како учители, македонски учители од Скопје, како и македонски библиотекари за да ја распространуваат литературата на македонски јазик. Тоа беше доказ дека нашата партија се однесува со најголема симпатија кон обединувањето на македонскиот народ.“

Бугарија го призна постоењето на македонскиот народ и јазик, со право да се обедини

Летото 1947 година, со специјален закон изгласан во Великото народно собрание на НР Бугарија, во училиштата во Пиринска Македонија се воведоа како училишни предмети македонскиот литературен јазик и македонската национална историја.

Но Георги Димитров не сопрел тука. Под неговото водство, Бугарија официјално го признава постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Во декември 1946 година се спроведува попис во Пиринска Македонија и на Македонците им се дозволува да се изјаснат и да се запишат како Македонци. Во текот на овој попис од вкупно 252.908 жители на Пиринска Македонија 160.541 лица се идентификуваа како етнички Македонци, а 9.000 лица како Македонци во останатиот дел на Бугарија.

Георги Димитров

Денешната бугарска историографија Димитровите ставови ги поврзува со резолуцијата на Коминетрната од 1934 година и напорите за создавање на Балканска Федерација. Но Георги Димитров произлегува од бугарска социјалистичка средина која секогаш на Македонија и Македонците гледаа со симпатии и давала подршка за решавање на македонското прашање во полза на Македонците. Постојат повеќе сведоштва за погледите на бугарските левичари за Македонците.

Наредба на Бугарското министерство за образование за одделно изучување на македонската од бугарската историја 

Летото 1947 година, со специјален закон изгласан во Великото народно собрание на НР Бугарија, во училиштата во Пиринска Македонија се воведоа како училишни предмети македонскиот литературен јазик и македонската национална историја.

       На 10 август 1903 година, „Женски глас“ ја објави статијата „Македонското движење и женските благотворителни друштва Ек. Симитчиева“ во која било истакнато дека треба да „ги поканат сестрите од Србија, Романија, Црна Гора… Грција да ги помогнат и поткрепат востанатите – Македонец и Македонка.“ Понатаму се вели: „Кога ќе погледнеме на бледите страници од дејноста при најважните случувања, време е тие друштва при денешната очајна борба на Македонецот и Македонката да притекнат со својата помош, кога навистина или сега или никогаш, треба да се даде. Денешните случувања… посакуваат дела, сакаат дејност.“ (Женски Гласъ; орган на соф. жен. образователно дружество, Год. IV, София 10-й Августь 1903 год., Брой 24, 8.)

Статијата „Македонското движење и женските благотворителни друштва Ек. Симитчиева“

На 18 април 1903 година, во Софија била организирана манифестација за одбележување на празникот на трудот од страна на работниците – социјалисти. По завршувањето на манифестацијата, пред бројниот народ се обратил Јанко Саказов „со неколку симпатични зборови за каузата на Македонецот“. Саказов истакнал: „денес, кога меѓународниот пролетеријат го празнува под црвеното знаме својот голем ден, еден народ, угнетуван со векови, го развеал истото знаме на револуцијата – за најелементарни човечки правдини.“ Саказов предложил прифаќање на една резолуција од име на софиските работници за поддршка на боречкото население во Османлиската империја. Предлогот бил прифатен со акламација (Македоно-одрински куриеръ, Година I, София, 19 Априлъ 1903, Брой 7, 3.)

Говоорт на Јанко Саказов објавен во весникот „Македоно-одрински курир“

Во есента 1907 година, Павел Делирадев го објавил памфлетот „Македонското прашање и социјалдемократијата“ во кој пишува за девизата „Македонија за Македонците“ и „една мала македонска држава“. Во 1897 година, Делирадев и се приклучил на Бугарската работничка социјалдемократска партија. Соработувал со Георги Димитров и заедно со него во 1904 година го формирал општиот работнички синдикат.

Георги Димитров


Димитров е бугарски и советски политичар, водач на Бугарската комунистичка партија (БКП) и претседател на Коминтерната. Роден е во 1882 година во  село Ковачевци во семејство на Македонци бегалци, но израснал во Софија.

Во 1923 година, Георги Димитров го предводеше Септемвриското востание. Во 1933 година беше меѓу обвинетите во судскиот процес во Лајпциг организиран од нацистите. Неговиот конфликт со Херман Герминг во судницата е легендарен, кога нацистичкиот водач го изгуби трпението и беше исмеан од Димитров. Со своите енергични говори за време на судењето, тој се здоби со меѓународна слава, станувајќи една од најпопуларните фигури во светското комунистичко движење.

 
Димитров и Геринг во текот на во судскиот процес во Лајпциг

Димитров живее во Советскиот Сојуз од 1934 година, каде беше на чело на Коминтернта. Во текот на следната деценија, соработува со советскиот диктатор Јосиф Сталин и имаше централна улога во координирањето на светското комунистичко движење. 

Во 1945 година се враќа во Бугарија и застанува на чело на државата.

Во бугарскиот попис од 1956 година, мнозинството од населението во Пиринска Македонија повторно се прогласува за Македонеци

ДОГОВОР ОД БЛЕД кој на Македонија и ги дава СИТЕ ПРАВА КОИ И ГИ СПОРИ денес БУГАРИЈА

Договор од Блед, или бледска спогодба од 1947-та година, со која државата Бугарија званично, официјално и меѓународно потврдено, признава македонска држава, македонски јазик и постоење Македонци во Пиринска Македонија како мнозинство во тој дел од денешна Бугарија. Меѓународен договор со кој им се гарантира автономија, културна и етничка, на Македонците во Пиринска Македонија.

Направена и "ревизија" на историјата каде Кирил и Методиј, Цар Самоил, Климент и Наум Охридски, Гоце Делчев, биле признаети како Македонци.

После смртта на Димитров, Живков негира Македонци на територијата на Бугарија.

Оттогаш Бугарија под националистичка Тодор Живков ја враќа својата одлука за признавање на Mакедонската нација и уште еднаш забранува слободно изразување на Mакедонската националност и јазик''.

 

 

 

 

 

 

 

10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ

 

 
 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.