ВЕСТИ

македонска цивилизација 77 000 години

Никој во светот не преговара за името и за идентитетот

       Време е да кажеме: доста се сите „грчки“ игралишта, играчи и игри на ЕУ, НАТО, ОН и на сите наши медијатори, пријатели и непријатели во понижувачки и срамен „преговарачки процес“ за себеуништување!

      Ужасната психолошка војна, која ја смислиле и ја водат континуирано неуморните антимакедонисти, белосветски неморални политички „елити“, три мафијашки грчки фамилии, перфидни профитери и транзициски „уништувачи на глобални и локални забави“, беспрекорни „светски криминалци“, кои сé прават со проверени светски и локални извршители, севозможни дружини на искусни гласноговорници и „етнички терминатори“, има единствена цел: дефинитивно етничко уништување на Македонија и Македонците.

     Играјќи секогаш на иста карта на незадоволни „борци за човекови права“ од таборот на некои агресивни и експлозивни граѓани и малцинства, а постојано негирајќи ги основните човекови права на мнозинското македонско население, непомирливите антимакедонисти применуваат најперфидни и најарогантни „методи на убедување“ за да се уништат не само стеблата туку и корењата на територијалниот и националниот идентитет и интегритет, притоа забранувајќи сé што е македонско и сé што зборува, потсетува или напоменува за Македонија, Македонците и македонството. Но сé додека постои Македонија и живеат Македонци, изгледа нема да успее ова чудовишно „психолошко мачилиште“ и „требениште на души“.

     Физичките делби со светски, балкански, граѓански и чести локални војни и понижувачки „мировни договори“ на македонските територии и постојаната забрана на секојдневна комуникација на Македонец со Македонец, со соседството и светот, та создавањето различни провинцијални протекторатски карантини, гета, блокади и наводни визни либерализации вршеле и вршат психолошки притисок за чувство на инфериорност и неспособност.

     Тие што далекосежно готвеле тактика и стратегија за постепено уништување на Македонија и Македонците ни смислиле погрешна, лажна „реална етничка слика“ на Македонија за да се уништат гордоста и достоинството на Македонија и Македонците, да се разурне психолошки свеста за етнички концепт на државниот суверенитет со вештачко фаворизирање на разорниот „мултикултурен“ и „граѓански“ антимакедонски концепт на државно уредување, применувајќи методи на „позитивна дискриминација“ на мнозинскиот македонски народ, вклучувајќи и „политика“ на секојдневно малцинско тероризирање на мнозинскиот конститутивен етнички елемент на македонската држава со „свое“ откажување од грижата за својот народ во соседството и влегување во „преговарачки процес“ за дефинитивно обезличување на македонскиот идентитет, суверенитет и дигнитет на Македонија и Македонците за да се оправдаат вековните делби и одделно последното парчосување на Македонија од 10 август 1913 година со тој т.н. „Букурешки мировен договор“. Настана клучниот манипулативен „преговарачки процес“: Македонија „сама“ стана „Странка два“ и „ФИРОМ“, а Македонците некој сега ги вика „фиромци“ и „фиромчиња“; „доброволно“ се смени знамето, Уставот, конститутивниот македонски елемент на државноста, територијалната административна поделба на Македонија; се наметна војна во 2001 година за да се промени присилно етничкиот состав на населението во Македонија и соседството и „доброволно“ да се склучи понижувачкиот Охридски договор со сите манипулации и последици, сé до сегашната кулминација на домашни и странски притисоци од нашите стратегиски „пријатели“ и „непријатели“ за промена на името, „доброволно“ откажување од својот македонски идентитет и, секако, „самоволно“ некористење на придавката „македонски“, па сé до инквизициска забрана на правото да имаме свој јазик, своја култура, своја Македонска енциклопедија, со вчудовидувачки алтернативен предлог за нејзино „палење“ на средновековна клада, како, на пример, конаците на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Дваесетгодишна агонија и смислено понижување и малтретирање на Македонија и Македонците. Тоа е благодарноста за нашето описменување и цивилизирање на „светот на световите“ со македонска фонетска азбука.

     Време е да кажеме: доста се сите „грчки“ игралишта, играчи и игри на ЕУ, НАТО, ОН и на сите наши медијатори, пријатели и непријатели во понижувачки и срамен „преговарачки процес“ за себеуништување! Никој во светот не преговара за промена на своето име и на својот идентитет! Македонија е Македонија, според Законот на идентитетот од Формалната логика, и никој нема право да го смени или промени тоа најстаро име на македонскиот свет и на најстарата писмено знајна земја на светот - Македонија.

                                                                                                                                                       Васил Иљов   

 

 

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани

Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
Македонија

Makedonija

Macedonia

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

Contatore utenti connessi