v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

        Александровата порака до српските крвопијци во Македонија: '' Убијте пет, па ние ќе убиеме по петстотини ".

 Александров за автономија на Македонија се сведува на следново: ''Борба за  Oбединета Македонија. Hезависна  Македонија може да биде поставена под заштита на Друштвото на народите или на една од големите сили ''.

ЗА СИТЕ СЛЕПЦИ ШТО ГЛЕДАAТ, A НЕ ВИДАТ,... Да го анализираме симболот на ВМРО на Тодор Александров. 

ЗА ШТО СЕ БОРЕЛ ТОЈ И НЕГОВИТЕ БОРЦИ?

На македонско кирилско писмо што македонците го користеле пред 1945

ВМРО 

ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

НА ПОЧЕТОКОТ ГОРЕ: СЛОБОДА ИЛИ СМРТ,.. А ЗА КОЈ?,... 

ЗА КОГО?,.. ВО СРЕДИНАТА:  ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ....

 ВМРО - СЛОБОДА ИЛИ СМРТ, ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА   

ВМРО - СЛОБОДА ИЛИ СМРТ, ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ???? - ??????? ??? ????, ?? ????????? ??????????

ВМРО - СЛОБОДА ИЛИ СМРТ, ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА

???? - ??????? ??? ????, ?? ????????? ??????????

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ  

    Тодор Александров Поп - Opушов, македонски револуционер и идеолог на обновената ВМРО во 1919 година, втемелувач на челична дисциплина, политичар на кој сите европски порти во секое време му биле отворени, личноста на Александров е препознавањето на вистинската цел на младотурската револуција - чиста фарса. 

''Кој каже дека не сум Македонец, ќе му до скинам јазикот, кој каже дека сум бугарин, ќе му ја пресечам главата''.

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

         Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, Штип, во семејството на свештеникот Александар Поп - Орушев. Таткото на Тодор Александров, Александар Поп - Орушев, бил учител во Радовиш, просветител и богато надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби и соработник на Гоце Делчев. Како ученик во Педагошката гимназија во Скопје во 1897 година, Тодор Александров се вклучува во Македонската револуционерна организација каде што останува сe до својата смрт на 30 август 1924 година.

Револуционерната дејност на Тодор Александров опфаќа три периода: првиот период од 1897 до 1911, вториот од 1911 до 1918 и третиот – од 1918 до 1924 година

    Ученик во  бугарското машкото 3 - то класно и педагошко училиште во Скопје и во Солунска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј", во времето кога Христо Матов  бил директор.  ( ЗОШТО БУГАРСКО - затоа ШТО ТОГАШ македонците И СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО БИЛИО НЕГИРАНО, па морал НЕКАДЕ ДА СЕ ШКОЛУВА ).

   Александров Во 1897 година се вклучил во македонското револуционерно движење.

    Во првиот период од 1901 од 1903 г. Александров е раководител на Македонската револуционерна организација во Кочанскиот регион. Тој и неговите чети во тој периот повеќе пати вршат обезбедување на на апостолот, Гоце Делчев кога поминувал низ Кочанскиот регион. Во 1903 г. Александров ќе учествува во снабдување на дел од експлозивот за Солунските атентори. Во тоа време соработувал со Павел Шатев кој во своите спомени ќе забележи:

„ Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободувањето “. 

Во март 1903 г. е затворен од турските власти поради учество и подготовки во Илинденското востание и е осуден на 5 г. затвор.

Казната ја издржал во злогласениот затвор во Скопје „ Куршумли - Ан “. Во затворот заболува од туберкулоза и е пуштен во април 1904 г. кога по Илинденското востание е дадена општа амнестија од Султанот. 

Во 1905 г. Александров е избран за секретар на Скопскиот округ, а во 1908 г. со недоверба ќе се однесе спрема малдотурците, сметајќи дека тие намa да донесат слобода на Македонија. Александров открива дека младотурците не се за автономија и за реформи во Македонија туку за оживаување на отоманизмот. Заедно со својот сограѓанин Ефрим Чучков, Александров смета дака, малдотурците треба да издадат писмен договор - ферманм, дака ќе дадaт автономија на Македонија, потоа, ќе ги разоружаат четите и ќе се легализираат.

Kpajoт на младотурската револуција потврди дека младотурците немале намера да и дадат автономија на Македонија.

Во 1910 г. малдотурците сакаат да го затворат Александров и нудат 4 000 турски лири за неговата глава, како и своевремено, Турците давале златни лири за македонските револуционери Гоце Делчев и дpуги.
    

Во Балканските војни Александров учествувал во одбраната на Кукуш, го брани градот на апостолот Гоце Делчев, но, за жал, не може да го спречи силниот и суров напад на грчката војска. 

Bо предвечерието на првата балканска војна, тој организирал серија атентати против турските власти, на кои тие сурово се спроитставувале. Eвропа тогаш повторно проговорила за Mакедонија, осудувајќи го турскиот тероризам во Mакедонија. 3а жал некои историчари со иронија пишуваат за овие атентати нарекувајќи ги „ магарешки атентаи “, „ терористички акции“.

     
Поетот Пеју Јаворов, љубител на македонското револуционерно движење воодушевен од храброста на македонските комити, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година.

    

 

За време на Првата Светска Војна, Тодор Александров е еден од најголемите организатори на Македонската дивизија во бугарската армија

Hе е познатo во Македонската историја, а е забранета во Бугарската историја:

 

'' Бугарскиот цар го дава своето ветување на Македонските револуционери за време на 1 Cветска Bојна, A TOA E да прогласи автономна Македонија, која под покровителство на големите сили би се обединила со Bардарскиот и Eгејскиот дел. ''

  Александров и Протугеров

Александров двапати се сретнал со германскиот кајзер Вилхелм 2- ри  во 1917 година од кого бил одликуван со железен крст. 

За прв човек на ВМРО дошол по Балканските војни и Првата светска војна cо поддршка на Христо Матов, тој ја зазема најважната позиција на автомистичка ВМРО.

Александров за автономија на Македонија се сведува на следново:

 

'' Борба за  Oбединета Македонија. Hезависна  Македонија може да биде поставена под заштита на Друштвото на народите или на една од големите сили ''.

Во 1918 година, Тодор Александров ќе ја обнови Македонската револуционерна организација, кога сите сметаа дека Македонското прашање е погребано. Тодор Александров се појавува на хоризонтот и со игла започна да копа извор, нагласувајќи дека македонското прашање не е бугарско, туку македонско државно прашање.

По Првата Светска Војна, Тодор Александров  заедно со Протогеров, под претекст дека ја возобновуваат старата ВМОРО од време на Илинденското Востание, во Пиринска Македонија ги удира темелите на ВМРО. Зборот Одринска е изваден од името, затоа што во 1913 година Турција ги прогонува сите христијани од оваа област.

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарскиот Дел на Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови. Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија.

????? ???????????

Во таква околности Александров влегува во Вардарска Македонија како човек од теренот, во кого се крие скромен лик на човек, хранејќи се со црниот леб на сиромашниот селанец. По македонските планини, каде што се неговите “ канцеларии “, прима странски дипломати и новинари и дава интервјуа.

Води преговори за Македонија во Лондон, Рим во Виена.

Дипломатите во Лодон се изненадени од неговите солидни познавања на состојбите на Балканот, кога наведува дека:

“ Hасилството на Балканот ќе создаде насилство и во Европа “.

За Александров се испеани повеќе народни песни, па затоа не е логично еден револуционер, кој е опеан од народниот гениј, да се прикаже како предавник.

 

Тодор со неговото семејство

  Атентатори на автономистичката ВМРО во почетокот на дваесеттите години на минатиот век извршиле два атентата врз министри на Бугарија. Прво бил убиен министерот за внатрешни работи Александар Димитров, кој претходно Александров го обвинил дека ги собирал околу себе „ отпадниците “ на ВМРО кои, според него, вршеле насилства, рекетарство и убиства и од нив формирал чети и ги испраќал во Македонија. Во предупредувачкото писмо до министерот тој подвлекува дека главно оружје на власта бил Ѓорче Петров кого го поставила за претседател на Комисијата за бегалци. Димитров нема сериозно да ги сфати неговите предупредувања и затоа ќе плати со живот. Бил ликвидиран додека патувал со автомобил за селото Козница. Македонски автономисти, испратени од Александров, му поставиле заседа при што тој и неговиот возач биле ликвидирани на самото место.

Aвтономист на автономистичката ВМРО ќе го егзекутира и наследникот на Димитров, министерот Рајко Даскалов. За да го спаси од македонската организација премиерот Стамболиски ќе го испрати за амбасадор во Прага, но и таму автономист на Александров ќе го пронајде.

„ Даскалов продолжи да живее во чехословачкиот главен град, свесен за фактот дека го демне смртна пресуда од ВМРО. Живееше во една вила во предградието. Едно утро (27 август, 1923 година) тој и двајца негови придружници чекореа од вилата кон градот кога дваесет и двегодишниот автономистoт од ВМРО се судрил со него, да се осигури дека не згрешил, повлекувајќи се неколку чекори, Македонецот го извлекол својот револвер и го убил Даскалов“...

...., пишува американскиот писател со македонско потекло Стојан Христов.

Атентаторот Јордан Цицонков на судскиот процес изјавил дека тој и други членови на ВМРО во мај 1923 година биле поканети од Александров во едно село на Скопска Црна Гора при што им одржал куса реч, потсетувајќи ги на нивната должност кон македонската револуционерна борба. Потоа им кажал дека владата на Стамболиски ги прогонувала Македонците, по што ВМРО изрекла смртни пресуди за четворица членови од неговиот кабинет. Тогаш го информирал Цицонков дека нему му се паднала ждрепката да го убие Рајко Даскалов. Кога тој му рекол дека не знае странски јазик и дека ќе му биде тешко да ја пронајде жртвата во Чехословачка, Александров го извлекол од торбата Уставот на ВМРО и од него го прочитал извадокот:

 

„ Секој член на организацијата кој што ќе одбие да спроведе смртна пресуда ќе биде застрелан не подоцна од дваесет и четири часа “.


Цицонков од прашкиот суд бил ослободен со образложението дека дејствувал како агент на ВМРО и дека се наоѓал под „ невозможна принуда “, немал друг избор освен да ја исполни задачата или да умре. Меѓутоа, подоцна одново бил суден во едно провинциско гратче. Го осудиле на 20 години. По две години одлежани во затворот се самоубил.

Александров ќе убива бугарски, а Михајлов српски политичари.

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ

ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ 

      Потпишувањето на познатиот Мајски манифест во Виена е  дострел во револуционерната аквивност на Тодор Александров во 1924 година со кого е постигнат договор за обединување на левите и десните македонски револуционерни сили.  Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО Автономистичка бил донесен на 6 мај 1924 година со неговото потпишување од страна на членовите на ЦК - Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Во него се за автономија на Македонија.

 

    Тогаш е потпишана и посебна декларација според која иднината на Македонија  не се поврзува со Бугарија, туку во една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници.  

        Со овој манифест не се согласила реакционата влада на Александар Цанков. Се смета дека Цанков наредил истиот да биде убиен. 

        На 1 август 1924 година Александров изјавил дека „ не потпишал никаков манифест и дека објавениот манифест е мистификација на егзалтирани комунисти“. 

         Марија Коева, ќерка на Тодор Александров, тврди:

Навистина, мојот татко се откажа од потписот на Мајскиот манифест, бидејќи не сакаше ВМРО да се болшевизира и да биде партија, туку да си остане татковинска патриотска организација се додека Македонија не стане држава “. 

    Содржината на Мајскиот манифест, навистина, е составена токму по налог на Тодор Александров, меѓутоа, објавениот Мајски манифест не е соодветен со оригиналот, што е причина Тодор Александров да се откаже од потписот. При објавувањето на Мајскиот манифест се присутни нечесни игри, кои се уште не се обработени во нашата историја..

     Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја, а е забранета во Бугарската историја, имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили, кoja би се обединила со Bардарскиот и Eгејскиот дел.

Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владатa и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот

     Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство од страв на делување на Тодор Александров. 

     Александров  ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија ( Вардарска, Егејска и Пиринска ) – во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.

Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 Македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „ Слобода или Смрт “ да го дадат својот живот за Војводата Александров. Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонија.

За четири дена го завземал Ќустендил, ги разоружал Бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка, Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија чекајки над 100 000 Македонски комити од цела Македонија.

Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка, Кратово и Куманово и се спремил за вооружена пресметка со Српската војска, 5 000 Македонски комити оставил во Ќустендил а другите 12 000 од 17 000 кои го заземале Ќустендил ги повел во битка, но на излез од Ќустендил кај селото Ѓуешево, Бугарската војска координирана со Српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори.

Тодор Александров е единствен човек - МАКЕДОНЕЦ кој кренал рака и воено ја нападнал Бугарската царштина, го окупирал градот Ќустендил и го известил тогашниот министер за одбрана со писмо кое гласи од прилика вака: 

Вие, вашата влада и вашиот цар ветивте 
дека по Букурешт ќе се заложите за
неправедното распарчување на 
Македонија, ветивте дека ќе направите се 
што е во вашата моќ Македонија да биде 
Обединета и Независна држава. Вашето 
ветување и вашите лаги денес завршуваат,
Македонските комити и ВМРО јасно увидоа 
дека се излажани и кренаа глас против 
вашата окупаторска политика, Ќустендил ќе
биде под наша воена управа се до
остварување на нашата цел.

Поради ова писмо владата на тогашниот Бугарски премиер паѓа а Александров добива документ со јасни заложби за Македонски училишта, Македонски свештеници во Пиринско и започнување на нов договор  со грците и србите за Македонско обединување и независност.

Тодор Александров чекајки ги 100 000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа Македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.

ВМРО има своја армија од 9.600 луѓе и околу 15.000 резервисти, со своја уникатна униформа и „ крумката “ како заштитен знак на четничкото движење. ВМРО има своја парола, која е многу кратка и јасна: „ целосна и независна Македонија “.

мeдaл нa ВМРО

Има траги од настанот во светскиот печат, иако сé крие: ''Македонските бунтовници бесат 6 бугари''

мeдaл нa ВМРО

Meдaл нa ВМРО

Дали ''слeпците'' пардон тие што гледаат, а не видат, знаат да прочитаат?,.. ако не знаете јас ќе ви помогнам:

'' СЛОБОДА ИЛИ СМРТ, ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА - ВМРО ''

 

До крајот на 1920 година, ВМРО - ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА, веќе ја има вратено својата стара организациска структура како во турското ропство, со старите револуционерни окрузи и околии и најдобро се етаблира во Скопско, Кумановско, Кратовско, Овчеполието и во Штипско. Во Беломорска Македонија пристапот е повнимателен, со одбегнување борби што би наштетиле на населението под налетот на грчките колонизатори и асимилатори.

„ Њујорк тајмс “ од 10.8.1924 година ќе забележи дека:

„ ВМРО е организирана до совршенство, со своја пошта и дистрибутивни центри, со своја милиција и одлично вооружени сили, располага со своја сопствена културна, економска политика и претставува една вистинска држава, мистериозна силна и која има строго определена цел, прогласување на Македонија за слободна држава со главен град Солун “.

Се градат сојузништва со aлбанци, турци, pоманци, муслимани, дури и со комунистите и како што Тодор знаеше да рече:

 

„Aко е потребно ќе се здружиме и со ѓаволот, само за доброто на Македонија“.

Но, никогаш не прифати ВМРО да се претвори во коминтерновски измеќар и во болшевичка партија. За него организацијата, каква што отсекогаш ја сонуваше, беше светост, која со ништо не смееше да се осквернави. ВМРО е чувар на јазикот, културата, традицијата, но и на моралот и на чесноста и на достоинството. Тука ВМРО нема компромиси. Жестоко се пресметуваат со сите тие на кои банкнотите им се поважни од организацијата. Тој го устоличи принципот дека ВМРО е неспоива со лични интереси, неморал и богатење на сметка на револуционерното дело. Со неговиот аскетизам самиот беше пример за скромноста и чесноста, која треба да има еден вистински припадник на организацијата.

ВМРО почнува да биде страв и трепет за српските жандари, кои во тоа време достигнуваат и 13.000.

Четничките акции се насекаде каде што крстосуваат војводите: Лазар Велков и Величко Велјанов во Скопско, Панчо Михајлов во Кочанско, Иван Крстев и Григор Хаџикимов во Штипско, Крсто Лазаров во Кумановско, Стојан Леков во Кривопаланечко, Гошо Чолаков, Никола Панов и Никола Гулев ( син на Питу ) во Велешко, Георги В’ндев во Струмичко, Ефрем Чучков во Малешевијата, Христо Симеонов во Радовишко, Мито Илиев во Серско Кујумџиев и Стаматов во Солунско, Стојан Илиев, Стојан Антов и Атанас Калчев во Тиквешко, Ичко Димитров и Стојан Мандалов во Гевгелиско, Илија Дигалов во Костурско. Арсо Локвички во Леринско, Иван Гјурлуков во Прилепско, Љубомор Васов во Крушевско… а рамо до рамо меѓу нив, Тодор Александров, кој со целиот свој штаб е во Македонија.

Тој е насекаде каде што е потребно, во Македонија, Бугарија, Италија или во Англија, истовремено да биде и војвода и комита и револуционер и идеолог, да организира и насочува, да биде и министер за надворешни работи, министер за финансии, врховен командант, социјален управник, но најважната негова улога – да го враќа и возобновува непокорниот македонски дух на непокорот, духот на ВМРО.

Тодор во едната рака ја држеше пушката, а во другата перодршката, пишувајќи неуморно меморандуми и писма до европските лидери зошто Македонија треба да биде слободна и независна. Како одличен познавач на балканските околности предложи дури 11 сценарија, секакви варијанти, само да ја види татковината слободна. Веруваше во тоа, иако знаеше дека, можеби, нема да го доживее тоа. Кога патуваше во Европа, зајмеше цивилна облека затоа што комитската одежда беше единствената што ја имаше. Изветвена пелерина му ги покриваше плеќите затоа што со години го чуваше од дождот и студот по македонските планини.

Тодор Александров на терен во Македонија, со своето Oдделение

На многумина почнува да им пречи таа возродена сила на Балканот. Србија, која сваќа дека нема толку лесно да ужива во окупираните територии, Грција и нејзините проекти за етничко чистење, Бугарија со превртливата и интригантска влада на Стамболиски, но и Москва и Коминтерната. Под вакви околности, притиснат од сите страни продолжува да дејствува Тодор Александров. Но тој и натаму е тој што ја диктира политиката и настаните на Балканот.

Тоа е името што сѐ почесто ќе се наоѓа во извештаите до балканските државници, но и во  Лондон, Париз, Берлин, Вашингтон. Европскиот печат почнува да известува за легендарниот водач на ВМРО и ја раскажува приказната за Александров.

„Ројтерс“ од 26.9.1923 година пишува:

лицето му е испиено и погорено, затоа што било изложено на најразнобразни невремиња, но тоа лице е полно со енергија и има очи што го разоткриваат внатрешниот оган на една проаждајска цел и на еден пламенски ентузијазам……“

Париски „Журнал“ од септември 1923 година опишува

„тој независно од големите опасности го продолжува своето дело на апостол… денес тој е највлијателниот меѓу сите Македонци, кои се стремат кон независност… Неговиот живот е легендарен. Тој носеше иста униформа како и неговите четници, живее ист живот со четниците, се движи пеш како и другите, спие на земја, често се храни само со леб, носи пушка со 25 патрони, бомби, двоглед и раница во која е сместена архивата…“

Унгарскиот „Еко де данјуп“ од 6.1.1924 година:

„тој има префинети и грижливо зачувани раце, очи во кои блеска пламен на апостол, погледот му е сосредоточен, а усните складни и малку бледи. Лицето му личи како тоа на Исус.Тука тој е Исус на Балканот, БОРБЕНИОТ ХРИСТОС НА ГОРИТЕ…“

Лондонски „Тајмс“ одбележи:

„Тодор Александров беше еден од најзабележителните водачи на Балканот. Поседувајќи крајна магнетична личност, тој беше тип на фанатичен патриот, кој не би сопрел пред ништо, за да ја постигне својата цел – создавањето на автономна Македонија“.

 

 

 

   

Александров со комити во околината на Кочани

''Todor Alexandroff le chef des revolutionaires Macedoniens'' 

Весникот од Белград ''ПОЛИТИКА'' 1924 година објаснува кој бил Александров и околу убиството и за што се борел

      На 31 август 1924 година Александров бил убиен, а челната позиција во ВМРО ја  презел  самопрогласениот Ванчо Михајлов кој  продолжил со терористичката активност  на целосно чистење  на старата ВМРО.  Убиството е извршено по потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена, кој имаше цел обединување на македонските револуционерни сили во единствен револуционерен фронт за создавање самостојна независна македонска држава или, пак, на автономија во рамките на балканска федерација.  

     Тогаш во највисоките органи на автономистичката ВМРО биле Кирил Прличев, синот на Григор Прличев, Георги Баждаров, Наум Томалевски, војводата Панчо Михајлов и многу други познати револуционери. Бугарскиот двор и влада настојувале на чело на организацијата да дојде помлад и послушен човек преку кого ќе можат да манипулираат со ВМРО. Сите други повидни имиња на организацијата биле поискусни и попознати, па така се определиле за Иван Михајлов. Mногу необично што во тоа време на чело на најмасовната македонска револуционерна организација со долга традиција дошол токму Иван Михајлов, незавршен студент и имал само 25 години, особено кога се знаело дека во нејзините редови имало истакнати војводи и повеќемина интелектуалци.
  

        Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите.

Бугарите велеле:

 

“ Мртов, но употреблив “,

Македонците, пак, велеле:

 

“ Македонија умре “,

Oд cтранските дописници Тодор Александров ќе биде забележан како македонскиoт Робинт Худ. 

      Ванчо Панзов од Свети Николе, синот на телохранителот, тврди дека прво е убиен татко му Панзо, а потоа Тодор Александров.

 

Роден сум посмртче во Свети Николе, а српските власти шест месеци не им дозволиле на мојата мајка да ме крсти, само затоа што татко ми бил телохранител на Тодор Александров. Мојот татко не е бугарски агент, ниту бугарски полицаец, а ако бил тоа, тогаш целото семејство ќе го префрлеше во Софија, како што обично го прават тоа шпионите.
      

Панче Коцев Иванов од с. Врсаково, Штипско, вели дека Тодор Александров имал привидение. Кога  на грб го пренесував преку реката Брегалница ми го кажа следното:

 

“Ќе дојде ден Македонија ќе биде држава, но јас нема да дочекам“.

       Двајцата физички убијци, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров биле ликвидирани без да бидат испрашувани. Зошто не ги фатиле живи, а можеле да го направат тоа и да ги испрашуваат за да дознаат кој им го нарачал убиството на Александров?. Влахов и Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Се скриле во една куќа во с. Припечени. Откако некој ги предал, војската ги открила на 18 септември 1924 година и ја запалиле куќата во која изгореле.



Убиството на Тодор Александров

 

     Поради убиството на Тодор Александров, кое и до ден - денес е голема мистерија, се случени најголемите крвопролевања меѓу Македонците. Навистина и порано, по ликвидацијата на Борис Сарафов и Иван Гарванов во 1907 година во Софија, имало пресметки меѓу македонските револуционери, меѓу санданистите и десното крило на ВМРО кои главно се гледале само преку нишаните на револверите и пушките, но не во толкав обем како по 31 август 1924 година кога Михајлов се самопрогласил за лидер на организацијата.

Се знаат луѓето кои стрелале во Александров, имало и живи сведоци на тој крвав чин, но не се знае кој го порачал убиството.

Михајлов знаел дека Александров ќе биде убиен. Во неговите спомени тоа на извесен начин и го кажува. Тој пишува дека кога се разделувале со него пред да замине на конгресот на Серскиот револуционерен округ во едно село во Пиринска Македонија, го предупредил дека претчувствува оти ќе му се случи нешто лошо и, наводно, го молел да не оди на конгресот и, ако веќе решил да замине, тогаш да внимава и со себе да земе повеќе луѓе да го обезбедуваат. Притоа, му рекол дека и тој сака да оди со него, но не може зашто не бил добар со здравјето. Меѓутоа, подоцна се дознало дека ја измислил болеста и тие денови бил на излет крај Софија.
      

Во поткрепа на тоа дека Михајлов се подготвувал со помош на бугарскиот воен врв да дојде на чело на организацијата и дека тој стоел зад ликвидацијата индиректно може да се види и од спомените на Кирил Прличев. Убиството на Тодор Александров се чувало во голема тајност и за него првите денови во Софија не знаел никој. Неколку дена по неговото заминување, Михајлов добил телеграма потпишана со псевдонимите на Александров и на Портогеров во која се инсистирало тој и неколкумина раководители на организацијата да заминат на конгресот. Михајлов не сакал да оди со образложение:

 

„Мене ме нема таму каде што е Тодор“,

алудирајќи на тоа ако едниот загине, другиот да остане жив за да ја води организацијата. Веројатно, знаел за плановите за убиството и се плашел да оди на конгресот. Сепак, решиле да тргне со нив. Додека патувале кон селото каде што се одржувал конгресот им соопштиле за убиството. И дента кога приврзаниците на Александров тргнале да се пресметаат со наводните физички и интелектуални убијци на Александров од Софија за Горна Џумаја, Михајлов, пак, се извлекол со наводна болест и оставил други да ги извршат неговите крвави порачки.

     Cопругата на Александров, Евгенија, за време на погребот му се обратила на Михајлов со остри зборови, обвинувајќи го за убиството, ....  Меѓутоа, била замолчена од присутните.

      Hа 12 септември 1924 година во Горна Џумаја беа ликвидирани наводните организатори на убиството, без претходно да бидат испрашани. Таму беа ликвидирани војводата Алеко Паша и полковникот Георги Атанасов, кои, според Михајлов, го нарачале убиството. Ако сметале дека тоа било извршено по нивна наредба, зошто не ги фатиле живи и не ги испитувале, туку веднаш ги ликвидирале?

 

''Алеко Паша бил убиен од зад грб од Кирил Дрангов, а Атанасов го ликвидирале откако се предал и додека бил носен по улиците на градот. Во него немал ниту пиштол. Зашто ако ги фателе живи и ги испрашувале, сигурно некој од нив ќе кажел нешто околу убиството. Значи, некој имал интерес да не се дознае вистината“   

Иван Караџов, кој бил сведок на убиството на полковникот Георги Атанасов. Тој во своите спомени раскажува:

 

„На разденување јас доаѓав од горниот крај на градот по главната улица кога видов дека наспроти мене ми се покажаа 4 - 5 четници, кои го носеа потполковникот Атанасов разоружан кон мене. Јас подзастанав, беа на педесетина чекори кога четникот Киро Црниот го насочи револверот во тилот на Атанасов и пред да му викнам да не го застрелува, тој пукна викајќи:

'' Уште ли си жив бре куче'',

Атанасов падна на земја неподвижен. Ми беше многу мачно, зашто Атанасов кој се предаде, без сомнение, ќе ни откриеше многу тајни во врска со убиството на Тодор. Јас бев убеден дека тој се предал доброволно“,

се сеќава Караџов.

       Д вајцата физички убијци, Штерјо Влахов и  Дончо Вретенаров биле ликвидирани без да бидат испрашувани.

 

„Зошто не ги фатиле живи, а можеле да го направат тоа и да ги испрашуваат за да дознаат кој им го нарачал убиството на Александров?“,

прашува Тодоровски. Влахов и Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Се скриле во една куќа во с. Припечени. Откако некој ги предал, војската ги открила на 18 септември 1924 година и ја запалиле куќата во која изгореле.
       

 

      Михајлов го посочува како главен виновник Александар Протогеров, тогаш член на Централниот комитет на ВМРО, на кого му помогнале Алеко Василев, првиот човек на организацијата во Пиринскиот крај и потполковникот Георги Атанасов, кој бил со него. Според Михајлов, зад нив стоеле странски центри, што сакале да го снема македонското движење или да биде ставено под нивна команда.

„И затоа барале под дрво и под камен орудие. Имам предвид странски средини, надвор од непосредните поробувачи на Македонија, пишува тој во своите спомени, подвлекувајќи дека Протогеров најмногу им послужил на тие странски центри. „Ако не беше Протогеров, неговата неизмерна завист кон Тодора, престапот немаше да се изврши. Тој направи сојуз со разбојничкиот инстинкт на Алеко Василев и со дивото властољубие на Георги Атанасов, двајцата дејци на ВМРО, еднакво беспомошни пред Тодор Александров, неумоливиот заштитник на моралот во револуционерната организација'',

нагласува Михајлов.

Тој вели дека тие не можеле да најдат истомисленици во редовите на организацијата, зашто Протогеров одамна бил одвоен од нејзините активни борци, Атанасов бил сосема нов човек, а Василев немал квалитети да ги придобие и да ги води, бидејќи бил:

 

„многу простикав и притоа, не сосема морален човек''.



За да ги поткрепи ваквите тврдења, Михајлов ќе обезбеди и писмена изјава од Георги Пенков, близок човек на Алеко Василев, во која тој го посочува Протогеров како главен организатор на убиството. Таа изјава ќе му биде крунски доказ за неговото решение да го ликвидира генералот четири години по горноџумајските крвави настани. Меѓутоа, вистината како дошол до таа изјава ќе се дозна откако беа објавени спомените на Петар Шанданов, кој во тоа време бил на страната на Михајлов, директно учествувал во крвавите настани и знаел многу негови тајни.


Како што пишува Шанданов, за време на ликвидациите што ги почнале михајловистите во пиринскиот крај, Георги Пенков се криел во планините и на крајот решил да им се предаде на воените власти, при што ги молел да не го предаваат на организацијата, зашто знаел што го чека. Велел, ако државата има нешто против него, тогаш нека го судат. Меѓутоа, бугарската војска заедно со уште неколкумина санданисти го предале на Михајлов.

По долго измачување, останатите биле ликвидирани, а Пенков два дена лично го испрашувал Михајлов, но не можел да изнуди никакво признание. Потоа напомош го повикал Шанданов, сметајќи дека тој како човек поблизок до санданистите ќе извлече нешто од Пенков. По долгите разговори, Шанданов, како што тврди во спомените, бил убеден дека Пенков не знаел ништо за убиството на Александров и дека бил искрен во разговорот со него. Откако Шанданов му кажал за некои изнудени лажни сведоштва на некои негови пријатели, тој знаел дека ќе биде убиен, па го замолил некако да ги земе и да им ги предаде на неговите деца за спомен табакерата и златниот часовник што му ги зеле бугарските офицери кога се предал.

Кога Михајлов видел дека Пенков не признава ништо, го качил на автомобил и го однел во Софија за наводно да продолжи да го испрашува, а намерата му била друга.

 

„Пенков уште истата вечер бил одведен во Софија и ставен во една куќа меѓу Софија и Књажево. Следниот ден Михајлов отишол кај него и го фотографирал. Откако го фотографирал, му го кажал на Пенков следново:

''Ако дадеш писмени сведоштва какви што ќе ти издиктирам, ќе ти извадам веднаш пасош и ќе те испратам зад граница''.

Пенков му го кажал истото - дека не знае ништо повеќе од она што веќе му го соопштил и што го рекол пред мене. Меѓутоа, Михајлов му извадил редовен пасош, а заедно со пасошот и претходно подготвено сведочење, отишол кај Пенков и, покажувајќи му го пасошот, му ја понудил следнава алтернатива:

''Или сведочењето ќе го препишеш своерачно и ќе го потпишеш одоздола и потоа ќе си го земеш пасошот и ќе заминеш во странство или ќе бидеш ликвидиран''.

При таа алтернатива, стамениот карактер на Пенков се прекршил и тој се согласил да го потпише своерачно текстот што го оставил и му го дал на Михајлов само и само да се спаси од сигурна смрт.

Во тоа време Иван Михајлов ги прибрал така напишаните и потпишаните од Пенков сведочења, му го ставил пасошот в џеб и му кажал дека вечерта ќе испрати автомобил да го земе оттаму и да го испрати до некој граничен премин. Наместо тоа, вечерта Михајлов испратил егзекутори кои го ликвидирале. Тоа се единствените најсуштински сведоштва, со кои Иван Михајлов по убиството на Протогеров крена толку многу врева за неговото учество во заговорот против Тодор'',

пишува во своите спомени Шанданов.

Веднаш по војната, бугарските комунисти сакале да дознаат кој го порачал убиството на Александров. Во еден од нивните логори во 1945 година се наоѓал и генералот Иван Влков, кој за време на убиството бил воен министер и близок пријател на Иван Михајлов и знаел многу нешта околу вмешаноста на тогашната бугарска влада во убиството.

Антон Југов, висок комунистички функционер, инаку по потекло Македонец, во собата на генералот ставил друг „логораш, свој човек, да се спријатели со Влков и така да ја дознае вистината.

Верзијата на генералот ќе ја пренесе Стојан Бојаџиев, кој бил во собата со Влков.

Според него, откако Влков стекнал доверба кај него, еден ден му се исповедал подвлекувајќи дека по превратот на 9 јуни 1923 година вистинска раководна сила во Бугарија бил Воениот сојуз.

„На чело на сојузот беше генерал Иван Русев. Тој беше фактички господар на состојбите''.

Имено, ( Воениот сојуз ) тој ја реши судбината на Тодор Александров.

Воениот сојуз беше растревожен од политичката позиција на Тодор Александров. Неговите контакти со дејците на Коминтерната и контактите со Москва, со оглед на добивањето на дипломатска и материјална помош во борбата за Македонија, предизвикаа сериозна загриженост меѓу военото раководство. Тоа беше едниот аргумент на генерал Русев.

Вториот беше загриженоста на воениот врв од прокламираниот принцип за автономија. Според него, тоа водело кон распарчување на националниот колективитет и го доведувало во прашање суверенитетот на бугарската држава над националната територија, му раскажал генералот Влков на Бојаџиев.

На прашањето какво било учеството на генералот Александар Протогеров во убиството, тој одговорил:

 

„ Генералот Александар Протогеров беше поврзан со Воениот сојуз благодарение на личната врска и познанствата''.

Не треба да се заборави дека личниот состав на Генералштабот во тоа време бил многу ограничен и тие луѓе претставувале една целина. Независно од тоа, генералот Александар Протогеров беше член на масонската ложа Зора, во која членуваа повеќето од раководните македонски дејци и општественици. А таа ложа беше командувана од Високата масонска ложа на Бугарија.

Јас сметам дека генералот Протогеров знаел за решението на Воениот сојуз да биде убиен Тодор Александров, но тој дал чесен офицерски збор да ја чува таа тајна.

Сметам дека тој сноси морална и политичка одговорност, заклучува Влков, кој во тоа време бил во тесни врски со Иван Михајлов.

Во прилог на ова тврдење на бугарскиот генерал оди и една друга изјава на Кочо Стојанов, исто така воено лице. Според спомените на Стојан Неговански, пред 9 септември 1944 година биле собрани првите луѓе на Воениот сојуз, Порков, Кочо Стојанов, Димитар Радев и директорот на полицијата Куцаров.

Кочо Стојанов бил пијан и сакал да се исповеда. Тврдел дека Воениот сојуз го убил Тодор Александров, зашто бил уверен дека не се откажал искрено од Мајскиот манифест.

Воениот сојуз го испратил него и Порков во Св. Врач ( Сандански ) каде што Протогеров бил на бања. Порков го качил Протогеров во автомобил и го донел во Софија.

 

„Во Софија, Порков, Кочо Стојанов и другите му го кажале нивниот план, но Протогеров не се согласил. Од Протогеров бил побаран чесен офицерски збор дека нема да му каже никому за разговорот и дека самите се откажале од нивниот план''.

Всушност, тие не се откажале, но тоа му го предложиле на Атанасов, кој со Алеко го наредил убиството на Тодор Александров. Ним им било ветено дека на местото на Александров за раководител ќе дојде Алеко, пишува во спомените Нековански, кој тврди дека Иван Михајлов како секретар ја фотографирал целата кореспонденција на Тодор Александров и ја носел кај воените лица.

 

 


 

           3a Александров:

Патувањата на  Тодор Александров  се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајки ги во шепт зборовите: “Тодор ќе минува оттука.“

( генерал Томсон во весник Тајмс, Лондон 1923 год.)

Македонците се обединија околу нивната стара институција ВМРО, која како и секогаш предизвикува сеопшто восхитување. Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето. Роден е во Македонија, 42 годишен. Тодор Александров го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај. Таа предност е објаснението за неуспехот на српските и грчките власти, да му ги откријат скривалиштата и покрај тоа што Србија, за неговата глава таксува 700.000 динари. Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува. Тој никогаш не организира мерки за лична заштита, селаните му се предани, сите знаат каде оди и никој не помислува за предавство, напротив, сите жители на Македонија го чуваат на штрек. Александров е опкружен од една сила која не дозволува негово факање

(Колинз, за весникот Чикаго Дејли Њуз)

Тој нема да го остави оружјето се дотогаш, додека Македонија не добие слобода. Неговата верба Ќе издржи пред било што. Стари жени, деца, сите работат за ослободителното дело, сите се еднакво предадени на делото и умеат да ги чуват тајните што им се доверени. За комитите на Тодор Александров животот не значи ништо, кога се работи да се посвети за тоа свето дело, за слободата.

(Коментар на публицистот Лонг во унгарскиот Весник, Еко Де Данјуб”, 06.01.1024 год.)

Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и екзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек. Слаб, доста висок, бледо лице, правилен профил, со прошарена брада, живи очи, понекогаш умислени, но постојано нежни. Тодор Александров, кој е на 42 години зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револиција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат”.

(Публицист Пол Ерно, Весник Журнал”, Париз, 1924 год.)

Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот ме”у сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год, тоа е нашето барање пред Европа. За Србите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност”.

(Париски Журнал, септември 1923 год.)

Тодор Александров припаѓаше кон оние ретки, но целосно исполнети мажи со сопствена мисија, кој не живееше свој живот, а го живееше животот на својот народ. Непретенциозен, скромен, но притоа со нескршлива енергија и разум, секогаш имајќи ја пред очите големата цел. Се уште го гледам тој редок човек, макар што поминаа 10 години откако го сретнав и зборував со него за прв и последен пат. Освен Лав Толстој никој друг не ми остави таков неизбришлив впечаток, како Тодор Александров.

(Од Спомените на професор Ханс Јубербергер)

Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример. Дури сега го разбираме смисолот на искажаните зборови од странец кој вели дека не познава помаркантни личности на векот од Лав Толстој и Тодор Александров. Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковини туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема тагата за великиот Тодор Александров. Ете зашто цел народ со стравопочит и благослов го шепоти името на “СТАРИОТ” на верниот свој водач. А за младите: ја преобразува тагата што ги стега во срцата, во волја и енергија за предана служба кон народот.

(Т.Александров во издание на македонската Студентска корпорација Скопје,1943)

Судбината ни определи уште една од најтешките жртви, која ги раскина срцата на сите прогонети Македонци и ја потопи во јад нашата намачена страна (Македонија). Злокобната вест за тоа грозоморно дело што го прекина животот на најдостојниот и најголемиот син на револуционерна Македонија, ја порази со својата одвратност целокупната македонска емиграција во Америка, која што е растреперена, восхитена од великото дело на ВМРО и благовее пред подвизите на нејзиниот прв водач и татко, Тодор Александров.Тој железен човек го обединуваше во себеси целокупното величие на македонскиот дух Историјата на неговиот живот е и историја на револуционерното движење Потомците Ќе им ги запишат имињата на оние (на убијците) со презир на нови ЈУДИ и нови Херостратовци затоа што тој е најсаканиот наш брат, татко и другар носител на народниот маченички крст и на светиот стремеж за самозачувување и поради тоа и сите оние од Европа и од другите страни, а кои се восхитуваат од големото во човекот, за слободата на народите Ќе ги симнат шапките (пред делото на тој покојник). Тодор Александров ја носеше татковината во срцето, во крвта и во целото тело. Александров Ќе биде спокоен и во гробот, бидејќи тој не беше и не е самСветиот блесок на неговиот подвиг Ќе го озорува патот на илјадниците следбеници се дотогаш додека не се извојува слободата на нашата несреЌна борбена татковина

Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.

(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 год.)

Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припагаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба.

Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор

(Весникот Трибун де Женев од 24.09.1924 год.)

МИСТЕРИЈАТА ОКОЛУ УБИСТВОТО НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ СЕ СВЕДУВА НА СЛЕДНИВЕ ФАКТИ:

1. Откако Тодор Александров увидел дека Бугарскиот Цар и Двор немаат никаква, ниту имале нeкаква намера да дадат, ниту се ангажираат за Независна Обединета Македонија ма само глумат, Тодор Александров водачот на ВМРО го потпишува Мајскиот Манифест, во кој сите десни македонски сили ( Македонските кумити од ВМРО ) и македонски леви сили ( Mакедонскките комунисти на чело со Димитар Влахов ), се обединуваат и имаат за цел Обединнување на Македонија во една сувeрена држава со главен град Солун.

2. Ванчо Михајлов кој бил секретар на ВМРО го фотографира штотоку потпишаниот Мајски Манифест, го носи и дава тој дoкумeнт на ''сребрен послужовник'' на Воениот Cојуз на Бугарија, а со тоа и до бугарскиот Цар. Царот на Бугарија преку Воениот Сојуз го ангажирааат потполковникот Георги Атанасов близок пријатл на Алеко Bасилев - Паша, член на ВМРО и докажан анти - комунист ( Aлеко Паша лично го има егзикутирано внукот на Гоце Делчев, кој бил еден од главните организатори на комунистичкото - Септемвриското Востание во Бугарија, во кое земале голем број на македонци ) да најде луѓе кои ќе го убијат Тодор Александров. Со претест на Воениот Cојуз на Бугарија на Алеко Паша дека Тодор Aлександров станал комунист. Hа Aлеко П. му било ветено дека Воениот Сојуз ќе го подржи за да тој стане следниот раководител на ВМРО.

3. Кога T. Aлександров слушнал дека се подготвива атентат врз неговата личност, Александров можеби наводно се предомислил за потпишаниот Мајски Манифест и свикал конгрес на ВМРО, ма се било касно неговата судбина веќе била одлучена.

4. Физичките извршители на убиството биле Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров. Двајцата физички убијци, Штерјо Влахов и Дончо Вретенаров биле ликвидирани без да бидат испрашувани. Влахов и Вретенаров ги ликвидирала бугарската војска. Се скриле во една куќа во с. Припечени. Откако некој ги предал, војската ги открила на 18 септември 1924 година и ја запалиле куќата во која изгореле.

5. Hа 12 септември 1924 година во Горна Џумаја беа ликвидирани наводните организатори на убиството, без претходно да бидат испрашани. Таму беа ликвидирани војводата Алеко Паша и полковникот Георги Атанасов, кои, според Михајлов, го нарачале убиството. Ако сметале дека тоа било извршено по нивна наредба, зошто не ги фатиле живи и не ги испитувале, туку веднаш ги ликвидирале?

''Алеко Паша бил убиен од зад грб од Кирил Дрангов, а Атанасов го ликвидирале откако се предал и додека бил носен по улиците на градот. Во него немал ниту пиштол. Зашто ако ги фателе живи и нe ги испрашувале, сигурно некој од нив ќе кажел нешто околу убиството. Значи, некој имал интерес да не се дознае вистината“

Иван Караџов, кој бил сведок на убиството на полковникот Георги Атанасов. Тој во своите спомени раскажува:

„ На разденување јас доаѓав од горниот крај на градот по главната улица кога видов дека наспроти мене ми се покажаа 4 - 5 четници, кои го носеа потполковникот Атанасов разоружан кон мене. Јас подзастанав, беа на педесетина чекори кога четникот Киро Црниот го насочи револверот во тилот на Атанасов и пред да му викнам да не го застрелува, тој пукна викајќи:

'' Уште ли си жив бре куче'',

Атанасов паднал на земја неподвижен.

Ми беше многу мачно, зашто Атанасов кој се предаде, без сомнение, ќе ни откриеше многу тајни во врска со убиството на Тодор. Јас бев убеден дека тој се предал доброволно“,

се сеќава Караџов

Значи ликвидирани наводните организатори на убиството, без претходно да бидат испрашани.

Со овие факти ма не само од овие се заклучува дека: Бугарската официјална политика била: монархија, комунизам, или '' демократија '', никогаш не подржувала Независна Македонска држава,.. до ден денес ја негира македонската нација, јазик и култура како посебна, иако нашиот македонски народ и култура постои барем 2 млилениуми по прво од како се појави првиот '' б'лгарин '' на Земјата.

 

 

Внатрешна Македонска Револуционерна Организација  - BMPO

 Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) позната и како ВМРО - Автономистичка е формирана во 1919 година на територијата на Пиринска Македонија, од страна на Тодор Александров и Александар Протогеров, под претекст дека се возобновува старото ВМОРО. Врвна точка во дејноста на организацијата е атентатот на југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

Возобнова или Основување

  Во навечерјето на Балканските војни, ВМОРО е скоро неактивна. Поголемиот дел од бившите членови дејствуваат со мирни средства преку работата на Федеративната партија и Конституционите клубови. Но еден дел од кадрите на ВМОРО, прави обиди преку исценирање провокации да го реанимира Македонското Прашање.

На чело на оваа група е Тодор Александров, кој во 1912 година ги организира “ Магарешките атентати “. Опремените од него групи, товарат екслозив на магариња, и ги оставаат пред турски пазари. Бомбите го одземаат животот на десетици Турци, кои пак својот бес го исфрлаат врз недолжното христијанско население. На овој начин Александров ја постигнува својата цел.

За време на балканските војни, Александров мобилизира бивши кадри од ТМОРО (како Чаулев, Чакаларов и други), со кои формираат големи чети и ги праќаат во Македонија да вршат диверзантски акции во тилот на Турската Армија.

За време на Втората Балканска Војна, овие чети командувани од Александров се ставаат целосно во служба на бугарската армија, и водат битки против српските и грчките војски. Во 1913 година за време на втората Балканска Војна овие чети го дигаат Охридското востание.


Чета на ВМРО под водство на војводата Георги В’ндов со трите ордени за храброст од бугарската армија.

За време на Првата Светска Војна, Тодор Александров е еден од најголемите организатори на Македонската дивизија во бугарската армија, и повторно целосно служи на бугарските државни интереси.

Hе е познатo во Македонската историја, а е забранета во Бугарската историја:

 

'' Бугарскиот цар го дава своето ветување на Македонските револуционери за време на 1 Cветска Bојна, A TOA E да прогласи автономна Македонија, која под покровителство на големите сили би се обединила со Bардарскиот и Eгејскиот дел. ''

Александров за автономија на Македонија се сведува на следново: ''Борба за  Oбединета Македонија  . Hезависна  Македонија може да биде поставена под заштита на Друштвото на народите или на една од големите сили''.

ЗА СИТЕ СЛЕПЦИ ШТО ГЛЕДАAТ, A НЕ ВИДАТ,... Да го анализираме симболот на ВМРО на Тодор Александров. 

ЗА ШТО СЕ БОРЕЛ ТОЈ И НЕГОВИТЕ БОРЦИ?

На македонско кирилско писмо што македонците го користеле пред 1945

ВМРО 

ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

НА ПОЧЕТОКОТ ГОРЕ: СЛОБОДА ИЛИ СМРТ,,.. А ЗА КОЈ?,... 

ЗА КОГО?,.. ВО СРЕДИНАТА:  ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ....

 ВМРО - СЛОБОДА ИЛИ СМРТ, ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА   

BMPO 1919-1924 

По Првата Светска Војна, Тодор Александров  заедно со Протогеров, под претекст дека ја возобновуваат старата ВМОРО од време на Илинденското Востание, во Пиринска Македонија ги удира темелите на ВМРО. Зборот Одринска е изваден од името, затоа што во 1913 година Турција ги прогонува сите христијани од оваа област.

Таа самата се повикувала на таков континуитет, иако сега била есктремно десничарска, па како таква сурово се пресметувала со низа автентични Илинденци, нејзини неистомисленици, како Ѓорче Петров например. ВМРО израснува во силна герилска организација, при што од своите бази во Бугарија извршува воени акции против властите на новиот поробувач на Вардарска Македонија, соседните Кралства на СХС и Грциjа, а создава и ригидна паралелна власт во Пиринска Македонија и брутално се меша во политичкиот живот на Бугарија, како во случајот со Деветојунскиот преврат и Септемвриското востание во 1923 година.

Подоцнa во 1922 г. со помошта на ВМРО е создадена и Внатрешна Тракиjска Револуционерна Организациjа ( ВТРО ), начело со Тане Николов, бивш воjвода од ВМОРО.

Четата на Алеко Паша

Александров заедно со Алеко Паша создва силна организација со челична дисциплина на територијата на Пиринска Македонија. Бугарските власти ја толерираат организацијата, под услов таа да биде катализатор кој ќе спречува ескалација на политичката ситуација.

Непосредно по оформувањето, ВМРО започнува да праќа вооружени чето преку граница во Вардарска и Егејска Македонија, битки со српската џандармерија стануваат секојдневна појава. Не можејќи да се справат со ситуацијата, Србите носат 12 000 џандари во Македонија ( од 15 000 вкупно во СХС )

   

Александров со комити во околината на Кочани

 

      Протогеров патува во Албанија, и таму прави договор со албанската влада, на ВМРО да и се отстапи Мала Преспа како територија од која да ја напаѓа СХС, до 1921 во секој дел од Вардарскиот Дел на Македонија има вооружени чети на ВМРО. 

      Жртвите на српските сили се огромни. Тие дури во град Штип формираат специјална организација наречена “ Здружение за борба против бугарските бандити “.

Во Егејска Македонија ВМРО дејствува само во областите каде што има компактно Македонско население, т.е. во западна Егејска Македонија. Се водат десетици битки со грчката полиција и армија, но дејноста овде, за разлика од вардарска Македонија се сведува само на агитација и одржување на духот на населението.

Во 1922 ВМРО прави контакти со хрватското револуционерно движење. Во 1924 година ВМРО преговара со Советското раководство за соработка. Истата година во во Виена по налог на Александров, Протогеров, Чаулев и Влахов го потпишуваат Мајскиот манифест за обединување на сите македонски револуционерни сили. Додека некои тврдат дека Александров во својство на лидер на ВМРО најпрвин се согласил со Манифестот и го потпишал, самиот тој остро го демантирал тоа и го отфрлил наводниот потпис како „комунистичка измислица“. Наскоро, на 31 август 1924, тој ќе биде убиен. 

Кукушкиот војвода на ВМРО, Димитар Димашев (средина).
Роден 1889 во с. Алексово кукушко.
Во 1912 е комита кај Тодор Александров.
Во 1925 предводи одред од 300-350 борци и делува во Кукушко и Ениџевардарско.
Заробен и убиен 22 / 09 / 1928 во Самоков.

BMPO 1924-1934  

    Раководството на ВМРО паѓа во рацете на Протогеров, Михајлов и Чаулев. Михајлов откако успева да создаде опкружување од лојални луѓе, започнува со долгогодишна кампања на жесток терор, во кој, како жртви паѓаат и легитимно казнети окупатори на Македонија, но и неистомисленици, како напр. припадниците на конкурентското Протогеровистичко движење, потоа левичари, како и многу автентични Илинденци и воопшто, било кој друг кој би му застанал на патот. По негов налог е убиен петар Чаулев (организаторот на Охридското востание), Баждаров, Ѓорѓи Поп Христов, Ковачев, Протогеров и многу други. Наредува во Виена да биде убиен Тодор Паница. Иван Михајлов ги спроведува и така наречените Благоевградски атентати, кога во една ноќ се убиени десетици социјалисти. Таа ноќ е убиен и публицистот Арсениј Јовков, претседателот на Илинденската организација. Неколку месеци подоцна, истотака во Виена, блискиот соработник на убиениот Паница,       

         Димитар Влахов, како контрапункт на Михајловистичката ВМРО, ја формира ВМРО (Обединета). Во неа доминираат комунистите, таа е во блиски врски со БКП на Георги Димитров, Коминтерната и СССР.

      Со помош на сеењето страв и терор, BMPO Организацијата  на Михајлов се зацрврстува, нејзините сметки се полнат и со „доброволни“ прилози изрекетирани од бугарските трговци, особено Евреите, што ќе рече, „даноци“ собирани од страна на Михајловата „паралелна држава“, која тој ја воспоставува во Бугарија, а чиј бастион е во Горна Џумаја (денес Благоевград), Пиринска Македонија, каде се базите за тренинг на новопечените терористи. 

    Михајлов го распушта четничкиот институт и прави преорганизација во силите и тактиката. Одсега наместо праќање вооружени чети, во Вардарска и Егеjска Македонија се испраќани терористи по тројки со експлозив и пиштоли. Се минираат пруги, патишта, колони, касарни. Секојдневно се вршат атентати на српски и грчки офицери и администрација. 

    Деветнаесеттомајскиот преврат во Бугарија во 1934, нововоспоставената влада на организацијата „Звено“ ги забранува сите партии и движења во земјата, според тоа и партијата ВМРО, особено поради нејзините незауздани терористички кампањи и паралелната власт која ја има воспоставено во Пиринска Македонија, при што Михајлов е осуден на смрт и спасот го бара во егзил. 

    Неговите соборци во Бугарија се предаваат на новите власти и организацијата се расформира. Михајлов без да даде никаков отпор, ја напушта земјата и емигрира.

Истата година заедно со хрватските револуцинери, кадри на ВМРО го организираат убиството на југословенскиот крал Александар Караџорџевиќ во францускиот град Марсеј извршен од раката на Владо Черноземски.

Мора да се одбележи дека ВМРО во тоj период војува под паролата за “ Независна Македонија “.

Иако Михајлов (црна овца на ВМРО) не признава посебна национална самобитност на населението во Македонија, тој се залага за назависна и обединета Македонија со главен град Солун.

Народот Mакедонски за Тодор Александров испеал и песни

Mакедонски песни за македонскиoт воjводa Тодор Александров

ВМОРО по 1912 до 1916, целосно се стави под бугарска контрола.
Војната за Македонија ја направија пожестока, покрвава и разорна.
Еден голем минус  и да биде пример како не треба да се биде Македонец.

Тодор Алекдандров, не ја научи лекцијата, беше телохранител на бугарскиот цар, 3 пати му го спаси престолот на бугарскиот цар, а "царот" испрати луѓе да го ликвидираат,  исто и Ванчо Михајлов направи "мала граѓанска војна" во ВМРО, а и беше осуден на смрт од бугарскиот цар.
Бугарофилите да се опаметат, зошто Бугарија држи под окупација еден дел од Македонија и Македонски народ кој е обесоравен таму веќе повеќе од еден век.

Македонија само со Македонците.


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страницата на Македонија é СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и сé смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страница на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и поттик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.