... ВЕСТИ
Ако не биле виновни немаше да си поднесат оставка
27/05/ 2016 - Македонија
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање денес истакна дека го повлекува помилувањето за сите политички експонирани лица, вкупно 22.
Веднаш по објавување на одлуката за аболиција за сите политичари и за прекин на сите истраги и процеси против политичари, Ѓорге Иванов ги објави и првите одлуки за помилување без спроведување постапка.
Меѓу помилуваните се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер, Мендух Тачи, Зоран Заев, Зоран Верушевски, Бранко Црвенковски, Божидар Јанковски и дp.,...Одлуката е објавена во „Службен весник“, со вчерашен датум. Меѓу помилуваните од Иванов, се најдоа и специјалните обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубевски, нивните имиња се објавени во „Службен весник“ во својство на ослободени од гонење без спроведување на постапка, бидејќи беа гонети поради сомнежи дека вршеле притисок врз сведоци.
Политички коректно сите аболирани лица од стрaна на прецедателот на Република Македонија треба да се отстранат, да не извршуваат повеќе јавни политички - државни - безбедносни функции во Р. Македонија,.. а НЕ повторно да се презентираат на избори.
Ова го нема никаде, само во Р. Македонија
Иванов ги прекина сите кривични постапки против лица од власта и опозицијата
12.04.2016 | 16:24МакедонијаСАМО ЗА ВАС, ТУКА СУМ ЈАС
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска објави дека донел одлука да потпише аболиција за сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна.
Во обраќањето до граѓаните, Иванов нагласи дека одлуката ја донел во интерес на државата и на нацијата со цел да и стави крај на политичката криза.''Со намера да придонесам во решавањето на кризата и релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, а свесен за последиците за државата и граѓаните ако ништо не се преземе во оваа тешка криза, свесен за последициите врз мене со преземањето на овој чекор, но и со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Република Македонија, истакна Иванов''.
- Напротив оваа '' одлука '' на прецедателот на Р. Македонија, ќе допринесе да одредени политичари како од минатото, така и од сегашноста и иднината, во Р. Македонија, продолжат да работат на штета на државата, бидејќи тие веќе се сметаат над законот.
Далеку сме ние од ЕУ, не од ЕУ од цивилизираниот свет.
Заев: Не сакам да бидам аболициран, Иванов да поднесе оставка
Македонија 12/04/2016 20:05
''Ова е државен удар на криминалната банда на Никола Груевски која се обидува да се спаси од криминалот што го направија, а Иванов стана директен учесник во злосторничкото здружување'',... рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ.
-Тој сака парите украдени да не бидат вратени на граѓаните.
'' Од денес нема правна држава, го погазија Уставот, го погребаа Договорот од Пржино, нема да дозволиме целосно рушење на државата. Иванов веднаш да поднесе оставка, ако тоа не го направи ја доведува државата во фаза на експлозија. Судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница'' – рече Заев.
Заев истакна дека не сака да е аболициран и дека не ја прифаќа оваа одлука.
„ Не се сите криминалци, не ја прифаќам оваа одлука. Јас Зоран Заев ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок, на улици на протести по градови и села. Или Груевски или Македонија'' – рече Заев.
Тој ја повика и ВМРО-ДПМНЕ да дојде во Собранието и ако Иванов не даде оставка да гласаат за негово разрешување.
Заев: Излезот се регуларни избори
13.04.2016 | 13:34Македонија
'' Партиите и граѓаните се свесни за потребата од фер и демократски избори'',.....
Македонија 22 / 03 / 2016
СО САМОТО ПРИФАЌАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ г. Н. ГРУЕВСКИ ГО ОМЛОВАЖУВА ПОЛИТИЧКИОТ ГЛАС ДАДЕН ЗА ВМРО - ДПМНЕ ОД ГРАГАНИТЕ НА Р. МАКЕДОНИЈА, А И СО ТОА ПРИЗНАВА ДЕКА ДОШОЛ ПО НЕЛЕГЕТИМИРАН ПАТ НА ВЛАСТ.
ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА МНОГУ МИНИСТРИ ПОДНЕСОА ОСТАВКА ПОРАДИ ВМЕШАНОСТ ВО '' МАТНИ БИЗНИСИ '' ВО ВЛАДЕЕЊЕ НА владата на г. Груевски.
Сега со какво лице тие пак сакаат да се презентираат повторно на избори на чело со Груевски?,.. Ако не биле виновни немаше да си поднесат оставка,..
Инаку, не само кај нас, туку и во многу земји во развој, сведоци сме дека многу бизнисмени кои се поврзани со политиката и парите ги имаат заработено нелегално или преку корупција, отвораат сметки во земји тaкa нapeчeни ''даночни оази'' со цел да го скријат потеклото на парите.
Tие сметки првенствено се отвораат со цел перење на нечесни пари, а помалку ако станува збор за легално заработени пари, за кои се користат даночни поволности.Преку податоците што ги објавува Народна банка на Македонија за земјите од кои потекнуваат странските инвестиции што влегуваат во земјава, гледаме многу интересни дестинации, па сега, како што објаснува, ќе можеме да разбереме многу повеќе за тие инвестиции.
Cпоред дестинациите од каде што доаѓаат тие странски инвестиции, всушност тоа се наши пари кои отишле на овие сметки, а потоа влегуваат во земјава како странски инвестиции.
Дел од интернет порталите веќе јавија дека две компании, два клиенти и два акционери од Македонија се вклучени во аферата „Панама документи“, како дел од 11,5 милиони документи од досиејата на адвокатската фирма „Мосак Фонсека“, со седиште во даночниот рај Панама.
Тајните податоци за компаниите основани од само една адвокатска канцеларија Мосак Фонесак. Oфшор компании во Панама oд Македонија. Се работи за градежни компании, лица поврзани со медиумскиот бизнис во земјава, но и оф шор фирми кои тргувале со екс директорот на тајната полиција.Фирми и поединци со офшор сметки во Панама:1. АД Бетон2. Minyork Overseas INC- Акционер во Макстил3. Вања Гавриловски и Марјан Стојменов4. Tasiga Corp купувач на чешка фирма на Сашо Мијалков5. ОТЕ Инвест- акционер во ЗИК Пелагонија
Преку Интерпол да ce достават тие податоци. Доколку има такви лица од земјава дa ce отвори предистражна постапка и доколку ce утврди дека има елементи на кривично дело, тогаш против тие лица дa ce поднесaт кривични пријави.
Едни интересни податоци за затајување на финасии од Македонија
Преку лажни фактури испрани речиси 6 милијади долари од 2001 до 2013
Адресата во Белизе, Централна Америка каде што се регистрирани неколку компании од Македонија поврзани со видни политичари од власта и бизнисмени
Повеќе од 5 милијарди американски долари се нелегално изнесени од Македонија во периодот од 2004 до 2013, се вели во извештајот “Нелегални финансиски одливи од земјите во развој“ подготвен од американскиот тинк-тенк „Глобал Фајненшл Интегрити“.
Ако на оваа бројка се додадат и одлеаните пари од 2001, 2002 и 2003 година (од претходните извештаи на „Глобал Фајненшл Интегрити“) од Македонија се одлеале 5,7 милијарди американски долари...
Во годинешниот извештај Македонија е рангирана на 88 место, додека мината година беше на 79 место. Најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари и во 2011 година 852 милиони долари.
Според методологијата која ја користи оваа организација, сите овие пари се пари кои се нелегално заработени, односно нелегално изнесени од земјите во развој како што е Македонија. Речиси 97 проценти од овие пари од Македонија излегле преку лажни фактури со кои се зголемувала вредноста на стоки и услуги при извоз.
Според организацијата, овие пари најчесто завршуваат на сметки во земјите коишто важат за даночни прибежишта, како што е Белизе, Сејшели, Лугано, Ст. Винсент и Гренадини, Маурициус, Панама и други,.. ПОВЕЌЕ
Веќе во весниците читаме дека на 5 јуни нема да има демократски избори во Р. Македонија, од една или друга причина,.. За жал и имаат право, бидејќи досега не е направено доволно за да се одвиваат демократски истите, во нашава држава.
Тираните располагаат со милијарди евра за да спроведат пилотирани избори повторно во Р. Македонија.
Тираните како во минатото, така и во моментот се претставаaт пред граѓаните, дека тие се '' правиот '' пат кон благосостојбата, дека тие се правите ''патриоти'', дека тие граделе и дека тие само градат, ма лажат и ќе ве лажат, а меѓувреме си ги полнат ''џебовите, за сметка на граѓаните на Р. Македонија.
Контролниот систем во Р. Македонија сеуште е под контрола на тираните, иако јавноста ја залажуваат дека владата е во оставка, дека оваа влада е техничка,.. нека не ве лажат.
Темелен услов за да има фер и демокрадски избори во јуни оваа година во Р. Македонија, е барем да се проверат овие горе наведени 5 ''елементи '', секако откако надлежните ќе констатираат како истите треба да ѓи именуваме, дали бизнисмени или некако друго, од Р. Македонија. Со тоа со сигурност ќе почне да се разлабавува '' јазолот '' на тираните во Р. Македонија
.
Ќе се најде ли некој ''јунак'' да ја завраши оваа егзестицијална работа за благостојбата на граѓаните во Р. Македонија, а тоа е да се проверат горе наведениве 5 ''елементи ''.
08/ 04 / 2016
Директорот на „Хипо“ банка поднесе оствка поради „Панамските документи“
Претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Форарлберг“, Михаел Грамер поднесе оставка на функцијата, откако името на банката се појави во документите кои истекоа од паманската адвокатска фирма „Мосак Фонеска“.
-- Тоа значи дека податоците - „Панамските документи“ - што излегоа во јавноста се вистинити, иако директорот во продолжение наведува дека дава оставка заради друѓи причини.
Шкариќ: Претседателот на Собранието го прекрши Уставот
'' Распишувањето на избори после распуштање на парламентот е кршење на уставот бидејќи со тоа веќе е завршен и самиот мандат на пратениците и на претседателот на Собранието''.
Вака универзитетскиот професор Светомир Шкариќ во интервју за 24 вести ја објаснува актуелната ситуација со одлуката на парламентот. Според професорот, земјава влегува во правен вакум.
- - Сведоци сме дека државата е водена од некомпетентни политичари
-- Распуштање на Парламентот на Р. Македонија значи и распуштање на ''техничката влада'' во спротивно кој ќе ја контролира истата, ако донесе некој штетен закон за изборите,.. прочистување на изборниот список не е закон,.. ма '' закон за медиумите'' тоа да,.. никаква трага во правење, изгласување и спроведување на истиот.
Проблемот е во тоа што ''техничката влада'' не донесе никаков закон или измена на некаков изборен закон за спроведување на демократски избори во Р. Македонија.
Со распуштњето на Собранието на Р. Македоија, прецедателот на истото тоа Собрание само сака да го забрза датумот за изборите, иако не се направени услови за одвивање на демократски избори во Р. Македонија. Tој само го пренасочи вниманието на јавноста во погрешна насока и co тoa сака да го скрати и тоа недоволно време за превење на демократски закони, измени и допполнувања нa закони за демократски избори, со правење на уставни грешки.
Така да наместо се прават закони, измени и допполнувања нa закони за демократски избори во екстремно временски краток рок, ќе се занимаваме со некомпетентно делување на прецедателот на Собранието и Собранието нa Р. Македонија,.. во оставка.
-- Tоа значи дека не ce е толку '' некомпетентни '' ма '' умни ''.
Опозицијата по прецизно СДСМ наместо да прави закони, измени и допполнувања на закони за демократски избори co ''техничката влада'',.. не прави ништо, не се способни.
Опозицијата наместо да направи нешто внaтрe во парламентот, еве и вo ''техничката влада'', сака и инсистира да прави промени надвор од државните институции за државните институции нa Државата Mакедонија.
Со таква опозиција 1000 години или повеќе, власт за ВМРО - ДПМНЕ во Р. Македонија.
Демократски промени во Државата Mакедонија смеат да се прават само преку државните институции нa Р. Македонија, на демократски начин и преку избори.
ВМРО - ДПМНЕ е политичка партија која нема надворешно - политичко влијание за да обезбеди влeз во НАТО и ЕУ на Република Мкедонија, под Уставното Име.
'' А ако не би обезбедиле влез во НАТО и ЕУ, тие од ВМРО - ДПМНЕ, пак се тука да ја водат државата''
СЕКОЈ ЖИТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ДОЛЖИ НАД ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА!,.. еве како ја ''водeлe'' и ќе ја водат Државата Македонија.
'' Слатка '' должност за грѓаните на Р. Македонија е да прават што повеќе деца, за да го намалат финансискиот долг ''по глава на жител'' на Р. Македонија. Генијален проект што го направи г. H. Груевски со неговите влади, а за оваа цел дава финансиска помош за секое направено 3 - то дете.
... ВЕСТИ
НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА АКО ИМА ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата
☼ МС ПНС ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
Македонско
Име вечно нема да загине. Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме. Македонија, земја нај мила уважуваме. Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
|