|
Kога грчката војска го освоила Сер во балканските војни во јули 1913 година, во градот изгореле меѓу 4.000 и 6.000 куќи, а околу 250 цивили биле масакрирани во женското училиште, говорат податоците на Меѓународната комисија на Kарнегиевата фондација за испитување на причините и водењето на балканските војни, која во 1914 година го објавила својот извештај.
Kомисијата не можела да ги собере сите потребни податоци поради противење на Грција и на Србија, но неспорно е дека имало реваншизам врз припадниците на другите заедници, кои биле мнозинство во Македонија. Во Kомисијата не можеле соодветно да спроведат анкети поради реакцијата на Грција која не дозволувала, а и од Србија, и самата комисија располага со делумни податоци. Но, факт е дека имало сериозен реваншизам меѓу луѓето што се определиле за патријаршијата и оние меѓународно признаени како егзархисти. Ce појаснува дека според османлискиот систем, населението било попишувано според вероисповед, односно припадност на Грчката патријаршиска или Бугарската егзархиска црква.
Kолежите опишани како победи во грчките телеграми Во Првата балканска војна против Османлиската Империја, грчката војска од Тесалија влегува во Македонија и на 12 ноември 1912 година влегува во Солун. Откако се споиле со српските сили во Македонија, главнината продолжила на исток кон Kавала.
Во втората балканска војна во летото следната година се судрила со бугарската војска кај Сер. Kарнегиевата комисија успева да дојде до архива на грчките војници кои дејствуваат на македонскиот и на тракискиот фронт и кои самите во свои писма до блиски настаните кои денес ги именуваме како репресија ги нарекуваат воени победи, успеси. Архивите се заробени од бугарската армија во Втората светска војна и за наша среќа и несреќа имаме можност да читаме за сите активности на грчката војска кон локалното население, што зборува за сериозна репресија.
Слична ситуација била и во Kукуш. Денешниот град е на неколку километри од стариот град, кој бил запален и целосно уништен.
Секој грчки војник колел по 14 на ден
Според Kарнегиевата комисија, Грците од 7 до 11 јули 1913 година во серското женско училиште спровеле масакр врз локалните жители. Според Kомисијата, во училиштето имало 200-250 луѓе, а тие што колеле со касапски ножеви и со бајонети систематски ги убивале. Секој од нив имал за цел да убие четиринаесетмина, што очигледно бил бројот колку што секој можел да закопа во текот на ноќта – стои во извештајот.
На 11 јули, кога бугарски сили почнале напад на градот, во училиштето имало уште 60-70 живи цивили. Само 10 од нив успеале да го преживеат масакрот затоа што ранетите паднале меѓу труповите. Во борбата градот бил гранатиран од двете страни и изгорел, а уништени биле 4 -6.000 куќи. Според Kарнегиевата комисија, само од делот на Егејска Македонија окупиран од грчката војска имало повеќе од 135.000 македонски бегалци и мал број Бугари од Тракија.
Градови и села ослободени со палење
Според Kарнегиевата анкетна комисија, во Македонија во време на балканските војни градовите Воден, Негуш, Бер, Ениџе Вардар биле претворени во урнатини. Според бугарската влада, во Бугарија како последица на балканските војни имало 111.560 бегалци од Македонија. Грчката влада регистрирала 156.659 бегалци, османлиската влада регистрирала 135.000 бегалци. Покрај тоа, Kарнегиевата комисија забележала дека по повлекувањето османлиската војска изгорела 170 села во Македонија.
Грчката војска во јуни 1913 година го изгорела градот Kукуш со 1.846 куќи, 612 дуќани и 6 фабрики, во Сер запалила меѓу 4.000 и 6.000 куќи, а во околината изгорела шест села. Во Kукушката околија биле изгорени 39 македонски села. Слично било во Солун, во Струмица, во Горна Џумаја, во вардарскиот дел на Македонија. Половина население биле Македонци „ Воена историја на Македонија “ цитира од пописот од 1912 година на населението во географските граници на Македонија.
Непосредно пред балканските војни, во рамките на географските граници на Македонија живееле 2.360.000 жители, од кои 52,4 %, односно 1.182.000 биле христијани-Словени (цитираниот извор од 1912 година во натамошниот текст овие Словени ги именува како Македонци), 22 % или 500.000 биле Турци, 10 % или 230.000 Грци, 5,7 % или 123.000 Албанци, 3,6 % или 80.000 Власи, 3 %, или 70.000 Евреи и 2,4 % или 54.000 Роми. Турците биле населени главно по долината на Вардар и покрај Егејското Море, Грците во јужниот дел на Македонија, а Евреите во Солун. Во 1912 година во Солун имало 125.000 жители, меѓу кои 60.000 биле Евреи, 25.000 Турци, 14.000 Словени од кои мнозинство Македонци и 14.000 Грци.
„ Пристигнувајќи, Доксато го најдовме како град на мртвите, се' беше изгорено и опустошено и се ширеше таква смрдеа на крв и распаднати тела каква што, се надевам, никогаш повеќе нема да сретнам. Всушност, пет минути пред да влеземе во градот, додека се возевме низ рамнината, реата беше неподнослива.
Во оваа рамнина имаше купишта трупови, малку покриени со песок, каде што преживеаните се обиделе, од санитарни причини, да ги покријат своите мртви, но биле толку малку да го направат тоа целосно, па и покрај сите практични причини телата беа откопани.
На влегување во Доксато најдовме неколку лица кои се' уште живееја меѓу урнатините на своите поранешни куќи и од нив успеавме да добиеме извештај за она што се случувало. Практично, целиот грчки дел на градот беше изгорен и човек гледаше секаде на улиците јагленосани остатоци од она што биле човечки тела. Закоп во градот бил невозможен, па ги посипувале телата со петролеум и на тој начин се ослободувале од нив.“
Вака командирот Кардејл, британски поморски офицер во грчка служба, ја опишува големата трагедија на селото Доксато, во кое претежно живееле Грци, кој местото го посетил набрзо по масакрот.
Во искажувањето за Карнегиевата комисија тој вели дека во некои градини и дворови гледал детски гробови, на секој со по малку полско цвеќе.
„ Изгледаше дека не закопале никого освен децата. Кутрите души! По ужасот од сето тоа, човек се чуди како воопшто закопале некого. Турскиот дел, со неколку исклучоци, не беше изгорен. Според кажувањата на преживеаните, таму се вршел најголемиот дел од масакрите. Видов многу соби во кои подовите беа натопени со крв, и простирки, душеци и перници покриени со крв и човечки остатоци. Самите камења во дворовите на овие куќи беа со крвави траги; тажно е дека повеќето од оние што биле убиени во овие дворови биле каменувани до смрт “
,... додава британски поморски офицер. Преживеаните му покажале една куќа опкружена со висок ѕид каде што биле убиени неколкумина Грци. Местото било обележено со крвави траги секаде во дворот и во градината. Дворот, куќата и нејзината околина биле сопственост на Турчин кој, кога слушнал за можноста од масакр, испратил да ги известат Грците од Доксато дека им нуди засолниште за нивните жени и деца и дека, откако повеќе од 120 се собрале тука, тој и неколкумина негови сонародници по упатство на еден бугарски офицер, ги заклале сите.
„ Јас можам само да речам, од свое лично согледување, дека местото беше како кланица и, кој и да го направил тоа недело, мора да имало многу голем број убиени во ова место “
,... констатира британски поморски офицер.
Како што пишува во својот извештај Карнегиевата комисија, Доксато било напредно земјоделско место што се наоѓало меѓу Драма и Кавала, во центарот на една околија која одгледува тутун. Имало големо училиште и неколку богати и образовани семејства меѓу 2.700-те грчки жители. Се гордеело со својот хеленски карактер и претставувало, заедно со две соседни села, компактен грчки остров во селското население речиси исклучиво турско.
Дел од разрушениот Доксато
„ Еден член на Комисијата ги посети неговите урнатини. Само триесет куќи се останати цели меѓу неговите 270 грчки куќи. Од ѕидовите останало доста за да покаже дека Доксато било добро градено и напредно и да сугерира дека палењето мора да им нанесло големи материјални штети на неговите жители. Процената за убиените (отпрвин се велеше дека изнесувала над 2.000) која сега е општоприфатена од страна на Грците е 600. Нам ни беше пренесен еден извадок од официјалниот грчки извештај во кој бројката 500 е дадена како крајна “
,.... пишува Комисијата во својот извештај.
Според неа, голем дел, можеби половината од вкупниот број убиени биле цивили кои се фатиле за оружје. Жени и деца, на број повеќе од 100, биле масакрирани во една единствена куќа, а колежот бил вршен со секаков вид варварство што може да се замисли, смета Комисијата, која на Балканот била испратена по невидените злосторства што ги вршеле војските и паравоените формации. Омразата била дигната до тој степен што секој се сојузел со секого за да се пресмета со непријателот.
Комисијата за да добие пообјективна слика на масакрот во Доксато го поместува и сведочење на бугарскиот капетан Софрониев од Царската гарда. Тој во својата изјава вели:
„Јас командував два ескадрона на македонската коњица, регуларна воена единица која се состоеше, главно, од резервисти. На 10 јули, додека бевме во Отолигос, околу 20 километри од Доксато, испратив извидници. Тие известија дека во последниот одред на нашите трупи кои се враќаа од Кавала пукале селаните од Доксато, од кои некои носеле грчки униформи. Тие убиле многу од нашите луѓе и го ограбиле конвојот. Коњските коли избегале, но оние што ги влечеле волови биле фатени. Го испратив потпоручник Писаров со триесетмина војници да извести за тоа што се случува во Доксато и одново да воспостави ред. Мојот прв извидник тогаш се врати од втората експедиција и извести дека се судрил со голема грчка сила од бунтовници кои доаѓале од Кавала и дека дознал од Турците оти со нив командуваат грчки офицери. Тие ги убивале сите бугарски и турски селани што ќе ги фателе на патот.
Видел обезглавени деца и жени чии тела биле распорени. Меѓу населението по селата завладеала општа паника “
,... ја цитира Комисијата изјавата на капетан Софрониев, подвлекувајќи дека таа ја видела оригиналната белешка на извештајот од извидникот напишана со молив.
„ Поручникот Писаров извести дека грчките трупи се сместиле близу до урнатините на мостот кај Александрија. Грците убивале безмилосно мажи, жени и деца. Доксато бил под силна окупација и два грчки баталјона со планински топови марширале од Валчиста. Тој му помагал на месното бугарско и грчко население да бега. Тогаш го известив командантот на мојата дивизија, генерал Делов: тој ми нареди да одам веднаш во Доксато за да ги затворам одговорните и да го повратам редот. Тргнав ноќта на 13 јули, но го згрешив патот во темнината и во муграта се најдов меѓу Дојран и Доксато “
,... објаснува бугарскиот капетан Софрониев.
Тој со себе имал два ескадрона на коњи од околу 250 луѓе. Непријателот отворил оган веднаш и тројцата извидници што ги испратил да ја извидат позицијата биле убиени. Најсилен оган доаѓал од работ на селото Доксато.
„ Рамнината беше црна од луѓе кои бараат засолниште. Го испратив едниот ескадрон кон Доксато, а другиот, под моја лична команда, напредуваше кон Дојран. Пукањето продолжи околу два часа, седумнаесетина од мојот ескадрон загинаа, а дваесет и четворица беа ранети. Подоцна јуришавме со сабји. Непријателите, кои беа сите вооружени, ги задржаа своите редови и го чекаа нашиот напад. Најмалку 150 од нив беа убиени во јуришот, можеби дури и 300. Многумина се предадоа. Потоа слушнав дека грчка колона маршира од Валчиста кон Алистрати. Тогаш решив да се повлечам и побрзав да и' се придружам на колоната на потпоручникот Барнев “
,.... објаснува бугарскиот капетан.
Тој признава дека тогаш ги оставил Турците од околните села да ги чуваат грчките заробеници и им рекле да ги разоружат луѓето од Доксато и да одржуваат ред. Тие се вооружиле со пушки и куршуми земени од убиените Грци.
„ Порано немавме работа со овие Турци, но тие секогаш им помагаа на нашите извидници со известувања. Утредента, на 14 јули, водевме борба за да им овозможиме на бегалците да се доберат до планините.
Избеганите Турци од Доксато ни кажаа дека Грците ги убиле сите Бугари и Турци кои ги нашле во Доксато. Ги прашав зошто не избегале на време. Тие одговорија:
„Затоа што се впуштивме во грабеж и одмазда“.
Моите извидници известија тој ден дека нешто страшно се случило во Доксато. Турците почнале да масакрираат, а потоа дошле Грците и ги масакрирале Турците; полињата биле полни со тела. Утредента, на 15 јули, Грците го уништија чисто бугарското село Гуреѓик. Селаните не можеле да избегаат и биле масакрирани речиси до последниот човек; тројца или четворица избегале и тие ми ја донесоа веста “
,... ја кажува другата верзија за драмата во Доксато и околината капетанот Софрониев.
Овој пример покажува дека во војните не страдало само турското и македонското население туку и грчкото. Европските претставници немаат никакви дилеми дека систематскиот масакр бил извршен од локалните Турци на кои бугарската војска им го оставила на располагање местото во поголем дел од два дена.
„Тие ограбувале, палеле и колеле слободно, не ги поштедувале дури ни жените кои се засолниле во куќите на пријатели Турци. Досега малку има разлика меѓу верзијата за настаните на командирот Кардејл заснована врз локални грчки извори и изјавите на нашите бугарски сведоци. Она што самите го слушнавме во селото неколку недели подоцна беше во согласност со она за што извести командирот Кардејл. Бугарските војници, по остра битка, почнале да ги убиваат жителите, но набрзо престанале да го прават тоа.
„Поголемиот дел од масакрот“, како што вели командирот Кардејл, „ беше извршен од Турците “. Тој наведува, без да ја потврди, една изјава на некои од преживеаните дека Турците дејствувале по „ упатство “ или „ поттик “ од бугарските офицери“,
заклучува Комисијата која смета дека извесен дел од одговорноста за колежот во Доксато, сепак, паѓа врз бугарските офицери, зашто тие ги вооружиле Турците и им ја препуштиле контролата на селото.
Според европските претставници , тие морале да знаат што ќе следува. Користењето на турските башибозуци како сојузници против небранетите христијански селани е прекршок за кој се виновни Грците, Србите и Бугарите во разни поводи.
Ниеден офицер на Балканот не може да го преземе тој чекор без да предвиди дека од него мора да резултира масакр, смета Комисијата, која настојува да ја пренесе драмата што тогаш се случувало со недолжното цивилно население кое ја плаќало највисоката цена во балканските војни, во кои најмногу страдало македонското население, на чии простори се воделе.
Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики''
или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.
Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?
|
На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.
На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/
страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.
Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.
Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.
Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.
|
ГАСНУВА
- АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ
Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ
|
BACИЛEOH
КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ
За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com
Македонија
е СЕ, се
залага за
нова химна: ''
Земјa Mакедонскa''
НИЕ СЕ
ДЕФИНИРАМЕ
КАКО
ЉУБИТЕЛИ НА
СЛОБОДАТА
ЗА НАС
МАКЕДОНИЈА Е
СЛОБОДАТА
АКО ИМА
МАКЕДОНИЈА
ЗА НАС
ИМА И СЛОБОДА
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
МАКЕДОН ИЈА
ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
MAKEDONIA
BACИЛEOH
МАКЕДОНОН
АЛEКCAHДРОЈ
Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.
|
|
|