... ВЕСТИ

       Ни Господ не го сака повеќе Н. Груевски за прецедател на влада на Р. Македонија

Македонија 22 / 03 / 2016
    

                  

Прецедателот на ВМРО - ДПМНЕ и моментално прецедател на влада во оставка на Р. Македонија, г. Никола Груевски се фали и мафта на телевизија и во јавноста со своите ''тефтери'' на сработено или на тоа што ќе треба да го сработи, да се надеваме дека не ѓи има испечатено своите ''тефтери'' во милион примероци, а за тоа ќе му бидат благодарни шумите, по прецизно дрвјата од кои се добива xартијата на тие бескорисни '' изборни програми '' во Р. Македонија.

Програмата базирана на кредити и правење долгови за идните генерации, господине ќе ви биде доволно ако ја запиштете на вашата веб страна,... со тоа македонските шуми ќе ви бидат благодарни.

Ако е останала и има барем некоја совест на здрав разум, г. Н. Груевски не треба да се презентира повторно за премиeр на Р. Македонија,... зошто? Eве ќе ви објаснам.

Како ја води г. Н. Груевски економијата на Р. Македонија, а тоа е само со кредити и правење долгови за идните генерации.

Направи 200 милиони евра долг за Скопје 2014, зеде 500 милиони кредит од Кина за автопатишта,.. кој ќе ги врати?. За среќа ЕУ му даде 500 милиони евра подарок, МА за развој на демократските институции во Р. Македонија, нo тие од владатa на чело со г. Груевски велат ќе ги трошеле по патиштата и градежништвото.

Се земаат кредити за плати и пензии, се прават долгови и господинот вели ''изградил'',.. или ''дал'',...

ЕУ во врска на пензискиот фонд пред неколку дена во весниците:

'' Пензискиот фонд во Р. Македонија на среден рок е неодржлив'' .

- изјавата на ЕУ е генерозна, бидејќи ако владата на Груевски не се задолжеше од 100 милиони евра некаде пред 2 месеци за плати и пензии, немаше да бидат исплатени, а се изгласа од страна на Парламентот буџет за Р. Македонија од 3 милијарди и 200 милиони евра за годината 2016.

Владата на Н. Груевски покрај усвоениот највисок финансиски буџет во историјата на Р. Македонија на почетокот на годината 2016, да го ставиме и подарокот на ЕУ од 500 милиони евра, се задолжи екстра со 100 милиони евра за плати и пензии.

Изјавата за задолжувањето за плати и пензии од ЕУ во весниците беше:

'' Не е добро Р. Македонија да се задолжува за плати и пензии ''.

Н. Груевски ја става македонската економија полека но сигурно под контрола на странците, па вели ''отворил'' работни места ма момент, имаме најмали плти во Европа, ( после Косово ) тоа важи и за пензиите. Странците ги интересира само профит, а не просперитет на државата. Мотото на владата на Груевски е:

'' Нај ниcки даноци за државата во Европа''

- Нај ниcки даноци за државата значи и нај мал развој за Држвата Македонија во Европа.

Цената на основните прехрамбени продукти во супермеркатите од кога тој дојде на власт, денес се изедначени, некои дури и поскапи, на тие производи од високо развиените европски земји, MA таму тие земаат 500%, а некаде и повисока минимална плата... бидејќи многу од тие основни прехрамбени продукти се увезуваат.

Вели дека дава субвнции за земјоделците, пољоделците и сточарите, додека нивните финални производи во македонската држава се откупуваат за 5% -10% , некои и до 20% помалку од нивната вредонст, па тие се во губиток, а резултатот е да со 50% на активни работници во државата се земјоделци, а неможат да ја прехранат државата,...

50% на активни работници во државата се земјоделци, а неможат да ја прехранат државата па мора да се увезуваат основни прехрамбени продукти. Во развиените земји од ЕУ и светот само 5% од работо-активното население се занимава со земјоделство и ѓи задоволуваат потребите на пазарот со основни прехрамбени продукти, па дури и извезуваат.

Давајте субвенции колку сакате, ма доколку финалниот производ не се откупува по цена поволна за произведителите, да не се забораваaт и финалните потрошувачи, нема развој на економија.

Еден едноставен пример:

- 1 kg пченица земјоделците ce принудeни да го продаваат по 15 МКД денари,

- додека 400 грама пченица во супермаркет или продавница чини 45 МКД денари, или повеќе.

 

Тоа во цивилизираните земји се нарекува економско профитерство - кpиминaл, додека за г. Груевски e и го нарекува ''економски прогрес''.

Нискитe стапки нa економски пораст, кои ретко ја надминуваат границата од четири отсто, негативни биланси во размената со странство и континуиран трговски дефицит, како и висока стапка на невработеност од над 20 отсто се карактеристики за македонската економија веќе со децении, а една од главните причини за ваквата летаргична состојба во македонската економија е вештачкото одржување на фиксниот курс на денарот.

Најдобри показатели дека нешто не е во ред со поставеноста на економските политики, односно со инсистирањето на фиксен девизен режим се бројот на компании што извезуваат од земјава, како и постојното зголемување на увозот на храна во Македонија, која се декларира како земјоделска земја, која одвојува стотици милиони евра за субвенционирање на производството на прехранбени производи.

Вештачкото одржување на фиксниот девизен курс на денарот очигледно демотивирачки влијае врз претприемачите на кои им е полесно да заработат преку увоз на производи, отколку да инвестираат во домашно производство и да извезуваат.

Cпоред податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на активните деловни субјекти во 2015 година изнесувал 70.139. Од нив, само околу 3.000 компании се извознички, а над 9.000 компании се занимаваат со увоз, што е околу трипати повеќе.

Ваквиот сооднос меѓу компаниите што се занимаваат со увоз и извоз трае со години, што укажува на тоа дека повеќе претприемачи, кои располагаат со одреден капитал се одлучуваат да увезуваат наместо да вложат во производство.

Тоа го потврди и анализата на Светска банка од пред неколку години во која, тогаш, беше констатирано дека само 5 отсто од вкупниот број македонски компании се занимаваат со извоз, како и дека постојано се извезуваат истите производи на истите пазари.

Иако, на промената на ваквата негативна слика во изминатиов период позитивно влијаеше отворањето на странските компании во слободните зони, тоа не може да биде мерило со оглед на тоа што станува збор за мал број деловни субјекти, кои добиваат големи износи субвенции од државата и истовремено додека го зголемуваат извозот, го зголемуваат и увозот со оглед на тоа што во најголем дел работат со суровини што ги нема во нашата земја.

Производители на пченица во земјава упорно алармираат на лошата состојба со оваа култура и бараат да се зголемат субвенциите за да може да опстои постојаното производство. Тие велат дека со постојните откупни цени производството на пченица не е рентабилно, а уште помалку ќе биде рентабилно ако се намали цената како што се најавува. Според производителите, треба да се надомести разликата во цената од производствената до откупната, за да не работат со загуба, и тоа со дополнителни субвенции.

Увозот од Србија секоја година претставува проблем за земјоделците што се неконкурентни во однос на нивните српски колеги. Една од главните причини за тоа е што курсот на српскиот динар е променлив, вредноста се формира во согласност со потребите на пазарот поради што едно евро сега се менува за 122 динари, што е речиси двојно повеќе отколку курсот на македонскиот денар, кој изнесува 61,5 денари за едно евро. Затоа српските производители на пченица постојано вложуваат во производство и извезуваат поттикнати од приливот на девизи, кои се менуваат по реална пазарна вредност.

 

Господинот Н. Груевски со сите негови влади до сега од 2005 активно и пасивно работи и подржува смена на Уставното Име на нашата Македонска Држава преку референдум. Господинот Н. Груевски 2008 го подржа предлогот на Нимиц, за среќа грците не ги интересираше.

 

13 / 03 / 2015

Димитров:

''Во 2008 беа подготвени Република Македонија ( Скопје ) да оди на референдум''

 

'' Поранешниот преговарач за името Никола Димитров во отвореното студио на Нова изјави дека во 2008 година пред Самитот на НАТО во Букурешт, Владата прифатила тогашниот предлог од Нимиц да го стави на рефендум.... ''

Каков е тој патриот кој прво прифаќа предлози за име на државата, разговори, преговори за смена на Уставното Име на Државата Македонија, а потоа и референдум за ''евенуална смена'' на смена на Уставното има на Државата Македонија???

 

За македонските малцинствата во соседните земји и пошироко не станува ни збор, препуштени на самите себе, дури и е укинат и сателитскиот канал за време на мандат на владата на Н. Груевски.

Министер од владата на Н. Груевски забрани истакнување на сонцето на Филип Македонски ( античкото знаме ), кое беше државно знаме, на спортски настани во Р. Македонија.

Спомениците, интернационалниот аеродром близу Скопје НЕ се именуваат како треба. Oд името на нашиот славен владетел Александар Македонски, се брише '' Македонски '' и се става ''велики'' или '' the great'' на латиница,... со самото тоа во сопствената држава се брише македонскиот идентитет,.. ПА како сакате тогаш другите да не почитуваат?

 

Армијата на Р. Македонија - АРМ никогаш не е била послаба, го укина регрутниот систем со тоа и минималната одбрамбена сила на АРМ, ја ''нашминка'' со дигитални униформи и некоја пушка,.. додека за тешко вооружување, борбени транспортери, борбени хелиxоптери, борбени авиони или радари со ракети и системи за ПВО, не станува никаков збор... пардон стана ''малку збор'' во собранието пред некоја недела ма од зборови нема резултати, туку од дела, НЕ од предизборни фалби.

Набави технологија за прислушкување на граѓаните ( тој вели за да полесно ги открива криминалците ), МА резултатот е, можеби ако не ми верувате на мене, можеби ќе поверувате на екстпеpтот од ЕУ:

Македонија 15 / 03 / 2016

Питер Ванхауте:

''Република Македонија – авторитарен режим со клима на страв''

 

На кого ќе веруваат во ЕУ, на Н. Груевски или на Питер Ванхауте?

Н. Груевски успеа од Р. Македонија да направи диктаторска држава, а за такви држави нема место во ЕУ и НАТО.

Република Македонија апсолутно нема потреба од премиер како господинот Никола Груевски, со премиер како Н. Груевски зa Македонија НЕМА ЕУ и НАТО интеграции. Нека не ве лаже, економски просперитет нема и нема да има со Груевски... веќе има нешто друго, а тоа се кредити и долгови... СЕКОЈ ЖИТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ДОЛЖИ НАД ДВЕ ИЛЈАДИ ЕВРА!, а најлошо од се е дека има диктатура со клима на несигурност, страв, нема слобода на говор и движење денес во Р. Македонија.

Haдлeжнитe во весниците:

'' НАД 6 000 граѓани се откажале од македонското државјанство во последниве 2 години ''.

Единствена реформа за избори до моментот се направи во Уставниот Суд, а тоа е:

'' Прецедателот на државата да може да ѓи помилува изборните манипулатори ''

Со Никола Груевски нема ЕУ и НАТО за Република Македонија, МА ИМА САМО кредити, долгови и нови задолжувања за граѓаните на Р. Македонија и диктатура во оваа држава.

Во ''тефтерот'' на г. Груевски имали нешто за инвестиција и развој на науката на сите полиња како и технологијата,.. со оглед на стореното и да има напишано, ништо сторено.

Основен столб на прогрес во напредните земји е инвестирање во науката и технологијата,... тоа е тајната за напредокот во цивилизираните земји.

Ми тежи посебно затоа што г. Груевски ги оданочи спортските клубови. Спортските клубови се затвараат или мораат да ја покачат чланарината и итн. и итн,... така да наместо младите спортуваат некој спорт, времето го поминуваат пред компjутер или кафе барови,.. и итн,.. и итн.


 

НЕ гледам некаква полза за развојот на економијата, одбраната и демократијата вo Република Македонија и да се гласа и за: СДСМ и Зоран Заев, ДУИ со Алија Ахмети или ПДП со Мендуx Тачи, на предстоечките избори во Република Македонија.

 

За кого треба да гласаат граѓаните на Република Македонија,.. ??? Јас ви образложив за кого да не гласате,.. а вие гласајте за кого сакате.

 

... ВЕСТИ

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

МАКЕДОНOH

 

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

      BACИЛEOH Alexandroy Makedonon МАКЕДОНОН

  АЛЕКСАНДРОЈ   МАКЕДОНОН

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обож
aваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.