v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  29.11.2015 Македонија 

  

Лазар Поп -Трајков

        

               

      Лазар Поп Трајков е македонски револуционер, раководител и војвода на TМОРО ( Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација ).

                       Рани години

      Лазар Поп Трајков е роден 1878 година, во револуционерното село Д’мбени (Костурско),  во семејството на Поп Трајко кој бил чесен човек и голем патриот. Селото Д’мбени имало 300 куќи и било едно од најцветачките села во Македонија, но за време на Илинденското востание било разрушено и опожарено. Од истото село потекнуваат и многу други револуционери патриоти.

     Лазар Поп Трајков го завршува основното образование во своето родно село, во непосредна близина на планината Вич. Уште од мал, Поп Трајков пројавува афинитет кон учењето и револт кон неправдата што османлиската држава ја врши на неговиот народ.


      По завршувањето на основното училиште, Лазар Поп Траков учи во прогимназијата во Костур, а потоа своето образование го продолжува во Солунската егзархиска машка гимназија "Св. Кирил и Методиј". Таму тој и ја започнува својата револуционерна дејност, каде што станува член на TМОРО. По завршувањето на гимназијата, станува егзархиски учител во Костурско.

                   Организирање на Костурско

 

      Поп Трајков, развива интензивна револуционерна дејност во своето родно Костурско во времетраење од 1898-1899 година. Својата работа како егзархиски учител, тој ја користи како прикритие за да обиколува по Костурските села и да пропагира револуционерна борба. Лазар Поп Трајков е првиот организатор на Костурската околија. Секој одмор го користи за да основува комитети на TМОРО во селата. 

      Во редовите на TМОРО тој вклучува неколку стари ајдути како Коте Христов (кој што после станува грчки агент) и Митре Влаот, како и многу нови четници и реонски војводи: Манол Ризов, Никола Андреев, Пандо Кљашев и др. За неполна една година, Костурско е веќе организирано - во секое населено место има луѓе на организацијата што ја развиваат инфраструктурата на TМОРО.

        Поп Трајков наредува и ликвидација на неколку турски разбојници што го измачуваат народот. Освен против турското господство, Лазар Поп Трајков се бори и против грчката духовна хегемонија. Костурско, како етничка граница меѓу Македонци и Грци, е под директен удар на Грчката црква и нејзините агенти (покровителствувани од турската власт). Во тоа време голем дел од Македонците во Костурско се декларираат како Грци (Гркомани), но после неколку обиколки на Поп Трајков по Костурските села (потоа тоа го прави и Васил Чакаларов), бројот на гркоманите се редуцира на ништожна цифра. После востанието Костурско станува фронт на крвава борба меѓу македонските комити и грчките андарти.

Заради неговиот благ и добродушен глас, како и заради репутацијата како борец против неправдата, Поп Трајков набрзо се здобива со голема поплуларност кај населението, и народот го овековечува неговиот спомен во една убава македонска народна песна. На состанокот на костурските раководители во 1899 година, тој е назначен за врховен началник на ВМОРО во Костурско.

Град Костур во 1901 г.

      Набргу почнува да прави обиди за набавување на големи пратки оружје од Грција за вооружување на населението, но во 1899 година е уапсен од турската полиција и осуден на 4 години затвор. Затворот го лежи во град Корча.

         

                   Во навечерието на Илинден

       По апсењето на Поп Трајков, неговото дело како организатор, го продолжува Васил Чакаларов, кој во 1900 година е испратен од Борис Сарафов во Атина за да организира канал за шверцување на оружје во Костурско и Битолско. Во 1901 година Чакаларов доаѓа во Костурско, каде што го зема местото на Поп Трајков и заедно со Пандо Кљашев го продолжуваат неговото дело.

 

    скица - мапа направени од Лазар од регионот на Kостур

      

По две години Поп Трајков излегува од затворот и повторно станува началник на Костурско - каде што затекнува потполна организација. Секое село има чета и доволно оружје за да се почне востание. Но заради големиот број нови чети, присуството е забележливо и се зголемува бројот на битки со турски потери, кои завршуваат со големи жртви за Турците.

Поп Трајков, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев како костурски делегати, земаат учество во Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ (19-24 април 1903 година). Костурчани сé за востание, затоа што кај нив ситуацијата е неподнослива заради постојаните турски чешлања на селата и предавствата од грците и гркоманите (водени од грчкиот костурски владика Германос Каравангелис).

       По завршувањето на конгресот, тие се враќаат во своето Костурско. На 10 мај 1903 година, Турците за да се одмаздат за големите жртви дадени во битките со четниците на TМОРО, го палат великото комитско село Смрдеш. Во тој ден турските војници заедно со башибозук од селото Жервени масакрираат 85 души мажи, жени и деца. 150 од 300 куќи од селото се запалени, а 100 пушки уништени.

      Десетина дена подоцна една четите на Лазар Поп Трајков, Чакаларов и на Митре Влаот се предадени и нападнати над село Руља. Водени од Лазар Поп Трајков тие ја оттурнуваат војската и убиваат 15 Турски војници, а даваат само 1 жртва.

      На 30 мај 1903 година, на врвовите "Локвата" и "Вињари", во близина на село Дмбени здружените чети на Чакаларов, Пандо Кљашев и Дичо Антонов од 70 души водат борба против 1000 души аскер. Од редовите на TМОРО паѓаат 12 души, а од турците повеќе од 150.

Смрдеш бил одмазден во таа битка - најхеројска и најкрвопролитна во текот на предилинденската епоха. Лазар поп Трајков оваа велика битка ја овековечува во неговата песна "Локвата и Вињари".

         Илинденското Востание

     На 20 јули 1903 година (нов стил 2 Август) е објавено Илинденското востание. Лазар Поп Трајков е назначен за војвода на голема казнена чета. Заедно со Лазар Киселинчев, Иван Попов и Манол Ризов одат во село Руља и се помируваат со војводата Коте Христов. ги осветуваат 6-те знамиња, и Коте ветува дека ќе биде верен на Организацијата и дека ќе земе учество во востанието.

      Два дена по почетокот на востанието, Лазар Поп Трајков и неговата казнена чета заедно со војводата Стерјо Стерјовски и востаници одат кон турското село Жервени. После неколку предупредувања за разоружување, го напаѓа големото село (во кое има војска и многу башибозук). После целодневна битка, војската е истерана од селото давајќи големи жртви, а башибозукот е истепан до еден. Востаниците водени од Поп Трајков победоносно влегуваат во селото. Турците од Жервени со децении ги тероризираат околните Македонски села (убиваат, силуваат, пљачкаат). Затоа Поп Трајков наредува селото да се запали до темел.

     После битката кај Жервени, четата на Поп Трајков заедно со Чакаларов и Кљашев води неколку битки со аскерот, од кои најголема во којашто тој учествува е битката кај местноста Франговица околу селото Дмбени, каде што 600 востаници се нападнати од многуилјаден аскер. Во оваа битка Турците имаат и артилерија. Но и покрај тоа, секој турски напад е одбиен, а после последниот турски напад, востаниците прават контранапад и ја бркаат војската дури до соседното село Сливени. Во таа битка паѓаат 200 души турски војници и 6 востаника. Заробен е и турскиот сигналист. 

 

   Сединените костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Лазар Поп Трајков  Иван Попов, Пандо Кљшев, Никола Андреев и Манол Розов после заземањето на Клисура 1903

     По еден месец борби скоро секаде во Костурско, здружените востанички сили (околу 2000 на број) се разделуваат на две: 900 души на чело со Чакаларов заминуваат во казнена експедиција во Албанија за да изгорат неколку башибозучки села, а другата од 500 души начело со Лазар Поп Трајков и Иван Попов заминува во Мариово (Прилепско) за да се приклучи на тамошното востание. Дел од востаниците остануваат во Костурско. Групата на Поп Трајков, изнемоштена од борби и глад поминува со борба до Мариово. Но тука Лазар Поп Трајков се разочарува - во Прилепско нема востание. Како што кажува Иван Попов во неговите спомени:

       "Ние мислевме дека цела Македонија востанала. Додека ние во Костур водиме крвав бој против смртниот непријател, додека нашите села се дивјачки палени и уништувани, во Прилепско ниту едно село нé востанало".

Од тие 500 души, повеќе од 300 се враќаат во Костурско, потполно разочарани.

     Другите 150 остануваат со Поп Трајков во Прилепско, кај што се сретнуваат со Ѓорче Петров (кој не успева да го крене Прилепско, или да направи нешто од почетокот на востанието). Еве како Ѓорче Петров во неговите спомени ги опишува Костурските великани:

     "Грозен впечаток ми направија, што сите беа капнати, голи, боси, како цигани и насекаде гонети од војската, изгладнети беа како волци. Од 300—400 души, што тргнале од Костурско, беа останале до 130 души, а другите сé одделувале на групи и си оделе во своите родни места. Но спрема прилепските четници предизвикаа восхитеност во нас. Споредувањето беше, што тие беа херои спрема нашиве баби. Еланот во нив не беше убиен."

      Се договaраат заедно со четата на Ѓорче Петров (останати само 10 четника), да одат во Леринско и таму да ја дигнат во воздух железничката линија. Кон нив се придружува и Лука Иванов (подоцна станува Воденски војвода) и Јово Јововиќ (Црногорец по народност, доброволец во востанието). На пат кон предвидената цел, кај Мариовското село Чаништа групата од 160 души четници е нападната од 5000 души аскер. Започнува љута битка. Врвовите окупирани од востаниците се задржени благодарение на фанатичноста на војводата Иван Попов, Јово Јовович, храброста на Костурчани, како и лидерските способности на Лазар Поп Трајков. Турците еден по еден праќаат фанатички напади во коишто паѓаат како покосени многу аскери. Кога вечерта се стемнува, четите со победоносното УРА, го пробиваат обрачот и се извлекуваат. оваа битка е еден од најголемите порази на Турците за време на востанието. Востаниците даваат 4 жртви и 6 ранети, додека турците имаат 400 мртви (според Попов се 400 а според Ѓорче Петров се меѓу 200-300).

Во оваа битка Лазар Поп Трајков е лошо погоден во устата, и решава да се врати во Костурско да остане сред народот и да се лекува.

             Смртта на Лазар Поп Трајков

     Одкако успева да се врати во родното Костурско, Лазар Поп Трајков решава дека е најдобро да оди и да се лекува во селото на Коте Христов. Дури и му испраќа писмо во кое срдечно го поздравува и го поканува да дојде кај него. Иако Поп Трајков знае дека Коте има врски со грчкиот владика Германос Каравангелис, тој сепак се препушта на Коте надевајќи се дека заедничката борба за време на востанието ги е средила сите недоразбирања меѓу Коте и TМОРО.

     Но Поп Трајков не знае дека грчкиот владика веќе го врбувал Коте да работи за грчкиот комитет и дека добива месечна плата. Како непомирлив борец против грчкото духовно господство во Костурско, Лазар Поп Трајков е трн во очите на Грците, и тие нудат се што можат само да биде тој мртов.  >>>>> И така, во октомври 1903 година, во падините на планината Лисец, до село Руља, великиот водач Лазар Поп Трајков е заклан од страна на Коте и Павле Киров (поранешен член на TМОРО, потоа андарт). Главата му е испратена на грчкиот владика Германос Каравангелис кој ја фотографира и испраќа по селата. <<<<<<<<

      Така предавнички е убиен Лазар Поп Трајков - најсветлата личност на Костурско (според зборовите на Пандо Кљашев). Тоа е трагичната смрт на човекот, којшто со своите верни помошници успева да организира ја Костурската околија што понатаму дава можност тој, заедно со легендарниот водач на Костурско Васил Чакаларов и неговите војводи и плејадите храбри борци да бидат достојни да исплетат блескав лаворов венец за Македонците од Костурско, и да ги стави егејските Македонци на предните страници на македонската слава.

        Воедно со великиот организатор и раководител Лазар Поп Трајков, загинува и Костурскиот поет Лазар Поп Трајков, чиишто стихови допринесуваат за кревање на гранитниот, боречки, револуционерен дух на Костурските великани. 

 

      исечок од стрнана од весник од Бугарија со мртвата глава на Лазо Поп Трајков - вечна му слава

        За смртта на Лазар Поп Трајков Магда Јумбрукова Влахова од Д'мбени вели:

      ''Лазо Поп Трајкоф беше комита. Беше ем Коте од Руља и тоj беше комита. Козна (кој знае) зашчо се скарае и Коте стана протиф комитите. И ојде се пoфaли, ојде при грците, у Костур. Го закла Лазо Поп Трајкоф. Со посечената глава цел Костур шетае. Лазо Поп Трајкоф беше македонцки даскал и војвода от Д'мбени.''

    

       Песна за Лазар Поп Трајков

Зашчо плачиш, зашчо жалваш,
ти високи Лисец,
зашчо с' магла се покриваш
од горе до долу?

Јас ќе плачам, јас ќе жалвам,
дор до век и веков,
зашчо видов как' заклаја
Лазо Папа Трајков.

Отрежаа му главата
за пендесет лири,
однесоа ја во Костур,
бакшиш на деспото.

Колку жално, срамно ести
за грчкиот деспот,
шчо го плате ѕверот Коте
да заколи Лазо.


Ај да кажеме: „Бог да прости
Лазо Поп Трајков“!
Првиот и најголемиот
костурски началник.

 

Народот македонски за Лазар Поп Трајков испеал многу песни

македонски песни за македонскиoт воjводa Лазар Поп Трајков

 

 

 

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

1.

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.