v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

  22 / Македонон / 2018 Македонија 

 

МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ  КАЈ  КРЕСНА 1878 ГОДИНА

Печат на Главниот штаб на Македонското востание од Кресна

Печат на Главниот штаб на Македонското востание од Кресна 

Печат на Главниот штаб на Македонското востание 1878 од Кресна

 Македонските востаници го нарекувале востанието Македонско востанеие, 1878 подигнато кај Кресна, а не ''Кресненско востание''.

Причини
     

              

      Самите настани во Големата источна криза (1875-1881) година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија.

Револуционерниот дух кај Македонскиот народ се повеќе раснел особено по востанието во Босна и Херцеговина и и основање на Кнежеството Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна.

Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија но останување во рамките на Османлиската империја.

       Литл Бој... раскажува за дејноста на четите во Македонија и нивните дејствија ги споредува со дејствијата на селаните во Италија во 1855 г. Тој вели дека тие не се орагнизирани банди, туку продукт на лошата состојба од турското општество и управ, резултат на анархичноста во аграрното уредување, на полната незаштитеност на приватната сопственост. Тој, меѓу другото, вели дека не може да се одрекува дека таквите шајки во Босна, Херцеговина, Македонија окупирана од османлиите и Кнежеството Бугарија сега османлиски вазал, имаат извесни политички насочувања. Според него во такво матно време шајки можат да се претворат во војска, а ајдутството да се претвори во војна за ослободување.

'' 15.000 востаници, кои себеси се означувале како Македонци, од владиката на Мелник барале финансии, а кога ќе ја ослободеле Македонија ќе му ги вратиле парите, но бидејќи сретствата побарани биле високи, тој избегал во Срес.

Владиката од Мелник е овде, дојден е како и сите други владици да му изрази почит на новиот Патријарх Јоаким, пред да го напушти Солун на пат за Константинопол.

Тој изјавува дека востаниците, коишто себеси се нарекуваат Македонци побарале голема сума пари од него за неговите парохијани, и понудиле да му издадат сметкопотврда, велејќи му дека парите ќе му бидат вратени кога тие ќе си го повратат поседувањето врз својата земја Македонија.

Бидејќи сумата била огромна, и немало како да се исплати, владиката ноќта избегал во Серес...“

Great Britain Foreign Office "Correspondence, etc., respecting the affairs of Turkey, Issues 53-54", London, 1878. pp.228-229.

Подготовки

Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци - учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с. Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи.

Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети Единство, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Кнежеството Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието.

При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци - Македонци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).


Први раздвижувања на четите и последните подготовки за кревање на востанието

Кон крајот на септември 1878 година Софискиот благотворителен комитет во Ќустендил го испратил Луј Војткевич (Полјак) со голема чета од 300 души за да се префрли во Македонија. По краткотрајна вооружена борба, четата била разбиена од турскиот аскер и Луј Војтеквич се вратил назад во Софија по нови инструкции.

Истиот месец Адам Калмиков (Козак од Украина) со голема чета доброволци се обидел да влезе во Македонија но и неговиот обид ќе биде неуспешен поради тоа што неговата чета целосно била разбиена од турскиот аскер. Подоцна овие двајца ќе бидат поставени од комитетот Единство со раководни функции во востанието.


Одлука за кревање на востание

На состанокот одржан на 8 септември во Рилскиот Манастир, свикан од Натанаил на кој присуствувале и Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Дедо Иљо Малешевски (Марков) било решено да се повикаат сите чети кои дејствувале недалеку од демаркационата линија да се приближат до Горна Џумаја. На повикот се одзвале повеќе чети и во Горна Џумаја се одржало советување со војводите за востанието.

Иљо Малешевски   Иљо Малешевски (Марков)

Токму на ова советување било прифатен предлогот на еден од поистакнатите војводи Стојан Карастоилов, востанието да започне со нападот на Кресна. Тука било прифатено со нападот да раководи Стојан Карастоилов.

Иако во целост подготовките за востанието биле во раководени од македонските војводи, сепак комитетот Единство како главен иницијатор на востанието (иако сакал востанието да изгледа како дело на Македонија), неможел да допушти целото востание да се одвива во рацете на македонските војводи и Македонците. Затоа по нивното барање командата на востанието му била доверена на офицерот на руската армија козакот Калмиков.

Востание - Прва фаза 

Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници.

По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија

Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов.

За ова Поп-Георгиев Беровски уште на 20 октомври (8 октомври, стар стил) го известил Џумајскиот комитет и се потпишал како началник штаба на македонските востаници:

До Добротворниот комитет во Џумаја! Господин К. Бошков! Вашето писмо од 6 овој месев (бр.7) го зедов исправно. 
На 7 овој месец, вчера, Турците нападнаа на нашите стражи во село Влахи, ги разбија и изгореа околу 20 куќи. 
Ние ги одбивме турците, убивме 4 од нив и нивниот јазбашија. 
За ранетите не се знае, битката продолжи 13 часа, го изгоревме турското село Грнчар. Вам ви пишувам за да ги известите другите комитети дека востаниците го одбраа Г-на Адама Јованаовича (Калмиков), наименуван од востаниците, за атаман. Мене, 
Димитрија П. Георгиев за началник на Штабот, Героги Михајлов за помошник на Штабот, благајник и одговорен за оружјето. За прв војвода Стојан Карастоилов 
од четата Губернатор Тухолка, за втор војвода Коста Георгиев од четата Каравелов, за трет војвода Стојо Торолинко од четата Алабин, 
за четврти Крсто Аризанов од четата Домонтови...

—Ве поздравува Началникот на Штабот на Македонското востание Д. П. Герогиев, с. Влахи, 8. 10. 1878
 

Димитар Поп-Георгиев Беровски Димитар Поп-Георгиев Беровски
Димитар Поп-Георгиев Беровски Писмо на Димитар Поп-Георгиев Беровски

Несогласувања

 

Овде се појавиле првите несогласувања и недоразбирања помеѓу македонските револуцинери и бугарските комитети. Преставниците на комитетот Единство, Адам Калмиков и Луј Војткевич сакале востанието да биде проширено што поскоро и во останатите делови на Македонија со цел да се привлече вниманието на европската дипломатија.

Меѓутоа Стојан Карастоилов, Димитар Поп Георгиев и другите македонски војводи се стремеле најпрво востаничката територија да се организира, да се набави оружје, муниција и друг воен материјал, да се регрутираат свежи востанички сили и дури потоа да се удри на останатите области.

Димитрија П. Георгиев за началник на Штабот, Героги Михајлов за помошник на Штабот, благајник и одговорен за оружјето. За прв војвода Стојан Карастоилов од четата Губернатор Тухолка, за втор војвода Коста Георгиев од четата Каравелов, за трет војвода Стојо Торолинко од четата Алабин, 
за четврти Крсто Аризанов од четата Домонтови.


Административно-управна организација


Веднаш по востанието било формирана полициска управа. Во сите ослободени места била воспоставена народна власт, а народот без разлика на националната и верска припадност (Македонци, Турци, христијани, муслимани) бил целосно ослободен од сите даноци.

До Џумајскиот македонски комитет! Господин К. П. Василков!... 
Во Кресна се формира Полициско раководство кое ќе има грижа да собира војници од заземените места, да собира данок од неспособните за војска, 
да ги гони бегалците, да го варди редот и спокојството на населението и друго.
Погрижетесе се вие да испратите во таа полициска управа еден поопитен писар со плата кој ќе воведе ред

—Ве поздравува Началникот на Штабот на Македонското востание Дим. П. Герогиев, с. Влахи, 17. 10. 1878 

Во ослободените места не биле забележани протерувања, убиства и изживувања врз турското муслиманско население. Македонското население од сите ослободени места со големо воодушевување го помагало востанието не само преку човечка сила (одење на селани во востаници) туку и преку давање на жито, земјоделски производи, резерви на храна и облека, а подоцна и преку давање засолништа на востаниците. Задачи на полициските стражи биле:

1. Да се грижат за собирање на војници од ослободените места 
2. Да собираат данок од неспособните за војска 
3. Да располагаат со востанички имоти, да одземаат и доделуваат 
4. Да набавуваат оружје, муниција и секакви воени материјали 
5. Да ги проследуваат, фаќаат и предаваат на Востаничкиот штаб избеганите востаници 
6. Да се ограничи влегувањето на секој особено на оние што се од Турско 
7. Да се грижат за мирот на населението во слободните места, строго да ги проследуваат арамиите и строго да казнуваат виновниците 
8. Да ја извршуваат секоја писмена наредба на Востаничкиот штаб 

Раководството презело мерки и за орагнизирање на регуларна војска:

До македонскиот џумајски добротворен комитет! Го примивме вашето писмо од 17. 10. 1878 година. Ги примивме и 60 пушки калпаклии, шест и пол товари куршуми и 16 шинели. Работите одат досега добро. 
Во селата Игралишта, Добрилаќе и Гореме се определија за постојано како регуларна војска 400 души да стојат готови за секој случај и тие преку секој десет ден ќе се
сменуваат. По овој начин сето населние ќе се држи на постојана внимателност и да биде воружено за борба. Сите селани им го
поставивме за капетан Златко. Тој ќе е како судија и ќе седи во с. Цапарево (Петричко). Во секое село селаните се 
прибраа од колибите и со нивно избирање определивме старешински совети што ќе се
грижат за храната на востаниците и на војниците од три села...

—Ве поздравувам и сум ваш Д. П. Герогиев, 20. 12. 1878

Правила на Македонскиот востанички комитет од 1878 год

Уште во почетокот на востанието биле изработени Правила на Македонскиот востанички комитет или Привремени правила за организација на македонското востание

Правилата преставувале законодавен акт за време на Востанието, а со нив биле регулирани целиот социо-економски и општествено-политички живот и на востаничките територија и сили но и на целата територија на Македонија. Кон крајот на Декември 1878 година Правилата биле преработени и по обем и содржински. Наместо поранешните 232 члена по преработката имале 211 члена. Во уводниот дел се истакнуваат причините за востанието и било истакнато дека:

Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистични цели од страна на големите сили и е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. 
Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу кравави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може, станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош.
Ние востанавме како поборници на слободата. 
Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт! 
Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијушите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме нашата татковина Македонија.

Устројство на Македонското востание, село Влахи 1878 година

Акт за организациската поставеност на Македонското востание (не Кресненско) од 1878 година, со кој се регулираат должностите на Штабот, на началниците и на востаниците

 

Устројство на Македонското востание, село Влахи 1878 година

Устројство на Македонското востание, село Влахи 1878 година

 

Некој од членовите:

 

1. Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија. 
2. Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина. 
3. Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата. 
4. Сите доброжители на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија. 
5. Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува - б.р.) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени ли ќе бидат разорени. 
6. Се повикуваат доброволците надвор од Македонија - кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се’ што е нужно. 
7. За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси. 
8. Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, благородно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби. 
9. Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка - за него нема место во востанието. 

Разногласие меѓу востаниците

Кресненското востание било прв судир помеѓу македонското револуционерно движење и Кнежеството Бугарија османлиски вазал. Очигледното мешање во политиката на востанието и водењето на борбата и спроведувањето на своите зацртани планови на бугарските комитети довеле до големи недоразбирања и судири со македонските востаници и револуционери.

Првиот судир се случил уште при борбите за ослободување на Кресна, помеѓу македонскиот војвода Стојан Карастоилов и рускиот офицер во бугарска служба Калмиков. Иако судирот бил од воено - тактички карактер сепак тука за првпат се судриле и целите и плановите на македонските револуционери и бугарските комитети.

Подоцна судриот помеѓу двајцата странци Калмиков и Војткевич ќе предизвика толкаво незадоволство кај македонското раководство што Димитар Поп-Георгиев Беровски ќе напише доста остро писмо во кое го осудува самоволието и мешањето на Софискиот и Џумајскиот комитет во Македонското востание.

Проширување на востаничките дејствија 

Под притисок на комитетот Единство востаничките сили удриле во Разлошката котлина. Со акциите раководеле Луј Војткевич и бугаринот Бано Маринов. Бил заземен административниот центар, потоа Банско и други села. Маринов бил ранет при овие борби и неможел повеќе да учествува во акцијата. Востаниците оваа територија ја држеле 2 недели по што турската војска почнала да настапува, востаниците морале да се повлечат. По повлекувањето на востаниците аскерот почнал со палење на селата.

Дефинитивен раскол

По борбите во Разлошката котлина, Стојан Карастоилов, Димитар Поп-Георгиев Беровски и другите македонски војводи од раководните позиции на востанието ги смениле Адам Калмиков и Луј Војткевич. Меѓутоа комитетот Едниство на тоа остро реагирал и од своја страна испратил комисија од тројца комесари кој од своја страна спровеле воен суд за Стојан Карастоилов и луѓето блиски до него. Пресудата гласела смрт.

Смртната казна врз Стојан Карастоилов била извршена на 6 декември 1878 година, додека пак Димитар Поп-Георгиев Беровски се спасил благодарение на Натанаил Кучевишки. Беровски ја задржил должноста војвода во областа Каршијак но и таа подоцна му била одземена. На тој начин македонските војводи биле одстранети во раководењето со востанието, а тогаш главен раководител на востанието станал комитетот Единство. Меѓутоа набргу доброволците почнале да ги напуштаат востаничките редови, а тројцата комесари не можејќи да ја контролираат ситуацијата се вратиле во Кнежеството Бугарија.


Востание -  Втора фаза

Комитет Единство

Втората фаза од востанието е каракатеристична што македонските војводи биле одстранети од челните функции, а раководењето го презел комитетот Единство. Во Софија бил свикан собир на ограноците на Единство и требало да се избере централен комитет за воени акции но сите ограноци не испратиле свои преставници и затоа Софискиот огранок го овластил Натанаил Кучевишки да раководи со сите административни и финансиски работи на востанието. Кон Натанаил се приклучиле Стефан Стамболов и Никола Обретенов.

  Никола Обретенов


Формирање на нови чети во Кнежеството Бугарија

Натанаил Кучевишки и Стефан Стамболов потоа заминале за Ќустендил и започанле со формирање и воружување на чети составени од доброволци. Со таа цел тие почнале да формираат и логори за четите во селата североситочно од Ќустендил по што се пристапило кон организирање на четите.

Четите имале свој војвода, десетар и писар. Секоја чета се состоела од 50-80 души. Во почетокот егзистирале 8 чети, а на 1 април 1879 година бројот на четите изнесувал 12 чети со јачина од 597 души. Бил создаден и штаб за четите чие седиште се наоѓало во Босилеград, а на чело на штабот бил поставен словеноцот Мирослав Хубмаер. Покрај штабот била формирана и воена управ со војнички совет - Воено управление во него влегувале сите војводи на четите.

Од 12 раководители, 7 биле Македонци, 1 Русин, 1 Црногорец, 1 Грк, 1 Влав, а меѓу добровлците во четите формирани во Бугарија имало Македонци, Бугари, Срби, Руси, Полјаци и Црногорци.

Кон крајот на 1878 или почетокот на 1879 година Стефан Стамболов ги посетил софискиот, ќустендилскиот и дупничкиот огранок, а потоа и востаничкиот штаб во Босилеград. Пред обиколката Стамболов сета бадлежност во врска со востанието ја препуштил на Натанаил Кучевишки.

Правила на македонскиот вoстанички комитет од 1879 год.

За потребите на четите бил изработен и еден дисциплински устав од 12 члена, ос страна на Натанаил Кучевишки, Стефан Стамболов и Хубмаер. Некој од членовите на овој устав:

2. Секој доброволец, востаник и арамија од секоја христијанска народност се прима, но тој е должен прво да даде клетва за верност и покорност на главната востаничка управа, а после се запишува во списокот на востаниците. 
6. Секој христијанин, македонец, којшто ќе се покаже противен на востанието и на востаниците, ќе се преследува и кога ќе се фати прилично ќе се накази. 

Деморал во востаничките редови

Во пролета 1879 година во логорите на територијата на Кнежеството Бугарија како и на востаничката територија состојбата се влошила. Во логорите имало недостаток од секакви средства, храна, облека, муниција и други материјали, поради тоа дошло до дезертирање на четниците. Постепено дошло до самовлни напади на карулите, а тоа допринело и самите турци да вршат напади од таа страна.

Истовремно се влошила положбата и на востаничката територија и таму имало недостаток на оружје и муниција. Од друга страна по остранувањето на македонските војводи од раководните позиции, востаниците започнале да ги напуштат востаничкте редови на доброволната војска.

Задушување на востанието

Во средината на Февруари 1879 година комадантот на турскиот гарнизон во Петрич ги повикал селаните да се предаат од востаничката територија. Барањето било одбиено по што турската војска започнала со својата акција. Хусеин бег од Петрич со 8 000 аскер и башибузлук (нерегуларни воени сили) удрил на востаничите редови. Напредувањето на турците било постепено и внимателно.

Раководителите на востанието најверојатно поради стратешки цели голем дел од востаниците ги испратиле во внатрешноста на Македонија во Битолско, Воденско и Костурско за да го покренат и таму на востание населението.

На 14 Mај 1879 година востаничкиот комитет од Малешевските планини испратиле повик до целото население на востание но отsивот бил многу мал.

Од друга страна демолизирачки врз населението и востанието била и веста дека руската војска која се наоѓала во Горна Џумаја си заминала по што турците почнале се враќаат во Горноџумајско. Четите во внатрешноста на Македонија од Градец на Вардар заминале на територијата меѓу Вардар, Мариовските планини и Демир Капија, со цел да го кренат населението но неуспешно.

Демобилизација 

Истовремено со деморализацијата на востаничките редови и добровлните чети дошло до слабеење на активноста на комитетите на Единство во Горна Џумаја, Софија, Ќустендил и Пловдив, поради напуштање на членството.

Поради таквата состојба Натанаил Кучевишки заминал за селото Падеж и таму на 6 јули 1879 издал наредба за демобилизација на четите и собирање на оружјето кое требало да се складира во селото Бураново. Со самото тоа Кресненското односно Македонското востание завршило.

Последици

Во почетокот на јули 1879 година престанале секакви дејствија во однос на востанието но со доагањето на турците во Горна Џумаја започнало бегство на населението од Џумајската каза и од внатрешноста на источна Македонија. Околу 25 000 - 30 000 христијани заминале во Кнежеството Бугарија и тоа била една од првите поголеми миграции на населнието од Македонија во Кнежеството Бугарија. На местата на избеганото населението почнале да се доселуват муслимани од Кнежеството Бугарија.

 

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

 

На ден 05 - Ма - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - Жустар - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.