|
Атанас
Јанков
Анастас Јанков
Анастас Јанков роден во село Загоричани, Егејска Македонија. Учествува во Руско-турската војна (1877-1878) и Српско-бугарската војна (1885) година,
така да станал офицер од бугарската армија.
Во 1902 година отиде со голема чета во Костурско за да крева востание издава проглас во кој меѓу другото се вели:
„Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општо
словенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века...”.
Манифестот на Атанас
Јанков
Атанас
Јанков во
едно
интервју,
исто така од 1902
година,
повторно
децидно
изјавува
дека тој е
Македонец, а
не Бугарин, а
подоцна
учествува и
во
Илинденското
востание.
Мисија
на Атанас
Јанков
Мисијата на Атанас Јанков била изведена во летото 1902 година во Македонија. Оваа мисија била дел од поголемата врховистистичка акција која имала за цел кревање на едно востание, а полковникот Атанас Јанков ја преставувал претходницата на врховистичките востанички чети.
Планот на ВМОК за востание
Во мај 1902 година Македонскиот врховен комитет подготвил план за востание во Македонија, а тој се состоел од три точки:
а) Стојан Михајловски и Иван Цончев документирано да ја преставаат неподносливата положба на населението во Горноџумајско и Малешевско пред бугарскиот министер за внатрешни работи Људсаков и Радев, а со тоа била побарана дозвола за кревање на востание во Македонија.
б) Иван Цончев и Стефан Николов да навлезат во Македонија и да извршат инспекција до реката Вардар, по што ќе одлучеле дали да се крева востание.
в) Полковникот Атанас Јанков да навлезе со чета во Битолскиот револуционерен округ.
Цел
Мисијата на полковникот Јанков била добро обмислена и имала неколку цели. Со продорот во Македонија требало да се сврти вниманието на ТМОРО и да се истоштат нејзините сили, да се олесни предвиденото востание во Горноџумајско, да се привлечат османлиските сили, а на надворешен план да се остави впечаток дека движењето е започнато во Македонија и е резултата на лошата османска управа со што се намалувала инволвираноста на Бугарија.
Поход
oд Џумајаско
до Костурско
Полковникот Јанков во Македонија навлегол со чета од 110 души составена претежно од офицери и подофицери од бугарската армија. Со неговото навлегување всушност врховистичката агитација за востание станала реалност. Атанас Јанков минал низ Џумајско, Малешевско, Гевгелиско, Воденско стигнувајќи до Костурско. Полковникот секаде каде што минувал оставал свој приврзаници и повикувал на востание.
Струмички
и Серски
револуционерен
округ
Во јуни 1902 година Јанков се нашол од десната страна на реката Струма. Таму врховистите веќе ја започнале борбата со силите на ТМОРО, а со минувањето на Јанков состојбата уште повеќе се усложнила.
Четата на Атанас Јанков
Додека полковникот Атанас Јанков се наоѓал таму, Тодор Саев и Иван Пашалијата му поставиле заседа на Христо Чернопеев, а во судирот имало неколку ранети.
Како се доближувало врмето за кревање на врховистичкото востание, ТМОРО на десната страна на Струма префрлила дополнителни сили но таквото засилување било задоцнето.
Атанас Јанков својата свита ја поделил на три дела и тие агитирале во Струмичко, Радовишко и Петричко дека востанието ќе биде објавено во август.
Со оваа агитација врховистите успеале да привлечат голем број на села и да си ги зацврстат позициите во Горноџумајско, Малешевско и Петричко.
Јанков својот поход го продолжил кон Струмичко, а по неговото поминување таму се заилил врховистичкиот војвода Алекса Поројлијата, а тој својата дејност ја насочил на запад кон Дојранско и Струмичко.
Солунски
револуционерен
округ
Во средината на август Јанков со својата свита ја минал реката Вардар и се упатил кон Гевгелиско, Ениџевардарско и Воденско. При преминот на Вардар кај железничкиот мост на еден час растојание од Солун врховистите имале судир со аскерот, во судирот имало ранети и убиени од двете страни.
Османлиите во текот на борбата успеале да запленат неколку документи според кој четниците имале наредба да облекуваат турски воени униформи, да вршат екцеси и тоа да им се препише на османлиите.
Според веснникот Право по преминувањето на реката Вардар, Атанас Јанков :
„ облечен во полковничка униформа, со перо на шапката, јавнат на коњ, оди од село на село, зборува против внатрешните дејци и од името на
рускиот цар го кани населението на востание “
Влијанието на Јанков најмногу се почуствувало во Воденско. Таму јанков оставил 54 души кој се поделиле на 4 дела, еден дел раководел Атанас Николов од 12-13 души, тие се упатиле кон селото Тушим, во Пожарско како инструктор бил оставен Тома Пожарлие, во Саракиново бил Ботушаров, а за Островско заминале Карабиберов и Шаламанов.
Планот за врховистичкото востание, полковникот Јанков го преставил пред воденското раководство на ТМОРО. Според него востанието требало да започне на денот на прославата на Шипка. Јанков за Воденско ветил засилување со доаѓањето на офицерите Иван Пожарлиев и Христо Саракинов.
Битолски
револуционерен
округ
Полковникот Јанков со својата свита кон крајот на август пристигнал во селото Загоричани. Од таму Јанков испратил две писма едно за Христо Силјанов, а другото за Митре Влаот. Во овие писма Јанков известил за своето пристигање и побарал средба со нив, меѓутоа Јанков испратил писмо и до ренегатот Коте Христов кој се ставил во служба на грчката пропаганда, а тоа ја загрижило Организацијата.
Во близината на селото Блаца, Јанков ја имал средба со Васил Чакаларов, Пандо Кљашев и Христо Силјанов. Меѓутоа средбата била прекината од аскер кој се состоел од 300 души, четите за да не бидат откриени се повлекле. На 1 септември над селото Шестеово, Јанков на Васил Чакаларов, Пандо Кљашев, Христо Силјанов и на други војводи од ТМОРО им го кажал планот за кревање на востание. Според овој план востанието требало да се крене за 6 дена односно на 7 септември.
На оваа средба Јанков ветил помош од Иван Цончев и руските генерали кои дошле за прославата на Шипка, притоа истакнал дека тие како Македонци имаат долг да востанат
. Меѓутоа таквиот план за востание бил одбиен под изговор дека е потребно објаснување од Окружниот комитет.
Меѓутоа и покрај тоа, Јанков своја свита ја поделил на две-три групи со цел да се крене востание на 7 септември. Петар Рајков со 12 души за Загоричани, аѓутантот Москов за Д’мбени, а Нако за Шестеово. По овие наредби Јанков заминал на средба со Коте Христов, а во меѓувреме раководителите на ТМОРО од Битола добиле наредба да не им дозволат на врховистите да кренат шум.
Меѓутоа врховистите Петар Погончев и Лазар Бицанов на 4 или 5 септември со цел да го кренат населението, пуштиле гласови дека:
„ Лефтеров пристигнал во Леринско со 130 души! Саракинов пристигнал во Воденско! Сите востанаа, само Костурско недејствува, костурските началници предпочитаат да седат, јадат и да грабаат!
“
Ваквата агитациија внела забуна меѓу населението, а фалело само една искра, за да пламне пожар. На 7 септември Москов бил нападнат од жандармеријата во Смрдешката планина, а четата се распаднала. Подоцна Москов со дел од своите момчиња се засолнил кај луѓето на ТМОРО и му пишал на полковнмикот Јанков да се откаже од својата намера за кревање на востание, но Јанков испратил изобличен одговор.
Поради судирот во Смрдешка планина жандармеријата уапсила неклоку првенци кој подоцна биле ослободено со поткуп. На денот на предвиденото востание, односно на 7 септември половникот Јанков со 70 души и со луѓето на Коте се наоѓале над Лерин. Јанков планирал да го запали овој град и тоа требало да преставува сигнал за започнување на востанието.
Меѓутоа Турците биле известени за Јанков и против него испратиле коњаница од Битола. Истиот тој ден Битолскиот окружен округ писмено го предупредиле Јанков дека ќе го сметаат за одговорен доколку предизвика несреќи за населението и Организацијата. По интревенцијата на Турците и писмото од Битола, Јанков се повлекол. Подоцна тој се правдал дека палењето на Лерин било осуетено од некои багабонти од градот.
Јанков се повлекол во селото Смрдеш, но таму не бил примен од селаните, тие му предложиле да се разбере со ТМОРО ако сака да го прифатат во селото. На 13 септември кај месноста Арамиско падини, Јанков и Коте имале средба со луѓето на Организацијата
.
На оваа средба Јанков предложил своите момчиња да ги остави во Костурско, а тој и Христо Силјанов да заминат за Битола и полковникот Јанков да се разбере со тамошниот комитет, односно да му дозволат тој и Коте да заминат во Грција и од таму да донесаат пушки. Ваквото барање на Јанков било прифатено.
На 14 септември требало да се поделат момчињата на Јанков, дел од нив требало да заминат со него, а дел да останат во реонот но Јанков тогаш предложил нов план, односно тој, Христо Силјанов и Васил Чакаларов да заминат за Бугарија. Во Бугарија според овој план требало Јанков, Иван Цончев и Христо Силјанов да влијат врз Борис Сарафов и Гоце Делчев за да дојде до помирување на двете организации, меѓутоа таквиот план бил отфрлен.
Истиот тој ден, Погончев и Петар Гајков во Загоричани успеале да ги востанат селаните. На тргнување востаниците убиле двајцаа спахии и двајца други турци по што заминале во планината. По овие случувања Јанков подготвилк нов план сега за напад на градот Костур и тоа за 20 септември, но ни овој план не бил реализиран.
На 5 октомври кај месноста Бабички стени, Јанов имал судир со турците, во борбата загинале неколку турци додека пак од четата загинал само еден.
По судирот Јанков ја продолжил агитацијата, но ни ТМОРО не седела со скрстени раце. Имено на 24 октомври во Смрдеш било извршено советување на 20 членови од раководните тела и тие побарале од Јанков да го докаже обвинението против Чакаларов дека злоупотребил пари од Сарафовиот комитет.
Меѓутоа Јанков таквите обвиненија неможел да ги докаже и дошло до расправија во која имало и размени на закани. На оваа советување врховистичката чета на Јанков и четата на ТМОРО ја имале последната средба. Од Смрдеш Јанов заминал за Грција, а до таму го придружувал Коте. На самата граница дел од момчињата на Јанков преминале во четата на Коте, а дел од нив се присоединиле кон Петар Гајков.
По преминот на Јанков и неговата свита низ Костурско дошло до раздвижување на турскиот аскер. Во Бабчор неколку души биле уапсени, а биле откриени и 14 пушки. Претсреси и апсења имало и во селата Черновица и Поздивишча.
Во текот на зимата состојбата уште повеќе се влошила, но според Христо Силјанов во Костурско не дошло до врховистичко востание, а силите на Организацијата биле зачувани. Најголема заслуга за тоа имале Чакаларов и Пандо Кљашев кој го попречиле Јанков да покрене едно врховистичко востание.
Епилог
Полковникот Атанас Јанков со својата мисија успеал да го олесни кревањето на Горноџумајското востание, а во Солунскиот револуционерен округ, односно во Воденско дошло до т.н Тушимско востание, меѓутоа полковникот Јанков не успеал да испровоцира едно востание и во Костурско т.е во Битолскиот револуционерен округ.
Оваа мисија силно ги погодила редовите на ТМОРО и уште повеќе ја усложнила состојбата во Македонија и револуционерните редови бидејќи Јанков насекаде каде што минал посеал раздор и поделби.
Полковник Јанков загинува во борба со турски војници на пат кон Бугарија пред маалото
Пољана на село Влахи во април 1906 година.
Полковник Анастас Јанков е женет за сестрата на Рајна Кнегиња и е татко на деецот на Бугарската комунистичка партија Коста Јанков.
Масакрот организиран од страна на андартите во село Загоричани на 25/03/1905 каде биле брутално масакриани 62 селани, деца, жени, старци,
сигуpно било акт против Јанков. (Коте)
Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики''
или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.
Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?
|
На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.
На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/
страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.
Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.
Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.
Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.
|
ГАСНУВА
- АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ
Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ
|
BACИЛEOH
КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ
За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com
Македонија
е СЕ, се
залага за
нова химна: ''
Земјa Mакедонскa''
НИЕ СЕ
ДЕФИНИРАМЕ
КАКО
ЉУБИТЕЛИ НА
СЛОБОДАТА
ЗА НАС
МАКЕДОНИЈА Е
СЛОБОДАТА
АКО ИМА
МАКЕДОНИЈА
ЗА НАС
ИМА И СЛОБОДА
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
МАКЕДОН ИЈА
ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
MAKEDONIA
BACИЛEOH
МАКЕДОНОН
АЛEКCAHДРОЈ
Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.
|
|
|