v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

 

  29.11.2015 Македонија 

  

Пандо Кљашев 

 

        

             Пандо Кљашев е македонски револуционер, војвода и раковидетел на TМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).

                     Рани години

            Пандо Кљашев е роден на 29 септември 1882 година во револуционерното село Смрдеш, Костурско. Во своето село Кљашев учел до четврто одделение во егзархиско училиште, а потоа образованието го продолжил во Костур, Солун и во Битола, каде во учебната 1899-1900 г. завршил гимназија. Првото запознавање со Организација било во Солун во 1898-1899 г. Во тој период почнал да го гради сопствениот револуционерен идеал. За време на распустот го напуштил Солун и заминал за Битола каде го завршил последниот клас, имал среќа да учи од Даме Груев и од Михаил Герџиков, кои тогаш биле учители во Битола.

             Првото дејствување на терен како агитатор на Организацијата го имал во родното село летото 1900 г. Во тој период веќе биле поставени темелите на МРО во Костурско.

 

                  Револуционерна дејност 

          Пандо Кљашев

              Во 1900-1901 г. Кљашев бил поставен за учител во с. Смрдеш, по што почнал активно да учествува во градењето и во ширењето на Организацијата. Во 1900 г. во овој реон била формирана и првата организациона чета на чело со војводата Коте Христов од с. Руља, со кого подоцна Кљашев и останатото костурско раководство биле во постојан конфликт поради неговиот разбојнички карактер и шпионската соработка со грчкиот костурски митрополит Каравангелис.

               Зацврснување на организацијата

              Co појавата на четата, во која како четник бил вклучен и Митре Влашето, почнал нов период во дејствување на Организацијата. Ги убивале најозлогласените бегови, кои со години го тероризирале локалното македонско население и претставувале своевидна држава во држава во Костурско. За кратко време биле убиени Касим-ага и Абедин-бег, како и селани-предавници, без разлика на која  цркви припаѓале. Овие настани го окуражиле населението кое масовно почнало да се вклучува во Организацијата, но тоа овозможило османлиската власт да дознае дека нешто се подготвува, по што почнале и провалите во Костурско.

            Во овие дејства активно бил вклучен Пандо Кљашев. Покрај учителствувањето во родното село, истата учебна година тој ги обиколил речиси сите села во Костурско и на македонското население му ги објаснувал целите и идеите на МРО. Како што кажал во своите спомени, Организацијата вистински навлегла меѓу населението во 1900 г: 

"Дотогаш само се регрутираа членови, без да се организираат, со намера еден ден да се искористат. Дотогаш опфатените членови не се знаеја еден со друг. Тајната се чуваше и пред жените. Во секое село каде што имаше повеќе членови (почнаа да) се формираат раководни тела во кои влегуваа по четворица, примени меѓу првите. Четата почна да ги обиколува селата и да држи собранија на кои примените членови се запознаваа меѓу себе. Секој си купуваше пушка од арнаутите".

                   Во потрага по Коте

              На почетокот на 1901 г., како резултат на нетрпеливоста и желбата за одмазда на Коте по неуспешниот обид да се убие, тој во Нестрамско (јужниот дел од Костурско), вооружено се пресметал со реонската чета на чело со новиот војвода Атанас Петров. Во судирот немало жртви, но тоа бил тежок удар за раководството во Костурско, по што тоа решило да се елиминираат и двете чети. Петров бил испратен во Битапа, a Кљашев да преговара со Коте во неговиог реон (течението на Рулска Река). По разговорот Коте ветил дека ќе и се покори на Организацијата, но така не мислел и Кљашев, кој се обидувал да ги намамат него и неговата дружина во с. В'мбел и таму да ги ликвидираат. Планот не му успеал.

             Летото 1901 г., Кљашев преминал во илегала и и се предал на Организацијата и како дел од реонската чета постојано бил во контакт со населението од Костурско. Во овој период, по препорака на Окружното раководство од Битола, почнало да се организира канал за снабдување со оружје од Грција на целиот Битолски револуционерен округ. Како резултат на оваа одлука од Бугарија бил испратен и Васил Чакаларов. Организацијата во Костурско првите удари од провалите ги почувствувала пролетта-летото 1901 г. Во период од неколку месеци се случиле две провали, кои негативно влијаеле на нејзиниот натамошен развој.

                    Афери

              Во мај прво се случила Нурединовата афера, по која биле затворени поголем број организациони работници. Три месеци подоцна, кон крајот на јули, избила и Иванчовата провала поради предавствата на поранешниот четник Димитар Георгиев-Иванчо, при што биле уапсени околу 100 членови на МРО од Костурско. Од првиот момент од оваа афера, Кљашев, Чакаларов, Москов, Петров, Митре Влашето и други четници неколку пати се обидувале да постават заседи, со цел да го убијат Иванчо, но не успевале. На почетокот на август Кљашев и Чакаларов заминале за Битола на консултации со Окружното раководство за новонастаната ситуација во нивниот реон и за каналот за оружје од Грција. По враќањето продолжиле неуспешните обиди за ликвидација на предавникот, а неможноста да се убие Иванчо и паднатиот морал на населението поради тоа го принудиле Кљашев во септември повторно да оди во Битола.

            Од тамошното раководство побарал терорист за да завршат со Иванчо. По провалите раководителите се зафатиле со реорганизација, биле казнети неколку предавници, им било наредено на селата да се ослободат од падарите, кои по два месеца морале да ги напуштат селата. Се формирало ново раководно тело на чело со:

          Кљашев,

         Чакаларов,

         Лазар Москов,

         Кузо Стефов и

        Михаил Николов,

со рамноправност во одлучувањето. 

На почетокот на декември 1901 г. во Костурско пристигнал Гоце Делчев каде останал месец ипол.


              Делчев во Костурско

  

         Првата средба меѓу костурчани и Гоце се случила во с. Кономлади, а Кљашев во спомените за овој настан кажал: 

"Целото село разбра дека дошол најголемиот човек, началникот на Организацијата, поголем од него нема". 

   За време на престојот на Делчев, со мали исклучоци, Кљашев го придружувал од село в село. Се свикувале селски собранија, се формирале нови раководни тела во секое село, прв пат во овој дел од Македонија се поставило начелото судските работи да се решаваат од раководното тввд, во с. Смрдеш било формирано женско комитетско друштво, а на селаните им бипо забрането да одат во турските судови. Казниле голем број предавници. Додека Делчев бил таму Организацијата се препородила, се заборавило на провалите од летото. Последниот состанок меѓу костурското раководство и Гоце Делчев се одржал кон средината на јануари 1902 г. во с. Загорични, по што било одлучено четата да се подели на два дела, едната да ја води Митре Влашето во Корештата, а за раководители на подреонот биле назначени Москов и Чакаларов, втората под водство на Петров во Пополе, за раководители во тој подреон биле назначени Кљашев и Кузо Стефов. Според Кљашев, улогата на раководителите била да ги упатуваат четите и да им даваат работа. 

         Во наредниот период Пандо продолжил со организаторската работа најчесто наоѓајќи се во селата Загоричани, Апоскеп и Жупаништа, последното особено значајно поради местоположбата во пренесувањето оружје од Грција. Кљашев во с. Шестово имал прв вооружен судир со османлискиот аскер, кој се случило ноќта меѓу 11 и 12.2. 1902 г., се извлекол неповреден, но биле убиени Кузо Стефов, селската учителка, еден четник и двајца од селската милиција. За време на престојот во Грција, Чакаларов разбрал за врските меѓу Коте и Каравангелис и по враќањето во Костурско тоа го споделил со другите, кои прво биле скептични, а потоа се увериле дека е вистина, како што во спомените кажал Кљашев. По битката кај с. Шестово имало ново распределување на раководителите во реонот, Кљашев и Чакаларов се упатиле во Корештата, каде во с. Поздивишта ги убиле соработниците на Каравангелис, поп Илија и Георги Ѓамчето, додека Москов и Митре Влашето заминале за Пополе.

       Друга битка со аскерот, во која учествувал Кљашев, имало на 19 мај истата година во с. Трсје, Леринско. Покрај костурската чета на чело со Чакаларов и Кљашев во овој судир учествувала и четата на леринскиот војвода Марко. Здружените чети имале околу 50 четници и без жртви успеале да се извлечат од селото, но околу 120 селани биле однесени во Лерин, a 90 пушки му биле предадени на аскерот. На 20 јули Кљашев заминал за Битола за да го консултира Окружното раководство т.е. Атанас Лозанчев, како да се однесуваат костурчани доколку леринската афера, која била во тек, се префрли на нивен терен, a се интересирал и дали е на повидок востанието. По враќањето од Битола, Пандо се сретнал со Чакаларов и со Москов и им најавил дека востанието се ближи, па решиле дека е најдобро во секое село од подобрите "работници" да се формираат чети на чело со селски војвода. Оваа одлука прво ја спроведеле во с. Вишени, a такви чети се формирале и во другите села.

        Голем удар за Организацијата во Костурско претставувало убиството на Лазар Москов на 3 август 1902 г. во судирот со аскерот токму во с. Вишени.

                                        Борба против врховистите

         Во септември 1902 г, костурското раководство се нашло пред нов предизвик, во нивниот реон од Бугарија дошол полковникот Јанков, родум од с. Загоричани, со чета испратена од Врховниот комитет да крева "востание". Тоа требало да биде синхронизирано со т.н. Горноџумајско востание. Најзаслужни што оваа акција имала поинаков тек и со ограничени размери, биле Пандо Кљашев и Васил Чакаларов. Двајцата постојано вршеле контраагитација по селата кои ги посетувал Јанков, им објаснувале на селаните дека ќе има востание, но не кога сака Бугарија и Цончев, туку кога за тоа ќе се подготви македонскиот народ и кога ќе одлучи Организацијата.

          Нетрпеливоста постојано растела, Јанков за да го придобие населението зборувал се и сешто, дека откако ќе избиело востанието руските генерали и Цончев ќе ја поведат бугарската војска, Организацијата ја нарекувал со најразлични погрдни имиња, а нејзините раководители "коцкари". Чакаларов тоа не можел да го поднесе, ситуацијата кулминирала и бил можен вооружен конфликт. Кљашев во спомените кажал:

 "Ти забранувам да збориш или да му ја мислиш. Момчињата на Чакаларов кога го видоа толку возбуден се повлекоа неколку чекори и легнаа. 

Јанков се исплаши и викна: 'Убијте ме, господа, убијте ме!'

 Чакаларов одговори: 

'Нема да те убиеме, но нема да ти дозволиме да правиш неред и да не туркаш во востание. Слободата ние ќе си ја издвојуваме, не ја сакаме од тебе'".

        Јанков си заминал, во Костурско оставил раздвиже-на војска која вршела претреси по судирите со неговите четници, паднал моралот меѓу населението поради раздорот кој го направил, неговата дружба со Коте и стационирањето на војската во неколку села со цел да ги собере пушките и уништи Организацијата. На овој начин биле блокирани главните пунктови и не било можно движењето на четите.

          Зимата 1902-1903 г. поради честите претреси на војската и опаднатиот морал на селаните, Кљашев и Чакаларов решиле да се разделат, првиот заминал во Смрдеш и покрај присуството на војската, а Чакаларов во Д'мбени. Оваа одлука ја донеле поради суровата зима, можните предавства и потребното време за да стивне малку "вревета", која изминатата есен ја кренал Јанков. Сепак, пролетта донела крупни промени, во јануари во Солун била донесена одлука за кревање востание, а веста брзо се ширела. Војската уморна од постојаните претреси и неможноста да открие нешто позначајно поради доброто држење на населението, почнала да се повлекува.

 

               Подготовки за востание

           Кљашев повторно излегол на терен, со што вербата на населението кон Организацијата се враќала, биле казнети и неколку селани поради нивната предавничка улога. Подготовките за востанието веќе биле во тек, на 16 февруари во с. Апоскеп се собрале раководителите на Костурско за да се консултираат за задачите кои треба да се преземат и да ги испланираат акциите од првиот ден на востанието. Дека Организацијата навистина се подготвувала за востание населението се уверило со доаѓањето на Борис Сарафов во март, во Костурско. Во април, Сарафов, Кљашев и Чакаларов се упатиле кон Смилево на Когрес, на кој дефинитивно требало да се одлучи дали и кога ќе се крева востанието.

           Конгресот во Смилево се одржал од 2 до 7 мај. Учествувале претставници од сите девет реони на Битолскиот округ, од Костурско претставници биле Кљашев и Чакаларов. На првите состаноци во Смилево се воделе жестоки расправи дали одлуката за кревање востание е правилна или не е. Историјата покажа и докажа дека востанието било предвремено. Најгласен за кревање на востанието бил Чакаларов, а најголем противник бил Петар Ацев, претставник од прилепскиот реон. Ресенскиот војвода Славејко Арсов во спомените вака го опишал ставот на костурчани за востанието:

 "Костурчани беа најмногу за востание, тие беа наклонети кон востанието, а Сарафов кој минал таму им извршил уште поголемо влијание. Причината беше во многуте печалбари дојдени од Цариград и од други места, потоа честите битки на четите, вовлекувањето на населението и честите афери кои се случуваа во Костурско. И Јанков, кој мина низ Костурско, со својата агитација ги возбуди духовите за востание. Се на се, костурчани беа воинствени иако во однос на храната беа најскромни...".

      Сепак, Конгресот одлучил дека ќе има востание, за тоа големо влијание имал Груев, кој мислел дека моментот за востание е дојден, непознавајќи ја доволно ситуацијата на терен, бидејќи само пред неколку месеци бил ослободен од затвор. Почетокот на востанието требало да го одреди ГШ во текот на периодот кој следел.

            До почетокот на востанието Кљашев постојно се движел, агитирал и го подготвувал населението за настаните кои следеле. Населението се учело да пука, се изведувале маневри, забрзано се набавувало оружје и се складирало храна, четниците се советувале за начинот на војување итн. За време на последните подготовки се случиле два настана, кои негативно се одразиле на текот на востанието. Првиот бил палењето на родното село на Кљашев - Смрдеш на 9 мај. Како резултат на нападот биле убиени 85 лица, 50 ранети, изгорени 80 пушки и уништени 12-13.000 патрони. Од 300 куќи само 67 биле неизгорени.

           На 31 мај се одиграла познатата битка кај месноста Вињари и Локвата (месност меѓу с. Смрдеш и Д'мбени), опеана од Лазар Поп Трајков. Во битката учествувало цело костурско раководство, вклучувајќи го и Кљашев, околу 50 четници се спротиставиле на 600 души аскер. Битката траела 11 часа, биле убиени 14 комити, меѓу кои и војводата Дичо Андонов од с. Лобаница, Лаки Поповски (леар на бомби од с. Смрдеш) и братот на Чакаларов, додека од османлиска страна загинале околу 220 војници.

                              Илинденското Востание

          На 2 август 1903 г. било објавено Илинденското востание, на тој ден костурското реонско раководство го добило известувањето за денот на почетокот на востанието. За Илинденското востание, како и за неговиот тек во Костурско, во македонската историја многу е пишувано. Костурско бил најдобро подготвениот реон, излегле најголем број четници, населението масовно сé одѕвало на повикот за востание испратен до сите села од ова подрачје. Во овој најужен дел од Битолскиот округ востанието било најдинамично, најжестоко, со најголем број ослободени села, со ослободени две гратчиња, Клисура и Невеска, воопшто со најголем број битки.

 

Сединените костурски чети на војводите Васил Чекаларов, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Пандо Кљшев, Никола Андреев и Манол Розов после заземањето на Клисура 1903

          Борбеност и пожртвуваност кон делото костурчани покажале и во другите реони од Битолскиот округ, дејствувале во Леринско, Мариовско и делумно во Воденско. Ваквиот став на костурчани за востанието се должело на нивниот дух, желбата за слобода, но големо влијание имале и раководителите од овој реон, нивниот морал, авторитет, посветеност кон делото и способноста тоа да им го доближат на обичниот селанец. За време на востанието Кљашев бил еден од најагилните, како дел од казнената чета во која биле и останатите раководители, постојано го обиколувал реонот, вршел координација со другите подреонски и селски чети, го одржувал моралот на населението на висок степен, но и сурово се однесувал кон непријателите на народното дело. Како војвода Кљашев учествувал во најголем број од битките, најчесто во првите редови нештедејќи го животот за Македонија и за слобода на својот народ, бил дел од ослободувањето на Клисура и на Невеска, учествувал во ослободувањето на неколку села во кои биле сместени османлиски гарнизони, држел говори во селата и на населението им ја објаснувал целта на востанието и судбинските моменти за македонскиот народ.

          По прегрупирањето и огромното стационирање на османлиската војска (Кљашев во своите спомени наведува бројка од 25.000-30.000 војници, само во Костурско), во востанатите реони, сите се убедиле во размислувањата на Гоце Делчев дека востанието е предвремено. Тоа на терен го увиделе и костурчани, немоќни да се судрат со толкава војска (освен ако не биле принудени на тоа), биле во постојано маневрирање, војската ги освоила и се стационирала во сите претходно ослободени села од востаниците, голем број од нив и запалила. Поради огромната војска, која го "чешлала" теренот во Костурско, раководставото одлучило четите да се поделат, па така Чакаларов заминал во Нестрамско и Кастенаријата за да го прошири востанието во тој дел, а воедно да им го привлече вниманието на војската од Корештата и од Пополе.

         Поп Трајков, Иван Попов и Манол Розов со околу 500 четници прво се упатиле кон Леринско, за потоа кон Воденско и Мариовско каде се воделе тешки борби. Од раководството само Кљашев останал во Корештата и со сите расположливи сили се обидувал да го заштити населението од зулумите и колку-толку да го одржува востанието во реонот. Ситуацијата станувала неподнослива, Кљашев во своите спомени забележал:

 "Од 17 септември до 17 октомври, Турците немилосрдно не прогонуваа. Следуваа провали, предавања на пушките, складирање на пушките".

                                        Дејноста по востанието

           На 17 октомври Кљашев со Чакаларов и уште 20 души ја напуштиле Македонија и заминале за Грција. Двајцата раководители преку Крф и Трст дошле во Белград, a од таму на 6 октомври Кљашев пристигнал во Софија. Од останатите раководители и попознати војводи во Костурско останал само Митре Влашето, а другите заминале за Софија, а Манол Розов и Лазар Поп Трајков загинале.

          Штом стивнала ситуацијата во востанатите реони Кљашев од Софија побрзал да се врати во Костурско за да го продолжи патот кој го врвел. Неизвесноста и совеста го натерале Кљашев да се врати меѓу своите, нему населението му било поважно отколку внатреорганизациските расправии и делби кои настанале по Илинденското востание. Чувството да си дома и потребата да се возобнови Организацијата во пролетта 1904 г. го вратило Кљашев во Костурско.

          Ситуацијата од пред востанието била сосема изменета, разурнати села, иселување на населението, убиствата, грабежите и силувањата оставиле траен белег во меморијата на населението, вербата кон Организацијата кај голем број селани била изгубена, раководните тела по селата уништени итн. Покрај османлиската власт Организацијата добила нов, уште пожесток противник- грчката вооружена пропаганда, која почнала да дејствува во Македонија, а Костурско претставувало трн в око за Грција и за нејзините аспирации кон Македонија.

                                             Последната битка на Кљашев

          Покрај Кљашев, во Костурско, од старите војводи дејствувале Митре Влашето, Атанас Кршкаков и други помалку познати. Почнала да се обновува организационата мрежа, селската милиција, која многу успешно се спротивставувала на андартските напади и успеала да им нанесе големи загуби. Сепак, овој дел од Македонија најмногу настрадал од Грците (крвавата свадба во с. Зеленич, ноември 1904 г. и колежот во с. Загорични, 25.3.1905 г, национален празник на Грција >>>>>На 25 март 1905 година четите на Георгиос Цондос, Евтимиос Каудис, Георгиос Макрис, Павлос Гипарис и капетан Болакас, со околу 300 андари, го напаѓаат Загоричани и извршуваат страшно клање, во кое загинуваат околу 100 души , а целото село е изгорено. На 18 април Вардас и Захариас Пападас фаќаат 45 жители на село Сребрено и убиват двајца мажи и две жени.). 

        Во 1906 г. Кљашев бил избран за член на Битолскиот окружен комитет. Тој постојано се движел и агитирал низ Костурско. Смртта го затекнала при една обколка низ костурските села, заедно со 14 соборци херојски, загинал во битка со османлискиот аскер над с. Дреновени на 13 август 1907 година.

 

        

 


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

1.

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

 

 

На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/ страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com

 

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.