v

v

MAKEDONON

         ПОЧЕТНА

 

v

v

v

MAKEDONON

 

  27.12.2018 Македонија 

??????? ???? ?????????

AНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ – ЌОСЕТО

         

AНДОН ЛАЗОВ ЈАНЕВ – ЌОСЕТО

            
На 25 декември 1854 година во селото Голозинци, Велешко, е роден Андон Јанев Ќосето.

Човек легенда, бестрашен и непокорен јунак кој бил задолжен да ги ликвидира предавниците на македонскотоо дело, и кој не служел на личности, туку како што подоцна ќе каже самиот, јас и служев само на Македонија.

Детството го поминал во родното село, каде со двајцата браќа и двете сестри се занимавале со чување овци.

Кога Андон имал 12-13 години, неговиот татко Лазо кој имал бунтовен дух, бил уапсен од османлиите и одведен во Солун. Откако останале сами, Андон со браќата и сестрите се преселил кај чичко му во Велес.

Еден настан ќе биде пресуден Андон да се одметне и да стане еден од најверните членови на Македонската револуционерна организација.

Во Велес, при една прошетка, богатиот турчин Али Чауш кој бил во придружба со еден турски џандар, сакал да му удри шамар на Андон, затоа што другите деца го поздравиле, а само Андон не му оддал почит на турчинот кога овој поминал покрај него.



Но Андон бил побрз и со нож му ја расекол облеката на турчинот.

За да не биде најден од османлиите и затворен, Андон го напушта Велес, почнува да скита со денови по непознати патишта, и на крај ќе стигне во Солун.

Подоцна во Солун, Даме Груев преку учителот Атанас Мурџев и поп Стамат, го придобиле Андон да се приклучи на Македонската Револуционерна Организација. Андон Ќосето ќе стане многу близок со Даме Груев и ќе добива наредби директно од него.


„ Од Велес некој му пишал на Дамјан Груев за мене. Јас, пак, ништо не знаев за Организацијата. Имав слушнато нешто, но како во сон. Меѓутоа, што претставува таа не можев да си објаснам. Во тоа време имаше еден Тано Мурџев. Тој беше даскал и бил во врска со таа работа. Даме Груев го задолжил да ме најде. Меѓутоа, Даме Груев не се јавува пред мене. Ме запознаа со поп Стамат, тој што го убија Грците. Тој ми кажа: ’Ќе дојдеш вечер таму и таму’. Јас отидов и во една куќа, ме испраша Мурџев подробно и ме запраша што мислам да правам. Јас му одговорив: ’Каде ми очите, таму и главата!’ И тогаш тој ме заколна во Организацијата… Јас си реков во себе – тоа е за мене… Најпрво сакаа да ми дадат лесна работа за да ме испитаат. Ме ставија за таен полицаец. Гледаа дека ме бидува за таа работа. Ми дадоа да завршам една акција, едно убиство. И тоа го завршив. По една вечер му забив нож на еден Грк.“

, објаснува Ќосето за тоа како бил примен во организацијата.


Од тој момент, Ќосето ќе ги извршува најтешките и најопасните задачи на Организацијата. Дејствувал храбро и одлучно, пресметувајќи се со најголемите непријатели на TМOРО  и на Македонија.

Многу малку луѓе го знаеле вистинскиот идентитет и каде е роден Ќосето, Даме Груев бил еден од ретките кој ги знаел од каде е, но Ќосето му се заканил и на Даме, да не кажува на никого и да го чува тоа како најголема тајна.

Ќосето на почетокот знаел да работи на своја рака, и без наредба да ги ликвидира оние кои ја попречувале работата на Организацијата.

Откако убил еден познат Турчин, турската власт ја ангажирала и војската да го бара. Бидејќи Турците не знаеле како изгледа Ќосето, тие од Велес во Солун ќе го донесат неговиот постар брат, кој заедно со српскиот учител Пејчиновиќ требало да им помогнат на Турците да биде фатен Андон.

Постоела опасност да биде разоткриена целата Организација, па Андон самиот предложил да го ликвидира брат му, што било и направено. Потоа Ќосето ќе учествува и во ликвидацијата на српскиот учител Пејчиновиќ, кој им помагал на Турците.


За да го пронајдат Андон, османлиите заедно со неговиот брат шетале низ Солун.

„Но, наместо тие да ме фатат мене, јас го фатив мојот брат и го држев во подрум. За тоа му кажав на Дамјан Груев. Бидејќи ниту Дамјан Груев не можеше да си дозволи да даде наредба да се убие брат ми, предложив јас да го убијам. ’Ако го пуштиме, реков јас, за мене тука нема да има место повеќе.’ Тој ми рече : ’Направи го тоа што ќе сметаш дека е добро.’

По убиството веднаш му соопштиле на Даме и тој почна да ми се извинува. Јас му одговорив: ’Зошто, за еден човек ли да жалиме дека се изгубил. Ако и јас правам штети и мене треба да ме убиете“, раскажува Ќосето.


Дејствувањето на Андон без наредба од TМOРО, што ја довело до опасност целата Организација, предизвикало голем револт кај Даме Груев кој го предупредил, велејќи му: „Уште еднаш такви работи да не правиш, дури и ако те навредат. Само тогаш кога ќе ти дадеме некоја задача, тогаш ќе дејствуваш“.

Во мај 1897 година, по наредба на Организацијата, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со гевгелиските раководители на Организацијата, Андон учествува во извршувањето на смртната пресуда врз доушникот на турската власт и водач на гркоманската партија во Гевгелија – Христо Цицов (Цицо). Егзекуцијата била извршена пред очите на кајмакамот во Гевгелија, по што турските власти организираат голема потера по Ќосето. Андон се вратил во Солун, но по краток престој, за да не биде откриен, Организацијата го испратила надвор од градот.

Андон Ќосето освен со Даме Груев, ќе стане многу близок и со Гоце Делчев, кон кого до крајот на својот живот ќе има најголема почит.


''Каде со добро, каде со нож''


Во своите спомени, тој ќе раскаже: „…Започнав да се движам насекаде, минувајќи и од едната и од другата страна на Вардар, во Кукушко, во Дојранско, Малешевско, Струмичко. Едно време јас требаше да ги обиколувам и другите околии. Ќе се појавеше некаде раздор или пак не ќе одеа добро работите во реонот, Делчев веднаш ќе ми напишеше да отидам таму. Ќе го средев тој реон, ме испраќаа во друг реон, а тој го предавав на друг. Се расправав само со непријатни гости. Како да се наоѓав пред една шума, преку која не минуваше пат, та јас со секира в раце требаше да правам пат среде таа гора. Веднаш потоа излегоа, за секој реон чета. А ние бевме првата чета. И јас ќе отидам таму, ќе скокнам, каде со добро, каде со нож. По едно време се заплашија…“



Во Гевгелиско Ќосето ќе ликвидира еден поп – гркоман, а подоцна и еден бугарски поп и учител.

Во 1900 година Андон Ќосето ја имал првата средба со Јане Сандански. Тој го организирал префрлањето на четата на Јане Сандански и му дал корисни информации за состојбата на теренот.

Откако Организацијата се соочила со недостаток на средства, повторно се сретнале со Јане Сандански и Христо Чернопеев за да го организираат грабнувањето на Сулејман бег во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Но бегот се разболел и не излегувал од дома.

Увидувајќи дека тешко можат успешно да ја спроведат акцијата, тие ја киднапирале американската мисионерка Елен Стон, која се канела да го посети Серско и Струмичко. Ќосето заедно со четата на Сандански, учествувал во шестмесечното криење на Мис Стон од турските потери, а по добивањето на откупот, Ќосето како еден од најсигурните и најдоверливите луѓе добил задача да ја ослободи Мис Стон.

На 23 февруари 1902, Андон Ќосето ја ослободил Мис Стон во селото Градошорци, Струмичко, во замена за 14.500 лири, пари кои биле искористени Организацијата подоцна да купи оружје и муниција.

Во текот на Илинденското востание Андон Јанев Ќосето како војвода ќе предводи чета во Прилепско. По судирот со турскиот аскер кај Тројаци, Андон заминал со 30 востаници за Велешко. На 17 октомври 1903 година, кај месноста Клепа, во близина на селото Скачинци, четата на Андон имала тежок судир со турскиот аскер кој броел 500 души.

По Илинденското востание, Андон учествувал во работата на Серската група на Јане Сандански, и ја подготвувал селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во 1905 година бил делегат на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ.


Во 1907 година, откако Тодор Паница ќе ги убие предавникот Борис Сарафов и бугарскиот агент Иван Гарванов, поради блискоста со Сандански и со Серската група, сомнението ќе падне врз Андон Ќосето, по што тој ќе биде затворен и ќе одлежи 11 месеци затвор.

Во затворот бил држен многу строго и не му дозволувале никаква посета и писма.

На обвинувањата од противниците на македонското дело дека е санданист и разбојник, Ќосето им одговарал дека не е ниту санданист, ниту сарафист, ниту делчевист, туку човек на Организацијата и дека не служи на личности, туку на Македонија.


За време на Младотурската револуција, Андон Ќосето успеал преку еден Турчин да испрати писмо до Јане Сандански за да му обезбеди потврда од турските власти дека не бил разбојник, туку револуционер. Сандански му испратил таква потврда која ја презентирал пред судот по што бил ослободен од сите обвиненија.

По излегувањето од затвор, Ќосето веќе бил на 54 годишна возраст, и револтиран од односите во Организацијата по загинувањето на Делчев, решил да се повлече и да води мирен живот.

Андон Ќосето со голем пиетет и почит говори за Гоце Делчев. Додека разговорал со новинарот Бојан Мирчев во 1931 година, кога новинарот му го спомнал името на Гоце Делчев, тогаш веќе 77 годишниот Андон заплакал.

За Гоце Делчев тој ги кажал овие зборови: 

„Кој го знаеше и кој не го знаеше, го почитуваше. Сите чети, што ги имаше тогаш – легални, нелегални, сите му беа нему потчинети. Кај него немаше никогаш груба забелешка, да рече лош збор или да се намурти. Се’ си беше весел. Беше многу доверлив.“

, раскажува Ќосето за големиот македонски револуциоенр.

Тој вели дека Делчев многу често добивал болки во стомакот, кои, смета тој, биле последица од студената вода на реката Брегалница.

 „Кога беше во Штип како учител таму немаше работници. Тогаш доаѓаа материјали преку границата. Ги носеа до Саса. Тој сам ги пренесувал пушките преку реката Брегалница со голема мака, по студ, и ги препраќал за Царевоселско (Делчевско), за кон Голак. Така тој ја доби болеста во стомакот. Кога се движеше во Македонија, ако каснеше леб веднаш ќе почнеше да повраќа; и тој беше принуден преку ден да јаде по 2-3 јајца без леб и некаде, ако најде чаша млеко. И покрај тоа што страдаше од таа болест и гладуваше, од ништо не се плашеше, секогаш охрабруваше. Секогаш и насекаде советуваше и никој не можеше да го осуди за ништо.“

, раскажува Ќосето.

Тој додава дека кога бил жив Гоце духот на TМOРО  бил многу силен и немало расправии меѓу револуционерите како подоцна. 

„Откако загина во Серско, реално, Организацијата не умре, меѓутоа, таа не беше така организирана и не можеше да се подготви како во неговото време, затоа неговите стари другари, кои што беа отпорано, останаа малку без заштита, бидејќи излегоа нови сили, нови умови. Некои од неговите стари другари, кои што останаа, кои што го знаеја, држеа, се мачеа, меѓутоа не беше тој дух, што го имаше во негово време. 

Ако Делчев некаде го откриеја со некоја чета, никогаш не им велеше на војводите, ајде, сега ти напред. Во него имаше честољубие. Мене ми е тешко за секој паднат другар. Меѓутоа, како нас можат да се родат десетици, стотици. Но Македонија едвај ли ќе роди втор Делчев.“

, говори Андон Ќосето со неизмерна почит за големиот македонски револуционер.

??????? ???? ?????????

??????? ???? ?????????
 
Четништво

Заедно со четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов - Попето изнудиле пари од првенците во селото Горно Броди, а потоа го обиколиле Кукушко. Ќосето со неколку работници на Организацијата, одвлекол еден чорбаџиски син за кој по 25 дена добиле 1 000 лири. Поради несогласувањата со четата заминал за Бугарија каде бил уапсен од бугарските власти. Гоце Делчев и Антон Бозуков издејствувале негово ослободување. Во Софија извршувал наредби на Гоце. Заедно со Гоце Делчев и Михаил Апостолов учествувал во неуспешно грабнување на едно струмичко бегче. Учествувал во Аферата мис Стон, бил задолжен за ослободување на грабнатите. На 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци, во непосредна близина на Струмица. 

Илинденско востание

??????? ???? ?????????
Андреј Докурчев (лево), Андон Ќосето (во средина) и Марко Христов (десно) во 1903 година


Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Петров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. Во село Тројаци се судруваат турски аскер, а потоа се разделува со Ѓорче Петров, Лука Иванов и Пере Тошев и оди во Велешко. Заминувајќи од село Скачинци на 17 октомври со 30 лица четници доаѓа во судир со 500 души турски аскер кај месноста Клепа. Меѓутоа од заднина аскерот бил нападнат од чета составена од 70 души предводена од Борис Сарафов. Во оваа битка загинаале 4 четници и 65 турски војници. Со својата чета успеал да се пробие во ноќта но на два пати наишол на турски заседи меѓутоа успеал да се извлече. Од селото Просениково четата на чело со Ќосето се упатиле кон границата и успеале да стигнат во Ќустендил во средината на декември 1903 година. 

Постилинденски период
По востанието ја организирал и подготвувал на селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во овој период тој учествува и во работата на Серската група, во 1905 година се повлекува од активна револуционерна дејност. Поради своја терористичка активност и блискот со Серчани, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов, бил затворен неколку месеци, меѓутоа бил ослободен. 

??????? ???? ?????????

Борис Сарафов и Иван Гарванов, мртви

Балканските војни

     Со почетокот на Балканските војни во есента 1912 година Андон Ќосето заедно со Јонко Вапцаров, Георги Занков, Тоше Колчагов, Таско Кочерински, Михаил Чаков, Лазар Топалов, Стефан Чавдаров, Пејо Јаворов и други, формираат чета на чело Христо Чернопеев. Заедно со 12-а чета од 27-ми чепински полк, четата ја напаѓа Мехомија. Потоа тој служел во штабот на 13 кукушка дружина.

Антон Лазов Јанев – Ќосето умира на 99 годишна возраст, на 10 септември 1953 година во Горна Џумаја (Благоевград), Пиринска Македонија.





       Kаква личност бил македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето, бездруго, најдобро се согледува од самите негови спомени се запишани во 1931 година од историчарот Љубомир Милетиќ. Од неговите сведоштва најдобро се гледа како кон крајот на 19 и почеток на 20 век се создавала Македонската револуционерна организација и каква била неговата непосредна улога. Особено тоа, какви с' задолженија исполнувал, како добивал наредби од Гоце Делчев, Даме Груев... и други највисоки водачи на организацијата и кои бескомпромисно ги извршувал. За каква личност станува збор, се чини, најдобро покажува сведоштвото со кое Ќосето самиот побарал да се ликвидира неговиот роден брат Никола, кој тогаш им се ставил на услуга на турските власти. Ликвидацијата со која требало да се спречи предавство на организацијата набрзо и се случила. Овој и другите настани детаљно се забележани во неговите спомени чиј дел пренесуваме, а се однесуваат на периодот на првите години по основањето на TМOРО, односно на првите години по 1893 година. Ако правам штета, и мене треба да ме убиете Турците ме барале во Велес. Го поткупиле мојот повозрасен брат, му ветиле нешто и дознале дека сум во Солун. Но не знаеја како изгледам. Затоа Турците го довеле брат ми во Солун и почнале да ме бараат. Во Солун во тоа време имаше еден учител Пејчиновиќ, стана и директор на српското училиште. Тој беше и орудие на Турците. Турците го запознаа со мојот брат и двајцата почнаа да ме бараат. Власта исто ме бараше. Но наместо тие да ме фатат, јас го фатив брат ми и со измама го донесов кај Татарчев, каде што го држев преку ден. За тоа што се случи го известив Дамјан Груев. И Груев и д-р Татарчев, кои беа членови на Централниот комитет, не можеа да дадат дозвола за ликвидирање на брат ми. Поради тоа, им предложив јас да го отстранам. Ако го пуштам, им реков, за мене тука веќе нема место. Тие се согласија со мене и ми рекоа: Прави како што мислиш дека е најдобро.

Направивме план. 

„Земи три лири и дај  ги на мајка кога ќе стигнеш во Велес", му реков. Го испративме скромно, со други луѓе. Го беа облекле во нова облека. Ајде, те водиме на друго место, му кажале. 

По убиството, веднаш му соопштиле на Даме и тој почна да ми се извинува. Јас му одговорив: Што, да се јадосуваме за еден човек што се изгубил? Ако јас правам штета, и мене треба да ме убиете. Оттогаш, бев човек со голема доверба. Средбите веќе не ги одржував со Тано Мурџиев, туку директно и лично (со Даме Груев). Јас предложив да му бидам пајтонџија на д-р Татарчев, а истовремено ги исполнував и наредуваните терористички акции од организацијата. Пајтонот го возев само кога д-р Татарчев требаше да оди негде. Ми беше наредено да го убијам Пејчиновиќ. Ми рекоа да го сторам тоа, макар подготовката била бавна, но и да бидам внимателен, да не ме фатат или убијат... 

Нашите ми рекоа: „Гледај да не настрадаш. Многу си ни потребен..." Го сретнавме Пејчиновиќ, кој се движеше пеш кон училиштето. Тој одеше многу бргу: ние и да трчавме, не можевме да го стигнеме. Мите беше најбрз. Носеше црно палто и еден карадачки пиштол. Стигнувајќи, Пејчиновиќ се сврте со главата и куршумот му го однесе челото. Ние се свртевме и избегавме.... Вечерта отидов кај д-р Татарчев. Другиот ден властите ги свикаа сите доктори во Солун. Отиде и д-р Татарчев. Нареди да се впрегне коњот, да ставам ракави и цилиндер каков што беа должни да носат сите пајтонџии во Солун. Докторот се качи на пајтонот и јас дојдов точно пред училишната порта, каде што го застрелавме Пејчиновиќ, Татарчев слезе од пајтонот и го прегледа Пејчиновиќ. Во тоа време Турците го поддржуваа српското училиште... Со Татарчев се вративме. Го прашав дали ќе го биде мојот пријател. Нема, ми рече. Да сакаа да го биде, немаше така да го најадат. Докторот велеше дека ништо не знае. Србите го зедоа Пејчиновиќ за да го однесат во Белград, но по пат им починал... Никој не смее да го знае моето родно место Имав слушано за Делчев, но лично не го познавав. За моето родно место знаеше само Даме Груев. Му имав кажано: 

'' Ако сакаш да останеме пријатели, не треба никому да му кажуваш каде сум роден, инаку ќе те убијам. Тогаш, Даме се насмеа и ме праша: Дали би посегнал по мене, Андоне? Му реков дека и тоа би го извршил. И Даме ја сочува до крај тајната на моето село, до својата смрт''.  Тајно дојдов до с. Брод. Ме сретна еден човек кој требаше да ме скрие. Тогаш добив писмо од Гоце Делчев, иако не се познававме. Во тоа време во Брод имаше еден мудурин, не се сеќавам на името, и Делчев ми пишуваше во писмото да го убијам. Ми го покажаа други луѓе. Но полицијата беше блиску до него, па кога ќе ја завршам работата, ќе немам каде да бегам. А ноќе, немам како да ја завршам работата. Тогаш ми стигна второ писмо од Делчев во кое ми пишува да да го оставам убиството на мудурот, а да отидам кај дедо Илија Kрчовалијата. Ќе го сретнеш - велеше Гоце во писмото - јас му пишував за тебе. Заедно со него ќе влезете во селото, ќе го фатите жив Петар Шишко, ќе му ги земете парите и потоа ќе го убиете, зашто пари ни требаат... На плоштадот во Брод имаше чешма, а крај чешмата аскер. Со дедо Илија решивме уште вечерта да ја решиме работата со Петар Шишков... 

      Kога влеговме (во дуќанот) Петар Шишко стоеше на тезгата и имаше чашка во рацете со која наздравуваше со другите. Kога влеговме, чашката му падна од рацете. Дедо Илија го фати за рамото. Ајде бај Петар, и го изведоа надвор. Јас им се обратив на другите од крчмата: Никој да не мрднал!... Дедо Илија му рече: Не се плаши Петре, нема да те убиеме. Пари сакаме. Пари ли?, праша Шишко - пари ќе ви дадам. Тоа го слушнаа горе и ете ги како носат цела тепсија со пари. Но едновремено се појави и полицијата. Попе ја крена пушката и го уби на место. Припукаа и на нас, но избегавме.... 

Бегството на киднапираниот Назим-бег

Гоце нареди: еден од Малешевијата бил осуден, па од Берово ќе го носеле во Скопје. Јас по наредба на Гоце требаше да ја удрам стражата. Ја минавме границата кај Елешница. Фативме двајца аскери и ги убивме... Потоа се вративме во Ќустендил, се разбира, пак по наредба на Гоце, кој ни имаше кажано сега да не преземаме никаква акција... По извесно време, откако се здруживме со Попето, кај нас дојде Делчев, кој веќе беше во илегала. Нашата група не беше голема – броеше пет-шест души. Решивме и Делчев се согласи до го заробиме Назим-бег. Но како?... Тукушто се наближивме до Василево, гледаме, бегот излегува од селото јавајќи коњ, а гавазот оди по него. Тој беше зет на солунскиот паша. Почнавме да се караме со Делчев. „Не не – викам – така да му платиш". „Јас не сум зел ништо" - викаше Делчев. Се караме и одиме. И токму кога бегот минуваше крај нас, Делчев ги фати дизгините на коњот и викна: „Држете!"... Бегот го извади пиштолот и токму кога требаше да грмне во градите на Делчев, Попето му ја фати раката и куршумот го погоди во ременикот. Така Делчев се спаси... Откако се одморивме еден ден, почнавме да правиме планови за водење преговори за пари. Определивме откупот да биде десет илјади лири. После, откако ги почнавме преговорите, ја намаливме откупната сума на пет илјади лири. Се разбира, с' беше под диктат на Делчев. Беа определени и денот и местото каде треба да бидат донесени парите во два дела по 2.500 лири... Јас отидов да ги чекам парите. Гоце остана со двајца другари милиционери во колибата со бегот. Во тоа време Делчев имаше болки во стомакот. Болките го надвјасале, но кога малку се смириле, заспал. Тогаш бегот му кажал на еден од милиционерите да запали оган, зашто било студено. Милиционерот отишол по дрва, но го заборавил револверот. За тоа време бегот успеал да ја извлече камата на Делчев да го одврзе јажето и така ги ослободил рацете. Потоа го зел и револверот на Делчев. Било темно и станал за да излезе низ вратата на колибата. На излегување стрелал во стражарот и го ранил во раката и избегал кон с. Нивичани, каде што му беше и чифлигот. Потоа тргнал кон Струмица и ги сретнал луѓето што ги носеле парите. Им рекол да се вратат зашто тој избегал и успеал да се спаси...

 Во шумата јас сум господар 

Настапи есента, а по неа дојде и зимата. Ние се врткавме на Kожуф планина. Тука имаше околу 500 луѓе, кои правеа ќумур. Тоа беше во Мариовска Гора. Имаше многу колиби. Работниците се пазареа од Митровден до Ѓурѓовден и беа многу слабо платени. Претприемачи беа двајца бегови. Едниот со седиште во Цариград, а другиот во Солун. Целиот ќумур минуваше преку нив. 

        Kога стигнавме во колибите во Мариовска Гора, беше дојден плаќачот, кој ги собрал сите ќумурџии. Kако што веќе реков, ќумурџиите броеја 500-600 луѓе. Ние и сега бевме со Попето. Што да се прави? Ги собравме ќумурџиите и им го предложивем следното: „Слушајте, досега како сте се пазареле, сте се пазареле, но отсега натаму, од денес до Ѓурѓовден има еден месец. Ќе пресметате и ќе исечете толку дрва и ќе направите толку ќумур колку што може да се направи од исечените дрва. Повеќе нема да се пазарите. Kој ќе го стори тоа, ќе го заковам на буките. Ако ве повикаат да се пазарите, вие ќе кажете, не можам да се пазарам, зашто ни е страв од комитите. Ќе ги кажете и нашите имиња, Михаил Попето и Андон Ќосето. 

Kога наближи крајот на месецот, солунскиот бег ги повикал да се пазарат. Ќумурџиите одбиле да да преговараат за цената на ќумурот. Потоа бегот испратил свои луѓе и пазарил во Прилеп 500 секири (се мисли на дрвосечачи, н.з.) и им дал капар од по една лира. Разбрав дека од Прилеп ќе дојдат работници и ги чекам. И еден ден од прилепско јавија дека ќумурџиите тргнале за гевгелиско. Од Градско сакале да се качат до Мариовска Гора и оттаму сакале да тргнат за на планина. Отидов до Kрива Река и кај еден од говедарниците поставив заседа. Тие влегоа во заседата и ги запрев. Им реков да се вратат од кај што дошле. „Ама зедовме по една лира капар", ми одговорија тие. Им реков: 

„Ќе се вратите преку планината без да запирате никаде. Ако застанете, ќе ве заколам сите до еден!". 

      Не помина многу време и за ова се разбра и во Солун. Од многу трговци почнав да добивам писма во кои ме молеа да ја ослободам гората зашто цел Солун се снабдувал со ќумур од таа шума. И тоа беше точно. Ама јас намислив таа шума да ја користат локалните селани, а не двајцата бегови. Балкан со илјадници квадратни метри. На првото писмо не одговоривме. На следното, второ писмо, напишавме дека прашањето може да се среди „преку преговори".

 „Kој има брада, ќе треба да си обезбеди и чешел!". „Во шумата, им напишав, јас сум господар"!".

 По тоа Турците организираа три потери од по 60 луѓе. Ги облекоа во жолти комитски алишта, им ставија качкети на главите и ги пуштија да н' гонат. Во сите села поставија аскер, во случај да н' откријат, аскерот да притекне во помош. Скитаа, скитаа и за шест месеци не можеа да направат ништо, не можеа да н' откријат. По извесно време јас заминав во ениџенско, село Ошин, едно влашко село Ливада, кое се наоѓа меѓу Ениџе и Гевгелија... 

По едно време бегот посака да преговара. Побара да се види лично се мене. Од с. Серменин, Гевгелиско, ме информираа дека истиот бег дошол во селото и по секоја цена сакал да се сретне со мене, дури го ризикувал и својот живот. Јас одбив и наредив дека оној што ќе се осмели да го донесе бегот кај мене, ќе го убијам. Не поминаа неколку дена и добив писмо од гевгелискиот кајмакам. Во писмото го пишуваше следново:

 „Kапетан ефенди, ослободи ја шумата ослободи го Балканот, за да прават ќумур. Ако ти требаат облека за другарите ти - ќе ти го дадам пари, ако треба - ќе ти испратам, што сакаш да ти дадам? Зошто го осудуваш целиот град Солун?" 

Бакшишот од Цариград

Писмото беше напишано на француски јазик. Туше од с. Богданци беше мој секретар и знаеше француски. На првото писмо јас не му одговорив. Поминаа неколку дена, и стигна голема молба за одговор. Тогаш јас му испратив писмо со следнава содржина: 

„Го добив твоето писмо, ти пишувам зашто ме молиш многу и сакаш да слушнеш одговор од мене. Немој да мислиш дека јас ја чувам шумата за да се кријам во неа. За мене и полето и шумата се едно исто. Храна имам, облека - исто, ама и храбри другари имам. Но знај едно нешто, ти си кајмакамот во градот Гевгелија, а јас сум цар на шумата, и на Балканот, и на полето. Јас не седам во шумата за да се кријам во неа, туку затоа што полето ќе остане без вода!". 

Поминаа десетина дена, сепак одговор не добив. Малку подоцна, добив писмо од Цариград. Цариградскиот бег ми пишуваше: 

„Ти праќам шест сребрени часовници, кавкаско сребро, со позлатени вратички, како и шест кордона за часовници. Ти испраќам и шест кутии со сребрени чибуци, а исто толку и лажици, виљушки и ножеви". Понатаму пишуваше: „Те молам, капетан ефенди, ти го испраќам овој бакшиш, но ќе те молам да дозволиш да работат пет секири, колку за мене". 

Му одговорив следново: 

„Ти благодарам што си ми напишал. Бакшиш добив и ја разбрав твојата молба. Ама јас само едно нешто предлагам: не пет, и педесет секири ќе ти ослободам, но под еден услов - ти сам да дојдеш да работиш!".

      И така беше прекината секаква комуникација. Одлучивме да ја поделиме шумата меѓу сите села, и определивме цена на ќумурот и тоа на следниов начин: за товар магарешки - 15 гроша, за товар коњски - 20 гроша. Тоа беа минималните цени. Над овие цени секој колку сакаше можеше да наддава, ама ако некој продава по пониска од пропишаната, се казнуваше со смрт.

СПОМЕНИКОТ на Андон

??????? ???? ????????? 

??????? ???? ?????????

??????? ???? ?????????

Споменикот на Андон поради политички причини, но и не разбрани причини, имено на амбасадорот на САД, некој му ''речѐ'' дека ''ќe му го пратиле ЌОСЕТО''. 

На подол начин вечерно време беше срушен cпоменикот, какo една од првите реформи на СДC, под водство на велепреданвникот Заев.

 ??????? ???? ?????????  ??????? ???? ????????? ??????? ???? ?????????

??????? ???? ?????????

3 дена им требше да го срушат гранитот каде стоеше споменикот

??????? ???? ?????????

    Гинко дрвцето, ќе се дизлоцира, а споменикот на Македонскиот револуционер, ќе сé врати, и не само ќе сé издигне споменик во Велес, туку и во родното село.

 

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани


 

ИСПРАТИ КОМЕНТАР:

 
 
ПРЕЗИМЕ
ИМЕ
ГРАД
ДРЖАВА
е-маил
КОМЕНТАР

 

 

*** Можете да не контактирате и на кoнтакт е-маил: info@makedoniaese.com

 

 

ПРЕЗИМЕ: Николов
ИМЕ: Петар
ГРАД: Скопје
ДРЖАВА: Македонија
е-маил: petar.nikolov997@gmail.com
КОМЕНТАР: Вечна слава за херојот македонски, да живее Македонија!!!!!

 

- МАКЕДОНОН

Вечна слава за херојот македонски, да живее Македонија!

 

 

 

 

 

Alexandroy Makedonon

Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики'' или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.

Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?

'' ,.. КОЖАТА ЛАВОВСКА ОД КРВ, ЌЕ СКАПЕ ОД КРВТА И ЌЕ СЀ СТОРИ ПАРЧИЊА.

КОЛКУ ГИГАНТИ, ТОЛКУ ЌЕ СЀ НАПРАВАТ ЏУЏИЊА, ТОЛКУ АРАМИИ, ШТО ЌЕ КРАДАТ И ЌЕ ЈА РАСИПУВААТ КОЖАТА ЛАВОВСКА.

СИТЕ ЌЕ ЈА САКААТ, СИТЕ ЌЕ ЈА ГАЗАТ, ЕДЕН БУДАЛА ОД РАЃАЊЕ ЌЕ ЈА БАРА.
ПУРПУРОТ ЌЕ СЕ ИСКИНЕ И ЌЕ СЕ НАПРАВИ ВАЛКАН ОД КРВТА И КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА ВОЈСКА ЌЕ ГО ГАЗИ УЧЕНИОТ ЧОВЕК, А ЖЕНАТА ЗА УСРАМУВАЊЕ.

НА ПОП ЌЕ ГО ДАДАТ ПУРПУРОТ ЗА ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА ЌЕ СЕ КОЛАТ И ЌЕ СЕ НАДЕВААТ НА РAЖЕН.
СИНОТ НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ СМЕЕ И ЌЕ СЕ СМЕАТ ДО НЕГО.

ЌЕ МОЛАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ, СО НОЖОТ НА ТАТКО МУ, ШТО МУ ОСТАНА, ЌЕ МАВАAТ ВО ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ И СЕДУМ ДЕНА ЌЕ ПОМИНАТ КОГА ВИДЕЛОТО НА МЕСЕЧИНАТА ЌЕ СЕ УГАСИ И ПУРПУРОТ (СОНЦЕТО) ШТО ГО МИНУВА СИНОТО ВИДЕЛО НА НЕБОТО, ЌЕ СЕ ВРАТИ И ЌЕ ГО СТОЛИСА ВЕКОТ.

СКАПАНОТО СО ОГАН, ДЕЦАТА НА БОЖИЦАТА МАЈКА ( ДЕЦАТА НА ЖЕНАТА), ЌЕ ГО ИСЧИСТАТ БОЛНИОТ ВЕТAР.

ЗОШТО 1000 ГОДИНИ СЀ КАКО ДЕНОТ ОД ВЧЕРА. ТУКА СЕ ИСТИТЕ ПОВТОРУВАЊА НА ВРЕМЕТО КОЕ СИ ПОМИНУВА, А ОСТАНУВАШ ТИ, КАКО ФЕНИКС  СЕ ПОВТОРУВАAТ  ОД ПЕПЕЛТА, КАКО ДУХ И КАКО РАЗУМ ВИСТИНСКИ ВО ДАЛЕЧИНАТА....''

 

 

На ден 03 / Ma / 2009, е конструирана страницата на Македонија é СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и сé смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.

На ден 16 / Жустар / 2016, е конструирана peзepвнaтa страница на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/

????????? B?KTOP

Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.

Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.

Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и поттик на искажување HO и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.

 

ГАСНУВА  -  АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

 

 

 

 

 

 

 

 

VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ

 

.__VASILEON ALEXANDROY MAKEDONON__
MAKEDONONBACИЛEOHMAKEDONON

КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНOH И МАКЕДОНИЈА Е СЕ

За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonon.com, info@makedoniaese.com, info@makedonijaese.com

Македонија е СЕ, се залага за нова химна: '' Земјa Mакедонскa''

 

>
>
>

 

Alexandroy MakedononAlexandroy MakedononAlexandroy Makedonon

  
MAKEDONONMAKEDONON

НИЕ СЕ ДЕФИНИРАМЕ КАКО ЉУБИТЕЛИ НА СЛОБОДАТА 

ЗА НАС МАКЕДОНИЈА Е СЛОБОДАТА 

 АКО ИМА

МАКЕДОНИЈА

 ЗА НАС ИМА И СЛОБОДА

Копираит © Македонија е СЕ MAKEDONIAeSE.com Сите Права Задржани

Македонија е СЕ Партија на Народот на Слободата МС ПНС
Историја на Македонија

МАКЕДОНИЈА

ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ

MAKEDONIA

        BACИЛEOH Alexandroy Makedonon  МАКЕДОНОН

MAKEDONONАЛEКCAHДРОЈMAKEDONON

Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.

Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.

Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.